1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога тој сака деца, а јас не?

Дискусија во 'Брак' започната од Wallflower107, 12 август 2019.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    Твоето не е „различно мислење“, цело време ги навредуваш оние кои не сакаат да имаат деца. Не е само девојката која ја отвори темата, многу други овде не се гледаат во иднина како мајки. Ги навредуваш и нив. Не може сите да не исполнуваат исти работи. Твоето „мислење“ не е ништо повеќе од една одлика на патријархално општество и доказ колку всушност патријархатот ни е навлезен во менталитетот. И жално е, многу е жално.

    Мислење е да кажиш: „Јас сакам деца, но има некои луѓе кои не сакаат и тоа е во ред.“ Се додека сме среќни со нашиот избор и не повредуваме никој, друго не е важно.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, sj *O* и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Јасно кажа девојката дека тој ќе се обиде да и го промени мислењето, и дека фактот што е сеуште со неа во врска укажува на тоа дека очекува да ја премисли. Затоа пишав дека е индиректно неговото влијание врз неа.

    А ова дека сум паметна стално ми го кажуваат. Нели сум и убава и паметна? :makeup:
     
    Последна измена: 12 август 2019
    На CameliaMiller, Oxymoron, tessie и 10 други им се допаѓа ова.
  3. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Ниту некого навредив ниту имам намера да навредам. Се извинувам на секој кој се чувствува навреден.
    Да живеам патријалхално и така сум и воспитана.
    Ме нападнавте ко да сум страшило на форумот.
    Кратко и јасно, не се сложувате и во ред. А не напаѓање.
     
    На marlonbrando69 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право, јас само мислев на случаи со учители и учителки кои немаат свои фамилии со деца, па самата работа ги исполнува, но тоа е поинаку.
     
    На buba4e89, tessie, Alita и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    36.438
    Пол:
    Машки
    Секој си има некоја цел во животот и зошто го живее. Океј, има луѓе што немаат и цел живот го поминуваат онака.

    Една од главните, ако не и клучна цел е оставање на потомство. Тоа ни се наоѓа во гените и најголемата смисла на нашиот живот е токму таа, да го продолжиме нашиот род.
    И ова, не го должиме само на себе, туку и на сите предци и целиот човечки род. Замислете вие сте една единка која во себе носите код од луѓе од праисторијата па се до денес. Луѓе кои живееле во многу потешки услови од денешниве и решиле да остават потомство од кое како директен резултат сте денес и вие. Со не оставање на потомство вие ги лишите сите овие луѓе кои некогаш постоеле, повеќе да не постојат.
    Мислам дека единствен друг начин како да постоите и оставите трага во овој свет, освен потомство е да направите нешто големо за човештвото, да имате сериозен импакт, директен во спасување на 1 или бар милиони животи.
    Некој ќе рече дека е планетава пренаселена и ништо нема да промени ако јас како единка не сакам деца. Но, заборава дека ние, Македонците сме нација во изумирање. Нација која нема да ја има за 200-300 години ако продолжи наталитетот да опаѓа овака.
    Многу од вас се потресуваат за некои ретки видови на животни кои се во изумирање како белиот носорог, тигрити, не сфаќајќи дека и ние самите се наоѓаме во таа група на изумирање.

    Но, сето ова може да се стави на страна и ако некој одлучил дека не сака да остави потомство, не се чувствува спремен за таква одговорност, има други цели во животот или е пресебичен да жртвува дел од својот живот и животни благодети за потомството. Во ред е. Секој има право на одлука која треба да се почитува и ниту еден став не треба да се наметнува.
    Но, ти си во зрели години, 27, и иако си одлучила дека не сакаш да имаш деца во животот, сепак викаш дека се плашиш да го оставиш, покрај тоа што ти одговара карактерно, и дека можеби утре ќе го промениш својот став и ќе сакаш деца. Чекај, па нели тоа и ти е проблемот што он мисли дека ќе го промениш своето размислување за кое ти рече дека ти е цврсто, за потоа да напишеш дека сепак можеби би сакала еден ден?
    Првин, треба ти да се решиш сама со себе, што и како сакаш и да стоиш цврсто на одлуката. Ако ви се разидуваат ставовите по ова прашање, себично е да го држиш покрај себе. Не само он, туку секого која му е целта потомство. Биди спремна тогаш да го поминеш животот сама или со единка која дели ист став како тебе.
     
