Тие кои сакаат, а не можат да имаат, нормално дека се чувствуваат неисполнето. Ама акцентот е на: сакаат Тие што не сакаат, се исполнети и без нив.
@Billy Idol So you're sayin' да раѓаме деца за да бидеме прифатени во општеството, да нè сакате и поради бенефити, да плаќаме пониски даноци? Ја па мислев од љубов ги правите бе, my whole life has been a lie
Повторно се врти муабетот за имање или немање деца. Не е тука за тоа муабетот. Туку што членкава и покрај тоа што не сака деца останува во врска со човек кој сака деца или би сакал да се оствари како родител.
Таков брак мислам дека неможе да опстане. Ако некој несака - тоа значи дека несака и така треба да се сфати. Секој различно си го замислил животот и неможеш ништо тука. Ако сепак во тој брак се роди дете, спротивно на желбата на другиот, мислам дека оној кој сакал да се роди детето секогаш ќе го носи теретот на одгледувањето. Да сум јас во таква ситуација не би била во брак со човек со кого немам исти интереси. Ако тој несака да има деца, слободно нека си најде партнерка со ист life-style.
Оф мори мајко, дали тоа The Handmaid's Tale најде да ја толкуваш на жени, феминистки, претворајќи ја во аргумент зошто е најважно за секого да створи потомство? Тhe Handmaid's Tale дава одговор токму на прашањето до каде може да се стигне со менталитет во кој биолошката функција на жената да раѓа деца е ставена на пиедесталот. До тоа дистописко општество во приказната е дојдено поради еколошка катастрофа и радијација, па затоа многу од луѓето се биолошки неплодни, а не оти сакале мачиња и кучиња да чуваат. Си ја утнал поентата на серијата/книгата тотално. И да, ако во личниот избор дали да или не за раѓање, се водиме според некаква идеологија и одговорност - стопати поодговорно е да се земе предвид пренаселеноста на Земјата, отколку потресувањето до кај е стигната со наталитет Александровата нација. Патетично.
Не бе Анимали. Вие се буните зошто бабите и мајките ви попувале да раѓате деца и зошто комшиката не ве сакала и не ве почитувала. Па некој тука и наоѓаат триста причини зошто и како не сакале као немале примања, не чинела земјата, кур ги болело. (секоја чест на начинот на изразување). Не знам што очекувате, дека сите ќе ве разберат и ќе ви ја прифатат одлуката? Ако сте решиле така бидете си достојни како @poenta и застанете си цврсто на ставот, а не да кукате дека луѓето не ве разбирале до крај. @Someonespecial , да не сакате орден да ви дадеме што ете вие ќе го лишите светот од уште едно дете и ќе ја решите пренаселеноста!? Браво!
Не е тоа дефиниција за 'нормално', туку дефиниција за општествено прифатена норма.. Нема благе везе со медицина, туку со социјална култура и традиција. Сакаш да ти кажам за уште порано? Не многу порано, 50 години +... На 2 деца живи, 3 мртви, на 3 родилки живи, една мртва. Тоа дека нешто било поинаку порано, не значи дека било подобро... само поинаку. Сурово ти изгледа, затоа што си мајка, и во глава ти е дека и твоето дете некому е одбивно. Ама ти ако си го сакаш твоето, како јас моето, не значи дека сите треба исто да го гледаат како нас.
@Billy Idol не мешај биологија те молам. Ако фатам да филозофирам биологии ќе идам оф топик и до вечер ќе пишувам. Како што реков ние се двоиме со свеста и разумот од останатите организми. И ако родам дете, не сакам да се плашам дали ќе умре од обична настинка или ќе мора да јаде леб и сол. Сакам да има безгрижно детство, да биде најадено, облечено и секако да му биде пружана љубов. Испаѓа како да треба да се мачиме сите, да умираме од чума, колера, морбили и сите болештини кои денес се за среќа истребени или излечливи. Тогаш имало висок наталитет, ама и висок морталитет. А дали е полошо помалку да раѓаме или повеќе да умираме? Дали е подобро да имаш две деца со здраво и среќно детство или 7 за кои ќе се тресеш која болест ќе ја фатат и ќе носат партали?
