1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој има најдобра другарка ?

Дискусија во 'Врски' започната од cigarce, 5 мај 2011.

  1. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    А што кога имате врска 3 години скоро и 4, и одеднаш се појавува некоја си другарка во животот на вашиот дечко. Одеднаш таа е паметна да му дава совети како да реагира во вашата врска, кои тој фала богу не ги применува (барем за сега). Да му беше само таа одамна ќе беше решен проблемот, но тие се цело ново друштво се знаат малце помалку од година, но како и да е ние се знаеме повеќе. Како што пишале погоре, јас не сум љубоморна на неа, криво ми е што тој го менува односот заради целото тоа друштво, не само заради девојката. Тој целосно сменет однос траеше месец дена, додека не се свести дека не може кога ќе му прдне после толку време да прави што сака и да се менува одеднаш, демек сам од себе под ничие влијание, како да не бе. Но ситуацијата не е иста, едноставно од кога тој почна активно да се дружи со нив ние имаме константно проблеми. Тој се труди сеуште, немам право да кажам дека е целосно сменет затоа што не е, но дефинитивно некоја промена има. Јас имам многу другари, некои поблиски некои и не толку. Со тие што ми се блиски се знаеме и дружиме со години, излегуваме и скроз сами на кафе, се смееме, се советуваме. Но не може одеднаш да се појави некој нов и одеднаш да ми стане толку близок. И пак кажувам не е таа глупава нити е проблемот, дечко ми е глупав што го дозволува тоа. А што е потрагично не сум ни сигурна дали му се допаѓа, вели не, но нешто ме тера да не му верувам. Јас и тој имаме однос повеќе можеби другарски отколку љубовен да кажам, се му кажувам и се ми кажува. Не сакам да звучам како дете, но порано не беше проблем да се ставам кај него на фб да си пратам чипови или што и да е, сега пасвордот е сменет и не сака да ми го даде. Еднаш го прашав да ми го даде, не за да читам со кој и како пишува туку да ја видам неговата реакција. И не ми се допадна. Јас мојот пасворд него не би му го дала затоа што не би го разбрал начинот на кој јас се шалам со моите другари. Но така е од секогаш, а кај него ова е ново, тоа е разликата.
    И само уште ова, за другарките кои биле тука пред вас немате право да сугерирате, но 90% од тие нови другарки се растурачки на врски па дури и кога не им се допаѓа вашиот дечко, но ете наметно прават така. Тоа ми е необјасниво.
     
    На Hilari899 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Глупаво во секој случај,CrazyStupidLove.Ќе разберев да му била најдобра другарка,но вака :wasntme: не е правилно.Па и тоа што викаш дека се сменил,укажува дека нешто крие од тебе.Не мора да значи дека новата другарка го сака за себе,можеби завидува ако сте среќни,има и такви девојчиња што се љубоморни на туѓа среќа,па ќе си го пика носето кај што не треба,а машките- вечна класика или не приметуваат ништо,или кукавички молчат :@
    Сепак тоа со фејбук не го сваќај многу сериозно сама потенцираше дека и не би му го дала пасвордот.
    Гледај да не ви направи проблем неговото друштво,во секој случај биди претпазлива :hai:
     
    На macedonia.timeless и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    па види сеа тоа што има некои промени кај него можеби е затоа што таа му кажала да направи така или незнам но јас мислам ако тој продолжи да не ја слуша т.е да ги слуша нејзините совети за тоа како да реагира вашата врска значи дека тој нема намера да ти раскине или со неја да те изневери или слично
     
  4. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    секој има право да има најдобар другар а и другарка..
    но сепак ке бидам малце повнимателна пошо никој не ми е гаранција ;)
     
  5. Leika

    Leika Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    49
    Запрашај се што кога ти би имала најдобар другар би се правдала пред секој ??? Да сакал ке ја имал одамна или ке ја баталел и обратно, едниствено ако се работи за другарка ни цела година тука само стреба да видиш какв е нивниот однос и се ке ти стане јасно ... во принцип постои вистинско пријателство али тоа опстојува со години (не дека некој се устручава да не почне врска, туку дека доволно се познаваат да знаат дека се најдобри како тим али никако за љубовен живот) исто како и двајца другари ... така да не му ја мисли ако му е долгогодишна ако е краток период тогаш на биди на дистанца , посматрај и сама ке си знаеш!
     
