Не, ТИ изгледа не си ја прочитал темата. Затоа што темата не е ни наталитетот/морталитетот во Македонија, ни пренаселеноста, ни тоа што некој сака домашни миленици а не сака деца, ни дали некој имал пари а пак не сакал деца. Темата е девојка која не сака да има деца (од причини кои се нејзино лично право и не треба воопшто да те тангираат ни тебе, ни некој друг), а е во долга врска со дечко кој пак сака да има деца. И девојката си побара совет како да постапи во дадената ситуација, и тука се избацуваш ти со муабети за наталитет, Руси, Германци, Банту црнци, изумирање на нации, па генетика, па величење на старите времиња...заеднички именител за сите овие глупости е тоа што не беа ни спомнати во воведниот пост. И пак не ми одговори колку деца имаш. Затоа што ти синко не да немаш деца, немаш ни земено дете во рака, немаш ниту блага претстава што значи да се исчува и воспита едно дете, за тебе децата се само некои си апстрактни алатки во борбата за зачувување на апстрактни ентитети (нации). И секако тие деца, кој ете ќе ја спасат нашата vekovna pravoslvna nacia (за која мене ме здоболе курот) треба да ги изроди и исчува некој друг, а ти ќе си го тераш животот со сите погодности кои ги нуди модерниот живот(кој толку многу го мразиш) и ќе си млатиш празна слама на интернет.
Не ми е јасно што е битно дали ќе оставиш нешто позади себе кога сите ќе умреме, а кога ќе умреш ништо не знаеш за овој живот, да така да не е битно тоа оти сите ќе бидеме во црна дупка еден ден и ништо нема да знаеме што се случува тука и дали некој те мисли и се сеќава на тебе.
Па јас не прочитав ниту еден аргумент освен кур ме боли за се. Кој аргумент бе Вајлд? Јас освен " кур ме боли" друг аргумент не добив. Се осетив ко пред маалска продавница муабет да правам. @Asparagus па кој рече дека тој мој коментар се однесуваше кон девојката? И дадов јас совет на девојката онаков каков што сите вие и дадовте. Си се изјаснив јас дека САКАМ да имам дете. А дали имам или не, истото не менува ништо во дискусијата. Демек ако немаш, не си кадарен да дадеш коментар. Богу на мудроста. @Sejfullai Епа ако гледаме толку црно и депримирачки, ај сите по една јамка да си стаиме пошто и онака не вреди да се живее. И онака е се отидено во курац. Burn the world!
Значи си се омажила на 18години,и сите што до сега не се омажиле според тебе се со даска во мозокот? Ахам, важи. Детето не е најголем успех, ниту треба да се гледа како предмет за успех. Најголем успех ти е кога имаш нешто зад себе и добра финансиска обезбеденост за да не ти трпи за леб. Така да, џабе си патријархално воспитана кога основните работи не ги знаеш.
Аргумент? За што бре сакаш некој да ти даде аргумент, за тоа дали ќе има деца или не? Дај излези од тој его трип, дали некој ќе има десет деца или ниедно, сам ќе си одлучи, нема што тебе да ти дава отчет. Се убаци на темава со драматични повици за спас на нацијата, со жалопојки за старите времиња на Донка и Трпе кои имале седум деца, со етикети за сите што не сакале да се жртвуваат за спас на naciata и уште ми тврдиш дека не е битно тоа што ти немаш ниедно дете, битно ете си сакал деца. Не се куртулува нацијата од изумирање со сакање деца бе Били, туку со имање, па во времето на Трпе кое толку го глофицираш ти ќе имаше минимум 4 деца досега.
За да се има дете освен љубов се разбира,треба да му пружиш и обезбедиш се.Мене пример немаше да ми падне на памет да имам дете ако немав скршен денар или имот да му поделам нешто понатаму.А и високо образование да му обезбедам.Секој со своите сфаќања. Затоа повеќе од едно нема да имам.Имам доволно љубов за него и доволно финансии за да има квалитетен живот. За второ не дебатирам воопшто,завршена тема е.Не ги правам децата колку да се на број,и никој не треба така да ги прави колку да ги има. А за членката и нејзината дилема,сестро слатка ако не си родена за да бидеш мајка и да го прифатиш тој неописливо тежок предизвик,и Бред Пит да ти е партнер џабе ќе ти е.Добро е тоа што си установила дека не си родена за таа улога навреме,отколку подоцна откако ќе родиш дете.Нема ни ти да бидеш среќна,нема ни детето. Терај си живот каков што си сакаш и уживај!