Ако сите си гледаа за себе и својата добросостојба, немаше волкава дискусија да се развие. Што мене ми менува дали Станка или Петко не сака потомство? Апсолутно ништо. Не ме тангира, не ме интересира. Луѓето треба да научат дека наметнување ставови и убедувања првенствено не е културно.
Па Македонија изумира, нема да има македонци ако продолжиме вака, обавезно раѓајте. Среќа син ми не се глупира, ми роди внучиња, наредна недела треба да ги посетам во Германија.
Друже, комшиите околу мене сите си чуваат кучиња по дома, само една фамилија има 2 деца. Исто и со колегите германци на работа, никој не се жали дека е поинаку третиран оти немал дете. Исто како тебе размислува и чичко ми, они се веќе 25 години во Швајцарија и ден денес не можат да прифатат како бе така голем дел од населението си сака да си чува милениче отколку да има дете. Јас не можам да се замислам да имам дете, куче си е куче (да не се разбереме погрешно, ги сакам и другите животни, ама кучето секогаш има посебно место во моето срце)
Иако во државава опаѓа наталитетот,тоа не е и не треба да биде причина за раѓање на дете. Ако ти се раѓа,раѓај за себе,не за општеството. И ако некој кажува дека си ги сака милениците,а нејќе да има деца,пак е човек оти и на животните им се потребни љубов и внимание.
Никад не ми се веруеше дека ќе ми се смучи од препуцавање кои се ангели кои се демони за прашања коишто би требало да бидат прашање на избор. Ако јас се прашувам, некои луѓе воопшто не требало да се размножуваат, дури и сметам дека треба социјална и психолошка проценка на личноста пред да стане родител. Ако ваквото нешто е задолжително, степенот на квалитетно воспитано потомство значително би се зголемил и би придонело доста за општеството. Обично ние немајките клети и проклети сме етикетирани како себични, но во не мал број ситуации сум била сведок на одлука на жена да стане мајка од тотално посебични причини од причините на оние коишто решиле да немаат деца. Де да осетат благодети на мајчинство, де да задржат градски сом, де да добијат поголем дел од наследство од бездетен брат/сестра. Листата е предолга. Сѐ уште не се осеќам спремна, не сум го нашла човекот кој би бил вистински партнер во родителство, еден период мислев дека воопшто не ни сакам деца, ама со годините се научив никогаш да не велам никогаш. Но, се трудам да сум одговорна, се трудам да не се ставам во ситуација да пијам Норлева или не дај Боже да дојде до полоши работи. Во овој момент да имам дете само зашо возраста и општествената улога ми диригираат така би било нефер и ограничувачки за мене и тотално себично и нефер кон детето. Срце, ова е озбилна тема. Не е темава ја сум вмро он сдс на пример. Искрено има и што се предомислиле, ама ако се предомислиш треба да е од тебе желба. Инаку неговото чекање да се предомислиш е исто толку себично колку што е и твојот труд да не го изгубиш и покрај волку голема разлика меѓу вас. Не велам дека сте себични, не ме сфаќај погрешно, сакам да кажам дека одлукава е страшно погрешна и колку и да мислите дека е „мислејќи на другиот“, колку на другиот толку и на самите себеси си штетите. Отворено со карти на маса. Боље сега него при стресен развод. Е ова. Фала многу, пријатно. И уште ова сакам да додадам. Љубовта е важна, ама кога е проследена со некомпатибилност за важни прашања и те како нејзината моќ почнува да бледнее, порано или подоцна. Ќе најдете љубов пак и ти ти тој. Само кога е со компатибилност во очекувања, желби, одлуки и стремежи ќе биде уште поубаво. Замисли си, делиш дом со некој којшто е некомпатибилен по некои прашања... многу тешко, многу караници, притисок, експлозија од фрустрации таени и чувани. Едни раскинаа оти девојката е вегетаријанец а дечкото гурман си сака мевце и такви работи. При толку ресторани и глупости, мене не ми беше многу логично, ама они си знаат, они си биле искрени меѓусебно и донеле здрава одлука за нив.