  6. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    хахахах Јас имам најдобар другар машко едноставно машките кријат не оговарат не издават не се како женските и тој има и штп има тука.....тој знае повеке за мене отколку јас самата за себе.......затоа не се плажи мегу машко и женско пријателство не може да има ништо повеке од одлично пријателство.....мажките четопати велат како е можно на шенско да се отвараш или на мене ми го велат обратното......ПА ние вевиме
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Aко е дечко на место, ќе нема да имате проблем ако има најдобра другарка.
    Ако е он како што треба, најдобра другарка сигурно нема да му биде некоја што постојано го провоцира и не знае кај и се границите, па така ќе си остане и тоа што е-другарка, затоа што и он нема да ја провоцира нејзе.
    Е, ако дечкото сака да си се вртка околу девојки што ќе го зивкаат во 3 ноќе за да го прашaат што прави, а вас ви прави филмови дека они се само другари, проблемот ќе да е до вас, не до него :)
     
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Имаше тој две најдобри другарки. Знаев за нив уште кога се запознавме.
    Мене малку ми сметаа бидејќи знаев дека многу почнаа да му љубоморат. Беше очигледно, но тој тоа не го гледаше.
    Додека еден ден не му стана јасно се. И сега се дружат. Ама ептен ептен ретко. Оти се колеги на факс. :)
     
  9. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Што кога има најдобра другарка? Се најнормално, ако си сигурна дека таа му е само другарка.

    Јас се наоѓам во позиција на таа другарка, имам пријател кој ми е исто како брат, тука сме да си помогнеме еден на друг, да си дадеме совет и слично, приврзани сме и си веруваме еден на друг. Сме слушале и двајцата коментари од страна, претпоставки дека сме во врска ама секој кој би размислил малку со ладна глава би сфатил што е што.

    Е сега она што мене ми е по малку криво е тоа што веќе две од неговите девојки се љубоморни на мене, нормално е кога ќе видиш дека дечко ти има постојан контакт, приврзаност и доверба кон некој од спротивниот пол да се заинтересираш но кога гледаш дека нема причина за вознемиреност кога нивниот однос е пријателски зошто би се грижела. Или пак забораваме на оние љубоморни ,,сцени,, кога објаснувањето е ,, тој ми е само другар ,, е ти можеш да имаш другар а тој не? Хм...
     
  10. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Искрено, не би ми правело никаков проблем тој да има другарка со која се знаат 5, 10 години или цел живот, со кој другарка нормално се однесуваат ко брат и сестра и нема никакви симпатии и допаѓања.
    Тоа не би ми сметало.

    Али новопечени другарки, кои се упикуваат и на кои не им верувам дека намерата им е другарство, туку нешто друго, е тоа нема да се дозволи нормално. Мислам дека и мојов има доволно памет за тоа, не треба јас да реагирам. А сто пати кога сме правеле муабет за такви работи, му имам кажано дека јас имам многу доверба во него, за било што, али дека во девојките немам никаква, зошто знам какви се постојат.

    Мојов не верува во машко-женско пријателство, така да, нема ни најдобра другарка. Повеќето со кои комуницира се школски или колешки за некои предмети, материјали, ова она ... Така што, ако некогаш увидам поголема комуникација од негова страна со некоја, тоа не би значело другарство.
     
  11. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Сум се нашла во ваква ситуација еден бивши живееше многу со едно чупе но бидеќи тој не ми значеше многу не ми сметаше, сеедно ми беше :tmi: . А сегашниов имаше другарки со кој многу живееше но него му сметаше тоа јас да живеам со некое машко и да бидеме блиски па поради тоа и тој се одалечи самиот од другарките, и сега мислам дека така беше подобро бидеќи многу не верувам во женско-машкото пријателство.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Ако му е искрено најдобра другарка, откако ќе фати женска, ќе почне да се однесува со него како со другар кој има врска, а не ништо да не менува. Ова зборам особено ако било интензивно г*-и-гаќи другарство во прашање.

