1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој сака деца, а јас не?

Дискусија во 'Брак' започната од Wallflower107, 12 август 2019.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    A тие со деца се храбри?

    Види и јас сакам еве да имам деца ама од друга страна ако бидам лош родител и не го изведам на прав пат не би си простила никогаш. За разлика од некои овде, желбата за дете не ја сфаќам како Еј ми се пријаде чоколадо, ќе одам да си купам од дуќан, туку како нешто за кое однапред ќе размислам и психички добро ќе се подготвам пред да бидам родител. Тоа подготвување подразбира читање книги, советување со стручни лица. Па и откако ќе бидам родител би го носела детето кај детски психолог или било какво стручно лице одвреме навреме или ако има некој проблем што лично сметам дека треба да го прави секој родител. Некогаш и не мора, но пожелно би било.

    Не се плашам од одговорност, напротив. Од неодговорноста се плашам, од тоа дека ќе уништам еден живот кој јас сум го создала и за кој сум била одговорна.
     
    На Purplelilac, sj *O*, buba4e89 и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.061
    Мислам дека по глупав совет од овој нема да добие.
    Човекот има желба за свое дете, ќе оди пола ден ќе го поминува со туѓи деца и кога сите ќе се разотидат дома (на пр.од градинка/училиште) и тој ќе оди дома,ама со празни раце.
    Мислиш дека убаво ќе се чувствува?

    @Wallflower107 категорична си дека воопшто во животот не сакаш да имаш деца или сега во блиска иднина?
    Ако е првото,жалосно е да го казниш партнерот да не го добие тоа што толку многу го посакува. Зарем во овие 10тина години не сте разговарале на темата и не сте се обиделе да најдете некое решение што би одговарало за двајцата?
    Не спомна брак,ама претпоставувам дека одите натаму штом разговарате за семејство.
    Неговиот поглед кон заедничкиот начин на живот е сосема различен од твојот,а тоа не ми изгледа на успешен брак.
    Или еден од вас двајца ќе размисли убаво и ќе попушти или разделете се со време..
     
    На sj *O*, Milobebence, marlonbrando69 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Компромис на вакви теми не гледам :D Што би било тоа, он да си го роди и да си го чува? :D
     
    На Alita, WildMk и Tokyo. им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Немањето желба да се има деца е сосем природна биолошка појава. Не велам здрава, туку природна.

    Многу животни од моментот кога добиваат малечки ги оставаат, дури и доколку е сосем физички здраво, (без аномалии) тоа потомство. На пример мачките.

    Додате ја овде и разликата меѓу животното и човекот, свесната когниција кај жената, нејзината способност за воочување можни ризици при бременост, општествената стигма (оправданиот отпор за репродукција во цели на патријархална индоктринација), и ќе сфатите дека не сите жени треба да бидат во можност да ја исполнат ,,сакраменталната" должност, и тоа е во ред.

    @Wallflower107

    Кулминацијата на врската не мора да се состои во брак или имање дете. Во ред е да го убедиш дека живеејќи заедно сте веќе семејство и без вакви притисоци и очекувања. Доколку не прифати, најдобро е како што веќе ти кажаа - да се разидете.

    @Sofi.ja

    Зошто ги употребувате зборовите како ,,казнуваш" ,,лишуваш" кон девојката?! Зошто и наметнувате беспотребна вина, кога тој е оној кој неа ја казнува преку индиректната уцена за потомство, а во спротивно ќе ја остави наоѓајќи друга жена која ќе му роди?!
     
    Последна измена: 12 август 2019
    На CameliaMiller, Purplelilac, sj *O* и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Јас познавам девојка која не секаше деца никако па ни свои. Се омажи и остана бремена, до половина бременост се мислеше дали ќе го сака, како ќе биде, дека по породувањето ќе и се уништи телото, итн итн, откако го роди, по неколку месеци се видовме и ми рече незнам како не го сакав ова дете додека ми беше во стомакот, не знам како не сакав свои деца, ова чувство е најубавото што може да ми се случи.

    Не те предомислувам само споделувам пример. Е сега работата е што ова е дете не е ќе го родам па ако не го сакам ќе гооставам, не е ова аквариум со риба, ја земав пробав неможам да се грижам за неа па ќе и ја подарам на другарката.