И мене ме интересира каков аргумент бараш @Billy Idol кога некој кажува дека не сака деца? Каков аргумент да ви дава некој за изборите што ги прави во животот? Се читате малку или...? Не сака. Точка. Толку е тешко да се сфати? Зошто не гледате малку надвор од кутијата? И јас сакам свои деца во иднина, ама имам блиска личност која не сака и ја сфаќам. Ни ја осудувам, ни ми паднало на памет да се мешам. Зошто? Прво не е мој живот, а второ не сме во времето на прабаба ми кога жените ги гледале исклучиво за раѓање и сексање. Долга коса, краток ум. Жените сега се многу повеќе свесни, разумни и имаат право да одлучат за СВОЕТО тело, а прабаба ми никој не ја прашал дали сака од вагина да и излезат 10 деца. Зошто во денешно време да роди и да биде несреќна ако неќе деца? За комшиите да се среќни? Плус темава е отворена за СОВЕТ што да прават во врската, а не да СОЛИТЕ ПАМЕТ дека некој е ненормален ако неќе деца и дека светот изумирал. Пренатрупаност има во сите држави, ама Македончињата ќе ги снемално. Ле ле ле. Ајде да се гушнеме и да се оплодуваме. Господ за џабе ни ја дал матката?
Јас се сложувам со сето ова што го напиша, како и со сите останати што го напишаа истово едно катаљарда пати пред тебе. Џоли, ми го прочита ли мојот првичен пост? И не само тој, буквално во секој втор пост овдека кажав дека секој има свој избор кога е во прашање неговата судбина и треба да си стои цврсто на својот став и да прими и критики ако грото од општеството не се слага со него. Всушност и баш тоа и го кажав (Поента мислам беше) кога си пиша јасно и гласно дека не сака деца и зошто не ги сака истите. И го поздравив нејзиниот став како единствена што аргументирано си кажа зошто и како без трошка фолирање. Мојот првичен пост беше зошто некој би требало да се одлучи за деца, онака подржан со неколку клучни аргументи ЗА, а тој коментар за Македончињата беше пошто некој искоментира некаков булшит дека нејќе да раѓа пошто ете пренаселен е светот, па демек само уште едно дете му требало. Имаше други личности кои менуваа ставови, ги правеа ненормални, напаѓаа и ги праќаа на психијатар сите што нејќеле да раѓаат деца. Јас реков само дека нивната одлука е себична. Што е и факт и никој не ми врати аргументирано на тоа. Баш, веројатно и тоа беше тригерот за катаљарда цитирања и напади на лична основа и тоа од личности кои најмалку сум очекувал и секогаш тежнееле кон коректност на форумов. Ако не се слагаш со некој став и мислење не можеш бе да го цитираш и да речеш "кур ме боли за се, глуп си, ваков си, таков си." Или аргументирано дискутирај, на ниво, или воопшто не цитирај ако не можеш да се воздржиш од навреди. Не сме пред кооперација, тука сме да размениме ставови, а не да си е*име мајки шајки ако не се слагаме. Воедно ова ми е и последен пост на темава бидејќи немам што повеќе да додадам. Мојот личен став го кажав неколку пати и не сакам да го верглам истото овер енд овер аген, а ниту да одам офф топик и да бидам санкциониран поради тоа. Ако се развие дискусијата во некој друг правец или има простор да се додаде уште нешто, ќе напишам тогаш. За глуп си, заостанат си, кременко си, балкански бајо си и останати шлајмови, можеме да ги коментираме баш и на такво шлајм место, пред кооперација, а не на форум.
Према кого сме себични? Мислиме повеќе на себе отколку на кого? Родителите? Станка и Трајанка од трети? Детето што не е ни зигот, а не па дете?
Поглупа споредба амин! Каква врска имаат луѓе што сакаат деца а не можат да имаат со девојкава која не сака деца. Ако не се гледа некој во таа улога како јас да убедувам дека ќе направи огромна грешка, нема да е исполнета и не знам што. Нејзина одлука е тоа. Нели е подобро да си живее како што сака отколку да роди дете и таа да биде несреќна и детето да пати после. Наметнувате свои ставови и мислења на други. Јас никаде не прочитав дека бара да је предомислувате. Едноставно не не исполнуваат сите исти нешта.
