па исто е, секако би болело и да е машко и да е женско, дечко ти да нема доверба тебе да ти се довери за некои проблеми - што води до тоа што сакав да го кажам- мислам дека девојката не те мрази тебе туку се лути на дечко и и бидејќи гледа дека сепак неможе ништо да направи, се истура на тебе, не сака да те запознае како личност... јас не оправдувам никој, само ја појаснувам ситуацијата и од страна на девојката, онака како што мислам дека е...
Не е довербата ставена под знак прашалник. Замисли си ситуација, кога едноставно не можеш да му кажеш на дечко ти нешто, а сакаш да го кажеш, па ке кажеш на другар/ка... Спомнал тој пред неа дека сака да му помогне зашто во моментот татко му бил пијан. Во една ситуација му кажа - татко ти пијан, 100% е ноторен пијаница, таков ке си и ти, каков татко, таков син. Процени дали вреди да и се кажува се. Од мене помош бараше тој во вакви ситуации повеќе пати, а за тоа збор не му реков, зашто не е моја работа, ако можам ке помогнам, ако не - нема што да ја отворам устата. Ова го пишав само како пример дека едноставно се не можеш да кажеш, а не дека постои недоверба. И да, јас го знам, ценам, сакам и почитувам како другар, и член на моето најблиско семејство. Него му треба некогаш другарски совет, не совет од девојката. Некогаш му треба разговор со другарка, не со девојката. Таа кон него не ги гледа работите јас како што ги гледам, за мене е тој едно, за неа е друго. Овде нема место за мешање на врски, односи, критериуми, принципи и живот, поминат или иден. Јас сум на местото свое, таа си е на нејзиното.
Само да кажам - Бившиот дечко ме изневери со другарката која ја ’’сметал за сестра’’ се дружеле од 4 години, тоа да, сите кажуваа како брат и сестра си биле. јас немав ништо против неа, дури ми беше мило, па што нека си се дружи али она еден ден му рошкам во компјутерот онака тепав досада и демек ке гледам слики. и што најдов ? первезни слики од него и неа! гледам датум, правени за време додека идел со мене. после почнаја приказни као демек за дечко и да го провоцирале незнам што таму али и двајцата ги избришав од мојот живот. сега он трча по мене моли.. Касно му е
Мене лично би ми сметало таквото другарство како сега јас и дечко ми да се скараме па тој да оди кај другарка му која наводно ке го теси?па проблемите го зблизуваат човекот.фактички тој е поотворен спрема неа и нормално дека ке ми смета затоа и сакам со дечко ми да бидеме и другари и лјубовници.Постои другарствоне викам не еве и јас имам другар и тоа пораснавме заедно исто како горе наведеното ние од пелени сме заедно и во добро и во лосо но почнав да чуствувам лјубомора од негова страна кога сум со дечко ми па почна да ми се лути за глупости некако чудно ептен.Дојде ден кога ми рече пеперутке јас немозам веке да те извадам од глава ти си личност за која знам се и сите твои мани и доблести ме натераа да те засакам толку многу дури патетично..... најпрво мислев така безвезе зборува јас и он сме како брат и сестра и како мозе така но тоа е тоа тој почна веке јавно да ја исказува таа лјубов која ми направи многу проблеми . помина некое време еве сега јас не сум во мк но се слусаме често но таа негова изјава смени многу работи,страв ми пак да се зблизам со него го гледам кога ми зборува сеусте искри во очите му светат...како и да е мој дечко да има таква другарка мозам само да му казам дека другарство е друго а таква близина е несто сосема трето сто води кон друг правец... .
Лично јас не ни сакам да му бидам рамо за плачење на дечко ми за све и свашта ниту па он на мне. Да побарам совет во одредена ситуација, да и обрано од од мене, ама да му кукам за све и свашта што ме мачи, па ќе ја уништам врската. Ќе си го гледам како другар! Кој вика дека дечкото/девојката му се најдобри другари според мене си има проблем. Имањето партнер во животот и љубовта кон него е една а пријателствaта и социјалниот момент е сосема друга работа. Едното и другото не може да се најдат во една личност, барем според мене не сакам дечко ми да ми е најдобар другар. Ако мисли дека нешто сака да преќути од мене , нема проблем. СИ има другари и другарки за тоа. Исто и јас. Има проблеми за кои дечко ми не ни знае дека сум ги имала. Ќе си седнам со другар ми ќе си се изназборам, ќе се расплачам ако ми се плаче ќе ми олесни, и кога ќе одам кај дечко ми јас сум си смирена.