Си пишала дека тој сака дете и те сака тебе за партнерка но не си пишала дали тој знае дека ти не сакаш дете, ништо поврзано со бременост? Ако не знае твоја обврска е да му кажеш па после ќе видиш реакции и размислуваш, евентуално бараш совет.
@Billy Idol Zero fucks given, не ни разбирам што значи тоа прифаќање? Ореолот светнува на глава? Има некој посебен чин, каде официјално се прифаќате? Не знам зошто сметаш дека тебе или било кој друг треба некој да ви се објаснува зошто одбрал да си живее начин на живот, различен од твојот. Па да сме застанале цврсто на ставот, што јас тебе има да ти објаснувам. Секако според вас сме ненормални и егоисти. Мене сеедно ми е ти зошто сакаш да имаш деца Мислам ако порано Диоген шетал со свеќата, жими се, сега со пиштол ќе шетал, на 21-ви век, зошто не сум сакала да раѓам, на Александар Македонски му се темнело од мене
Доколку причината е страв (фобија) од раѓање тогаш компромис е сурогат мајка. Доколку причина е одбивност кон деца тоа е веќе лична состојба и тогаш не може да има компромис. Едноставно за да продолжат напред треба дечкото и девојката заедно да работат над проблемот за да биде надмината одбивноста кон деца од страна на девојката, а за тоа треба време тоест треба да имаат трпение. Јас лично сметам дека не постои поголема радост од тоа да одгледуваш дете, да видиш како од 2 кг месо, станува човек, како успева во живот.
Златен, во организмот имаш генетски материјал за се. За создавање потомство, за боја на очи, коса, за ќељавост, за предиспозиција кон одредени заболувања. Ако веќе ја земаме генетиката како аргумент, треба да се образложат и позитивните и негативните работи што самата генетика си ги носи. Јас не видов човек што не сака да роди да се сипа тука на некоја што сака да има дете. А обратно, на глава и се качија на членката кога кажа дека не сака да има деца. Дискусијава што јас и ти ја водиме е заради тоа. Првите коментари убаво и кажаа, ако не сакаш треба да седнеш и човечки да му кажеш, не е фер некој да се откаже од тоа да биде родител оти партнерот не сака дете. После тоа тие што сакаат да се остварат како родители почнаа да кажуват како не биле остварени луѓето што немале деца, како кучки ќе галеле, дрн дрн јариња. Дискусијата замина таму. Не ми се верува дека The Handmaid's Tale ја стави во овој контекст бре. Да прочита Брус Милер што напиша тука ќе се упокои од мака. Поентата на серијата е сосем друга, а тоа е мизогинијата врз жените, како жените се робинки на дисфункционален свет и како се користат како предмети за расплод. Нема апсолутно допирна точка со тоа дали треба некој да се размножува или не. Најфеминистичката серија моментално ја стави во најпогрешно мислење. Баба ми Донка ја омажиле насилно за дедо ми, цел живот го поминала во брак со човек кој не го сака. Изнародила 8 деца од кои 4 починале, а најмалиот син немале пари јадење да му купуваат и на тинејџерски години го пуштиле у град сам да иде, да спие по клупи и да се снаоѓа. Така што немој да ми зборуваш за баба ми и за квалитетно живеење и квалитетно воспитување деца. Немала избор жената, или брак со човек кој не го сака или ќе ја исфрлеле на улица. А ти па од кај знаеш некој ако нема деца дали помага или не помага на друг? Кога беше поплавата пред некоја година, моја блиска пријателка имаше страшна материјална штета. Знаеш каков профил на луѓе и помагаа? Хумани и замисли пола од нив миленичиња чуваа и беа без деца. А имаше и такви, типични македончиња кои цените на водата и на чизмите ги подигнаа за дупло. Меѓу нив исто и со деца и без. Што значи хуманоста не доаѓа од тоа ти дали си без или многудетен туку дали имаш или немаш срце. Али не, ако некој отстапува од класична рамка која е дадена од општеството одма е себичњак кој среќа наоѓа во 10 мачки и "модерен". Од такви како тебе тоа.
Сурогат татко може? Сешто ќе измислите... Женското тело не е за изнајмување. Еве, нека си посвои. Сурогат мајка, Бог да чува...