1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој има најдобра другарка ?

Дискусија во 'Врски' започната од cigarce, 5 мај 2011.

  1. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    незнам дали ја има темава али пошто сум нова немав време да разгледам :rofl: дали ви се случило да бидете во врска со дечко кој има некоја која ја нарекува најдобра другарка ? колку ви сметало сето тоа? и вашите ставови околу истото ?
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не знам колку би значело моето мислење во темата, ама сакам да зборувам во името на најдобрата другарка на момчето.

    Имам другар, се дружиме активно 10 години. Најдобар другар ми е, и ми е толку близок како што ниедна другарка не ми била, дури ни од тие што дури 20 години се дружам.
    Сум имала дечко, кој ја видел нашата поврзаност, и никогаш збор не ми рекол дека тој му смета или дека нашето дружење му смета. Напротив, колку што можел се зближил и со него.
    Неговите родители ме сакаа отсекогаш како нивно дете. И моите чувствуваат иста поврзаност со него.
    Уште повеќе се зближивме кога неговиот помал брат почина, па јас бев единствената која му се најде него и на неговото семејство. Остана сам, единец, а богами и без другари остана, без сите што во добро и лошо со него ке беа. Само јас бев со него. Тој тоа мене никогаш нема да ми го заборави. Ни неговите родители.
    Постојано заедно излегувавме, дури и сами, за нас никој не смееше да рече дека сме нешто повеќе. А бевме. И уште сме. Брат и сестра.

    Пред година дена, фати девојка. Јас девојчето не го знаев, па кога заминав во мојот град, после 2 месеци од почетокот на нивната врска, се запознавме со неа. Па наводно чудно и беше како е можно толкава блискост да постои, како сме можеле се да си кажуваме еден на друг...

    Почна да е љубоморна на мене.
    Тој за загубата на брат му не зборуваше со никого освен со мене. Само јас бев со него во тие моменти и не сакаше на никој друг да замара. Неа тоа чудно и беше. Зошто да не правел муабет со неа, туку со мене. Едноставно ме замрази што и за сите негови проблеми тој со мене разговараше. А не ме ни знаеше како особа.

    Видов сама каква е работата без тој да ми каже, па се оддалечив. Не му се јавував да не пречам и да не создавам кавги меѓу нив, туку чекав тој да ме побара. Тој ми се лутеше и ми кажуваше дека таа мора да сфати дека јас сум му него, како што таа му е на брат и. Ама џабе.
    На крај таа почна и да зборува по народот дека јас сум му правела проблеми. А далеку од тоа, се оддалечив комплетно. Дури и маките мои не му ги кажував.
    Пред мене женската е сосем ок, ме сака баш како золва, доаѓа дома, прави лице пред моите... Инаку зад грб... |(

    Пред 4 месеци правеа веридба. Од веридбата натаму се пресели кај него. Јас и сметам неа во се, и зошто се филџаните немиени - јас сум виновна. А студирам во Скопје, па не ни одам често дома.
    Дошла до степен да не се контролира во нервозата, па пред татко му рекла дека јас им правам проблеми. Човекот и кажал дека јас сум му ќерка и дека колку што може самиот свекор да влегува во куќата, толку имам право и јас.
    Ма да не барам ништо јас. Ако треба и муабет на другар ми не му правам. Само среќен да е. :(

    Инаку сум имала и јас дечко кој имал најдобра другарка. Сум забележала дали има место за сомнеж. Со неа можеше да разговара како со другар... зашто другар е секогаш потребен, настрана од врската.
    А и крај-краева, да сакал нешто да прави со другарката, нема да чекал со мене да се фати, нели? Просто, но логично објаснување. Немаше и јас да чекам 10 години да се појави некоја желна за внимание па зад грб да се гледам со најдобриот другар. :fubar:
     