    Од друга страна пак, дечкото би бил навистина фер доколку со почетокот на врската самиот постави дистанца и одвои време за сите. Значи не велам да ја отпише другарката од список. Мислам глупо ми е и не би очекувала такво нешто од никого затоа што и самата не можам да го пружам. Не можам да се изолирам од светот и перцепција за светот околу мене да ми биде „јас и тој“ само затоа што сум во врска и не го очекувам истото од никого.

    Но, :!: се` е добро што е со усул. И почитувам другарство, особено такво во кое луѓето добиваат оправдан епитет „најдобри другари/ки“. Ама како што реков, ако ни` е навистина до нашето другарство, би се тргнале на страна од другарот откако ќе е веќе во врска. Нема напињање 24/7, нема досаѓање, дружење да, контакт такоџе, но да се остави простор и за новиот човек (девојката) да се покаже во вистинско светло.

    Сум против тоа мажите да се кријат зад изговорот „ние сме најдобри другари“ за да го оправдаат секое нивно идиотско понашање, како на пример, извисување за искачање затоа што неговата најдобра другарка му титнала или му се јавила плачејќи по 251 пат со нов љубовен проблем. Значи се дешава, инцидентно, ама не како кога сте си биле сингл. Како да нема друг со кого може да направи муабет и да ја утеши, или пак изговор да се гушкаат, седат у скут и чепкаат ма колку и да викаат „тоа е како бато и дада коа си играат“. Зад такви екстремни случаи (кои се повеќето кои ги имам јас приметено, за жал), кои се кријат зад тоа „најдобри другари“ се тешки attention whores.

    И јас имав другар најдобар. Ептен ни` одеше муабетот. Излегувавме, се смеевме, си решававме дилеми, понекогаш нон стоп дремевме на мсн или на телефон ако си уклучевме некоја опција за ефтини муабети во која обавезно ги стававме нашите броеви. Му помогнав и кога имаше една врска...па не баш прифатена од средината ради глупи причини според мене. И си фати женска и јас веднаш си се повлеков.

    Значи поретко јавување, почесто оставање простор тој или девојка му први да ме побараат, ако имало проблем и двајцата што ги засегал или пак и таа знаела за тоа и не правела проблем сум била таму. Ако било во ред и со двајцата сме оделе и на кафе. Но односот се смени. Обострано. Затоа и ден денес го почитувам. Затоа што ми докажа дека почитува граници. Затоа и ден денес кога ќе ги видам со девојка му не гледам вртење со очи од нејзина страна туку искрена насмевка и се случувало таа да ме гушне пред него. И дури нејзе отворено и` реков „Ако некое однесување од моја страна ти пречи, веднаш да ми кажеш, ќе се корегирам. Сме биле многу блиски и можно е некогаш да направам со нешто лошо да се чувствуваш додека да се навикнам на новата ситуација. Сепак долго време додека се дружевме беше без некои сериозни врски.“ И искрено сосема доволно и` беше што воопшто и` го кажав тоа. Така делуваше. И наместо да добијам непријател, си добив уште еден пријател.

    Е сега да си кажам и искуство мое од другата страна. Т.е. не баш од другата страна, се`уште беше само додворувач типот. Тој имаше другарка повеќе години. Ептен се дружеа. Не ми сметаше. Не знаев дека зад маската на „најдобра другарка, тука за се` за него“ се крие очајница умрена за внимание од машко која очигледно не знае да се пушта на нормален начин и дека зад мојот додворувач се крие тотално несигурен тип во себе на кого нон стоп му треба некој кој манијакално ќе му се воодушевува во секое време. :tmi: |(

