ти најдобро си знаеш,штом сподели овде ќе добиеш секакви мислења и предрасуди. имаш три решенија,сама избираш т.е со партнерот избирате
исто така во различна доба различни нешта не исполнуваат. Се сеќавам јас кога одев на пракса на 17-18 години и кога гледав пораѓаи се заколнав дека нема никогаш да родам,тоа така зашто тогаш така размислував. Сега со полни 30 и покрај што чекам да се породам со второ знам дека ќе сакам и трето. Јас- истата таа која се заколна дека нема да раѓа. Ама се во свое време.
Чка нема право да учи девојчиња кои се двоумат во врската дека треба да ги сакаат мажите повеќе од себе. Чка имала среќа да не е маж и насилник, да не ја вара, и ред други работи. Некои ја немаат таа среќа.
Во овој слулај не гледам како би опстојала една врска. Ако на него му е планот да си шета, чао пријатно. Колку и да се сакаш со партнерот, ако имате различни погледи кон иднината, се е џабе.
Прекраток е животов за да правиме нешто од атер за друг. Убаво кажаа поназад, исто мислам и јас, ова е клучно животно прашање и мислам дека треба апсолутна согласност меѓу партнерите дека сакаат или не сакаат потомство. Мислам дека најлоша варијанта е кога дете се раѓа поради било која друга причина освен љубов. Дали притисок од партнер/родители, дали несакана бременост, дали ради притисок од општество, ради реда и слично. Нема тука правилна или погрешна одлука, ако некој сака да има деца, треба да има. Ако некој не сака - тогаш нека нема. Од ова што се имам нагледано има жени кои се прекрасни мајки и мажи кои се прекрасни татковци. Ама има и некои од кои сум си рекла ако сум ваков родител - поарно да немам деца. И секогаш тоа ми е животна мантра - дете би родила само ако сум 100% сигурна дека го сакам тоа и 100% финансиски способна да го издржувам. Да го родам и да го казнам да живее мизерен живот оти мене ми зборувале 'ај роди си' шанса нема.
Ама животот ни се случува додека ние сме зафатени правејќи други планови. Искрено, те читам тебе, како да се читам сама себе пред 3 години. Долга врска, прекрасна, шетање по свет, кариера во нагорна линија, висока плата. И сакав и повеќе шетање, и поголема плата, и уште подобра работна позиција. Со дечко ми тогаш отворено зборев што сакам и какви ми се плановите и секогаш добивав поддршка. Иако знаев дека тој сака да оформи семејство. Ама го сака тоа со мене. Почнавме заедно да живееме (невенчани) и сфатив дека дефинитивно сакам да го поминам животот со него. За дете не размислував. Шетавме заедно, шетав сама, градев кариера, многу заработував, многу трошев. и, во еден ден така од никаде, сфатив дека ништо од тоа нема поента и сама решив да родам негово дете. Никогаш не користев јас контрацепција затоа што му верував дека ќе ја почитува мојата одлука да немаме дете и така беше. Мој совет ти е, само отворен разговор за двајцата да знаете што да очекувате. И ако сте ок со изборот на другиот,секако ќе бидете среќни.
Не знам искрено кој совет е бетер. 1. Не си нормална штом деца не сакаш. 2. Не се секирај, јас на 10 не сакав, ама на 12 спремна бев за трето. 3. Џабе шеташ по светот, нема поента. 4. Уште 'Роди го уште утре' не прочитав. Мислам, девојката нека си одлучи според тоа како се чувствува и што сака, а не според вашите искуства. Секој е факинг различен.
А зошто би требало да мисли дека ќе биде прекрасна мајка? Јас едвај чекав да раѓам, сите книги ги прочитав, се што можев научив, и пак некогаш се преиспитувам дали го правам најдоброто за моето дете. Подобро да мислам дека ќе бидам ужасен родител и да згрешам, отколку да мислам дека ќе бидам одличен родител и да згрешам. Во случајов, ако не сум сигурна во своите можности да бидам добар родител, или да сум сигурна дека нема да ме бива, подобро ич да не раѓам. Дете е тоа, не е проект. Подобро ич да не го родиш, отколку да не знаеш (или не сакаш) да го израснеш, воспиташ, изнесеш на прав пат. Не е само 9 месеца во стомак, мајка си за цел живот.
Затоа што според мене не е нормално да речеш не можам да ПОДНЕСАМ деца и бебиња, одбивни ми се. @Spidy не можеш да претпоставуваш каков родител ќе бидеш, додека не станеш. И ајде да е ок да се плаши за тоа каква мајка ќе биде, но да не можеш да поднесиш деца и бебиња ... Еве не знам ама ми е ту мач. А може и грешам па
Ако гледаме така, за оние од темана Ќотекот како воспитна мерка кои оправдуваат удирање на веќе родени свои деца, и плус уште илјадници нивни истомисленици во државичево - ќе нема доволно место и термини по психијатриските ординации.
Еден брачен пар што живеат тука во соседство кај мене не можат даа имаат дете, се обидувале но не можам. Чуваат кутре. Луѓево значи се изнашетаа, секогаш си се позитивни и насмеани, никогаш не сум слушала некакви кавги или не знам што од нив, најпозитивни луѓе во мојава околина. Од сите фамилии тука наоколу мислам дека си живеат она баш најисполнет живот. Иди прашај ги, ќе ти наброја кај све не биле низ Светот.
Ако одиме по логикава, тогаш и луѓето кои не поднесуваат домашни миленичиња нека одат да разговараат со психолог. Или луѓето кои не ги сакаат своите роднини, на пример. Доволно сум зрела да не сфатам препорака за разговор со психолог како навреда (иако твоево беше во навредлива конотација). Сепак јас мислам дека со психолог треба да разговараат оние кои родиле дете само затоа што така им било наметнато.
Море,цел форум е за на психолог или психијатар. @fana ,@babaDara Девојката ја направивте ко да е за во Бардовци. Да речеше дека би скршила дете од ќотек,па да разберам таква препорака,ама не рече. Не може секој да се справи со неспиење,плачење и менување пелени... Си има нејзини причини зошто нејќе. Различни луѓе имаат различни ставови затоа што се растени во различни животни средини.
Изедначуваш дете и домашно милениче? Едно е да не сакаш дете, да не се гледаш како родител, ама да не поднесуваш и да ти се одбивни е злобно и многу грубо. Ако мислиш дека нема да ја смениш одлуката подобро да се разделите. Што повеќе одолговлекуваш тоа полошо и за двајцата. А убаво кажа Чка погоре, замисли го со дете со друга жена, каде се најсреќни сите тројца заедно. Ако на таа помисла не ти се плаче тогаш дефинитивно треба да се разделите. Изгледа е во мода денес да не сака човек дете.