Од 2004г до 2017г не да шетавме, журки и собиранки кај нас се правеа, да прашаше познаник, комшија и било кој за нас ( одвен ептенннн нај најблиските ) ехеееее нај нај среќен пар, топ им е и сами, ене ги 3 кучиња имаат исполнети се, насмеани секогаш и позитивни и дрн дрн дрн све нај нај ќе чуеше! Амааааа..... кога ќе останев сама, кога на реклама на тв ќе течеше реклама за памперс, кога ќе споделеа вест со мене : љубавиииии трудна сумммм! ( бев најсреќна пред таа/нив ) амааа.... после на само крокодилски солзи леев! Иако бевме среќни сепак бевме поеќе несреќни. Желба за дете невидена. Немаше ходник од приватниве клиники и Државна кој не го изодевме. Ама сигурно на комшиите немаше да им кажеме нели? Секое ИВФ кога ќе чуев негативна бета хцг, кога ќе рипне бета хцг па наеднаш паѓа ( биохемиска ) ..... не нејќеш да знаеш како се осеќаат тие парови кој го идат тој пат! Но, не значи дека ќе ги видиш во лифт или на улица како вриштат од мака или лазат од болка душевна! Да, чував и 3 кучиња кој ме исполнуваа и ми беа све! Но, дете и куче да се спореди е нај ама најјјј ружно нешто! Тек кога ќе се има дете ќе се сфати тоа. Кога конечно останав трудна и кога се роди синко 2017г .... средношколци деца веќе ми имаат другарки деца, а ја прлени тек почнав да мењам. И може да кажам дека од кога станав мајка ја искусив и осетив онаа вистинска и чиста љубов! Не и не постои таква љубов и сакање! Со зборови неможе да се опише, само оној кој е мајка може да сфати! Многу жени го идат овој пат и од се срце им посакувам наскоро да се остварат како родители. И не, не ги осудувам и оние кој не сакаат да бидат родители! Сепак не сите сакаме исто! Ете некој родиле и едвај чекаат на раб да се вратат, одма баба сервис договараат зашто 24/7 неможат да издржат, нејќат да дојат ( ги имав свои блиски ) зашто сакаат да не се обврзани и да може да искочат и ноќе и да се напијат некад итн. Ете тоа мене не ми е сфатливо, а и на тие моево кое е сосема спротивно од нивнито не им е сфатливо! Ете нејќе некоја да има деца, сака да шета, да има кариера, да си има партнери повеќе и нејќе ни брак итн. И? Како за поединци што е тоа чудно и вашето за нив е чудно и тоа е тоа. Веганот решил да е веган! Вегетаријанецот да е вегетарианец! Антиваксер да е антиваксер! Непушач никад да не запали цигара! Некој никад капка алкохол да не проба! Итн да не ги редам..... Секој со своето, секој со свој став, секој со свој избор, секој со својата зацртана цел и животна желба! И кога веќе почнавте кој на кое место е : Синко ми е и ќе ми е секад на 1во, јас сум си се разбира на 2ро... и замисли на 3то ми се внуците па тек на 4то мојот сопруг ( инаку прекрасен другар, сопруг и татко. Не дека е мој па си го фалам ама сите кој го знаат го делат тоа мислење ). И да се изјасни некој дека Не поднесува и му се одбивни бебе/дете е нај сурово и одвратно нешто! Не е бубашваба па да ти е одбивна, не е некој вид на намирница па да не се поднесува!!!! Збориме за бебе/дете бре !!! Може да се каже : неможам со деца зашто не се снаоѓам, не ми е убаво кога плачат/вриштат, заморно ми е кога 30 прашања ми поставува во 30секунди, кога јаде бисквити и прави трошки, некако напорно ми е кога ќе ми дојде ( пример ) другарка ми со децата и како ураган да ми поминал итн. Ама горе кажаното искрено секој психолог, психијатар и секое стручно лице ќе каже дека не и не е нирмално тоа! Да баш така ќе каже и не не го измислив тоа јас туку тоа е вистина! Едно е да не сакаш да си мајка, да не сакаш да си бремена, не сакаш да родиш, не сакаш едноставно деца ни внуци, ни свои ни ничии. Ама не сакаш, а не дека ти се одбивни и не ги поднесуваш! Ете кој има близок психолог или психијатар нека го праша слободно за профил на човек кој се изјаснува дека не поднесува деца и му се одбивни! Прашај те! Толку од мене. И остај те го девојчето нејзин живот дали ќе сака или нејќе деца! Нејзин живот и нејзина одлука. И млади сте уште. Уживај со партнерот.