    Баш попладнето пред нашиот договорен прв состанок, момава постирала некоја песна и со коментари у стил „многу сум заљубена во мојот најдобар другар“ |( Колешки бевме, па ја имав на фб и неа. И тој и` стаил лајк. Си се јавив одма и го откажав дејтот. И оневозможив изгледи за било кој нареден. Тој се правдаше, природно со изјави од типот „Де бе па ти фб е во прашање.“ И јас му реков „Ај да не те задржувам повеќе ја ќе исклучам, заљубената ти жена ќе те кара.“ :lol:

    И по некое време се виде дека сум постапила правилно. Типов си е дебил на кого му одговара манијачење а таа е тежок манијак и оттогаш една асална врска немал у животов. Си мислам шо не се фатат еднаш, што ја мачи, ама ми текна можната причина... се плаши дека откако ќе го види во друго издание, нејзин дечко, таа бргу ќе го изгустира и нема толку да му се воодушевува. И веројатно повеќето биле такви, па затоа и за секое машко-женско другарство во средно и на факс, обавезно му припишуваа по некој трач за швалерај. Затоа што многу лабилни и несигурни особи шетаат по светов. А исто така и многу подли поради кои некои луѓе имаат изгубено верба во ваквото другарство.
     
    На Nausicaa и Daydream им се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    tessie морам да пишам дека целосно се согласувам со тебе, секогаш сум била за граници, и секој треба да си го знае местото. Дури сега кога прочитав уште едно мислење целосно исто како моето сфатив дека не сум згрешила во минатото во врска со овој проблем. ;)

    Никој порано не се согласувал со мене во врска со ова. Според другарките мои ако нивниот најдобар другар фати девојка они можеле исто како и претходно да му се јавуваат па макар и во три по полноќ. Ама не беше баш така прифатено кога истите тие се најдоа во обратната ситуација односно они беа девојката. :lol:
    И јас сум имала најдобри другари (имам пишано во друга тема дека повеќе сум се дружела со машки отколку со женски), сме се гледале цело време, сме иделе на кафиња, сме се слушале на телефон итн. Меѓутоа кога ќе фател некој од нив девојка сум знаела дека треба да се направи еден чекор назад. Јас гледам и вака, ако јас него навистина го сакам како другар, супер другарски однос сме имале, сакам да биде среќен, јас како негова блиска личност знам дека го заслужува тоа, зошто тогаш би му ја уништила неговата среќа со тоа што уште на почетокот на врската ќе му вртам на секои пет минути. Реални да бидеме секоја зрела врска со таков почетнички проблем би се распаднала веднаш, затоа што нема доверба. И истото се случи кога и јас фатив дечко, моите другари се повлекоа сите, што премногу им го почитував тоа. Се случило пак да седам на маса со нив, пак да излезам, ама ја снема таа блискост од претходно. Истото се случи и со дечко ми, кога почнавме со врската му разјаснив како мислам дека треба да бидат работите ако сака да функционираме. Среќа се согласи веднаш да поставиме граници. Не дека на почеток не му вртеа, му вртеа ама јас бев толерантна додека не им разјасни и додека не се навикнаа сите дека он има девојка и тоа е тоа треба да се помират. Среќа таков вид на проблем не сме имале никогаш.

    Така што, мора да се знае границата, не дека треба да се избришат другите личности од нашиот живот, многу далеку од тоа. Ама сепак да се сменат малце навиките во тоа нивно другарство. Пример ако претходно секогаш му се јавувала кога ќе завршела со работа и збореле еден саат, сега треба самата да си е свесна дека нема да може така. ;)
     
    На Nausicaa и tessie им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    И јас сум за тоа да се задржи блискоста, но да се смени начинот на нејзина манифестација. Не се нон стоп висење на телефон и искачање секоја вечер единствени начини за манифестирање на близок однос. И оставањето простор е начин на манифестација на блискост и почит кон другата личност и нејзиниот живот.

    Пример со другаров. Тоа што го сменивме малку односот не ни` влијаело да се чувствуваме помалку блиски од порано. Сега сите тројца сме пријатели и сме во удобна положба.
     
