1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој сака деца, а јас не?

Дискусија во 'Брак' започната од Wallflower107, 12 август 2019.

  1. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Многу е голема разликата меѓу ЖЕЛБАТА за дете, од која свесен возрасен човек се откажува, и раѓањето на вистинско дете, суштество кое ќе страда ако не е сакано.

    Не мислам дека сум себична што не го бркам партнерот да си најде некоја што денес сака деца. Ама ќе бидам себична ако родам без јас 100% тоа да го сакам.

    Не мислам дека сум себична. Свесен возрасен маж си носи одлука за себе. А дека ќе му речам - иди, барај си ја среќата... ммм не.
    Ако не е среќен, знае каде е вратата.

    А да, двајцата сме на ставот дека сме си доволни :) Сме се погодиле, ете.
     
    На A_star му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не е многу голема разликата, ти ја минимализираш туѓата желба, што не е само желба туку одлука со која треба да се носи цел свој живот, за да твојата изгледа поголема. И јас можам да речам дека тоа дете нема да биде несакано, шансите да не го сакаш детето што си го родила од човекот на твојот живот се многу мали, но тука не сме за да се убедуваме кој што треба да направи во име на голема љубов за каква што збориш, туку да ги почитуваме желбите на партнерот без да жртвуваме свои. Јас за тоа зборам. Ти?
     
    На Autumn_, cresa-jagoda, Purplelilac и 6 други им се допаѓа ова.
  3. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    Мојата ситуација е слична он ќе праи 28 јас 23 живееме сами добро сме ситуирани.
    Е сеа проблемот е во тоа што он сака по секоја цена, а јас не мислам дека сум уште спремна.
    Јас си го сакам своето слободно време читам,учам,спијам и сеуште не можам да се замислам во таа улога.Сигурно е најубавото нешто на свет, но јас не сум тој тип.Би рекла за себе дека сум себична.
    Годините ќе си го донесат своето, нема потреба од притисоци и закони.
    А ако се чека вистинското време за тоа никогаш нема да дојде, секојпат ќе фали нешто.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Јас не знам дали е возможно да не жртвуваме ништо за саканите.
    Веројатно желбата да сме заедно е поголема од сите останати желби.
     
    На Biljarkata, Magiluna и Amellie13 им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зошто тогаш имаше поназад напишано дека за тебе бесмислено е некоја да му роди дете ако не сака, само заради негова желба, од љубов, да го задржи? Тоа жртва не е? А, да.Двете жртви не се исти.
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Па и објаснив зошто.
    Зошто двајца возрасни што сакаат можат да прават, детето е трета личност со која не може да си играме сакам нејќам и не може да ја жртвуваме.

    Затоа што е тука разликата меѓу "желба" и екшуал човечко суштество.
     
    На Biljarkata и Tan4ence им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Или не знаеш по дефиниција што значи зборот закана, или драматизираш надевајќи се дека нема да свртиме неколку страни да видиме што напишала членката.
    Како што викаш дека тој и го троши времето, може да се каже дека и она му го троши времето надевајќи се дека он ќе престане да сака да има дете. Зашо она би била со некој толку години кога знаела дека сака тој да има деца? Меѓудругото, ако нејќела она да биде со него, ќе му раскинела. Никој на никого не го држел со сила
    Или може никој на никого не му го троши времето (членката никаде не пишала ништо за потрошено време, вие си заклучивте така), може им било убаво дури биле заедно, дури биле на факултет, дури оделе по одмори заедно, заедно се забавувале, ама сега кога доаѓа нова етапа во животот сфаќаат дека за ова можно е да не можат да продолжат заедно. Не значи дека времето е изгубено и не мора да паѓате во несвест како некој можел да има друга потреба во животов освен вас.
    А тоа што околината си дава коментари тоа нема врска со ова што го збориме. На никого не му се јавила желба за дете пошо некој му рекол ајде дете. Членката пиша, забележува дека дечкото почесто држи бебиња, си игра и зборува за дечињата и никаде не спомнала притисок од околина, ама нели за да се направи подраматична дискусијава, мора да се внесе трет непостоечки елемент.
    Те молам збори само за тоа што кажала членката, темата е доволно широка, не додавај фиктивни сценарија.

