Имам дечко веќе две години. Многу често се караме, а скоро секоја караница е за неговата најдобра другарка. На почетокот на нашата врска, дечко ми имаше големо друштво со кое се дружел може една година во кое спаѓа и неговата најдобра другарка. Но секој од друштвото си отиде по својот пат и останаа само они двајца и од тогаш станаа неразделни. На почетокот љубоморев дека он и она сами излезени заедно, но потоа сфатив дека нема потреба да не му верувам. Најискрено девојчето има машки стил (фризура,облека,однесување) и може многу повеќе ќе ми сметаше да беше некоја пуфла. Он ми има кажано, а и може да се види дека се како брат и сестра. Е сега мене тоа што ми смета е тоа што он се наоѓа помеѓу мене и неа и секогаш треба да бира и една од нас да разочара, а чувствувам дека најчесто јас сум разочараната. Кога сме тројцата заедно он мене (најверојатно несвесно) ми врти грб и си зборува со неа, а јас треба да им се мешам во муабетот за да не дремам. Таа има и други другарки и со сите нив го запознава и летото се случи он да треба да оди на одмор со нив, а мене да не ми каже па добро е што им се сменил планот и не отишле. За нив сум многу љубоморна. Друго нешто е што он си поставил некои граници и никогаш не ме вика дома кога се мајка му и татко му, избегава јас да контактирам со нив (инаку се имам запознаено со нив), додека другарка му е секој втор ден кај него и со мајка му по телефон си разговараат. Има уште многу други вакви примери кои можам да ги набројувам...Можам да приметам дека е заштитнички настроен кон неа ако јас кажам нешто, и како да му е жал што таа нема дечко и како да му е страв да не ја изгуби и неа како целото друштво па чувствува потреба секогаш кога не е со мене да биде со неа. Многу често ме има излажано кога бил со неа само за јас да не се налутам. Секој ден се нервирам за тоа дека ќе ме откачи мене за да излезе со неа. Јас се знам со девојчето, имаме излезено само ние две, но сепак и љубоморам на сето тоа внимание што он и го дава неа и се останто што она го има а јас го немам. Можеби не сум во право затоа и го пишувам постов бидејќи ми треба ваше мислење. Многу пати сум пробала да разговарам со него за ова но или ќе ми рече добро и пак ќе продолжи по старо, или ќе се навреди и сатнува толку голема караница што ако не му се извинам може и да раскинеме. Сите мои другарки се со дечковци, но нивните дечковци имаат другари и нивното време го посветуваат на женските, а со другарите се гледаат два-три пати во неделата кога и јас се гледам со моите другарки. Мислите ли дека сум во право што се лутам и што се нервирам? Што можам да направам? Било каков совет е добредојден бидејќи смачено ми е веќе две години да се чувствувам како другарка му да е главна во нашата врска и како да сум на последно место.
Да ти кажам право тој дечко тебе, твојата посветеност, внимание,љубов не гизаслужува. Сепак 2 години не се малку. Сигуно и ти си имала прилика да се зближиш со некое машко првин да сте другари, а со тек на време се прераснува во некоја несвесна љубов и навика ама ти сепак си се одлучила за дечко ти и не си го повредила како што тој ти прави тебе. Сепак не постои машко-женско другарство. Со тек на време се реѓа завистнос и сето тоа прераснува во некоја врска. И мислам дека ти не треба да си го губиш времето со некој што не знае да те цени и дека можеш да си најдеш некој што навистина ќе те сака и цени и ќе придонесе да се чуствуваш посебна.
Рандом факт Знаете ли како им е на рандом дечковци кога нивните девојки ќе ги запознат со некој нивни згоден најдобар другар (позгоден и од нив во некои случаеви) . Тука е таа самоконтрола која треба да се има да не го фрлиш под автобус најдобриот другар на девојката.
По две години нелогично е дечко ти да има друга личност со која повеќе би сакал да го поминува времето отколку со тебе. Дури и доколку тоа би било другар а не другарка ваквото однесување би требало да загрижува а ситуацијата се влошува уште повеќе што се работи за девојка. Можеби треба да размислиш што е она што ве зближува вас. Дали сеуште е присутно?
Девојче и јас имав сличен проблем,со неговата наводна другарка и тоа не е една,туку две Беше преокупиран со нив и наместо сами ние често бевме кај нив Никогаш не прифаќаше критика за тоа дека премногу време поминува со нив а премалку со мене,дека поради нив ке ни пропадне врска,тие за него беа идеални-иако не се знаеше со кој уште не биле и секогаш ме споредувал со нив Не е вреден за со него да се расправаш и да трпиш Ако му е толку важна нека оди кај неа и крај Јас и тој раскинавме,и мислам дека сега е слободен да оди кај неговите важни другарки и да се дружи колку сака и што сака да прави И веднаш по раскинување,иако претходно тврдеше дека не се слушнал со нив 2-3 месеца,отрча кај нив како дете кај мајка му Тоа е животот,такви се машките....