Па,не е за секого. Ко што кажа @Tan4ence, за некој најголемо достигнување е да решава светски проблеми.Тоа е доблесно исто како што за друг е да одгледува дете.
Е на ова не можев а да го поминам без да вратам. И тоа како се знае каков родител ќе си понекогаш. НЕ Е СЕКОЈ ЗА ДА БИДЕ РОДИТЕЛ! Не секок може да биде во таа улога. Не, не и не. Лесно е да се направи и да се роди дете, да, ама што потоа? Ќе го роди, зошто ете не знаела дали ќе биде добар родител и ќе тогаш ете ќе ДОЗНАЕ дека не може да биде добар родител, знаеш ли тоа што значи за детето, па и за родителот. Зошто таков ризик? Извини, ама тоа не е некоја диета, некој стил, пробај го па ќе видиш дали ќе ти одговара или не! А за тоа дека не е нормална и треба да оди на психолог, и тоа како е нормална со самиот факт што размислува и знае што сака, што не сака, што поднесува, што не поднесува и не сака да си го уништи ниту својот ниту животот на своето неродено дете.
Никола Тесла немал деца, а сепак придонел многу повеќе за човештвото од сите вас заедно, mamicki што сте родиле деца за да му дадете смисла на вашиот живот.(читај: за да ги остварувате преку нив вашите неостварени амбиции и да има кој да ве гледа на старост). И не тоа не се благородни и несебични причини, напротив се многу себични.
У глобала, тие што не можат да имаат деца секогаш највеќе сакаат дете. Да не можеш да имаш дете, а да не ни сакаш, нема ни да знаеш дека не можеш да имаш нели (освен ако не решиш да правиш анализи чисто ради реда). И не знам зошто тупите упорно куче версус дете. Имам моментално куче, мачор, што ми се најмили и во резонот немам дете што може да ми е помило, дури ни внука ми. Знам дека цел живот ќе чувам кучиња и мачки, тоа знам, и никогаш не сум помислувала за споредба. Ама да ме прашаш кој да снема моментално од Светов дали кучето мое или било кој (освен брат ми, сестра ми и моите) без око да ми трепне ќе одлучам да снема наведена човечка индивидуа.
Ми имаат искоментирано - Како се нафати дете да раѓаш? Треба да шеташ. Е па златна, ако за тебе е исполнување да шеташ, за мене е да имам деца.
Ама,никој не ве нападна тебе и @babaDara затоа што сте родиле деца,а вие осудувате личности кои не сакаат да имаат деца.
Апсурдно е да се зборува. И да се објаснуваме. На сите ви посакувам детуленце, многу непреспиени ноќи и верувајте СИТЕ ДО ЕДЕН, ЌЕ ГО ПРОМЕНИТЕ МИСЛЕЊЕТО.
Јас никој не осудив. Овде проблемот е ако некој има поинакво мислење одма го напаѓаат. Е па ајде тогаш сите да напишеме дека не поднесуваме деца затоа што така им одговара на повеќето. Ова е клучен момент за да знаеш на што си во врската. Еден ден партнерот ќе ти префрла затоа што немате деца.
Не само тоа туку нели е не фер да изгуби толку време надевајќи се дека еден ден ќе се предомислиш. Седнување на маса и фер плеј-да знаеш дека се ќе биде океј меѓу нас но дека нема да имаме деца. Ако веќе си спремен да го поминеш животот без деца со мене, океј ако не со време да заврши приказнава.
А каков совет да и дадеме? Се е јасно. Ако јас сум решена да немам деца, нема ни да раѓам само за да му направам ќеиф на партнерот.