    На baby-star, Milan93, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.542
    Допаѓања:
    21.519
    Пол:
    Женски
    Мене лично многу ќе ме исполни успешна кариера и вреќа полна пари која ќе ја делам со саканиот. Ти посакувам да си имаш ептен добра работа некогаш во животот и да ја разбереш ГОЛЕМИНАТА на сопствениот успех.

    Ама чекај јас разбирам ако некој има поинакви цели во животот. :D
     
    На sj *O*, buba4e89, Alita и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol Били бе :D

    Немој на темата со муабети за македонската нација, жити сѐ :D
     
    На Purplelilac, sj *O*, Oxymoron и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.924
    Допаѓања:
    166.007
    Пол:
    Женски
    @Wallflower107
    Фактот што ти не сакаш да имаш деца, не се гледаш во улога на родител и едноставно не сакаш таква одговорност во животот, е скроз нормален избор и тука ти нема зошто да се чувствуваш лошо, и дополнително да се оптоваруваш.
    Ти таа одлука си ја донела одамна, и не дека не постои шанса да се промени, туку тоа треба да ти дојде природно, не поради туѓи наметнувања.

    Друга работа. Премногу долго сте заедно, и фактот што ти спомна дека тој очекувал да смениш став, асоцира на тоа дека можеби некогаш, пред него си била повеќе или помалку колеблива отколку цврста по тоа прашање, и тоа придонело тој да има такви очекувања.

    Види, желбата да се има дете не може да се спореди со ниедна друга желба. Одговорноста на родителот не може да се спореди со ниедна друга одговорност на светот. Се друго што ќе одлучиш во животот можеш да смениш, ама родителството е за цел живот. Ако тој толку го посакува тоа, треба да го има, а ти да му го ослободиш патот. Да го чуваш врзан оти ти си емотивно поврзана со него не е фер. А не е фер ниту према тебе, да се држиш до нешто што би ти скратило многу слобода која ти ја посакуваш во животот.

    И јас долго време не можев да се замислам како родител. Се до првиот негативен тест кога бев длабоко разочарана и истовремено изненадена од сопственото разочарување. Во тој момент сфатив дека со човекот кој го сакам најмногу на овој свет, сакам да креирам и создавам многу повеќе од материјален свет, туку и најчистата форма на љубов.
    Ама тоа ми дојде природно, без ничие мешање, инсистирање и напињање.
    Без разлика на одлуката што ќе ја донесеш, таа треба да е исклучиво само и само твој избор.
     
    На CameliaMiller, Milan93, sj *O* и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.986
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се направи преголема драма од ова.
    Непотребно е навлегување во причината зошто таа не сака дете. Таа самата си знае, нејзино право на избор и никој од вас не може да ѝ го смени мислењето.
    Тоа што побара е совет и ништо друго.
    Мојот совет мила @Wallflower107 е како на повеќето што ти го дадоа. Ако ставот во врска со тоа прашање ви е толку различен, подобро е да се раздвоите за подоцна никој да не страда и да не се обвинувате. Осбен ако љубовта ви е толку преголема што едниот од вас ќе биде спремен на жртва.

    Ти посакувам многу среќа! :)
     
    На SummerGirl, WildMk, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ни јас не сакам дете, барем не сеуште, не се гледам и замислувам ко мајка, а бебињата ми се мили, па и децата по некое , но не секое. Сакам да кажам, туѓите ми се помили сега за сега :)
    Инаку јас бев запросена, но одбив. Една од причината беше и тоа што тој сакаше да се вдомиме и ја да му раѓам деца, да идам кај него да живеам со неговите и слично, а у меѓувреме само што се осамостоив, си купив гарсоњерка, имам ок работа и обожавам да сум сама, интровертна особа сум и многу си го сакам времето поминато сама.
    А да, имам и риби, птици, мачор и доберман, и преубаво ми е.
     
