По можност нашите дечковци најдобро би било од панина да се симнати да немаат никој друг освен нас и ние да сме им центар на светот. Не само другарка ни другари па ни мајка ни татко утре недај боже во брак со нив коа ке бидеме да не ни праат проблеми па да не има во Свекрви и снаи.А пожелно би било ни брат ни сестра да немаат за да исто утре во брак коа ке бидеме со нив да не мора да делиме соби и спратови или да ја бркаме золвата што побрзо да се мажи пошто ни зафака простор во кука што не е наша. Нејсе не ми сметаат нит другарки нит другари.Дали излегува со нив на кафе дали им се доверува и им ги кажува најинтимните тајни си е негова работа. Не сакам да му бидам центар на светот ,не сакам да бидам над другите во неговиот живот,Доволно ми е да сум на исто рамниште со останатите.Ни погоре ни подоле . Не ми смета ако сака да излезе вечерва со некој другар или другарка наместо со мене ,се додека не е тоа пречесто па нашето гледање да се сведува на некој минимум. Не ми сметаат се додека знае да избалансира и да најде време и со мене и со нив да помине квалитетно време . Исто како што јас не сакам некој да ме двои од моите другарки и другари ,така и јас не сакам него да двојам од неговите. Побогу тој имал живот и пред мене а ке има и после мене ако недај боже раскинеме. Со тие луѓе се знае многу подолго него со мене и би било многу нефер да му растурам другарства кои траеле години и години пред да влезам јас во неговиот живот. Врските сами си ги растураме .Не ни се криви ни другари ни другарни ниту па некоја рандом девојка у диско што ја лапал минатиот викенд. Ако некој има нечесни намери ке ги има истите и на планина да го ставите .Тоа што ке го изолирате од светот нема да го направи поверен и поблизок на вас,туку напротив поогрчен. И тој има другарки и јас имам другари. Се доверувам на оние луге на кои сметам дека можам да им ги кажам моите најинтимни тајни и проблеми.Некогаш тоа е дечко ми ,некогаш ми се другарките. Се зависи од тоа кој во мојот живот ми покажал дека е достоен да му го отворам срцето. Излегувам и со него излегувам и сама.Некогаш само со женско друштво,некогаш со другарот традициоално на кригла пиво во Ракија бар. И никогаш ништо не ми пререкол зошто јас сама со него сум излегла ниту па сум осетила доза на љубомора и недоверба од негова страна . Баш напротив секогаш ме бодрел да се дружам и да излегувам колку сакам ,да остварувам контакти и да не го гледам него како центар на мојот свет. Истиот однос го имам и јас према него.И никогаш ама баш никогаш не сум помислила дека ако вечерва е излезен во град со другарите дека одма ровари и ме вара ,или ако искочи на кафе со другарките дека одма тие имаат некои скриени намери према него и сакаат да ми ја растурат врската.
Извини, ама вакви изјави ми се глупави. Ти кажуваш едно, а другиот одма започнува: АМ АЈ.... Никој не спомена мајка, татко, сестра, зошто ги вртите работите во погрешен правец ??? Ова е чисто оправдание. Можам да замислам како на дечкото му викаш за другарка му, а тој ја меша мајка му, баба му, стрина му... Безврска !!! Исто и овде. 1. Ако го сакаш нема да ти е сеедно да си исто како и другите. Тоа прво не е ни во ред, зошто жената треба да му е на место број еден и обратно. Не можеш ти да бидеш како другите ! 2. Ако ти е сеедно кому што кажува, значи нема љубов. Иначе нималку нема да ти е сеедно кому што кажува и се доверува. Ако нешто важно кажи на другарка, а не тебе, ако се довери на друга, а не тебе, сигурно ќе те боли. 3. Како може да не ти смета ако наместо со тебе излезе со другарка? И тука доаѓа она под реден број 1, ако си му на исто рамниште, сеедно ќе ти е. Но, ти мораш да си му прва и предност да ти даде тебе. Па, не сакам да го видам, ако наместо мене одбере да оди некаде со друга женска. Такви мажи ги имаш колку сакаш. Со лопата да ги риниш. Вистинскиот маж никогаш не би ти го направил тоа. И обратно.