    И не претпоставувај што мене ми се случило, а што не.
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не велaм декa требa дa рoди. Сaмo велaм декa ни пaртнерoт не требa дa жртвувa тoлку мнoгу и дa пoтпaѓa пoд туѓo влијaние пoштo и oн е aкшуaл чoвечкo суштествo. Oдлукaтa секaкo секoј сaм си јa прaви. Мoе мислење е декa aкo му oстaне желбaтa ќе биде незaдoвoлен, штo е мнoгу лoгичнo.
     
  9. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.590
    Пол:
    Женски
    Ме мрзи да се објаснувам, само во мојот пост зборував општо, не конкретно за случајот.

    Имај убава вечер.
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Да, се согласувам, затоа и во првиот пост напишав дека ако е сериозна неговата желба, најдобро е да се разделат.

    Но, можеби на него толку му значи девојката што пре ќе се откаже од дете, него од неа. Оти исто е логично да има дете со друга, а цел живот на бившата да мисли.

    Ние како возрасни сами си ги бираме "жртвите", но дете раѓање за исполнување туѓа желба е нефер према детето, ни криво ни дужно.
     
  11. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто зборуваш општо, која е целта, сите до последна на форумов ќе се согласиме дека не смеат да постојат закани, тоа не е темата воопшто.
     
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.786
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека уште не си спремна и те разбирам скроз. Објасни му како се осеќаш, ако сака да остане со тебе супер, ако не пушти го да си најде среќата. И најискрено мислам дека кога ќе постигнеш се што си зацртала, желбата сама ќе ти дојде. Едноставно, кога има љубов и страст меѓу двајца ти доаѓа да направиш нешто од тоа, затоа и се вика плод на љубов. Барем мене така ми беше. Сме шетале, сме се глупирале, сме плачеле, сме се радувале, галење, гушкање, сексови и малку е, сакаш уште. Сите ми збореле дека ќе си здосадиме ама ми фалел и серија да гледаме заедно. Ама добро, јас од секогаш знаев дека сакам деца.
    Сестра ми не сака уште ама со душа го чека моето. Не осудувам никој, секој си знае за себе. Само мислам дека сите ја имаме таа потреба за потомство, но веројатно кај секоја жена на различни години се појавува. Имам 2 тетки што градеа кариери и не дозволија ништо да ги спречи. Горда сум на нив ама и двете сега даваат совети за мажење и деца.
    П.С. Следи си го инстинктот и прави како што се осеќаш во моментот.
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Прашање до тие што не сакаат да раѓаат:
    Претппставувам сте секауално активни....
    Што ако случајно останете бремени?
     
  14. Wallflower107

    Wallflower107 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    158
    Јас лично користам орална контрацепција со години веќе, бидејќи е една од најсигурните методи. Во случај да потфрли, абортирање. Барем сега имаме полиберален закон за абортус во државава, не е како порано.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Абортус...:?:
    Што друго?
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Сметам дека е веќе себично да бидеш со особа која што не сака деца а ти очајно посакуваш, едноставно кога партнерите би се нашле на ваков крстопат на различни мислења копнежи и желби би било најдобро да се разделат бидејки секоја особа заслужува да ИМА или да НЕМА деца односно како посакува.
    Место за компромис и простор едноставно нема и едноставно и двајцата партнери очигледно имаат различни желби и критериуми кон иднината.

    Темава претешка е, но сепак сметам дека во тек на врската и одвивањето на истата плус минус секој пар знае од прилика што сака а што не сака од животот и иднината.

    Да така жртвување за сметка на еден од сопружниците да остане несреќен и со копнеж за дете е неубаво, апсолутно.
     