    На Nausicaa, Daydream и eticka им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Едно по друго е ама мора да додадам. Јавување во три по полноќ? Аман бе. Јас на другарка не сум се јавила во тоа време. Уствари со една после искачање си титкавме кога ќе стигневме дома затоа што малку ни` беше опасен делот каде што живеевме касно навечер па да биде како знак дека безбедно сме стигнале дома, за евентуално ако не е тоа случај, другата да реагира. Ама да ѕвонам во три саат на машко па каков сака другар нека ми е, дури и сингл е претеризам.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Секоја девојка, жена, сака да биде една и единствена, на прво место кај тој што го сака. Треба да му стане и најдобар другар и поддршка и љубовница и партнер во секоја смисла. И тука нема друго. Што било пред тоа било, но работите треба разумно да се сменат. Вистинските другари ќе бидат вистински, ако се тргнат на растојание, но сепак културно да се тука секогаш за нас, за добро, за лошо. Треба да ги остават партнерите сами да си го изградат својот однос. Истото важи и за мајките и за свекрвите.Секој треба да си го заземе своето реално место и да знае до каде е границата до која смее да навлегува во нечија врска. ПА И МОЈАТА БРАТУЧЕТКА НЕРВИТЕ ГИ СКИНА И БРАКОТ И ПРОПАДНА ПОРАДИ НАЈДОБРАТА ДРУГАРКА НА СОПРУГОТ, КОЈА НЕ СЕ ТРГНА, ТУКУ ПРОДОЛЖИ СО БЛИСКОСТ И НА КРАЈ СЕ УПРОПАСТИ.ТАКВА БЛИСКОСТ ТОЈ НИКОГАШ НЕ ИЗГРАДИ СО СВОЈАТА СОПРУГА, ЗАТОА ШТО ДРУГАРКАТА ЈА ИГРАШЕ ТАА УЛОГА.Ако на некого си му вистински другар, не му го прави тоа.
     
    На crazylady, Silver.E, anonymous16 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу значи каков човек е во прашање. Мојот дечко ни на крај памет не му е ни пријателство со женско (пошо такво нешто според него не постои), и од искуство си кажувал дека во животот се зближувал само со потенцијални девојки, или евентуално комшика/колешка со намера да стигне до некоја нивна другарка. Он да рече дека има другарка, ќе му се изнасмеам :D

    Од друга страна, јас имам другар речиси 10 години. Како многу примери на други феминки погоре, и фамилијарно сме зближени, и мајките многу ни се засакаа. Сме биле тука еден за друг во се и сешто. Со денови сме биле заедно, и неретко сум била едино женско во негово друштво, едноставно бев one of the guys за него. Како мојата врска се развиваше, нашето секојдневно дружење се намали, дел затоа што сменивме друштво, дел заради дечко ми, кој како што кажав не верува во машкоженски дружења. Меѓутоа јас јасно сум си се поставила дека тој ми е како дел од фамилијата, и полека тоа беше прифатено. Знам дека никогаш нема да се дружиме сите на куп, ама од тоа и немам потреба.

    Истиот тој другар, колку и девојки да имал во овој цел период на нашето дружење, со мене останал на исто. Ме чувствува блиска, ми се доверува и знае дека секогаш ќе му се најдам. И истото знам дека и тој ќе го направи за мене. Но, во неговиот живот постоеле многу девојки кои полека од другарки станале нешто повеќе, па се вратиле на другарки, или се постојано некаде измеѓу. И ми било многу разбирливо што во некои подолги врски што ги имал, неговите девојки имале проблем со тоа, понекогаш и со мене.
    Но, како што тој бил прифатлив на фактот дека нашето другарство мора да претрпи некои промени заради мојата врска, и јас знам кога треба да се повлечам и како да се поставам со неговата девојка. Најчесто јас сум им била една поддршка затоа што тој го почитува моето мислење, и навистина би била среќна доколу еден ден би била добра пријателка и со неговата идна сопруга.