Љубовта е толку чиста работа,што жално е да се гледа од таков нарцисоиден аспект.Јас ,па јас. Зошто потребата да сум центар на нечив свет? Јас сум центар на својот свет и само него имам право да го организирам како што јас сакам.Се друго е неприродно. А,кога човек се однесува спротивно од својата природа,т.е неавтентично секогаш е неисполнет и несреќен. Ако сакаш некого искрено, сакаш на него да му е убаво. Ако му е убаво да се дружи да има другарки/другари и е среќен и јас сум среќна. Се друго е само залажување дека сакате некого. Сте слушнале кога мајка пример ќе рече:Ех,го гледам моето детекако јаде и јас се најадов само што го гледам? Тоа е проекција на позитивни чувства. Кога можеш да почувствуваш туѓа среќа или задоволство од нешто. А, потребата да бидете центар на нечив свет не е љубов. Тоа е потреба да бидеш сакан.Од било кој. Тоа е глад за љубов. И е нарцисоидно поставување на работите. Ако го сакам , сакам да се однесува со мене исто како со другите луѓе. Сакам да ги почитува сите,па и мене. Ако ме почитува пример само мене,а не и другите луѓе,тоа е маска,фасада што ќе ја снема за 2 месеци. Подлго човек не може да глуми. Искрено, јас мислам дека луѓето што имаат способност да гаат долги пријателства со маж/жена сеедно,се луѓе што се најчесто посветени,искрени и способни да создадат блискост. И сакам такви луѓе во животот. Ако некој нема долгогодишен пријател тоа ми е аларм дека нешто не е во ред. Не знам зошто би се чувствувала загрозена од друга женска личност. Дали исто се чувствувате загрозени и од машки пријател? Потребата од `бранење на територија` ми е несфатлива.
^ Абе лажам.Имаш право му викам и ми смета,пошо ја на него гледам како на домашно милениче врзано за ланец и си го шетам кога ке сакам и си го носам онаму јас кај што сакам.Му давам да се дружи и да излегува со оние што ја сметам дека треба да се дружи и ке излегува тогаш кога ја ке речам дека треба да излезе. Не драга моја не ми смета ако денес ми каже -Слушај јас после работа ке идам на кафе со Петкана или со Митре,ќе се видиме утре јас и ти. Не ми смета се додека како што кажав не претерува со другарчињата да се гледа 7 дена во неделата а со мене еднаш во 2 недели на пола саат. Се додека знае да си го изменаџира времето да може да постигне да им се посвети на сите рамномерно вклучувајки ме и мене не не ми смета. Како што кажав не сакам да сум над другите ,не затоа што не го сакам доволно туку затоа што има луге кои пред мене биле со него во добро и во лошо години и години.Нејкам да ги потценам со тоа што јас преку нок ке станам нешто што тие го граделе пред мене со години уназад. И да можеби не е сеедно дали ке отиде на другарка или другар да се довери наместо на тебе ,ама тоа е показател дека во тебе можеби нема доверба како што има во нив. А довербата се стекнува и се гради.Можеби би ме потресло единствено ако сфатам дека ЈАС не сум му покажала дека сум личност од доверба на која може да и ја каже и најцрната тајна. Ама тоа зависи од тоа како ЈАС ке се поставам во врската со него и каква сум ЈАС како личност. И да и јас на него му се доверувам и тој мене ми се доверува ама затоа што знаеме дека утре тоа нема да го злоупотребиме ако недај боже раскинеме. А за жал многу врски се распагаат и по години поминати заедно,па не сакам утре во момент на слабост или одмаздољубие некој моите најинтимни тајни да ги раскажува и прераскажува. Ете затоа понекогаш некој има повеке доверва во другарите и другарките. И затоа не ме боли ако на некој другар каже нешто што смета дека јас не треба да го знам. Крај краева мојата врска е скоро совршена без тензии и уште помалце караници и нервози. Сами си ја правиме да ни биде како што сакаме да ни биде,сами си ги одредуваме нашите правила.Се гледаме онолку колку што мислиме дека треба да се гледаме и поминуваме заедно онолку колку што и двајцата сметаме дека треба да сме заедно. А кога не сме заедно сме слободни нашето време да го поминуваме и со другари и со другарки.Затоа што пак ке кажам и двајцата сме имале живот пред да се запознаеме и двајцата сме имале луѓе во нашите животи кои со години ни биле потпора,поддршка и рамо за плачење кога ни било најтешко. И не е во ред сите тие луѓе да ги ставиме на стенд бај само затоа што сега и двајцата сме во врска и не ни треба никој друг во животот. Али тоа сум јас.
