Нека има, убаво е да има блиска женска личност поред себе. Ќе може да му дава совети во врска со нас, некои мислења од женски агол. Не ми смета да има и да искачаат.Се дур немаат НИШТО.
Тие што му поставуваат услови на дечкото/девојката да прекине контакт со другари/ки од спротивен пол не ни заслужуваат да имаат дечко/девојка
Мм има блиска другарка , и не ми смета . Дури и јас се дружам со девојчето . Фина е како личност , искрена е , дури и знае да му даде совет на мм што да ми купи за поклон
Дм нема толку блиска другарка, но и да имаше што ако. Му верувам, и тој ми верува. Јас немам близок другар, но и да имав исто ќе беше. Пријатели се пријатели, било од кој пол да се не можиш да му забрануваш на партнерот да се дружи.
Дм нема блиска другарка ,како и да е јас не верувам во машко женско пријателство ,поради лично искуство.
Ќе ми пречи, многу... само зависно околностите. Да нѝ е заедничка блиска личност на двајцата и да излагаме, како друштво, сфаќам ама да излегуваат посебно, дефинитивно ќе ми запречи. Зошто? Од прва, најбанална, па речете и конзервативна причина: - Живеам во мал град, па ако таа не му е во роднинскиот круг(ни сестра, ни братучеда) по дифолт, за народот, му е женска. Да се разбереме, не живеам за народ ама не би ми било сеедно кога би чула муабети. Можеби ова е причината со која се оградувам, а вистинската причина е дека сум љубоморна и мооожда помалку себична во тој поглед, па си барам изговори. Во секој случај, јас се дружам со машки, но кога е тој присутен. Ми е многу безвеза да излезам сама со машки, само ради почит кон него. Се ставам во негова ситуација и сфаќам дека нема да му е сеедно. Е сега, има разлика од став до став и од врска до врска... не велам дека не почитувам фри стајл, либерални типчиња и девојчиња, ама за жал, ние веројатно не сме од тој тип.