Јас замислив пред 6 год.и замисли си реалноста од замисленото било мноооооогу поубо зато и реков и неа така за да и бидит убо
Ако неќи, нема да и' биди убо. Арно ти опиша @RainBow Ако посака некогаш, Амин... До тогаш, вакви муабети не и' требаат.
Проблемот со ова твоево е што ти не можеш да замислиш како е некој да не сака деца и автоматски претпоставуваш дека ќе сака. И викаш дека ќе си го смени мислењето само да замисли. Токму е тоа притисокот и убедувањето коешто не треба да го има зашто секој си знае за себе. Да можеше да замисли веројатно ќе сакаше деца и немаше да ја имаме дискусијава, затоа е непотребно вакво убедување.
Ти си ти,таа е таа,сите ние сме различни. Подобро ќе беше да ја советуваше да замисли повеќе ситуации,со и без дете,да не брза со донесувањето на одлука. Не знаеш што доживеала,па затоа не е во ред веднаш да препорачуваш да се замисли како мајка. Членката бара совет,а не паметување со притисок.
Девојката Тој беше најадекватен совет кој шо можев да и го дам,да пробат да се замислит како мајка на деца со човекот кој го сакат,со човекот за кој велит дека ја сакат неа на ист начин,а ако не сакат деца а тој сакат е тогаш едноставно нека се разделат..јас не ја осудувам ни пак и велам да прајт нешто шо не сакат,ама не е фер ни према него ни према неа..нека му дозволит на човекот да се исполнит како татко со друга жена која можда нема да ја сакат како шо ја сакат неа,ама ке бидит задоволен во животот..истото важит и за неа,ке си најдит партнер со кој ке го делит истото мислење и можда ке бидит среќна .. Друго шо би ја советувале?? Со сила убајна не биват,без разлика дали сме 18ти или 21ви век моето мислење дека децата се најважни,за други кариерата,за трети шетањето и така натаму..зато нека си размислит прво шо сакат во животот,какви амбиции ја исполнувет и нека си одлучит
Еј, а замислете некоја што не сака деца да ви збореше на вас што сакате - абе какви деца, одење на прегледи, па лежење во болница, толку болки, толку пари ќе фрлиш за едно дете, без спиење ќе си останеш неколку години, па кујзнае каков карактер ќе се погоди тоа дете, па нервози, па ќе треба да го раниш толку години, душата ќе ти ја изеде, што ќе ти се тие нервози а? И не, никогаш не би го рекла ова на некоја што сака дете. Ниту пак сум сретнала негде по форум да го пише некоја Ама тежината е очигледно различна кога покажуваш позитивни страни а нешто што другиот го неќе, а кога покажуваш "негативни" (значи во наводници ова негативни, не е буквално) страни на нешто што другиот го сака.
@Охрид88 го имам замислено тоа, и ме фаќа паника и чувствувам неудобност. Сум имала ситуации кога сум била параноична дали сум бремена - првиот инстинкт ми бил која клиника ќе го врши абортусот, а не дека нешто слатко мало ми расте во стомак.
А зошто мислите дека кога ќе родите дете тоа запуштање? Во тоа е поентата. Не сакате обврски. Мислите дека ако родите дете за вас животот завршува.
Па не дека завршува животот ама треба внимателно да се бира со кој е тоа дете каков е тој човек колку долго сте заедно а не не го ни познаваш 2 3 месеци и ајт, финансиска стабилност а не само диплома урамена на ѕид. А и детето сепак бара највеке внимание и љубов доволно е само татко да има катастрофа да оде да се швалерисува за детето да расне у лоша средина. Не дека бегаме од обврски, обврски има во се..
Е па затоа реков дека од старт треба да се разговара со партнерот. Ако тој не сака деца, јас не би била со него. Ова е доста сериозна тема. Клучен фактор за една врска. Ако не сакаш деца поарно да не ги имаш, отколку да ги раѓаш за атер на некој друг.
Ако ти си решена дека не би се сменила, глупо е и муабет да праиш дали он би прифатил живот без дете. Ко шо нели неќеш никој да те убедува тебе колку е убаво да се има свое дете, така не би требало ни ти некому да наметнуваш. Што ќе збориш со него? Еј те сакам ама само ако се решиш да немаш деца?? Значи тебе ти е мака, да биде по твое и се плашиш дека он ќе ти каже, ама јас сакам да имаме деца. Очекуваш ради љубов да попушти он. Реално е мн незгодна ситуација и никој не треба да се откаже од своите желби. Колку и да ти попушти он, веруј нема да биде среќен. Може некогаш ќе посакаш д имаш дете, ама он не верувам дека ќе се сложи д нема. Да се откажеш од некоја желба е многу потешко отколку да се трудиш да ти се исполни нели? Полесно е да не сакаш деца и да бидеш така прифатена или со сета сила да се трудиш да засакаш деца? И верувај, многу работи се менуваат низ животот. И не не викам дека ќе го заскаш кога ќе го родиш. Туку со годините карактерот се мења. Сега може ќе најдете заеднички јазик, ама еден ден, може да избие и да имате сериозни проблеми ради неисполнерите желби, било чии. Не збори само дека толку ти се одбивни деца оти е грдо, исто колку што е грдо некој да те убедува дека треба и мора да имаш дете. Доволно е да кажеш, фала за советите, ама јас не сакам да имам дете. Ако одиш на психолог, е таму можеш слободно да збориш зошто и како и нема да те осуди. Може да ти помогне да разбереш што точно од животот сакаш, како се замислуваш во иднина и тоа ќе ти помогне да решиш што да правиш. И не, нема да те убедува да засакаш деца. Не мораш. Ама да мрзиш некој што нема допирни точки со тебе не е во ред. И таму не одат само ненормлни(се извинувам за изразов). Сериозно ошушта разговорот. Верувај дека нема да завземе ничија страна. И љубовта сега и во брак не е иста.
