1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој сака деца, а јас не?

Дискусија во 'Брак' започната од Wallflower107, 12 август 2019.

  1. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Па му забрануват,го држит упорно со неа и му велит не сакам да ти родам деца! За нејзиниот живот си знајт таа како сакат да го живејт,ама не можит и него да го присилит на истиот! Тебе да ти речит партнерот дека не сакат да имат деца во никој случај а ти сакаш да имаш деца како ке постапиш?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто некој од вас пише "Ослободи го човекот", кога она веќе ги кажала нејзините размислувања околу оваа тема,не го фанала за врат да биде со неа. Тоа што човекот мисле дека ќе и смене мислење е лошо, бидејќи сака да и го смени и карактерот и начинот на кој размислува.
    Дека оваа врска не води до никаде, се согласувам. Бидејќи и еден да се премисли секогаш ќе има препукување за оваа тема, која е доста болна и за двете страни во овој случај.
     
    На crazylady, candy.cane, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Искрено, тешко на таа личност што е во врска со тебе.
    Тој као не може да и раскине ако сака, идеата е да најдат заедничко решение ако се може, кај прочита дека некој на некого го присилува. Тој очекува она да се смени, а не таа
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Охрид88

    Охрид88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2018
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Па досега искрено не се имат пожалено од мене,најверојатно дека имаме слични карактери па се согласуваме :) нека си му кажит отворено "душо моја јас немам намера да се премислам,престани да очекуваш дека такво нешто ке се случит,ако сакаш да сме заедно и да градиме живот без деца супер,ако не секој по својот пат'' имаше една поговорка и гласеше вака: "Љубов не е кога двајца гледаат еден во друг,туку кога гледаат во ист правец"
     
    На crazylady, Milobebence, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Прашањево и темава :)

    Јас никогаш не сум се замислувала како мајка. Никогаш не сум посакала свое дете.

    Што е до вереникот, тој би имал веднаш :)
    Но знае дека јас можеби никогаш нема да сакам. Тоа од секогаш го знае и сме на чисто.

    Затоа мислам дека на оваа тема... нема правилен одговор.
    Родител никој со сила не треба да биде.

    Компромис е да немаш дете.
    Раѓање на дете не е компромис. Човечко суштество не може и не смее да биде компромис.

    Најбезболно е ако тој не може да живее без деца да се разделат.
    Па секој со своја среќа.

    Најлоша варијанта е да "му" роди дете за да го задржи. Тоа е лошо.
     
    На Purplelilac, Biljarkata, VoodooGirl и 23 други им се допаѓа ова.
  6. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Не мислам дека е компромис да немаш дете. Не мислам дека во ваква ситуација, воопшто постои компромис. Колку што е лошо да родиш дете за да го задржиш, (скоро) толку е лошо некој да навистина сака деца и да остане во врска со некој што не сака.
    Стварно мислам дека во една точка, и во двата примери "компромисот" ќе избие, и направи многу поголеми тежини одошто разделбата. А велам скоро еднакво лошо зашто ако немаш дете, секако ќе поштедиш друга единка да носи бреме што не е нивно, и не се споредува "лошото", ама за партнерите... :)

    Стварно мислам ваква одлука мора да биде донесена заради себе, и само заради себе.

    Ни јас не се гледам во наредниве 10 години со деца. Едноставно не. И ништо не ме вади од кожа како: ee ќе се смениш, ќе видиш ќе сакаш, и јас така викав.

    Значи.
    Не.
     
    На crazylady, Purplelilac, TashSefton и 14 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.449
    Пол:
    Женски
    Најдобро е ситуацијата да се реши на време оти лошо ќе биде да се роди дете и тоа да страда затоа што е несакано.
    Да,речиси секогаш постои шанса да се премислиш,но треба да се премислиш поради себе,не поради притисокот од другите.
    Ако долго време сте размислувале на оваа тема и сте милијарда посто сигурни дека не сакате деца,пуштете го партнерот да најде личност која ќе сака да има деца.
     
    На crazylady, Роберт 7, poppie и 5 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Па е, во смисла возрасен човек се лишува себе од едно нешто за да има нешто друго.
    Ама другата варијанта вклучува невино суштество, "компромис" за задржување на некого по секоја цена...
     
