Во ниеден случај нема да побарам или да дозволам дечко ми да се оддалечи од другарки кои ги знае цел живот. Како што ни он нема такво нешто побарано од мене. Збориме за личности кои имаат потреба да бидат центар во сечиј живот, збориме за манипулатори кои најмалку се вистински другари. Јас лично од мои другарки имам слушнато како зборат за наш другар откако фати девојка дека таа на него ништо не му била и му била само за секс и дека се знае која секогаш ќе биде на прво место во неговиот живот. Тука јас не гледам ништо чисто и ништо другарски. Еве лично за мој пример ќе зборам, сите тие "другарки" што на почетокот на врската му вртеа на дечко ми на секој пола саат сега нигде ги нема, затоа што целта се знаеше која им беше. Тие другарки на дечко ми (2 или 3 од средно) што во тие моменти откако ние почнавме малце се повлекоа еве ги и ден денес се слушаат и се гледаат и идат на кафиња колку што им овозможуваат обврските, јас ги знам и супер девојки се. Јас никогаш не сум имала проблем со нив впрочем не сум имала со никоја проблем затоа што дечко ми знаел да си повлече граница. Така што по тоа се гледа она вистинското. Незначи дека ако јас му вртам на некој секој ден по 5 пати и форсирам гледање секој ден дека јас сум вистинска другарка со него. Пишав и претходно дека баш напротив ќе се повлечам малце на почетокот за сите да се навикнеме на новонастанатата ситуација и затоа што ќе сакам другар ми кој го знам цел живот да си изгради врска во која ќе биде среќен, а он ако ми бил вистински другар сигурно дека нема да ме заборави.
Bev ama veke ne sum .. i deteto e ok sekogas mi dokazal sprotivno od moite somnevanja deka mozebi ima nesto megu nego i drugarkite .. ednostavno si e takov iii sto mi enajubavo koga ke izlezime zaedno so niv se sali se smee no nikogas ne me zanemaruva sekogas me drzi za raka me guska i taka .. [mod-kirilica:9hrqtfne][/mod-kirilica:9hrqtfne]
Од почетокот на врската јас знам само една негова другарка (која била долго време со негов близок другар) и толку. Девојката навистина ја почитувам и сакам,ја знам и од порано,живее во моја близина и нејзиниот однос е многу коректен.Се гледаме од време на време убаво си поминуваме и така.. Јас за разлика од него имам другари.Двајца најдобри,со кои го запознав за да нема недоразбирања.Сега тој повеќе бара дружба со нив отколку јас ! Пред доста време се побуни за тоа како он немал другарки,јас да не сум мислела нешто,алудирајќи на две од средно,со кои се имам запознаено и немам разменето збор,па и втор пат кога се сретнавме дури не добив ни едно "Здраво" од култура. Ме извади од такт тоа што толкава галама крена за такви особи,кои од него не ги оттурнав ниту јас, ниту друга девојка пред мене туку едноставно после средно ,секој си тргнал по свој пат. Да беа некои другарки,од кога сме ние заедно ќе се јавеа за едно кафе...Но секој си ја свати пораката од случката на крај и сите си живееа среќно!
И кај мене е исто веќе две години сме заедно и му верувам а ми има и кажано дека сум многу поубава од неговите другарки
Уште на почетокот на врската го прашав дали има другарка, му реков дека нема да ми смета, само сакам да знам и би сакала да ја запознаам...Инаку дечко ми нема, но сосема е во ред кога би имал таква блиска другарка, не би му префрлувала ништо, и двајцата си ги знаеме границите... Јас имам другар со кој сум многу блиска и нему воопшто не му пречи- напротив и мојот другар има девојка, и таа знае дека ние сме многу блиски пријатели, дека сме како брат и сестра, а и сите четворица заедно излегуваме на кафе...
Мојот партнер има добри другарки,а мислам оти нема најдобра. Неговото друштво се состои од машки и девојчиња,и релативно се меѓусебно блиски. Е сега проблемот е,што тие девојчиња мене ме иритираат ,од причина што му префрлуваат како јас на него оглав му имам ставено околу врат и не го демек пуштам со нив,што нема врска.Напротив,јас сум таа што е иницијатор тој да излегува со нив,иако тој сам несака некогаш,и ете јас сум виновникот била.