    Секој сака да го исполни својот сон, ти сакаш да живееш без деца и обврски и одговорности и твое право и начин на живот, тој сака потомство и е тоа негово право. Седнете разговарајте како што кажа 21 ви век е, дали ти ќе се премислиш да имате деца и ќе продолжите понатаму заедно, дали тој ќе се откаже од желбата да има деца и ќе продолжите или секој ќе го фати својот пат.

    Дете е сериозна работа, не цртан филм.
     
    На sj *O*, buba4e89, Alita и 8 други им се допаѓа ова.
  6. popeto

    popeto Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    1.530
    Пол:
    Машки
    @Wallflower107

    Заедно сте од средно, а сега имате по 27-8 години. Тоа ви е околу 10+ години врска. Доволно време да си кажете еден на друг што сакате а што не, во што уживате а во што не. Доволно време да се упознаете самите себеси кој сте и што се, а истовремено да го упознаеш и партнерот сасвим доволно.

    Ако не си сакаш деца, а си свесна дека тој сака и си свесна дека вашата врска води кон брак, тогаш треба отворено да зборуваш со него на таа тема, како што одминува времето а вие сеуште сте заедно и не си го искажувате правото лице еден кон друг тогаш дополнително само си стварате глабоволки за покасно.

    Овде нема да најдеш помош, еден куп членови со еден куп мислења. Секој со свој исправен и неисправен став. Едноставно седни го вечер и разговарајте отворено на сите теми. Кажи му отворено што не сакаш а што сакаш. Што тој сака и што планира. Ако не го најдете клучот на заедничкиот живот за понатаму, тогаш можеби ќе си ги најдете патиштата на друга страна.

    Како и да е 10+ години со некој да си и сеуште да немаш зацртано цел што и како, тоа е трагично и за двајцата.
     
    На nightingale, sj *O*, Milobebence и 13 други им се допаѓа ова.
  7. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Видете мојот став ви се допаѓал или не ви се допаѓал е тој. Банирајте слободно.
    Зошто тогаш постоиме ако не сакаме деца?!
    Луѓе плачат и молат за деца што имаат проблем а здрави прави не сакале деца. Океј, немајте. Ваш проблем.
     
  8. Wallflower107

    Wallflower107 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    158
    Знам дека помош на онлајн форум за вaква сериозна тема нема да најдам фала богу, само се зачленив за да чујам што повеќе мислења од млади девојки. Единствените со кои имам зборувано за ова во живо се мајка ми и дечко ми, а мислењето на мајка ми беше исто како на баба Дара па можете да замислите колку ми помогнало тоа.

    Постоиме за да креираме, постоиме за да растеме и да се шириме како луѓе, постоиме за нови искуства, постоиме за да им помогнеме на оние кои веќе постојат, постоиме за да го спасиме овој свет кој веќе оди у курац, постоиме за да ни биде убаво. Да набројувам уште или ќе продолжиме да се препукуваме како и зошто/зошто не жените кои имаат/немаат деца се неисполнети/исполнети? Дискусијава која ја започнав не е за тоа, туку за да добијам insights од други луѓе како што кажав, а не за член жртва на патријархијата како тебе да ми кажува зошто постојам
     
    Последна измена од модератор: 12 август 2019
    На Purplelilac, sj *O*, Milobebence и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Wallflower107

    Wallflower107 Активен член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    158
    Освен тоа ако некој не може да има деца тоа е нивен проблем, како што ова е мој. Како може да правите таква споредба дека ако некој не може да има деца јас, човек кој не сака да има деца треба да бидам среќна што можам да имам? Тоа е исто како јас сега да речам ех што се обидуваат за деца овие, ама се среќни што не можат а јас пустата се клукам со хормони само за да немам. Невкусно звучи, зар не?
     