    Така да, се е прашање на ситуација. Вистинско другарство и "најдобра пријателка" може да има само ако двете страни не сакаат ништо повеќе од тоа. И како женско ми е мило што имам другар од кого можам да чујам искрено мислење, и верувам дека и машките (кои немаат заднински намери :lol: ) би го ценеле истото кај нивната најдобра другарка.
    И ако стварно постои такво другарство мегу нив, верувајте дека таа може да ви биде најдобра сојузничка, тоа го кажувам од искуство. :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Да, да, буквално и во три по полноќ. Што има да ги коментирам, доволно говори фактот што они го оправдуваа тоа, а и многу други работи што за мене биле и се апсурдни. Сум се обидела и да им објаснам ама немало никаков позитивен исход од тоа. Ама како што кажав си осетија на своја кожа па после беше друга песна. :lol: И на крај баш заради сите тие работи и заради сите нивни сфаќања дојдовме до ситуација да се оддалечиме едни од други.
     
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ту бре вие немате машки другари со кои се дружите?
    Не ми се јасни луѓето кои не веруваат во женско-машко другарство и не ми се јасни.
    Имам доста другари, не премногу блиски, ама имам и не ми смета кога партенерот има другарки и се дружи со нив. И би ми сметало ако во иднина би ми префрлал за некој мој другар.
    Се гледа кога некој некого гледа само како другар, или има нешто повеќе, тоа се забележува од 2-3 гледања. Да не викам дека нема некои девојки кои другарската блискост си ја сваќаат понаку и се понашаат како женски или бетер жени, ама јас кривицата не ја гледам само во нив, туку и во вашиот партнер, кој дозволил да не ја ограничи нивната блискост.
    И обратно и вие треба да си ставите граница до која треба да се блиски со еден другар.
    Знам дека имало многу проблеми заради овие другарства ама од влакно-јаже се правела работата.
    Секојдневно гледање мене искрено не би ми сметало, ама ако знам дека другарството нивно било одмамна, од деца а не новопечно. Додуша јас со никој не се гледам секој ден, па така да не ги разбирам тие потреби некој секој ден да го видиш, па и дечко/женска нека е, но има различни карактери.
    А зашто не се обидете и вие да се збилижите со неговата најдобра другарка да видите дали стварно е тоа другарство или фарса?
    Досега сум немала такви проблеми, искрено сме си знаеле кои ни се стварно другари, и јас сум си ги сакам како браќа и ништо поише, и обратно. Не може да му забранувам да се дружи со личност што ја знае од својата 7ма година, и се дружи константно. Мене ми е нон-сенс тоа.
    Дали јас не сум љубоморна па лично гледам на ова само како повод за вечна кагва и префрлање, и претерано посесивна особоина, посебно кога е безпричински.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    За други не знам, но ја лично зборев за тие екстремни ситуации кои за жал, како што стануваат луѓето се` повеќе и повеќе асоцијални и чудаци, се се` почести.

    Повеќето не знаеле за усул и злоупотребувале со фразите „Која си ма ти вчера ми влезе во животот?“ Ако вчера му влегла во животот, значи ли дека не треба да ја остави да се покаже? Или пак дека не вреди доволно? И нормално, вината ја наоѓам во двајцата.

    Прав џентлмен и личност која заслужува да биде мој дечко, ќе направи да почувствувам дека со моето доаѓање има и промена во неговиот живот, отстапени време и простор за мене да ја покажам сопствената вредност, а не да ме сфати како физичко надополнување на емотивната блискост која ја има со другарка му. А се` повеќе има такви случаи, не велам дека ги нема и нормалните луѓе со нормални и здрави пријателски врски, ги има и тоа не се малку, но ... како што кажав несигурноста, негативноста и асоцијалноста во кои секој ден тоне светов си го прават своето и полабилните се први жртви на тој бран.

    Се` друго ми укажува дека дечкото не е вреден дечко, а уште помалку искрен другар. А другарките кои не ги оставаат другарите нивни да дишат откако ќе фатат женска ми се у најмала рака, манијачки. A има и такви како што си опишав во личниот случај погоре.
     
    На crazylady, Nausicaa, Silver.E и 1 друга личност им се допаѓа ова.