Абе кој спомна да не се дружи и сл.? Јас пишувам едно, вие ми пишувате скроз друго. А, нему ако му е поубаво со другарката, нека си биде со неа, нека не бара девојка. Сите ние си имаме пријатели, роднини, колеги...се е тоа во ред, ама си се знае кој на кое место е. Како што на мајката не може побитно да и е другарката од детето, така и на мажот не може да му е побитен некој од жената. Нека се дружат сите, ама првенство се знае кој има ! Спојлер И, ова го пишувам од искуство. Порано и јас само трчав за другарките (не за другарите), и фала добив? Сите си исфатија дечковци и ги снема. А, јас само се карав со дечко ми за другарките. (а, да беа во прашање другари, одма ќе ме корпираше). Кој ти трпи денешно време? Никој. Сепак, секој за себе, како знае, така нека си прави.
Ма ајде бе ... Ние пак имаме заедничка најдобра другарка и таа е личноста која не спои,зошто да и бидам љубоморна?Нема шанси тоа да се случи.Ние сме си како вечен љубовен триаголник единствено кога ке се тргнат сами на страна,од љубов е сигурно
Се додека не открива интимни работи за мене лично и од нашиот интимен живот не ми смета да има најдобра другарка. Всушност веќе има таква, и му кажав навреме дека би ми пречело да открива детали и не верувам дека прави така. Конкретно со овие негови другарки што јас ги знам, убедена сум дека не би направил ништо. Која сум всушност јас, да му го менувам цел живот досега, да го одделувам од луѓето со кои се познава со години? Со него сум само неколку месеци и фала богу дека нема да се ослони само за мене. Не ни размислувам дали јас или друштвото му е побитно. Само сакам да не ме запоставува мене заради нив, што никогаш и не се случило. И јас имам другари со кои ни на крај памет не ми паѓа да направам нешто и воопшто не би сакала тој да ми префрла заради нив. Ќе ја гушнел - голема работа. Ако е способен да ме изневери ќе најде начин со некоја сосем трета.
Тоа што имаме право да сакаме некого,не значи дека ние го поседуваме неговиот живот,мораме да му бидеме најважни и имаме право да го контролираме. Љубовните врски се преценети,а самата љубов е потценета. Немам што друго да кажам,во целост се согласувам со @SuperGirl24 и @Waka-waka . Воопшто не ми пречи,ако дечко ми има живот.
Јас имам најдобар другар и сум многу, ама многу блиска со него, му кажувам повеќе одшто на 90% од другарките.Збориме за секакви теми, ми има местено негови другари, имаме идено по дома, мајка му и сестра му ги знам и он исто, дури и татковците ни се знаат.Никакви проблеми или простор за сомнеж сум немала кај девојка му, и со неа се дружам на кафе си идеме, и со една бивша негова сум другарка.Сеа нормално повеќе со девојка му си излага преку викенд, ние скоро цел ден сме заедно од понеделник до петок, немам никакво право да му се мешам у врската и да му кажувам што да прави, освен совет да му дадам кога му е потребен.
