Навреди??? Сериозно??? Па вие појма немате што се навреди. Ама една група сте и нешто не ви е по кеиф почнувате ко стршлени да му се навртувате.
Да,навреда е да нарекуваш некоја личност ненормална затоа што не сака да има деца. Не ја познаваш членката.Не знаеш што доживеала за да има таков став. Што и да е,нејзино право си е.
,,Ненормално,, е се што излегува од нормалното. А нормално е да имаш стабилна врска, да создадеш потомство. Кажува дека тој сака деца, дека врската им е океј, ама таа не сака. Зошто тогаш ,,нормално,, не седне да му објасни дека без разлика колку и да сака тој деца, дека нејзиниот став нема да се промени???Или океј е да се изгуби нечие време. И многу убаво напиша една членка нека го замисли со друга како има детенце. А нејзино право е апсолутно. Сигурно мое, ниту твое, ниту ничие е. Впрочем секој има право да го каже своето мислење. И кога велам ненормално не мислам на ненормално( како навреда ) за да посети психијатар и дека и е потребна помош. Туку ненормално од нормалните вредности. Се изгубија сите вредности. Затоа порано функционирало и брак, и љубов и се. Сега од животот сакаме да правиме проба, експерименти, ко да утре повторно ќе се родиме.
Не мора да сакате деца. Никој не ве тера. Ама што на постари години? Нема да ви биде мило да гледате внучиња?
Не бе сите ајде нема да сакаме деца, да не менуваме пелени, да не седиме додека имаат температура, да не ги носиме на училиште, да не чекаме до доцна додека се вратат од излегување. Ама битно имаме кариера, со сопругот патуваме, сме го виделе светот, бла, бла, бла... И затоа ќе се подбиваат со тебе на форумов. Затоа што се модерни. Од таа мода, ене училиштана се празни, едвај по две паралелки по 20 деца не можат да се направат. А порано сме биле по 3 по 35-38 деца.
Познавам луѓе кои немаат деца.Одлучиле да немаат деца.Но,сепак се среќни и исполнети на други начини. Некои луѓе се ментално и/или физички болни,други доживеале трауми,ете ни тие не се сакани од нивните родители,па не можат да го дадат она што ни самите не го почувствувале. Сите си имаат свои причини. @SummerGirl Жената не е створена само за да раѓа.
Да ти пратам сега сторија за семејство со 6 деца кои немаат струја дома и живеат само од социјална помош? Кажи ми тогаш дали е да го родиш само ради реда или мора да можеш да му ги обезбедиш сите услови. Никој не ти вика немај деца. Исто како што ти немаш право на некоја да ѝ речеш да има.
E тоа е тоа македонското, што те боли онаа ствар за другите дали сакале деца, мачиња,кучиња или бизони? Немаш право никого да судиш и крај, глеј си го дворот Ратке. Ако сакаш да има по 30 деца у паралелка еве изроди уште 10. Све ние најпаметни бре, чудно за народ со просечен IQ 80.
Тука е проблем со државата и лошата социјала кај нас, а не е проблем со имањето и сакањето деца. Татко ми се пет деца. Биле многу сиромашни. Сите направија куќи, сите убаво живеаат, имаат стабилни бракови, убави работни места. А дедо ми немал чорапи да облече. И не мешајте лоша социјала со желба за деца. Децата се благослов.
На некого да го пропатува светот. На некој да стане успешен доктор/научник/архитект/правник/бизнисмен. На некој да направи некое хумано дело за да реши некој глобален проблем. И на некој да има семејство. Ете што може да бидат најголеми достигнувања.