Се што било пред мене, а е искрен за тоа нема да ми пречи. Дали се само најдобри другари, дали некогаш биле заедно ама не им одело и останале пак другари не би ми пречело само ако е искрен и не му пречи да ја знам и јас неа. Кога веќе има криење на другарки тоа не ми се допаѓа. Од друга страна па не сакам нови другарки после мене, особено не некои со кои не сака ни да ме запознае. Имав еден најдобар другар, спиел кај мене, јадел кај мене, јас кај него, се запозна со некоја и му забрани да се дружи, па ме бришеше она од ФБ, па си одеше со плачење ако се договоревме ние да се видиме. Не ми даде ни шанса да се запознаеме, по физички изглед ме осуди дека не можам другарка да му бидам. Последниот пат кога го видов бев со дечко, сакав да седнеме четворицата да пиеме кафе, она не сакаше. И јас кога сум во врска избегнувам да се дружам со некој што сум го запознала од кога сум со дечкото ама па ако ептен ми оди мубаетот би пробала да го запознаам со дечко ми, па можда и би излегла дружба без проблеми.
Епа тоа е таа хемија како наводно. Ќе фатиш дечко и се се менува. Не даваш два збор да каже некој нешто за него, а камоли за другарка. Мислам другаркава си користи ситуација во случајот горе. Па и јас би се наљутила. Што е ова толку дружење и внимание, јас нечија сенка да бидам, не фала. Мораш да бидеш одлучна што ќе правиш понатака. Бидејќи се е променето, не е се во другарки и другари. Ако го интересираш ти него, тогаш никој нема да го интересира него освен тебе.
Jas da si go dadam moeto mislenje vo uloga na najdobra drugarka Najdobar drugar mi e veke 9 godini I tvrdam deka nikogas nemalo nisto poveke ni od moja ni od negova strana. Tocno e deka negovite devojki ne me sakaa I ne go sfakaa nasiot odnos a na nas toa ni bese mnogu simpaticno I se smeevme na tie situacii. Zatoa devojki relax, veruvajte deka masko-zensko prijatelstvo navistina postoi ! I na kraj konecno si najde zrela devojka koja sovrseno go razbira nasiot odnos i mi dade sansa da se zapoznaeme i si nena problem koga nie dvajca izleguvame ili so casovi si gi kazuvame problemite po telefon
Има другарка за која што ми кажа дека биле и повеќе од само другари, т.е имале секс, ама никој од друштвото незнае за нив. Не сака да ми каже која е, јас сум го прашала повеќе пати ама не сака да ми каже. Јас колку и да го сакам и да имам доверба во него сепак никогаш нема да бидам сигурна со него.. бидејки самата помисла дека доколку јас и он се скараме тој можеби ке отиде кај неа..
jas licno nema nikogas da prifatam takvo "drugarstvo" !!!!! mozebi zvucam kako egoist ama ne,ok e da ima drugarski ama tolku bliski pa i sam da izleguva so niv ili nea NIKOGAS
Mila ili ke bides drugari ili patner drugari i se*s da se ima malce cidno e,toa ne e drugarstvo. Da si zboruvas ti so nego i da si sredis nekoi raboti, onaka ti velam za sigurnost da si znaes na sto e.
Кога ќе му ја почнам таа тема тој одма се љути, вели тоа било минато. Ама пак се сомневам во една дека е, бидејќи секогаш кога сме излезени сите заедно ме гледа намќоресто и не ми прави многу моабет. Страв ми е таа да не е заљубена во него, и да не имаат сеуште нешто помеѓу нив. Бидејќи јас сеуште не сум имала односи и сакам тоа да се случи кога ќе бидам спремна.. ама сепак ова многу ме кочи
Се знаеме и одиме долго време и автоматски јас сум и женска и најдобра другарка. Нема поубава врска од таа.
Decko mi nikogas nemal drugarka na koja i kazuval se.Od mali se zapoznavme pa jas mu bev i devojka i drugarka. Imam jas najdobar drugar plus prv komsija i so decko mi (sega veke maz) od sekogas se slagaa. Negovite devojki nemaa nisto protiv mene dodeka jas bev zafanata,a koga nemav decko odma se javuvase nekoja ljubomora.So drugar mi sme tolku bliski sto ako toj e ispadnat a jas ne i ako mi se prijadi mu kazuvam kupi i doagal kaj mene 1,2,3h nokta bez razlika ili jas kaj nego dali za jadenje ili kafe,film...mene mi e jasno deka na poveketo bi mu precelo ovoj odnos no megu nas nikogas nemalo nisto osven relacija sestra-brat. Vo septemvri se zene a jas i mm ke mu bideme kumovi.Gi obozavam i drugar mi i negovata idna zena. Od iskustvo vi garantiram deka postoi drugarstvo megu masko i zensko.