    На bibiiii, CameliaMiller, sj *O* и 20 други им се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.548
    Допаѓања:
    115.514
    Пол:
    Женски
    Ма,немој?
    Имам внуци,деца на брат ми и деца на моите братучеди.Имам мачиња и кучиња.
    Играње,смеење,тешење...Секојдневие со исполнети душа и срце.
    Одамна сум со размислување дека не сакам да имам деца,еве 95 %,а 5% дека можеби ќе се премислам еден ден.Ако се премислам,тоа ќе биде мој избор и моја одлука,а не на фамилијата или општеството.
    Тоа што некој не сака да има деца од страв дека нема да биде добар родител не го прави ненормален,туку свесен и совесен што значи и нормален.Ненормални се оние луѓе кои имаат деца,а ги навредуваат и тепаат.
     
    На bibiiii, sj *O*, Alita и 2 други им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Нема што да се направи. За таква работа нема компромис. Едноставно е преголемо нешто за некој да биде приморан да го направи она што не го сака, дали ти да родиш дете, или тој да се согласи да нема деца.
    Не е убаво што он е со тебе очекувајќи дека ќе го смениш мислењето. Ако си решена дека не сакаш деца морате да разговарате и на крајот секој по својот пат.
    Искрено не знам како би успеал ваков брак, он сега да се согласи дека океј, ќе немате деца, а во себе потајно да си очекува дека ќе се премислиш, или пак да си рече дека ќе може без деца, а понатаму само желбата да се продлабочи и пак ќе дојде до распад на бракот.
    Само најотворен и искрен разговор со ставање на сите желби на маса. Подобро сега да ја решите работата, отколку да се завлекувате со погрешни очекувања и да губите време.
     
    На Purplelilac, tessie, Tajnaotrovna и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.485
    Допаѓања:
    7.352
    Пол:
    Женски
    Исклучиво твое право е да одлучиш дали ќе имаш дете. Не знам зошто на многу луѓе тоа им пара уши, кога има некои што имаат деца, а се однесуваат крајно некоректно кон нив и ги осакатуваат за цел живот. Мене тоа повеќе ми смета, не треба секој да има деца само по цена на продолжување на човековиот род. Тие деца треба да се гледаат.

    Друго, се сложувам дека треба да направите отворен муабет, додека не сте се земале. Ако ниедниот не сака да се откаже од своите убедувања, подобро е работата со време да се реши.
     
    На Purplelilac, Oxymoron, srcence1607 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Многу пати ќе го слушнам татко ми како зборува дека сум иста ко тетка ми, која патем е најстара од сите 7 деца, има 67 години (би и дале преку сила 50 да ја видите).

