Доколку си убедена дека не си спремна за тој потег, не се замислуваш по тој начин себеси и слично нема потреба да исполнуваш нечија желба. Ќе разговарате све отворено и со време, ќе му објасниш колку ти во таква улога да бидеш родител едноставно не можеш да се замислиш. И не е ништо фер или нефер. Нефер би било ти да правиш нешто кое што не е по твоја воља и желба, не дали тој ќе имал потомство. Доколку него тоа потомство му е толку важно што е во ред нели, го разбирам и него, мене таков притисок би ме исцрпувал од негова страна. Или решето си го тоа да нема тој лажна надеж, или секој по свој пат. Желби да исполнувам некому за да го задржам нит у краен случај не би. А за коментариве од типот "како не сакаш деца па нормална ли си ти", ич да не си зимаш при срце и да им се замараш, тие "нормалните" мораат да се испукаат дневна доза на што е нормално а што ненормално.
@Wallflower107, ова е најважното можно прашање за кое ако еден пар не се согласува, тешко да може да опстои. Требало и порано да расчистите, а не ~10 години да се надева дека ќе се премислиш. Сигурно за сето тоа време си се поврзала емотивно со него, но ќе мора трезвено да одлучиш и продолжиш понатаму. Колку што тој си го губи времето - толку и ти; колку што тој не заслужува да не си ја исполни желбата да биде родител - толку и тебе уште повеќе не може да те наговори без вистинска желба да поминеш низ бременост и да му чуваш дете што не го сакаш. Oof, ти не си личела само по ник на баба Рада Тебе ќе те прашаме што ќе правиме со своите тела и животи. Back off boomer и седи си во својот „нормален“ меур
Мене темава ми е ноќна мора, страв ми е дека ќе морам да раскинам со некој што ми е компатибилен на секое освен на ова поле. А овие уште од средно биле заедно, ле ле, убаво мама ми вели нема никој да ме земе ако нејќам да раѓам.
@babaDara А што фали на тоа да чуваме кучиња и мачиња? И како тоа мислиш секој нормален сака деца да има? Другите не сме нормални? Основната цел е само да се размножуваме до бескрај?
@Someonespecial @Srckata28 Единствена кочница ми е тоа, емоционалната поврзаност со него. Не сум видела човек кој подобро ме разбира, со кој сум повеќе поврзана и кој повеќе ме сака. А тој се чувствува исто за мене. Имаме многу поминато заедно, се имаме трансформирано во различни личчности. Не можам да го замислам животот без него, тоа ми е проблемот. Тој ми е столб. Почнуваат и ваквите мислења од 16ти век како на бабава да ми маваат во глава. А и си велам можеби ќе се предомислам за некоја година. Или па уште пострашно, што ако прекинеме, а јас посакам дете? Навистина не знам, мислам дека каква одлука и да направам ќе згрешам
Искрено, јас те разбирам. Навистина е незгодна ситуацијата, ама ако имате различни цели во животот не знам што друго би направиле. Зборувај со него. Можеби ќе сака да остане со тебе покрај се, ќе сака да си се имате вие двајца и ќе си најде некој мир во тоа. Нека си најде работа што вклучува деца, не знам што работи. Вие си знаете колку си значите еден на друг.
И после да го родиш и да му го направиш животот пекол (зборам за одредени родители, не сите) Прекрасно е, да. Тие девет месеци што упорно ги спомнувате се ништо во споредба со одговорноста која после ја има родителот.
@Wallflower107 Значи не си 15, туку 28 и ставот не верувам дека сега ќе тргнеш да го менуваш, исто како и тој својот. Не е поентата да му ускратиш желба, ама не е ни поентата ти нему да му удоволиш. Да те предомисли, зарем може? Ова не е купување чоколада. Точно љубов имате и се, ама понекогаш тоа не е доволно, за жал. Разговарај сериозно и отворено со партнерот на оваа тема,
Девојката побара совет, а не осуда. Полека малку со напаѓањево. Ако не сака деца, тоа не ја прави ненормална. Баш напротив, ја прави одговорна. А не да роди дете пошо дечкото сака, па ќе ја зборите каква мајка е што не се замара со детето, кога воопшто не сакала да го има. @Wallflower107 разговарај со дечко ти во детали за иднината. Јас бев 6 месеца во врска со маж ми кога го седнав и му кажав какви желби и планови имам за иднината, па и тој да ми ги каже неговите, и ако се слагаме супер, ако не да не си го губиме времето. Долго сте заедно, ако навистина толку добро функционирате, ќе треба и на темава да се разберете. Убаво размисли што сакаш, и ако деца не е дел од тоа биди искрена со себе и него, брутално искрена. Не е фер према ниеден од вас двајца да завршите заедно во брак каде иако супер функционирате, да си замерувате за вака битна работа. Може и ќе најдете некој компромис. Ама нема да знаеш додека немате еден сериозен и тежок разговор.
Истото и јас ќе го пишев, 27 години веќе се доста зрела возраст. 10 години веќе е во врска со човеков што знае дека сака деца, а истото чувство го има сè уште. Јас не гледам тука некоја можност да се предомисли од срце, без влијание на никаков притисок...
Битно ти ќе направиш/си направила деца и си ја достигнала најголемата цел во животот. Ние останатите пусти, мачки и кучиња ќе чуваме.
Видете, секој се стреми во животот да остави позади себе нешто. Ама се плашите од одговорност. ( Веројатно ).
@babaDara Значи според тебе, битно е само да се остави нешто, не е битно дали ќе се грижиш или дали ќе го сакаш истото? Грижата за животни не е одговорност? Не е одговорност да не родиш дете ако не го сакаш, отколку да му го уништиш животот? Уствари не е бе, јер било на камен пишано да се размножуваме.
Балкански менталитет in a nutshell. Сите што излегуваат надвор од шемата на живеење која ни ја има наметнато општеството не се нормални. Guess what? Секој има право да си го живее животот како сака. И нема што да се расфрлаш со навреди наоколу за оние кои не сакаат да имаат потомство. @Wallflower107 Ова е сериозна тема на која мора да седните и разговарате убаво. Ниту е фер ти да раѓаш деца кога не сакаш, ниту е фер него да му ја ускратиш желбата за дете ако толку ја има. Единствено ако одлучи дека тебе те сака повеќе од тоа да има деца, но сепак е тешко. Долго време сте заедно и сигурно сте навикнати еден на друг, но понекогаш мора секој по свој пат, за доброто на двајцата. Ако вашите сегашни желби не се променат, еден од вас сигурно ќе биде несреќен, дали ти или тој. Секое добро.
Да не ти е сестра банираната Баба Рада? Па и да нејќе да роди дете оти се плаши дека или знае дека нема да биде добра мајка,е еден вид одговорност.Подобро да не забремени отколку да забремени,да го роди и да го мачи. @Wallflower107 Ако си 100 посто сигурна дека нејќеш деца,раскини му. Пушти го да си најде некоја која сака. Ако не си,разговарај поопширно со него на таа тема,дајте си време. @Someonespecial Братучетка ми нејќеше деца до раните 20-ти,на 26 годишна возраст се премисли од срце,без притисоци од сопругот и фамилијата.