    На bibiiii, CameliaMiller, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.061
    @Nigredo Odor

    Зошто ги употребувате зборовите како ,,казнуваш" ,,лишуваш" кон девојката?! Зошто и наметнувате беспотребна вина, кога тој е оној кој неа ја казнува преку индиректната уцена за потомство, а во спротивно ќе ја остави наоѓајќи друга жена која ќе му роди?![/QUOTE]
    Бре,бре кој од кој попаметен овде8)
    Јас не видов никаде да пишува уцена. Роди ми дете или ќе ти раскинам.
    Да , казна е да не му дозволиш на некој кој што го сакаш и има огромна желба да си остави потомство позади себе.
    Казна е и за неа,ако тој некој намерно и го направи тоа, ако таа не сака.
    Треба убаво да се размисли, девојката не спомна прекинување на врската,ама со вакви различни ставови за важно животно прашање оди натаму.
    Само да не биде после по некоја година да посака да стане мајка,па да и биде криво што тој не е таткото.
     
  11. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @babaDara Дали сакаш да кажеш дека обврска е да имаме деца, ако некој не може да има? Како тоа функционира? :?:
     
    На sj *O*, buba4e89, Alita и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Постоиме за да сакаме деца?
    Абе од биолошка гледа точка да, примарна цел на организмите е размножување. Али имаме ние и свест и разум и можем да одлучиме дали сакаме деца или не.
    Тие што сакаат да имаат деца, сакаат да имаат деца. Тие што неќат, неќат
    И искрено кажи ми - сметаш дека постојат луѓе кои не се за родители? Или лоши родители?

    @Wallflower107 вака ако останете заедно и секој со истиот став не е фер ни за него ни за тебе. Верувам тешко би ви било да се разделите ако ви е убава врската ама понатаму ако немате деца, ќе биде уште потешко за него, а ако родиш ради реда, потешко за тебе. Затоа најдобро седни и искрено разговарајте и кажи му го ставот. Нема да е лесно, ама подобро ќе е вака.
     
    На Purplelilac, Milobebence, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  13. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ниту една работа во животот нема да ве исполни како дете во прегратка. Здравје Боже на сите Ви посакувам да се реализирате како родители и потоа ќе ја разберете ГОЛЕМИНАТА на дете.
     
    На baby-star, SummerGirl, Roksifoksi и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Ах аман |(
     
    На sj *O*, buba4e89, Oxymoron и 7 други им се допаѓа ова.
  15. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Има лоши родители и несоодветни родители. Себични родители кои се ставаат прво себе си па после децата. Но најголемиот дел се одговорни родители и посветени на своето дете.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.069
    Пол:
    Женски
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Деца плачат во сиропиталиште да се посвоени, па ти не ги посвојуваш. Океј, не посвојувај. Твој проблем.

    Луѓе плачат дека леб немаат да јадат, а ти секој ден јадеш и нив не им даваш. Океј, јади и не давај. Твој проблем.

    Други луѓе плачат дека немаат чиста вода за пиење, ама ти пиеш и не им даваш. Океј, пиј и не давај. Твој проблем.

    Сфаќаш сега кои глупости ги тресеш бабо Радо?
    Викаш да те банираат, ама што дека? Доаѓаш со нови никови...баба Рада, баба Дара, дедо Раде.
    Демек имаш осет и знаеш за граница?

    Убаво ми беше Рада на игнор, ај заминуваш и ти.

    @Wallflower107
    Премногу тешка тема и според мене не гледам излез освен да се разделите.
    Тешко ќе биде, ама доколу никој од вас без притисок не се предомисли (ма да не верувам во ова), тогаш за жал нема решение.
    Едноставно нема.

    Не се мала работа децата и бременоста. Цел живот зависи од тоа.

    Сте требале одамна да разговарате и кога гледате дека не се соглавувате во тој поглед, да си тргнете по свој пат. Жално е толку години да пропаднат во вода, ама ако не бива, тогаш не бива.
    Никогаш не е доцна за нов почеток.
     
    На bibiiii, CameliaMiller, Purplelilac и 21 други им се допаѓа ова.
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    А што некој не смее да има мислење различно ода вашето???
    Второ, профилот ми е од 2011 година, и немам никакви други профили.
    Божееее, да немаш став.
     
  19. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Adorabela Едноставно девојката побара совет, а не некој да ѝ рече дека е ненормална :?:
     
    На sj *O*, buba4e89, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Adorabela

    Adorabela Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.069
    Пол:
    Женски
    @Animali vo pravo si devojko, ama sekoj ima pravo da si go kazhe svojot stav kakov i da bil. Dzabe ovde se raspravate.