Ги прочитав сите мисења и можам да кажам дека не сум при себе. Дечко ви ви е само за секс? Така доага од вашите коментари.Тој може да си има другари и најдобар другар и другарки (кои што ке излегува само во друштво,а не на само).Најдобар другар е сосема нормално да има,ама најдобра другарка е неговата девојка,никоја друга.Дечко ми да имаше најдобра другарка уште на почетокот ке му раскинев,а на таа ке и покажев убаво,има цел живот да се кае што ми ја уништила врската.А и нејзината врска би и ја уништила,женско сум,лесна работа.Бидејки јас сум му девојка.Јас сум му и другарка и девојка,се.Како што само со мене може да има секс,така само мене може да ми споделува негови проблеми,работи....
Мојов нема, сестра му и брачеда му се најдобри другарки за него. Затоа јас имам Но секако со граници, си има женска, нема веќе допишување по цели денови на фб, одење по кафиња секој ден. Се загинавме
Не мора да значи дека ако дечко ти има најдобра другарка баш со неа ќе те изневери.Повеќе да се плашиш од другарките стекнати во текот на врската отколку пред.Тоа со споделувањето проблеми исто не мора да значи дека само со тебе ќе споделува,понекогаш повеќе луѓе можат поубаво да те советуваат,имаат различно гледање на истиот тој проблем.Ова се само добронамерни совети,секој различно си размислува. Дечко ми има и мене тоа воопшто не ми пречи.
Женски дајте да не се замараме со глупости. доколку дечкото те одбрал тебе значи дека сака да биде со тебе..ако он сакал да биде со другарка му че си бидел така?? relax девојки
Аха,да.Епа ако сум јас сум му девојка тогаш со мене ке разговара за проблемите,или со семејството,сестра му,а не некоја си таму.
Не ми смета најдобрата другарка ! Добри другари се од порано, додуша и бивша му е ама стварно не ми смета. Знам дека нема ништо помеѓу нив и никогаш нема да има. Не разбирам зошто ви сметаат другарките. Како што кажа некоја форумџика над мене, ако сакал да биде со неа- ќе бил, а немало да ве одбере вас.
Момче и девојче ептен ретко можат да бидат бест френдови значи стварно да бидат као брат и сестра ааа кај повеќето машко-женски пријателства се појавуваат посебни чувства значи барем еден мора да покаже чувство барем јас така мислам А јас не би се заљубила во бфф мое мислење
Има другарка што се дружат веќе 10-15години, пред 5-6 години се имаат и пољубено, сега за сега не ми смета бидејќи не ми дал повод, пијат кафе или ручаат еднаш месечно, се слушаат еднаш неделно и тоа ми е ок.
Јас имам другар со години и ми беше другар и пред да појде со девојка му а сега имаат некакви проблеми веќе една година и гледам како се одалечи од мене. Демек нема време..
Што знам...мене некако би ми сметало... Сакам јас да сум му најдобра другарка прво, па потоа другите... Сакам мене да ми кажува за се, со мене да е опуштен...да нема потреба толку од други. Другите да му се пријатели, ама не најдобри. Вака имам гледано многу негативни примери, со тие најверни другарки. Другарките забораваат дека тој има женска, па знаат отповеќе да се ослободат. Мене ми се случило да сме заедно, јас, тој и најверната другарка. И таа му вика: ај префрли ме до дома со колата. (таа живееше многу подалеку, а ние имавме други планови во моментот) И поради што му беше најдобра другарка не сакаше да ја одбие, па зарад неа и нашиот план пропадна. Кога требаше да влезиме му вели: јас ќе седнам напред. Заборава на која и е местото таму. Потоа додека се возевме си договора со него да оделе некаде на кафе следниот ден (јас исто како да не постојам). И следниот ден го барам, тој морал да оди на кафе-муабет со неа. Тој со неа, јас дома ќе дремам. А, преку глава ми дојде ! Воглавно, оние парови кои немаат најдобар пријател од спротивниот пол, подобро функционираат. Освен ако пријателот не е навистина коректен човек (кои се ретки за жал). Исто, го потврдувам и ова. Посебно ако дечкото е помек, другар му и тоа како знае да го избудали, да направи шамата итн., многу примери има.
Мене не ми пречи да има најдобра другарка,па и јас имам,и тоа двајца другари Не можам да се мешам,да го делам од девојче што го познава цел живот,чисто за да си смирувам некои љубоморни заблуди. Секако дека постојат и исклучоци,девојки што глумат другарки,а всушност сакаат нешто друго. Ама додека ја познавам другарката,знам што карактер е,не ми пречи воопшто.