во случајов јас сум најдобрата другарка, другар ми секогаш ме става пред девојка му ама баш секогаш, вели тој утре ако раскинам со неа што тогаш барем знам ти ќе останеш со мене, и неможам јас нејзе баш се да и кажам не ми е жена, девојка ми е. има љубомора од нејзина страна затоа и не ме сака многу, ама јас не ни барам да ме сака она. мислам дека не треба љубомора пошто ако тој има најдобра другарка сигурно ја смета како сестра, а ако ја сметал за нешто повеќе немал да биде со тебе туку со неа.
Docnam dosta so odgovorot, ne znam kolku bi ti pomognalo sega, ama se nadevam kje moze da mu se najde na nekoj drug vo vakva situacija. Jas imam najveren drugar so koj se znaeme povekje od 10 godini, a izminative 3 sme mnogu bliski. Imame zaednicko drushtvo so koe zaedno iskacame, odime po odmori i sl, no jas i on iskacame ponekogash zaedno samo nie. Kaj mene ili kaj nego, on se znae so moite, jas so negovite i taka. Jas premnogu go sakam, no samo kako prijatel i toa mu go imam objasneto na mojot decko. Najmalku shto bi sakala e negovata zhenska da mu se luti za mene ili pak jas da mu bidam problem vo vrskata. Vakvo prijatelstvo ne moze da prifati sekoj, bidejki sekoj e na razlicen nacin povrzan so svoite prijateli. Muabetot mi e deka jas go razbiram decko ti zosto e tolku privrzan so nea, no od druga strana, ti sigurno ne se osekjas ko opcija za dzabe, sigurno go poznavash mnogu dobro decko ti. Moj sovet do tebe e (ako situacijata ne ti se promenila) izvesen period da ne mu zboruvas voopsto na ovaa tema. Bidi sosem smirena za toa i ne mu prerekuvaj. Koga kje vidi deka si ok so toa, mozebi kke prestane da krie raboti od tebe. Sepak, toa sto odite 2 god znaci deka sepak i nego si mu vazna. Ako situacijata ne se promeni, togash moras da raschistis so sebe deka on nema da prestane da pravi da se osekash ko opcija. Vo toj slucaj, prekini so nego i prodolzi ponatamu, kje najdes nekoj shto kje te ceni povekje i za kogo kje bidesh prioritet sekogas. Ne posvetuvaj vnimanie na covek shto ne znae da vozvrati so ista mera. Ova ti go kazuvam kako najverna drugarka na eden covek i kako devojka sto potrosi 2 god veruvajki mi na covek sto isto taka na nevkusen nachin ja stavi drugarkata kako prioritet. Ako ne se smenil posle 2 god, nema da se smeni voopsto. Najiskreno, ako deckoto pravi da se osekjas ko opcija vekje 2 god, ne ni pravi muabet, raskini mu, imal dovolno vreme za da ti pokaze shto mu e prioritet, a shto opcija. Ti vekje sama kaza vo koja od ovie dve pozicii se naogjash. Pozdrav
Никогаш не ми сметало тоа и знам дека во друштвото има другарки..Знам дека и со една од нив е премногу близок, се дружат од мали и се буквално како брат и сестра..Лично го знам девојчето и се дружам со неа, нема потреба од грижи Исто и јас си имам другари нормално, па зошто би правела проблеми за неговите другарки
Порано, скоро на почеток на врската имаше најдобра другарка, сега има обврски и ретко се гледа воопшто со пријателите, особено со неа зошто и таа има обврски. Мене не ми смета. Девојчето е стабило, многу си ја сакам, додуша во последно повеќе јас почнав со неа да излегувам него тој зошто мојот распоред е покомпатибилен со нејзиниот него неговиот со нејзиниот. Не ми смета. Мислам дури и се смеам кога ќе ми речи овој „Еј после ќе дојди *името* да ми искуби веѓите за на интервју“ и јас му се смеам зошто ако мене би ме викнал пример за тоа ќе одеше како тепан да е зошто јас не знам пример да кубам веѓи. И сега зошто јас со неа повеќе се гледам и излегуваме, а он пример со другарите негови и му пуштаме слика како уби си врвиме па одма почнува да наоѓа он распоред за да дојди, but fails every time. Сепак има разлика од најдобри другарки до најдобри другарки.
И јас сум најдобра другарка и знам како оди тоа, така да и мене не ми смета ако има другарка. Нормално е.