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не, не е компромис да немаш дете. Како што не е компромис и да имаш. Ако сакаш сакаш, ако нејќеш нејќеш. Ни едното ни другото не е компромис. Не може он да нема деца затоа што таа не сака.
    Ниту таа да роди затоа што тој сака.
     
    На Роберт 7, Purplelilac, Harper и 11 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.656
    Допаѓања:
    116.449
    Пол:
    Женски
    Ако девојката е само 30 или 50 посто сигурна дека не сака да има деца може да побара од дечкото време за да размисли подобро,а тој да се согласи и да почека,да не ја притиска.Само во таква ситуација има компромис.Ако девојката е сто или милијарда посто дека не сака да има деца,а дечкото е сто или милијарда посто сигурен дека сака да има деца,тогаш не е компромис тоа да го убедува да остане со неа и покрај различен став за потомство.Тоа е притисок.
     
    На crazylady, tina2018, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Како не е?
    Возрасен човек свесно се откажува од потомство за да биде со одредена личност.
     
  12. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Exactly, а компромисот би требало да е средина помеѓу две желби и замисли, не? Двајцата нешто да добијат и нешто да изгубат. Ако само еден се лишува, не е компромис, туку еден вид на потчинување, адаптирање, you name it. Ама компромис, не е.

    Бар вака јас гледам на работите. :)
     
    На crazylady, Purplelilac, SexiLy и 11 други им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Па желбата е со Трајанка да има дете.
    Трајанка не сака дете, па Трпе може да ја има Трајанка, но не дете, или да има дете, но не Трајанка :)

    Затоа викам нема правилен одговор.
    Зависи што Трпе повеќе сака за себе, Трајанка или дете :)

    На пример, ако некогаш ете имам дете, јас сакам да е тоа само и само со овој партнер. Доколку ете дојде ситуација да не сака/не може, за мене лично е подобро да се откажам од потомство него од него.

    Имам на долго пишувано за себе и моите ставови/желби околу прокреирање, јас немам конкретен став да или не и мислам дека во даден момент ќе сакам - сакам дете.

    Ама да речеме партнерот мој не може да има деца, попрво ќе се откажам од таа желба, него од него.

    Бидејќи сум во слична ситуација како членката која ја отворила темата, од аспект на мојата врска можам да одговорам и она што е наш избор.
    Со вереникот на долго и широко сме зборувале и многу искрено, нема "слон" во соба и три точки, па сме на исто мислење. Да, тој сака дете, ама да сакаш и да можеш да чуваш дете се различни работи.

    Да, и јас сакам дете, ама не можам да имам од повеќе причини, услови кои сметам дека јас како жена, тој како маж и ние како пар треба да ги исполниме за да прокреираме.

    Тој може да сака дете, ама ако желбата за дете му е поголема од тоа да биде со мене, имаме проблем.

    Дете е многу сериозна работа и не е желба, роди си и се' е супер, барем за нас.

    Затоа е најважно двајцата да гледаат во ист правец, а врската секогаш и за се' е компромис, животот со некој е компромис.

    Тоа што функционира за мене и за него, не значи дека ќе функционира и за други, ама искрен разговор си треба.
     
    На crazylady, theowndemon, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Во право си, нема две исти приказни, на крај краева.

    А и јас тргам од моето. Не знам кога и дали би имала деца, премногу сум млада.
    Ама знам, не би дозволила да партнер се откаже од деца заради мене. Сметам дека сите сме ''заменливи', и не треба никој да прави ниту компромиси ниту адаптации кога станува збор за големи животни прашања. Јас не би направила, и не сакам ниту партнер кој би. Ми се чини, многу работи така остануваат скриени под тепих, па крцкаат дур постои тој дом.

    Најважно е се' да е на отворено, и никогаш да се нема скриени очекувања. Заради себе.
     
    На Purplelilac, Harper, Mishela и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    И јас сметам дека немање дете е компромис, затоа што еден брак (или врска) е веќе заедница, семејство. Одлуката да се има дете е проширување на семејство, се внесува нова особа и душа додека заедничката одлука да се нема дете е задржување на семејството како што е.
    Ако некој се одлучи да ја жртвува таа желба во себе да биде родител, свесно го прави тоа за да задржи одредена особа во својот живот. Не велам дека секој треба да направи така, далеку далеку од тоа, ама велам дека има луѓе што би одлучиле така.