    Накратко за неа, откако на 36 години останува најстара и ги омажува сите свои сестри и брат и (татко ми), под огромен притисок од баба ми и дедо ми, сестрите, татко ми, зетовците, општеството и пријателите, побегнува за Австралија каде тогаш имаа политика на отворени врати за кој сака да живее таму. Да не побегнеше, против своја воља ќе беше омажена за некој си избраник нивни.
    Во Австралија првин оди кај пријатели блиски, кои и наоѓаат работа во печатница дури да и се средат папирите. Откако станува државјанин на Австралија после 3 години, се вработува во огромна козметичка компанија, каде после 4 години работа излегува со огромно искуство од таму и отвара свој салон за убавина во Мелбурн, кој после 5 години интензивна работа и над 12 луѓе свои вработени, го проширува салонот уште на 2 локации во Мелбурн и станува сопственик на ланец салони за убавина со над 30 фул тајм вработени луѓе и неколкумина хонорарно.
    Додека баба ми дедо ми сестрите и татко ми мрчат дека е стара мома, дека веќе не може да раѓа, дека ја отпишале више од живите, таа доживува катарза и се пронаоѓа себе си, за нејзе тоа е врв на кариерата. Покрај тоа, запознава многу луѓе, го прошетува цел свет, запознава многу култури и нации, прва во Австралија воведува правило во салоните да можат луѓето со милениците да доаѓаат као и со децата (опремува посебни катчиња во салоните за тоа), се стекнува со големо матерјално наследство и на 50 години ( 2002 чинам) се враќа за прв пат во Македонија (требаше порано ама воени тензии имаше). Само што се вратила, на собирот на големата вечера организирана кај баба ми и дедо ми за сите роднини, доаѓа и некој непознат маж, никој не знае зошто е таму, се додека баба ми не одлучува да ги запознае велејќи и дека возот оди и треба да ја фати оваа прилика и точно памтам како тетка ми бесна станува и лупнува врата и тоа беше крајот на релациите со баба ми и дедо ми, дури и кога умреа не дојде и ни сочувство изрази и кажа дека дури се живи таа во Македонија не се враќа.
    Е, на 62 години се пензионира (салоните работат све тоа ама таа има вработени само сопственик е) и во фитнес клубот запознава маж 10 години помлад од неа, вдовец со кој почнува да им оди се на добро и после 1 година си одимав уште 1 тетин. Пред 3 лета беше тука, како и сега цел Јули, после Илинден си замина.
    На прашањето зошто не порано ами на стари години брак, одговорот беше :,, Кој и да беше ќе сакаше деца, а јас не сакав деца, сакав да патувам, да уживам, да се посветам на кариерата, на пријателите, на сите друштва, младоста да си ја задржам и сеуште да уживам во сексот и на 70 години а не да се свијам ко лешниково гранче, а покрај тоа, се омажив и за да имам со некој кој да си ја дочекам длабоката старост, без да обврзувам деца или некој друг за тоа, инаку не би се мажела".
    Инаку, тетка ми е 52 килограми, 1,75 висока, од хируршки козметички зафати има правено само 2 пати пеглање на брчки, ботокс во јаболчноци, чело и мишки и подигање очни капаци. Све друго е на свое место, скоро цел живот се храни со медитеранска исхрана, зависна е од вежбање и изгледа навистина младо и убаво.
    Но, тоа си е нејзин избор, да имала деца и да останела тука, веројатно сега би била свиена ко лешка....
     
    На bibiiii, MarigoldA, sj *O* и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.820
    Јас имам сопруг кој не сакаше дете. Ми го кажа тоа јасно.

    Јас премногу го сакав, и прифатив да немам дете, оти никогаш не сум ни имала таков приоритет. Ми беше, ако дојде дојде. За него не ми беше тешко да немам дете.

    3 години бевме без дете. Еднаш, низ муабет... реков дека сакам негово дете. Не некое дете, негово. Он вика дека очите ми гореле. Сфатил дека тоа ќе ме направи среќна. Сега имаме дете. Стварно не знам како сме можеле воопшто да размислуваме да немаме дете.

    Како и да е... бидејќи го сакав, се омажив со прифаќање дека нема да имаме дете. Оти ме сакаше, реши да се откаже од слободата.

    Ние толку се сакавме што среќата на другиот ни беше побитна. И за награда добивме совршенство.

    Сакам да кажам... одлучи дали него го сакаш повеќе од себе?
    Замисли го со друга за некоја година со дете.
     
    На MilaP, bebaa, sj *O* и 28 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Никого не смееш да сакаш повеќе од себе :!:
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, Nigredo Odor и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.820
    Роди, имај семејство па кажи го ова.
     
    На Milan93, glosipgirl, buba4e89 и 12 други им се допаѓа ова.
  18. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Детето е најбитно од се. Кога ќе потпораснат знаат да бидат себични и безобразни, ама се цело богатство.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    И имање деца и немање, е себичност.
    Не ги раѓаме оти тие сакаат, туку оти ние сакаме... апро по- себичност.

    Не му е на секој цел во животот да има потомство, уште помалку 'да ја спасува' нацијата со раѓање.
    Нација, иначе, е релативно нова човечка измишљотина.
     
    Последна измена: 12 август 2019
    На Purplelilac, marlonbrando69, Oxymoron и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    А и родители со размислување дека е ненормално млад човек да не сака потомство, колку знаат да се безобразни и себични и тоа кон сопствените деца, тоа чудо едно. Не е само на зборови да се децата најбитни во животот.
    Ама терај, очигледно ништо не треба да очекуваме од некој што има баба во никот, lesson learned :D
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.