    На rose60, Viki693 и bittersweet им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    И јас од перспектива на другарката. Имам двајца другари со кои сум премногу блиска, веќе 5години. Едниот од нив се гледаше со едно девојче до скоро и ми кажуваше како и раскажувал за некои наши авантури, преживувања и слично. Девојчево воопшто нешто не изреагирала, подоцна имав шанса и да ја запознаам и воопшто не приметив љубомора или завист.
    Сум имала дечко кој имал најдобра другарка и не ми сметаше, баш напротив, ми се допаѓаше тоа што разговараше и со други женски суштества освен со мене или мајка му.
    Сега приметувам нешто со другарот број 2. Девојка му ( од 4 месеци) очигледно е љубоморна, дури и еднаш ми вели: Не го викај така и така ( на прекар) си има тој име. Мм да, 5години сме заедно секој ден така го викам, она мене ќе ми кажува за другар ми.
    Место за љуомора немаТ, доколку се дружат дечкото и другарка му доволно долго време, пример неколку години.
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Ако се дружеле уште пред да се запознаеме, не би ми сметало, освен ако се преминуваат граници.Тука подразбирам звонење во ниедно време за глупости, да ме откачува за да оди некаде со неа, а притоа да не ме викне, преспивање еден кај друг, тајни муабети и слично.Ако е нормален однос, повремени кафиња, слушања на телефон, во ред.
    Е сега, точно е дека ако сакаш нешто со другарот ќе направиш пред тој да си фати женска, ама многу чест се случува да почнеш да го посакуваш баш тогаш од причина што ќе има помалку време за тебе.Слично како што сестрите љубоморат на снаите.Тука најбитно е дечкото да развие добар однос помеѓу двете страни, на девојката да и покаже дека другарка му не е никаква закана, а на другарката дека нивното другарство нема да се расипе.
     
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    епа девојки ви благодарам :* иако и јас самата сум била во ваква ситуација како вас од страна на другарката на дечкото, и јас сум имала другар кој што подоцна фатил женска али од тогаш работите тргнаа наопаку за жал, контактите заладија и на крај се сведе на тоа што денеска коа се гледам со бившиот ми другар немаме ни едно здраво .. кај мене ситуацијата е поинаква коа се фатив со дечко ми не ни знаев дека другарка му постои во неговиот живот, подоцна дознав и воопшто не ми пречеше што знаат да идат на кафе да се дружат и слично, али знаете како, понекогаш ми смета и знам онака да му извикам иако знам дека грешам, али сепак ствар на таа женска љубомора, мада што незнам како тој би се снашол во ваква ситуација кога јас би имала најдобар другар :?:
     
  6. sanjchi

    sanjchi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    6
    Знам дека не сум во право но на се сум љубоморна....!!!
    Не сакам да има премногу добри другарки прво се започнува со другарство...
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Јас сум сретнала два типа на другарство.
    Првото, е со тенденции кон меѓусебно, или еднострано допаѓање. Другарство - кое нема долг век на траење.
    Второто е другарство за цел живот. Како што мислиш дека ке имаш најдругарка што ке те прати во секој чекор, така имаш другар. Не ја вреднуваш личноста за другар/другарка според полот, туку според внатрешноста; тогаш веќе не ти е важно дали носи штикли или има тепих на градите, туку го чувствуваш само неговиот ум и душа.
    Исправи ме ако мислиш дека грешам, но ако било другарство како првото, или ке завршело со врска пред да се појавиш ти во нивниот живот, или ке завршело на друг начин.
    Ако е како второто, ке трае безусловно. И ке е вистински облик на другарство. Тука работите не можат да излезат од контрола.

    Ти можеш да учествуваш во формирањето на неговата иднина, но да го менуваш неговото минато не можеш. Тоа значи дека сакаш цела етапа од животот да му ја измениш, можеби и избришеш.
    Не можеш да го оттргнеш од целиот свет во кој живеел додека си се појавила ти. Не можете да се затворите само во ваш круг, ке сакате да се дружите со твоето друштво, па со неговото.

    И мој дечко може ке е некогаш можеби љубоморен што имам најдобар другар, ама логично е дека најнапред ке му се објасни ситуацијата, односно сам би можел да види каков однос имаме ние. На истиот принцип како што ти можеби имаш најдобра другарка, јас имам другар. Или дечкото како што би имал најдобар другар.
    Досега не сум наишла на таков проблем, да е паметен човек ке ја увиди ситуацијата.
     