    А раѓање/чување на дете е многу покомплицирана работа и не може да се рамнува со откажувањето од желбата да се има дете, затоа што се менуваат милион и триста работи.
     
    На crazylady, CameliaMiller, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.989
    Пол:
    Женски
    Компромис не може да се постигне дотолку ставовите се дијаметрално различни, едниот премногу сака дете а другиот неќе да помисли.
    Ако двете страни имаат сеуште некоја несигурност и колебање во врска со тоа прашање, можеби може да функционира, во смисла едниот да се сложи за имање/немање дете, ако нема доволно цврст став дека сака или не сака дете. Иако мислам дека во некои случаеви во иднина би довело до каење и несреќа кај едната страна.
    Затоа и не е баш лесно да се направи некаков компромис со кој двете страни подеднакво ќе де среќни. Едниот ќе страда повеќе.

    Компромис повеќе би функционирало во случај ако двата партнери сакаат да се остварат себе си како родител еден ден, но едниот сака тоа да биде по скоро додека другиот подоцна. Е тука може да се најде некоја средна вредност. :D

    Еве јас на пример сакам еден ден да родам дете, да бидам во улога на родител, но не мислам дека во наредниве 10 години би била спремна на тоа. Едноставно не сум. Тоа мојот партнер го знае уште на почетокот кога почнавме да зборуваме на темата семејство, чисто да си знае дали ќе му одговара или не, ама ете испадна и двајцата да сакаме колку што може подоцна :)
     
    На Purplelilac, Dalia93, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Ама не можеш ни ти тој избор да го правиш за него, нели?
    Ако имаш возрасна и свесна личност до себе, белким може сам за себе да одлучува.

    Се' е на кантар, па и важните животни прашања, не верувам дека постојат двајца сосема исти на светов со идентични погледи и сфаќања.

    Љубовта си бара жртви и не е реално да очекуваме дека нема никогаш да бидеме во ситуација да треба од нешто со тешко срце да се откажеме заради нешто друго.

    Јас имав убава прилика за странство, многу убава, ама знаев дека дечко ми нема да замине.
    Одлучив да останам.

    Одлука од животно значење е, сосема друго ќе беше да заминев, ама за мене животот со него имаше многу поголемо значење.

    Не можеме се' да имаме, во даден момент сите од нешто се лишуваме, и ако тој маж свесно одлучи да биде со Трајанка иако нема да има деца со неа, не е ништо спорно.

    Спорно е да ја притиска да роди таа, или таа да го лаже дека ќе роди нели. Се додека се отворени картите, решенијата се полесни и помалку болни.
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Изгуглајте што значи зборот компромис.
    Двајцата да добијат по пола. Пошо во овој случај не може да се роди пола дете, нема шанси за компромис. И едното и другото би било исполнување на желбата на другиот. А не компромис.
     
    На SexiLy, Dalia93, zalosna и 4 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Да, ама ако ти одлучиш да си со некој, свесна дека нема да имаш деца, што е тоа ако не е компромис?
    Добивам "пола". Го добивам мажот. Ако се откажам од него, а од дете не, и тоа е компромис сама со себе.

    Можеби за различни компромиси зборуваме, јас зборувам за свесното вагање на дечкото, што тој за себе ќе избере - жената што ја сака без деца, или живот без неа но со дете.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И он добива пола ако не е со неа, а има дете со некоја друга, го добива детето. Ко што со неа е во заедница и семејство така и со идното дете ќе е семејство. Ти збориш од своја позиција пошо ти нејќеш деца. Тоа е во ред, али не е во ред да очекуваш дека некој ќе се откаже од желбата за дете само за да биде со тебе и да го нарекуваш тоа компромис. Ако не е со тебе ќе е со некој друг, како што кажа некој погоре сите сме заменливи. А ако немаш деца, а сакаш, тоа не можеш да го замениш со ништо друго.
     
    На Bridget и tina2018 им се допаѓа ова.