m2m2m2 сосема те подржувам! Значи не мора да значи ако женската на некој се лути дека "тој некој" кој има најдобра другарка и е премногу близок со неа,дека всушност љубомори оти дечко и се дружи со женски Секако дека има и такво нешто,но постојат луѓе кои дечкото го доживуваат воедно и како најдобар другар,му кажуваат се' и се поблиски одколку со другари/ки. Тие истите луѓе кога се посветуваат на одредена личност,прават се' за неа, очекуваат истото да им биде возвратено во прилично иста мера....Доколку не му е возвратена, тогаш настануваат "војни"...Самите тие луѓе се чувствуваат загрозени со самата помисла дека нивниот партнер не ги доживува за толку блиски ,како шо доживувал некои свои другари/другарки...И тогаш заслепени од помислата дека не можат да направат ништо за да го одделат дечкото од другарка му,почнува да се развива омраза кон таа личност (конкретно во примерот кон другарка му на дечкото ) и не се ни обидуваат да ја запознаат подобро таа личност. Јас многу добро сфаќам како им е на тие кои мораат да го гледаат дечкото со најдобрата другарка како е поблизок одколку со самата неа...И пак ќе речам не зборувам за љубомора кон сопарничка .... Тука се работи за еден друг вид љубомора,односно љубомора поттикната бидејќи се осеќаш запоставено и помалку блиска со дечко ти Сепак тука се најмногу зависи до карактерот на самиот човек...Не можи да се одреди во оваа ситуација дали е правилно да си толку близок со другар иако имаш дечко, или пак целосно да се посветиш на дечкото(и секако дека не зборувам да не се дружиш воопшто ,далеку од тоа) толку од мене
не дека сакам да му бидам рамо за плачење или тој мене, туку еве ќе кажам една случка со мојот дечко што малку ме повреди. Се скарал со еден од најдобрите другари, јас дознав случајно уз муабет, значи не ни планирал да ми каже а сигурно за тоа разговарал со другите другари... незнам како да го сфатам тоа, ја барем такво нешто би му кажала и ми смета да не може такви работи да ми каже, па ја не сум му само за секс и за држење за рака, сакам да знам до одредена мера што му се дешава во животот. Не викам дека треба се да ми кажува буквално, има работи што се разговараат само со друштво ама има работи кои може и би сакала да ми ги кажува. Не сакам врска без блискост.
Ве исчитав сите, и ме натеравте да помислам дека погрешно сум постапила. Дечко ми пред неколку месеци започна интензивно да оди во Карпош, кај негов најдобар другар од клас. Тој негов другар, има најдобра другарка, и се постојано заедно. Значи, и дечко ми се здружи со нејзе. На почетокот ми беше океј, не ми сметаше. Неколку пати ме викнаа и јас да излезам со нив, но јас не отидов. Не дека не сакав да ги запознаам, туку мислев дека не им се уклапам во друштво, мислев дека ќе се осеќам онака тапа, а и сакав да го оставам да си има живот настрана од мене, да не му се убацувам секаде(исто како што не сакам ни тој да излегува со мене и моите другарки, зошто ние не би биле ние ако некој ни се убаци во друштво, макар тоа бил тој). Не ми сметаше што се слушаат, што оди кај нив на 3-4 саати во денот. Арно ама, пред месец-два, работите како да излегоа од контрола. Поминуваше цели денови со нив, не одеа во школо, а кога вечерта јас ќе отидев кај него на два саати, тие на секои 5 минути му ѕвонеа, го прашуваа каде е, кога ќе трга накај нив. И се така по сто пати, се случуваше и на сред секс да ѕвонат непрекинато. Поготово девојката, често знаеше да му се раздере на телефон, а овој секогаш им се правдаше. Трпев некое време, ама се повеќе и повеќе ми газеа на нерви. Почнавме да се караме