Траже многу одговорност не е тоа ај не ми се свиѓа вај стан во друг ке седам под кирија да си бираш, те пример некој што нејке деца што му е наметнато тоа уште на 18 години колку и да глуме среќа па одредена несреќа чуствува колку и да се децата богатство. И сега е таков стандардо што е скапо се пример мораш ако си сам да зимаш минимум 25 илјади за да гледаш дете или ако се двајца родители едниот да бара чаре во странство за поголема плата. Некој не сака такви одговорсности и не е спремен нема да знае дали таа ке го чува детето или оно неа..
Во тој случај ослободи го човекот! Ке ви е тешко и на двајцата после толку години заедно,ама секој заслужвит да бидит среќен,разделете се со повреме и секој нека си ја барат среќата на различна страна..како шо реков и предходно со сила убавина нема! Нема потреба да сте заедно и да мизерувате заради несполнети желби,а не е мала работа сепак за дете се работит! Не е работава не ми купи штикли лута ке му бидам дури ми ги купит .. Пушти го да си ја најдит среќата со жена со која ке го делит истото мислење во врска со семејството,а исто и ти со тек на време ке си најдиш човек со кој ке го делиш твојот став и сите задоволни
Ова. Се` поинаку од ова е себичност. Не ко шо викате мајки, немајки, ангели, демони... @Wallflower107 , еден совет, никој од вас двајцата нема право да очекува да му се сменат желбите на другиот. Вака и двајцата живеете во илузија, ти дека тој ќе се премисли, тој дека ти ќе се премислиш. Желбата за деца е многу голема работа. Среќна иднина не е само од љубов условена, јас тоа малце касно го разбрав. Нема побитно од тоа да си искрен кон самиот себе. Инаку шо, не дека ти ќе го прелажеш за брак да не го изгубиш, а тој во кутијата со контрацептивни таблети ќе ти стави витамини со фолна киселина. Карикирам ама ми ја сфати поентата. И отворено зборење на темава. Галиба не ќе да сте доволно отворени чим ти за негови намери се служиш со „претпоставувам“. На маса и искрено. Не е фер ти да живееш во илузија којашто никогаш нема да биде врска во којашто цел живот ќе се јадеш и сомневаш дали си му доволна, ниту пак тој не заслужува живот во илузија дека ќе се премислиш. Како што одлучно ни пиша нам, одлучно кажи му и нему. Греота за ДВАЈЦАТА.
Многу мразам кога некој ќе се обиде да ги наметнува своите идеи, па ќе се труди цело време да те премисли, да те убедува и кога ќе се појават тон луѓе кои ќе те осудуваат што било правилно а што не. Ако некој не се гледа како родител, има право да го изнесе своето мислење и да одбие отколку да ги исполнува нечиите желби за да биде среќен. А што е со мојата среќа и со тоа што јас го сакам? Јас не сум важна? До кога ќе се водиме што ќе рекло општеството, што требало да правиш а што не? Не знаев дека си нечовек и монструм доколку не сакаш деца. Еве, и јас не се гледам како родител, барем не во блиска иднина, ама затоа ќе дадам живот за синот на другарка ми, и? дали тоа ме прави мене лоша особа? Има луѓе кои се родители а се несмасни, не се замараат, го уништуваат животот на своето дете, ама битно родител е, ја исполнил целта и барањето на општеството и нечија желба. Што следно? Животот на детето е пекол, мајката му го загорчува секој ден, и тако даље.
И ти, и тој треба да сте среќни, иначе вашата врска ќе биде осудена на пропаст. Ти соло без обврски со некој што ќе си ги делиш интересите, а тој со жена и деца. Потполно си во право ако не сакаш да имаш деца, тоа си е твое право и разбирливо е, не е секој створен за таква улога. Но пак од друга страна незнаеш какво е тоа чуство и дали ќе зажалиш за овој твој став. Одговорот што го бараш е во себе. Знаеш што да направиш.
Јас не ја премислувам еве, зошто е решена во тоа. Во случајов најдобро е да се разделите. Нема фер, не фер концепт, тоа е. Јбг. Не се прави компромис за таа работа, не е ова ручек, па не сарма, бабури. Јас така би направила. Секогаш едниот ќе му префрла на другиот дека направил жртва.
Леле Охриде озбилно? Да се замисли значи велиш како мајка? Како нејзе не и текнуело до сега да се замисли, девојче со прашањево ај одговори зашо не ти текнуело досега да се замислиш како мајка? Да му дозволела да се исполнел ко татко, ај не ме зезај, она ли му забранува? Кое тресење зелени. И не знам шо и потенцираш да размислела какви амбиции ја исполнуваат, да немала размислено немаше ни да реплицираме на темава