Најбитно од се е да го достигнеш тоа што те прави највеќе среќна, да го задржиш и уживаш у него, било тоа дете или некој друг ВРВ!
Е како го сакаш повеќе од тебе? Може еве, за ова сум себична, ама на врвот е ќерка ми, па јас, па маж
јас во целост се сложувам со ова. и ако сме 2019 влагаме во ера на нераѓање? Никој не ти соли памет ни па те осудува ама да сакаш немаш деца мислам дека е многу бесмислено. Што планираш па ти од твојот живот? Си го губите времето со дечкото да знаеш. Ти чекаш тој да се премисли тој чека ти...
Абе, тебе ако ти е 'губење време' живот без деца, не значи дека им е на сите. Има еден куп работи што можеш да ги правиш, и да ти биде скроз исполент животот.
Па прво е дете, па он па јас. Оти да не беше он, немаше да постојам. Па не знам што е тажно патријархално, ама јас и пред потпис живеев и ми беше приоритет. Нема врска потписот, се венчав единствено у матично да исполнам желба на мајка ми.
Не знам, преиспитај се зошто себе си не си се сакала доволно и не продавај вакви манипулативно реторики на девојчиња затоа што од "абе го сакам повеќе од мене" остануваат во насилни и пропаднати врски и бракови.
Па види можеби и треба да влеземе во ера на нераѓање со оглед на тоа колку е планетава пренаселена. Јас пак не сметам дека го губам времето, а ниту пак тој смета така. Супер ни е, со секакви искуства сме, со свет скоро цел прошетан, со заемна поддршка и совети за нашите кариери, со одличен физички изглед и здравје. Воопшто не ми е лош животот како што вие мајки го замислувате, нaпротив, среќна сум Не ме притиска за дете, но знам дека потсвесно сака. За тоа што планирам со животов сигурно нема да споделам тука, но можам да кажам дека се прилично добро конструирани планови, кои дете само би ги отежнало.
Чка има право да го сака маж и' повеќе од нејзе, си знае таа најдобро зошто. Истовремено, во никој случај не е љубов, па уште сакање повеќе од себе си, ако е во прашање врска која е насилна (психички, физички, емотивно итн...)
Еднаш порано ми кажа една личност. Не сакам деца. Зошто сум премногу егоцентричен,не сакам такви обврски и ке ми сметаат во остварувањето на моите амбиции. Тоа е фер одговор. Кажи му го истото. Се друго се изговори. Не осудувам луѓе кои не сакаат деца но не им ги разбирам причините.
Не е воопшто лесно да одгледаш дете и при тоа да градиш кариера. Посебно кога тоа го правиш сам, кога си и мајка и татко на детето. Кога го родив моето бебувче, бев на Факултет, ама морав да го прекинам. Ми се роди со здравствени проблеми ( сега е добро ). Со мм не функционираше и останав сама со бебушко. Со што се судрив?! Со немање пари за пелени а не за облека, храна. Со здравствен проблем кој чинеше многу. Поминав пекол. Детето ми беше патоказ за да успеам во се што не ми беше возможно и во сон. Го завршив Факултетот во рекорден рок. Се сеќавам дека навечер учев, дека на испити го носев детето и со сестра ми чекаа по цели два часа надвор додека јас полагав. Работам на работно место кое ме исполнува и финансиски е одлично. Се дефинирав како личност, се изградив како личност. Ниту една кариера, ниту пари, ниту ништо не би било исто и не би ми го изградило животот како детето. Дополнително, денес ми е најдобро другарче. Ме чуствува секогаш кога имам проблем ама едно гушкање и се заборава на се. Мажи можете да имате колку сакате, да ве изневерат, да ве повредат ама детето секогаш ќе ви врати кога ќе биде потребно.
Ама тоа си ТИ. Не јас, не таа, не онаа, не кузнај која. Сите сме различни и сите си имаме причини зошто нешто правиме, или не правиме. Се додека не повредуваме некого, нема потреба од осуда.
Тој да прифати да немате деца. Ти да прифатиш да имате деца. Или да раскинете,@Wallflower107 вие ќе си изберете што е најдобро за вас.
Не е белки дека на 28 години почнал да замара дека сака дете. Ако ти зборува нешто, речи му дека му е рано, доколку сте вистинити ликови.
за да ти се исполни времето има еден куп работи да правиш ама дека ќе ти се исполни животот без дете не верувам баш. Прашај ги оние кои не можат да имаат деца,тие најубаво ќе ти кажат дали и колку им е исполнет животот.