A прашањево го поставив и на Reddit, и верувале или не, немаше ама ниту еден единствен коментар за тоа зошто не сакам деца, за каква жена сум без деца, за тоа која е поентата на мојот живот ако немам деца... наидов само на коментари и совети како да постапам со дечко ми. Овдека пак осуда до осуда, приказни ва вашите бремености и деца, кој како се мачел за дете, во колку тешки услови сте ги растеле децата... Не ми е гајле, навистина не дојдов тоа да го читам, да сакав ќе отворев во останатите теми и категории и ќе ви ги читав мајчинските муабети. Ама не дојдов за тоа. Сум членувала и на други македонски форуми, сум слушала дека Фемина е каша попара и еве сега гледам зошто. Инаку мислам дека е најдобро да разговарам и со психолог(не, не зошто децата ми се одбивни) , бидејќи било кој чекор да го преземам животот драстично ќе ми се смени.
И на Кајгана форум да го поставиш истото прашање,ќе наидеш на осуда,дури и полоша од тука. Ама,не мисли на тоа. Ако мислиш да одиш на психолог,оди.Ќе ти олесни. На крај краева ти најдобро се познаваш себеси.Немој да носиш одлука многу нагло. Одвој време за себе,длабоко размислувај како да постапиш,а со дечко ти направи еден долг и широк разговор.
Држи до твојот став, ако цврсто веруваш у него, и не попуштај никако. Не давај да мислат дека допреле до тебе со нивните животни жалопојки и кременковски филозофии. Иначе, да.. Добредојде на Фемина. Женски форум каде што Балкански бајо мисли дека има и треба да има некакво мислење поготово влијание врз нешто што се однесува исклучиво на женското тело. Не има и неколку еволуирани тука, ќе ги најдеш низ коментарите. Живеј си го животот како што ти мислиш и не давај да те моделираат. Поздрав.
Штом читаш Редит, не знам каде си пишала ама околу ова оди на r/childfree, таму има доста сосема нормални луѓе, жени со истиов став и предрасуди со кои се соочуваат во животот поради истиот. А за психолог - поддршка и никако не е срамота да појдеш едноставно за разговор околу комплициранава ситуација, не дека нешто не е во ред со тебе.
Се надевам дека што и да се случи, на крајот и ти и тој да завршите среќни и исполнети, без разлика што и да значи тоа за вас лично. Со среќа да си ја решиш ситуацијава.
Што очекуваш од закоравени Балканци со заостанат менталитет? Луѓево живеат за што ќе речат комшиите, а не се гледат сами колку се мизерни и неедуцирани. Битно бабите и комшиите да се сТреќни, а не младите. Ти прашуваш едно, а овде ќе ти ги испревртат зборовите и ќе те направат ненормална, болна и себична. Зошто? Дека твој избор и желба е да немаш деца. Ама како така? Ти си женско и мора да раѓаш. Уште дур си мала треба да ги чуваш јајниците за да не настинеш. Мора да играш со кукли за да бидеш добра мајка. Мора внучиња на мајка ти да и родиш. Тие се правилата. Нормално на reddit нема да им биде чудно, кога тој форум го користат милиони луѓе од разни држави, нациналности, вери, раси, пол. Меѓу нив има учени, шетани, современи, па дру и Балканците што го користат не се понашаат заостанато ко овде. Ќутат таму, пошто гледаат колку се глупи. На македонски форуми не можеш да бараш совет за битни животни прашања. Во иднина ако решиш да пишуваш овде, знај дека врие од шовинисти па дури и во модераторскот тим. Иако е единствен женски форум во Северна мизерија. Секое добро со одлуката. Само немој да правиш избор со кој ќе бидеш несреќна цел живот.
Едноставно има жени кои не сакат да бидат мајки и јас сум една од нив. Кај нас проблемот е општеството, што блиските многу притискаат за деца нели: “Жена што не раѓала не е жена”. Јас сум веќе долго време со дечко ми не сме во брак но сите велат: Ајде што чекате, кога деца? Немој да чекаш да наполниш 30 год. За среќа дечко ми не е македонец, има западна националност па така да имаме разбирање во се. Кога би бил некој наш би имала проблем, и не би знаела како да решам затоа и незнам каков совет да и дадам на феминката но ја разбирам и ја подржувам.
Точно. А сиромаштијата се должи на необразованоста, а необразованите (не зборувам само за официјално образование), не знаат за женски права, ниту размислуваат за тоа, а плус живеат во патријархални средини, и се финансиски скоро секогаш зависни од мажите... И еве ти еден куп жени, кои ќе се претворат во чедни фабрики за правење на деца, без разлика како тоа влијае на нивната психа. Да не случајно се лекува некоја од пост-породилна депресија во Нигерија? Тешко.. кога ни за антибиотик не можат да се снајдат... Ја укинаа затоа што родени и неродени женски деца, мајки си убиваа.. родени си оставаа на улица. Оти истата таа патријархална средина, сака 'машки'. Е сега немаат доволно жени.. епа чорба. Аха.. малцинство. Новите генерации не се глупави како мојата, како претходните...Знаат, читаат, се информираат. Не ги лажиш со истото лижавче како пред 20-30 години... ама ич!