    На vaga95 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    И јас имам најдобар другар во кого гледам БРАТ. И самата помисла да имам нешто со него ми е равно на инцест. Ираснати сме заедно. И дечко да ми рече да не се гледам со него, да не излегувам да не се дружам??? Е извини, ама тоа не може. Тој човек бил во мојот живот мнооогу пред тебе миличок за да се откажам јас така лесно од него. Затоа мислам дека треба да се преиспиташ себе си дали си сигурна ти воопшто во неговата љубов и верност или само кон оваа девојка??
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Мислев дека не сум љубоморна личност, ама сама себе се побив, бидејќи сите другарки што ги имаше маж ми јас направив да ги откачи на еден или на друг начин, бидејќи не верувам во машко - женски пријателства. Истото се случи и од негова страна за мои другари. Така сега си имаме само заеднички пријатели и мирна глава. Не дека сум во право, тоа сигурно не сум , ама ете таква сум и не можам да поднесам тој да е излезен сам со неа,да се бакнат кога ќе се видат а јас да стојам ко идиот од страна или пак таа да знае некои работи за него што јас не ги знам. Тоа е , исправно или не.
     
    На Fantazy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    ciribiribela значи шпанциве толку гадно не зезнаа што сега со слаби познаници мора да се бакнуваме, а чуму да ги скокнеме пријателите за цел живот?
    Проблемот во мојов случај е едноставен, зошто и таа НЕ САКА да се дружи со мене? Зошто НЕ САКА да ме почитува? Зошто НЕ САКА да си ја смири душата со тоа што ке ме види каков човек сум?
    Тогаш, ке видиш дека кругот од тие заеднички пријатели што ги спомна ти, може да биде составен и од мене, па би се додал и мојот дечко, некој нејзин другар или другарка... значи луѓе кои порано ги познавале и биле дел од нивниот живот.
    А не ти се чини ли логично дека некогаш ке сакаш да разговараш со другарка или со човек настрана од твојата врска или брак? Е тоа јас го можам со него, во однос на моја врска. Тој тоа го можеШЕ во однос на негова врска. Веќе не може. Си трпи во него и си ја јаде душата, зашто би имал поголеми проблеми ако воопшто ми се јави.
    Недовербата ги уништува, од нејзина страна и тоа. Тоа е основата на приказната. Односно, сака да си ги скрие матностите во животот со притисоците кои ги остварува врз него.
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас не реков во ниеден момент дека ти и тие што размислуваат како тебе не се во право, дури и сама за себе реков дека не е во ред тоа, ама не можам едноставно душата не ми дава. Таа негова другарка имаше изразено желба да се дружам и јас со нив, но некое црвче од внатре ме јаде и ми вика неее! Се возевме еднаш со такси и таа му се јави да идат на ручек, јас збеснав и не му дозволив да оди. Не можам едноставно, а немам некоја посебна причина. Само што и тој исто реагирал, па дури и побурно во однос на мои другари, па така сега сме квит.
     
  12. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    ^^ Не реков дека ме напаѓаш, ниту јас тебе те напаѓам, само дадов аргументи во прилог на заедничкото дружење, па спомнав пак дел од мојата приказна.
    Освен тоа, секоја врска е поинаква од друга, не ви ги знам сегментите и условите под кои се дружите со луѓето.
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Јас не сум бидена ни другарка ни девојка во ваква ситуација ама за тие што се девојки не се нервирајте нека се дружат колку сакаат, на крајот на краиштата ако ви е судено да бидете заедно би биле, ако те сака искрено и вистински нема да трча по другарки. Но ако има некаков проблем тука тоа е веќе нешто...
     
  14. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    Не сака затоа што не е сигурна сама во себе.
    Извинете ако некого навредив ама само несигурни жени и мажи можат да прават проблем. Искрено, мене би ме навредило да мисли дека јас со мојот долгогодишен дргар со кој се знам равно 25 години, шии родители ме гледале како ќерка, моите него како син, би имала неои перверзни односи позади грб. Па што сум правела ја толку време ако сакам да ми е дечко и да сум со него?? До сега ќе бев мажена бе за него. Ама не, он а мене ми е БРАТ и точка. Исто и јас НИКОГАШ не сум правела проблем на дечко ми да не се гледа со другарки. Ако е така ај да му забранам да контактира со цел женски свет.

    Цирибела, а што мислиш ако не дај боже маж ти реши да те вара, мислиш дека не може да те вара со заедничката ви пријателка?? Знаеш колку такви примери имам да кажувам каде што парови цел живот се дружат, за на крај едниот со другата да си имаат паралелна врска?? Можности и ситуации има многу. Е па ајде тогаш да си се затвориме само со дечковците, да не излегуваме со никој, или да ставиме чипови што ќе ни сигнализираат дека дечкото ни е во близина на женско.
     