заради нив, јас се помалку ги поднесував, тој се повеќе ги бранеше. Му реков, дружи се со нив, само те молам барем замоли ги да намалат со ѕвонење. Тој им кажал, кога сум со неа не ми ѕвонете толку. Овие-ништо. Си продолжуваа по старо. Моето прерасна во омраза према нив, зошто од кога почна ова да се случува, и дечко ми се промени. Ме болеше тоа што тие му беа на прво место, при секоја најмала жалба ми се дереше, ги бранеше. Кулминацијата беше пред некој ден,кога јас се испокарав со двајцата. Ама вистинско карање, паднаа и тешки навреди. Знам дека е детско и незрело, ама друг избор немав-освен да му кажам да бира. Прво ги одбра нив, но откако слушна како се не ме нарекоа, буквално се разочара од нив. Зошто, јас во ниеден момент додека се каравме не се послужив со навредлив збор, само со факти. Тоа ги болеше, па ме нарекоа свиња, малоумна, и женската ми нагласи дека сум требала да одам да се самоубијам. На крај, јас ја добив битката. Не се скараа, туку им рече дека поретко ќе се гледаат. Во првиот момент бев задоволна, но сега кога ќе подразмислам(а и откако прочитав што сте напишале во темава), сфатив дека можеби и згрешив. Додека се карав со другарка му, таа ми го рече отприлика ова: "Ти нас никогаш не сакаше да не запознаеш, да видиш што луѓе сме. Ние никогаш не сме сакале вас двајца да ве разделиме, и никогаш не сме ви направиле намерно проблеми. Не заради тебе, туку заради него, зошто нон-стоп за тебе ни збори и знаеме многу добро колку те сака и дека се би направил за тебе". Во тој момент бев премногу лута заради претходно наведените навреди, па не ми ни влегуваше во глава тоа што ми го збори, па и реков дека немам намера да се смирам со него се додека он се дружи со нив. Сега го добив тоа што го сакам, ме избра мене, ама како што поминува времето ми станува се поглупаво. Ако не е со мене, е дома сам, и се досадува. Знам дека му фалат, ама не ми кажува. Жал ми е што повеќе нема друштво, и неколку пати му реков, ако ти е досадно, оди види се со овие, ама тој ми вели дека не сака. Сега се мислам што да правам, зошто немам намера да зборам со нив. Прво ги скарувам, па после да им речам ај смирете се, не ми сметате, мислам дека не иде. Колку и да не ги сакам, не сакам ни да му изигравам мајка или Господ. Спремна сум да го прифатам фактот дека се другари, се додека тоа не излезе пак надвор од контрола. Само не знам дали навистина ќе биде се како што треба ако се смират, зошто односите помеѓу мене како негова девојка, и нив како негови другари се многу заострени. Некој совет што да правам имате...? ПС-се извинувам за долгиот пост, и подолг беше па скратив нешто Само сакав поубаво да ви ја доловам ситуацијата
А зашто и тоа не го гледаш од оваа перспектива, тој се скарал со другарот кој очигледно го знаеш и ти. Е сега ако ти кажел, ќе морал да ти каже и зашто се скарал и ти нормално како и секој во таква ситуација ќе застанеш на страната на дечкото и на некој начин ќе ти омрзне другарот. Поминува време, дечко ти се смирува со другарот, пак се супер во одност арно ама се среќавате сите на маса и тебе низ глава ти иде се што му направил на дечко ти кога биле скарани. И одма имаш друга претстава за другар му. Напнати ситуации, непријатна атмосфера во друштво. И секогаш тој црв на сомнеж за секој гест на другар му колку и да е најдобар на свет. Вака те пштедил од таква ситуација. верувај, нема зашто да се секираш или осеќаш повредено. Има побитни работи во животот кои треба да ве зблужуваат одколку кавги со неговите другари. Токму за тоа и пишував претходно дека не мора се да ми кажува.