    На cresa-jagoda, Milobebence, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  17. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ваков разлика е непремостлива, ај за некои други работи можда ќе се најде компромис ама за ова како? Пола бебе:^)
     
    На Anie93, cresa-jagoda, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Ова се работи шо према мене се зборат пред брак, не прерано во врската ама штом работите почнат да одат накај сериозно. И скроз сфаќам @CameliaMiller што пишеше горе. Сепак, мое гледиште е дека ако некои две индивидуи не можат да се договорат - не треба да бидат заедно. Ако едната индивидуа не сака дете, а другата страна сака, договорот треба да биди да имаат или да немаат дете. Ако не можат да се одлучат на едно, т.е. едната страна да попушти на ова прашање - џабе трошат време заедно. Ама, ако пример некој не сака дете ама е отворен кон идејата за да усреќи партнер - супер. Или пак ако некој сака дете, ама е океј ако нема и сака да остани со партнерот - супер. Не е тоа жртва, принц на бел коњ или не знам ти шо. То е поголема љубов за да си со одреден партнер него да имаш дете. Не го држиш ти партнерот со нож на врат, сам одлучва дали ќе остани покрај тебе ако ти не сакаш дете, или ќе замини со друга за да има дете.

    Тешко прашање е и многу често причинува крај за една врска пошто сакање односно не сакање дете е силно и никој не би сакал да попушти, особено не би сакал некој да попушти на сметка на несреќа на потенцијално дете.

    Јас лично сакам да имам дете, безразлика дали ќе биди мое биолошки или не. Желба да посвојам имам огромна и ова е нешто меѓу првите работи шо ги зборав со дечко ми, сакав да знај од старт дека и да имаме биолошко дете, јас сакам да посвојам. Исто така, уште од старт, му кажав дека кога ќе решиме, и ако решиме, да имаме биолошко дете, да знај дека имам страв од бременост и пораѓај. Дека решавање на чекор за биолошко дете за мене е многу тешко безразлика колку сакам да се исполнам како родител. Сепак, за мене исполнување како родител е и ако посвојам дете.

    Ама ете и за прашањето на @ilyan пример сега и во блиска иднина, не сакам да родам. Ако се случи да се згреши - ќе абортирам. Никогаш нема да донесам на свет дете без да сум сигурна дека го сакам и исто така нема да донесам на свет дете без да сум сигурна дека можам да му пружам достоен живот.
     
    На CameliaMiller и Biljarkata им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Од една приказна каде една жена неќе деца, ја отеравте у тешки дебати за тоа кој колку сака или мрази деца(бебиња, свои, туѓи, свеедно).
    Јас пак мислам дека овде не станува збор за тоа дали некој да има или нема деца, туку да се докажеме и покажеме чие ќе е последно.
    Па као демек ако ме сака, а ме сака знам, мора под дифолт да очекувам дека ќе се откаже од своите желби, само зошто јас имам цврст карактер и ќе биде како јас сакам или никако. Уствари шо ми е гајле бе, мора да биде ја како сакам, оти сега е тоа модерно.
    Дај сериозно олабавете малце.
    Да го кажам моето мислење за деца.
    Сакам деца, сакам 4 да имам.... за мене лично нема ништо поубаво од тоа во раце да држиш единственото нешто за кое знаеш дека ти(и партнерот де) сам си го создал. Дека тоа нешто, е твое. И ај толку за мене, да не тупам.
    И не, не би направила за тоа никаков компромис. Зошто, ама зошто ако мојот сопруг неќел деца, со сила да го терам, или да мозгам, шта би било кад би било. Зошто јас да направам нешто, што не го сакам, односно да се откажам од мојата желба, за некој друг да е задоволен?
    Зошто тој да иде против себе и да има деца, кога едноставно не сака.. не мора да ги мрази и да му се одбивни. Ете не сака, крај.
    Колку и да го сакам, ќе го ослободам.
    Да носиш таква одлука е товар, како за едниот така за другиот. Животна одлука.
    Затоа, сметам дека овде не се проблем деца, туку доминантност. Ти сакаш муабет со него и очекуваш дека тој тебе ќе те прифати, а за возврат не би понудила никаков компромис.
    Што би му понудила како компромис и тој да е задоволен??

    Не знам зошто стално кога ќе се појават вакви теми, се тупи со тоа, добар/лош родител. Што воопшто и не е проблем тука.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Ова е едно од оние прашања за кои нема компромис. Тој што ќе попушти и ќе направи компромис ќе се кае цел живот.
     
    На crazylady, cresa-jagoda и Milobebence им се допаѓа ова.