    На tessie, MIA-SK, ciribiribela и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Разбирам кога кај секоја жена има одредена доза на љубомора. Да не си правам Бајрам на паметот, и јас не сум имуна и да, љубоморам кога ми значи некој, чисто онака, знае да ме пецне некогаш. Сосема нормално и природно љубоморење.
    Но се извинувам НЕ можам да разберам кога жените се љубоморни за најдобрите другарки на своите избраници. Од проста причина што сега ќе размислувам како нечија најдобра другарка, а ги имам двајца такви другари кои ги сметам за повеќе од браќа а нивните девојки ми се веќе нешто како снаи.

    Ајде едниов, сега фати ново девојче, малку љубоморно, малку драма квин, ама ајт. Ја толерирам и ја разбирам и не инсистирам да сум на само со него, мада имаме муабети кои ги знаеме само јас и тој, а таа не би требало да ги чуе :)
    Овој вториот што ми е пријател откога знам за себеси, ми е толку близок и мил, што навистина не би можела да замислам некоја девојка нас да не раздели. Ниту пак некој мој дечко. А имало такви ситуации на нерационално драматично размислување. И ништо не не разделило. Многу јасно. Пријатели сме.
    Да, ниту јас не верувам сосема во пријателство меѓу мажи и жени, се до оној момент кога едниот или другиот не сфати дека има и други подлабоки симпатии. Но откако ќе се помине таа фаза, и тие симпатии ќе исчезнат, ќе се преболат, исмеат, сфатат дека не можат да се реализираат во нешто подлабоко, останува пријателството. И може да биде поцврство од билокоја друга врска.

    Зошто не можам да сфатам љубомора на најблиска другарка? Затоа што за мене тоа е знак на посесивно, крајно ирационално и не баш возрасно однесување. Демек ја на мојот ако не му дозволам кафе со цура која му е блиска пријателка и ја знае многу поодамна и подолго од мене, ќе си избега. Ја мајката. Тој ќе си избега така и така, ако решил. Јас тука со моите забрани нема ништо да променам. А уосталом, кој мене ме прашува? И да, воопшто не ни сакам да бидам прашана. Нит сум му мајка, нит маќеа, нит го поседувам, ниту пак е мое милениче на кое можам да му кажам, стани, седни, мочкај, дојди кај мене, сакај ме, не се среќавај со другарка ти на само.
    Се разбира, има другарки и ДРУГАРКИ ама белким нема да поставувам глупав ултиматум во стилот на – јас или другарка ти. Крај на муабетот.
    И искрено се ежам од такви врски каде што најосновни работи, како едно блиско пријателство се работа на договор помеќу двајцата партнери. Ако почнам така, што ли ќе биде утре?
    Денес нема да јадеш грав. Ама мене ми се јаде! Ама не може! Јас или гравот?! :devil:

    Не знам. Како што реков има девојки и девојки. Но рационалното размислување треба да остане рационално, и трезно. Мое мислење.
     
    На tessie, mims-89, Marilyn-Monroe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.224
    Пол:
    Женски
    И уште нешто. Дечко ми мој работи со 4 женски (и тоа какви женски) во канцеларија 8 саата. И ја што треба да правам, да се преметувам со разни филмови?? Еднаш го барав ми се јави една од колешките и ми вика меѓудругото онака провокативно Ќе ти го чуваме дечко ти не се секирај во сигурни раце е. И неколку пати тоа ми го збореше додека јас не разбрав дека, види случајност, дечко и работи кај мене. И кога пак ми го сврте истиот муабет и вратив Важи, ај вака јас ќе го чувам твојот дечко додека сум на работа со него а ти мојот важи?? Епилог: Не и текнало да провоцира повеќе. Кога му кажав на дечко ми за случкава се утепа од смеење.
     
    На rose60 и tessie им се допаѓа ова.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Затоа велам, битно е да можеш сам да ја осознаеш ситуацијата, настрана од убедувањата на партнерот, да си ги тргнеш комплексите подалеку (во краен случај да ги излечиш), да не се трудиш да го притискаш префрлувајќи му вина за личните фрустрации, итн.