@Billy Idol не бев сигурна и за Нигерија, па изгуглав.. и точно сум мислела. И таму практикуваат сечење на клиторисот кај девојчињата. 'Таман жени'.. Не мора да чувствуваат, само да се репродуцираат
@WildMk ти имаш маж и ќерка колку што знам. Те прелажал маж ти пошто си од постарите глупи генерации и всушност со тебе е за расплод? И сите што се во брак и сакаат деца се всушност само за расплод? Прогресивно, модерно, ИН е да не сакаш деца. Ако сакаш деца, фамилија и брак си туп, глуп, имаш праисториски сфаќања, мразиш жени, ќе им сечеш клиторис и ќе ги користиш само за расплод. Повторно се провлекува таа жичка на хејт кон се што е машко и машкиот пол генерално од едни исти особи овер енд овер аген. Иако прашањево нема врска со жени и мажи. Пошто и од двата пола има што сакаат и не сакаат наследство. Успеавте повторно да си го покажете правото лице и да им се "п*мочате" на сите мајки и татковци и луѓе кои се решиле да створат семејство и деца. Не наметнувале они ставови. Yeah, sure. Не сте мнозинство и никогаш нема да бидете. Може да бидете единствено овдека на форумот каде ви е дозволено остро да напаѓате секого кој се коси со вашите ставови, извртувајќи му ги зборовите и се разбира, клучот, терање на својата агенда ама буквално во сите теми. Keep doing it.
Па зошто толку тогаш запаѓаш во хистерии дека човештвото/pravoslvnite anticki Makedonci ќе изумрат кога ете мнозинството има деца? И со колку деца придонесуваш ти во борбата за спас на загрозениот човечки род кој брои незначителни 7,7 милијарди?
Всушност сите ја советуваа членката да разговара и да си ги кажаат ставовите со партнерот, а потоа „ненаметнувачите” почнаа за ненормалноста и да сме се размножувале за да не плаќаме данок. Да не ја заборавиме исфрустрираноста за зачувувањето на семката на Аце.
Не. Тие што саакат да се во брак и да имаат деца, нека ги. Тие што не сакаат да се во брак и да немаат деца, нека ги. Не. Прашањето има врска и со мажи и со жени, посебно со жени, затоа што тие носат, тие раѓаат, и најчесто тие одгледуваат деца. Мажи кои сакаат деца, едноставно, треба да си најдат жени кои исто сакаат деца, а не на сите жени да им кажуваат дека 'нацијата била пред изумирање'. Се обидувам да наметнам став... Секоја моја дебата се сведува на еден и единствен став: Прави како што сакаш и остави ги останатите да прават како што сакаат. Се' додека не повредуваат некого, не мора да ги убедуваш да прават како тебе.
Ти или не си ја прочитал убаво темата, или прашањето освен чиста провокација не ти е за друго. А не ти е. Некои како услов за не сакање да имаат деца го напоменаа и фактот дека светот е пренаселен, па ете они од тие причини се решиле да немaат. Всушност, иако светот постојано расте, разликата помеѓу наталитет/морталитет во Македонија паѓа од година во година и е негативна во многу населени места со што ако продолжи овака во континуитет за 300 години или така нешто ќе снема ниту еден Македонец овдека. Зошто е тоа така барај ги одговорите во соодветните институции. Јас ниту работам таму, ниту располагам со бројки за демографски промени во Македонија. Значи таа причина за немање деца, отпаѓа. Другата беше дека немале пари и немале да му овозможат добар живот на детето, а не сакале да има нивното дете живот како баба им и дедо им. Но, истите изјавија дека и кога би имале пари, не би сакале да имаат деца. Што повторно паѓа во вода нивниот аргумент. Некои изјавија дека сакаат повеќе да чуваат миленици отколку деца, пошто децата им биле преголема одговорност, а и повеќе сакале кучиња. Океј е и тоа. И се е тоа legit. Јас им го почитував и им го почитувам и понатаму ставот за немање деца, ниту пак имам нешто лично против нив, ниту против членката што ја советував и и дадов ист совет како и сите останати. Да се самоцитирам: "Секој е кројач на својата судбина." Ниту пак сакав да им го сменам ставот, туку само реков дека причината за истиот не е поради пренаселеност, услови, аерозагадување, сечење на клиториси во африка или носорозите. Туку истото им се базира на себични и егоцентрични причини каде себе си се ставаат на прво место и не сакаат да се жртвуваат и превземаат одговорност звана "дете". Ама тоа е, кога некој нема како да врати аргументирано почнува со лични навреди дека другата страна е глупа, тупа, заостаната, со кромањонски сфаќања. А, некои ете си влечат и некоја стара рана од други теми па имаат нешто лично против мене (што е крајно чудно да имаш против некоја личност што ниту ја знаеш и познаваш) и секогаш се тука да ме цитираат било каде и да пишам. Обично постови со изобилство на лично вреѓање па им отвараат работа на администрацијата.
Оти нивните аргументи 'паѓаат во вода', а твоите мислиш дека се валидни? Абе не размислуваме сите исто.. Просто е ко грав
Зошто сме нашата генерација,а и претходните, глупави? Зошто родивме дете? Не ти го разбирам коментаров.