Не бе па ти. Затоа што жените и немале толку прао на свое мислење како денес. Раѓаа и тие што сакаа, и тие што не сакаа. Жената дома, ќе раѓа, чисти, гледа деца, а мажот ќе си го прчи. Башка, 'срамота' беше да се разведиш... Ќе трпиш се'.. и ќотек, ако треба, само да 'не ти се смее светот'. Денес повеќе знаат и повеќе си ја почитуваат индивидуалноста. Не дека и претходно немало жени кои не се подвргнувале на општествените норми... Само поретко било. Ај наврати се уште еднаш на постовите во кои ти се укажува кај грешиш? Ти лично го сфаќаш ова. Немаме ние ништо против ти да сакаш деца, и да си имаш и сто, со жена која исто сака деца како и ти... и која мисли да ја 'зачува нацијата'. Ама не не' терај сите исто да се чувствуваме. Јас ти вратив, уште пред 3 дена:
Па ако сака толку дете нека си посвое господе боже, ако нејкеш да раѓаш твое право. Златно правило никој не сакај повеке од тебе бидејки ке слижуш како играчка. За некој е да напише книга, режира филм, стане светски спортист ама батали неможам да правам таков муабет со некојшто вели најголема цел раѓање деца. Само тоа го посакуваш и универзумот тоа ти го дава деца и ти е перен мозокот дека е најголемо достигнување. Детето јесте е богатство ама сепак мислам дека има и други работи а не ајде дете и да се запуштиме да не посетиме козметичар 5 години.
И јас не би сакала да оставам потомство на овој свет,на овие бедни и гнасни луѓе.На сите кои мислат дека сите сме исти и дека сите мора да го сакаме тоа што повеќето го сакаат. Ќе се расправаме се додека ќе се појавуваат личности како @babaDara и ќе ни наметнуваат ставови што ги размислувале луѓето во 18 век.
Ај пробај вака да си замислиш.. Останвиш бремена и уживаш во бременоста,си го осеќаш бебушот како растит во тебе,па идат време да го донесиш на светов и го ке ти го донесат да го видиш то ти се пулит со очињата дирекно вочи и ти просто се топиш замисли го задоволството да го гледаш истото како растит,а ти си таа која имаш шанса најдоброто од тебе да го пренесиш на детето,замисли си едно мало детенце како трчат да те гушнит и ти велит дека те сакат,и такви слични ситуации каде ти добиваш безусловна љубов од едно мало човече кое си го родила
Ја као безнадежен емотивец ги сакам горенаведените работи, нормално не по секоја цена туку под одредени услови, јер квалитет треба да е пред квантитет секогаш, па не почувствував дека сум нападната од Вајлд, Енџел и другите со поинаков став. Вајлд не мисли така како што викаш, самиот доказ е и ќерката што ја има и си ја чува со љубов. Како што за избор на партнер прво гледам што има во главата и срцето а после во банка, така и децата не мора да се десет по секоја цена, нека е и едно ама добро воспитано и на достоинствен начин пораснато, барем во првите 18 години од неговиот живот тоа би ми било обврска. Првични критериуми ми се неизбројливи нешта.
А замисли вака, она не сака деца, партнерот ја затруднува, решаваат да го задржат бебето, тоа почнува да клоца, она се ежи на секој удар зашто не ни сакала да има бебе in the first place. Замисли го незадоволството кога ќе треба да се пораѓа и болките кои ќе ги претрпи на пораѓај за нешто што не го ни сакала, замисли како нема ни да се топи, како секоја обврска понатаму ќе и биде терет и како ќе се однесува со детето во текот на растењето. Затоа треба да се даде слобода и избор, за да нема вакви ситуации, зашто не сите го сакаме истото. Ти ако си го сакала и ти било така убаво не значи дека ќе му биде на секој. Да беше така како во твоето сентиментално излагање немаше да има оставени деца, напуштени, малтретирани на секаков начин. Мора малку да се тргне притисокот дека мора да се има деца, за сите ќе биде подобро.
Тоа е исто како влезеш во море незнаеш да пливаш(и немаш желба) ама сепак погледо е убав и бојата на морето е убаво а тоа ти дали ке потонеш не е битно. Ужас совет.
Никогаш не реков дека морат да се имат деца,само ја посоветував како би било кога би било,нормално дека изборот е нејзин,никој на ништо не можит да ја присилит ако таа не сакат,јас само и го кажав задоволството од моја гледна точка..и реално кажано ретки се жените кои шо родиле деца од шо биле приморани,фала богу денес сите имаме право на избор и самостојност Зато ке си земит гума и мускули и ке се искапит во морето или крај краева ке се пошлапкат во плитконо