    Сепак, другар е, го сакаш како член на семејството и си викаш, подобро да стојам на страна отколку тој да се мачи цел живот.
    Во мојов случај, иако нема основа, тој се мачи заради мене. Него го боли се што таа зборува за мене, му направи проблем до тој степен да бира или јас или таа кај него на роденден (и не му отидов на роденден заради неа), што ми копа по минатото, што го изменува и дополнува моето минато, па се труди да не оддалечи со коментари од типот - како може да ти е другарка, кога те лажела за ова и она...
    :fubar:
    Прво, не и се точни информациите, а второ, ако сум правела некои миксови, тие биле лично мои, и никој нема зашто да ми се лути ако не сум му кажала дел од мојата интима. Таа си е лично моја и АКО САКАМ ке ја споделам. Разбирам дека другар мене треба да ми се лути ако сум била нечесна и лажлива во склоп на нашиот однос, ако сум му правела мучки и дејствувања зад грб.

    Тоа што сакам да го нагласам е дека овие негодувања се раѓаат од желбата за поседување, управување и челна функција во врската.
    Јас нема да се сменам кон него никогаш, не е важно дали се гледаме еднаш неделно или еднаш годишно. Сепак знам кој може да ми се најде во животов. Знам за кого ми е телефонот уклучен во секое време, па ако требало и после полноќ, знам дека и нему му е за мене. Знам што се сум доживеала со него и тој со мене, затоа си добил место меѓу моите роднини, онаму каде што ми се и дадите.
    Најправилно е што разговарав отворено со него и знае зошто е моето оддалечување. Не ме сфаќа, ама јас се сфаќам - сакам да му е убаво.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Моите најдобри другари ми се свети суштества во мојот живот и не дозволувам никој и ништо да застане помеѓу мене и нив.
    Ние си имаме свое минато, свои тајни и нема што да се мешаат баби, жаби и штипки.
    Мојот сегашен дечко го увидел и сфатил тоа и е едно паметно суштество кое нема да ме доведе до ситуација да бирам помеѓу него или нив.
    Ако воопшто дојдеме до степен да го направам тој избор, тоа за мене значи дека не ме познава воопшто, ниту ме почитува.
    That is a deal breaker for me.

    Мене не ме интересираат такви бабини приказни - сине, ама вие растете, се менувате денес ве има, утре ќе ве нема, секој по својот пат со избраникот / избраничката.
    Тоа се луѓе кои мислат дека после сериозна врска, веридба или свадбена церемонија, светот престанува да се врти и гугуткаат само они двајца во 50м2 станбен простор, а другари и другарки се излишни.

    Fuck off!

    Мене ми се потребни, ми значат, си ги сакам и почитувам, ни Господ ни дечко нема да ми сменат мислење.

    Девојките на моите другари се можеби вакви или онакви, ама се доволно паметни, макар и зрно да видат колку си значиме и дека не смеат да ни стапнат на живец или да ја преиспитуваат природата на нашето другарство.
    Имало некои кои ми се свиѓале, некои не, нормално и јас сигурно не сум им била омилена на сите, ама сме се поднесувале и сме имале почит едни спрема други, зашто било јасно дека ние сме другари и тоа е тоа.
    Ако сакаш мир во куќа, не расипувај ни го другарството од 10 годишна возраст.

    Дечко ми нема најдобра другарка со која е гз и гаќи, слично како и јас, има две-три особи кои му значат, се дружеле, си делеле тајни и кога оди на кафе со нив, нема јас што да мрчам, да збеснувам и да забранувам дружба.
    Тоа е некултурно, детско, ирационално и нездраво.

    Баш ми е мило што си имам најдобри другари и што и мојот дечко си има такви другарки.
    Си го сакам животот со него и со сите драги лица.
     
    На mims-89, nena2010, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    ја не сум бил во таква ситуација, но мислам дека кај девојките не се работи за таква љубомора или сомнеж дека има нешто помеѓу дечкото и другарката, туку едноставно тоа што тој повеќе и се доверува на другарката наместо на девојката,која би требало нели да му е и другарка, да може да и се довери и неа, а не за секој проблем да трча кај другарката. Мислам дека секоја девојка би ја зеболело тоа...
     
    На SunnyGirl2 и Happy_Girl им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    На местото од женска другарка ке беше машки другар. И? Не е исто?
    Значи напоменав и претходно, важна е личноста, не она што го крие во гаѓите (секоја чест на поло-родовите исклучоци).