Ако едниот сака дете а другиот не, тие немаат заедничка иднина. Да живееш со желба за дете а да немаш само поради одбивноста и несакањето на девојката да има дете, не е живот, секогаш нешто ќе ти недостига и ќе те сруши и физички и духовно. Џабе се лажеме дека компромис бил решение. Не е. Сега барем е "лесно". Ќе си го абортираат ко од шала, ма закон има све им дозволува, закон за исполнување желби. Либерално општество. Значи ако не сакаш дете, тогаш не практикувај секс, бидејќи секогаш постои "опасност" од "несакана" бременост, зошто да бидеш себична и да се ставаш на ризик да забремениш а не сакаш и после го уништуваш.
Си размислувала ли дали долгорочната орална контрацепција што ја примаш влијае на немањето желба за дете?
Ма немој. Сексуалниот нагон ќе го репресираш, и после ќе ти избие кај шо не треба. еве јас сум сексуално активна од 18 години, и откако сум во брак, не користам воопшто контрацепција, и ни еднаш не сум останала бремена, без да сакам.
не би влегла у брак тогаш сметам дека за ова треба да се разговара пред брак, бидејќи не е фер некому да му ја ускратиме љубовта за дете, бидејќи ние не сакаме да го имаме