Ќе си најди ново друштво не е ништо изгубено. Барем да имаа и тие повеќе разбирање спрема него, дека тој има женска и сака одреден период од денот да биде со тебе, сега можи ќе се дружеа се уште. Тоа мие некако глупаво кога луѓево се прават дека имаат разбирање а поим немаат од тоа. Ти било дојдено се преку глава и добро си постапила. Немој да чувствуваш вина сепак е негова одлука и тој можеби сфатил дека не му одговараат за друштво кога постојано му сметаат и згора на тоа му ја вреѓаат девојката. Јас се најдов во слична ситуација како тебе. Не буквално она да ме навредат директно мене. Но исто така кога тој беше со мене тие ѕвонеа да прашаат кога ќе стигне за со нив. Дури сакаа да го оттргнат од мене. Се распрашуваа низ градот за мене да не ми најдат некоја мана, постираа на фб песни дека е папучар и многу други нешта на кои не сакам да се потсеќам. Тој сфати дека тие сакаат само да го отртргнат од мене и се повлече. Повеќе не се гледа со нив само онака едно здраво и некогаш многу ретко да испие кафе со нив. Јас не го присилив на ништо самиот тој си сфати дека не му одговараат. Исто така кога му е досадно и него го терам и јас да се види со некој од нив самиот не сака. Тие немаат женски и некако муе непријатно и него да се дружи со нив. Немаат некој заеднички теми, кога гледаш дека некој упорно те брецка ќе го одбегнуваш. Јас мислам правилно си постапила бидејќи си била испровоцирана и понижена а и запоставена. Така да воопшто да не тие грижа и да не чувствуваш вина за тоа. Кога муе досадно па оддели и ти време да бидеш малку повеќе со него
И јас ќе ти кажам од името на НАЈДОБРАТА другарка Имам другар со кој сме веќе неразделни 25 години.Постојано сме заедно како брат ми е.Кога почнав врска со сопругот на почетокот му пречеше малку тоа што на пример после искачање ќе седиме со другар ми кај мене или кај него(живееме ептен близу)а и тоа ни беше ко некој ритуал Но подоцна се беше во ред,се запознаа,виде дека тука нема никаква опасност.Кога другар ми почна врска со сегашната сопруга на почетокот и нејзе и пречеше таа наша блискост но подоцна љубомората исчезна. Искрено мислам дека е сосема природно да постои љубомора кога не го познаваш другарот/ката но се во рамките на нормалата.Ако пробаш да ги разделиш мислам дека ќе си наштетиш самата себе бидејќи такво другарство не се растура за некоја пролазна или пак незнам каква врска.
За тоа дека ќе ми омразне другарот нема врска, јас си имам за сите негови другари мислење без разликако со кој како стои и нема воопшто тоа да влијае на мене, не се мешам во односите нивни и не ме интересираат всушност, ја си имам мое друштво и за моите односи се секирам. Со неговите другари не сум многу блиска, не ги гледам многу често. Мене ме заболе тоа што воопшто тоа ми го спомна по 2 недели дури, не мораше детално да ми објаснува, ама сепак барем да спомнеше. Вака се почувствував како да не знам што му се случува во животот... ама сепак, различни луѓе-различни карактери
Девојка ми има 3 блиски машки другари мене не ми смета али еден ден ке ги убијам сите али сепак треба да се даде слобода на тие машко-женски другарства бидејки сепак се знаат долго време и не е фер да јас прекинувам или било кој ...
Не би ми сметало (добро де МАЛКУ ќе ми смета) ама немам право да се бунам зошто и јас имам најдобар другар што нон стоп сме заедно, и од дечко ми очекувам да ме разбере, зошто некогаш ми е подобро со него да се посоветувам отколку со другарки те, а чим до сега не сум направила и не сум помислила да направам нешто со другарот нема ни тогаш, па ако дечко ми има таква другарка „ко сестра“ ок.
Јас сум најдобра другарка на еден мој другар и има девојка пазам да не зборам мн , затоа што несакам она да мисли нешто за нас Кога сме сами се зезаме но пред дурги не Мојот екс беше глуп и љубоморен на него ама нема врска ние знаеме дека сме другари и тука за проблеми и убави работи ....
Дечко ми многу често ке ми каже па идам кај другарки да поработам нешто ми треба интернет или слично.. јас не сум лубоморна така да ок изреагирав а и нејкев да изгледам ко да се шекнав ради тоа што он се дружи.. ама последниот пат претера ми вика идам кај другаркиве истиве. јас му викам ок терај си работа ти си знаеш битно да си ги завршиш обврските.. и остана до 3 сабајле.. па мајко му стара колку и да имаш работа не се останува до толку мислам.. и му реков хихи
Јас сум најдобрата другарка, и ко брат ми е. Е сега не дека пред три години не пробал нешто, ама дечишта. Сега јас му давам совети за девојки, он мене. Фино ми е. Си преспивам кај него, ко другарка ми е. Ништо страшно. Дечко ми знае, се знаат со него и ништо не ми спомнал досега. И тој има најдобра другарка, и знам како е. Ако му е до варање ќе ме извара и со некоја од улица, не мора да е најдобрата другарка
Јас имам еден таков другар и си има женска и дури ми има кажано дека ме сака повеќе од неа иако не сме толку долго блиски и ми рече дека и го кажал тоа и на неа и ми падна малку глупо и башка за нова година кога пред неа искоментира дека сум најубава така у смисол дотерана и средена за таа вечер и јас реков после тебе(наменето за женска му) и он негираше....иако не гледам знаци на љубомора кај неа сепак не ми е пријатно такви зборови пред неа. не сум била во ситуација да имам дечко со најдоба другарка ама мислам дека би ми сметало малку ама никат не би го поажала тоа :/