Темава ми е трагедија. Не бе не смее ни другари ни фамилија ни ништо да има само мене. И куче не смее да има пуу дечко ми да комуницира со луѓе? Никако. До каде со таа љубомора бе девојки,кога еднаш ќе сфатите дека така само додатно го гушите типот и баш затоа ќе ве извара ! Јојо ефекАт !
Ми се има случено со другар со кој се сме делеле да се скарам заради неговата девојка и да имам едвај едно здраво. Ова уште од порано беше: Зошто тој мене ме гушнал некогаш кога сме се поздравиле. После тоа држевме дистанца, па престанавме да се дружиме. Тој смени уште две девојки оттогаш, а ние сме пак само на едно здраво. Глупаво ми беше да му се мешам, затоа се тргнав настрана, само ми е криво што сега тој има реткост и на другари, а не само другарки, само заради таа една. Затоа ни на крај памет не би ми паднало на дечко ми да му забранувам, нека си има и другарки и другари, што имам јас со тоа врска. Што да не треба сега само јас и тој да останеме сами без никој друг. Јас не можам така се гушам. А и тој исто. Исти сме и затоа си дозволуваме. И јас имам другари, со кои на крај памет не ми дошло да направам, а ни него со другарка некоја. Глупаво е да се забранува така, а сметам и никој не смее да си го дозволи тоа. Зошто брат ми уште и замерува на бившата дека од сите го оддели, го угуши, самата остана без другарки и на крај раскинаа. И сега се бодри едвај и тие што му останаа да си ги задржи.
Се е до карактер,некои луѓе се толку љубоморни што да не речам и на мачето и кучето би биле љубоморни(ќе ви посочам пример кај се видело да бидеш љубоморен на братучедка и да речеш уште малце ќе се залапате ).Јас мислам дека таквата љубомора не допринесува до ништо друго само до гушење на тој другиот партнер,се знае што е љубомора во умерени граници а што не е...Плус ова Што кога тој има најдобра другарка мислам дека е и ствар на доверба,и ако споиш недоверба и претерана љубомора =хаос во врска Да не должам кажаа убаво некои феминки погоре и потполно се согласувам со нивното мислењето
И мојот има. Всушност, целото друштво му е во глобала од другарки, значи девојки, помалку се момци. За една ми има кажано дека му е најдобра, ама не обврнав многу внимание. На почетокот ми беше чудно кога ќе му пратеја смс или порака на фејс со бакнеж или срце, ама сега ми е ок. И тие знаат дека е со мене, дека е среќен и се навистина среќни за него. Или барем така покажуваат Не ми сметаат девојките, ок се, никогаш не рекле нешто лошо за мене, за нас, не го наведувале на незнам што, а и од средно се заедно голем дел се знаат и од претходно, немам право да го оддалечувам од нив. А ни потреба. Да почуствувам дека работат нешто против мене, против нас, имаат задни намери јасно ќе му кажам дека ми пречат, а тогаш сам нека си одлучи Јас имам доверба
Не е финтата да се има/нема доверба во неговите/твоите другарки, туку во самата себеси. Ако си ја знаеш сопствената вредност и тој ако е толкав тротинет да те изгуби поради некоја другарка со којашто решил да има нешто повеќе од другарство таман кога те нашол, или поради која и да е, треба да и` се заблагодариш на истата што ти тргнала од врат таков створ. Не живееме во вакуум, ниту пак ни` е работа да ги заштитиме партнерите од сите други луѓе околу нив. Дури сега последниве години, меѓу најдобри другари имам повеќе жени. Едноставно, подобри другари биле. Поискрени со мене биле кога ќе сум се изглупирала нешто, кога давале совети за врски. Ни на крај памет не ми паѓало да им се мешам у врска. Секој си се дружи со кого му одговара.
Имав еден дечко кога бев во штотуку излезените тинејџерски години кој имаше најдобра другарка. Во почетокот не обрнав внимание многу бидејќи таа беше фина и добра со мене. После кога раскинавме, таа се омажи за него и имаат детенце. Епа нека им е со среќа.