Во ред е, ќе зборувам со него секако, иако ми ги знае ставовите и не ми прави никаков притисок. А да, кога реков дека не поднесувам деца тоа беше прилично блага форма на изразување за она што навистина ми прави помислата на деца да чувствувам. Ајде мамички, нападнете ме, ставете ме на клада
Прво ќе ти дадам совет да орочиташ малку за Никола Тесла па да дознаеш зашто не се оженил и зашто немал деца! Таков тежок феминист ниеден нема ниту жена ниту деца! Неговото достигнување нема да го коментирам зашто е сепак Никола Тесла еден и единствен со неговите достигнувања ( на професионален план ) не на приватен план. А, зашто мислиш дека тие/ние што сме мајки сме родиле за да му дадеме смисла на животот? Демек до пред децава садевме патлиџани и нижевме тутун и блеевме во облаците и ама баш никаква ни смисла ни имаше животчево И замисли си родивме деца за да не чуваат во старост ауууу колку сме биле ние паметни бре бре ! Зашто ако не си родевме ќе немаше кој да не чува? Дај Боже да доживееме длабока старост па тек тогаш ќе му ја мислиме! А, чекај .... тебе твоите те створиле за да ги чуваш и сеа ти сме криви сите ние мајки зашто мислиш дека ќе сме како твојата мајка? М? Онака прашувам, зашто после ваков испад сигурно нешто те мачи во твојот живот! Одредена и родена си за чување на твоите родители? Ја моево дете си го родив зашто си сакав и за да си го сакам бесценето! А, не за да ме чува! Нит мајка ми ме родила за да ја чувам! Ако сакам ќе ја чувам! И трк сеа на мајка ти да и кажеш дека Никола Тесла придонел поеќе од неа и ј’зк да е што те родила за да си ги исполни своите амбиции преку тебе! Засрами се за муабетов ( твојот пост )! Јадна ти кој е тој што раѓа за да оствари неостварени амбиции преку дете? Сите тука ги стаи во еден кош на такви мајки психопатки ( ретки црно хронични/ психички разнишани особи ) ? И знаеш што е себично : ти со овој пост што го пиша да ја погледнеш мајка ти во очи!!!! Пљукни ја верувај помалце ќе ја боли одколку ова да и го кажеш! Срце помалце ќе ме боли ако детево ме пљукне отколку да го изусти ова! И ти со овој пост што им се посра на мајчинството на секоја една жена ( вклучувајки ја и твојата мајка ) која сакала да е мајка и сакала да има дете и ужива во улогата на мајка, во љубовта на своето чедо и е со исполнето срце кога ќе и се обрати некој : Мама те сакаммммм!!! Засрами се и со време повлечи се и извини се од култура на секоја една жена која е мајка и која те прочита! Срамота бре! Кај се мидераторите јас навистина не сфаќам! Се згадив како жена, а не како мајка на дел од толку одвратно навредувачки постови, без разлика дали се за оние кој нејќат деца или за оние кој сакаат! Не хумано и не етички од ниеден аспект! Ружно и одвратно како некој зборови се употребуваат! И аман, што сте се згнале да промените нечие мислење не сфаќам! Нејќе деца и нејќе нејзин живот! Остајте ја на раат. Нема 12г. Си го знае партнерот и он ја знае и ќе си се договорат. Кога се има разбирање и љубов све се решава! Ќе си најдат решение и крај. Кој каков си го милива животот така нека си го води. Ама да им се посереш у фаца на жени/мајки зашто се мајки е одвратно! Сепак имаш/имате и вие мајки и вас некој ве родил! Па имајте муда ( народски кажано ) и одете пљукне те си ја мајка си и посерете и се на годините љубов што ве гледала и ви се радувала!
Девојко, јас на мајка ми не можам ништо да и кажам зашто е почината. А ти размисли зошто ти како една среќна и исполнета жена имаше потреба да го напишеш овој голем пост полн со гнев во 3 саат сабајле. И нема јас што да мислам дека сте родиле деца за да му дадете смисла на животот, тоа вие претходно самите си го напишавте, дека животот без деца нема смисла. Немам јас проблем со мајка што родила дете затоа шта самата сакала, имам проблем со мајки што упорно пробуваат да предомислат девојка што не сака да биде мајка, а целава тема се претвори во таков обид.
Јас лично не би му раѓала деца на 28-годишен, а доколку членката нејќе да ја прекине врската, годините се добар повод да одолговлекува.
Јас не сум девојка ( фала на комплимент ). Прими сочувство за мајка ти! Ова не е “ голем “ пост туку долг пост ( морав да те исправам ). Дај Боже ти и секоја една да е среќна жена како мене ( од срце посакувам, а сите оние од форумов кој ме знаат и приватно ќе ти кажат дека е најубав благослов кој сум ти го дала ). Само едно не посакувам, да ниедна жена која сака деца да не го иде мојот пат! А, исполне та сум до толку што дури можам да споделам и со тебе! Ела бујрум кафе пијам ( ете кафеџики и ноќе пијат кафе ) кога ќе им се подразбуди дете па ќе им помине сонот и се релаксираат на фемина, а некад и револтираат кога ќе прочитат фрустрирачки феминистички постови! И така информативно ме интересира каде во моите два поста, а и во моите досегашни над 2000+ поста имам изјавено дека животот без дете ми немал смисол? Секоја една жена може да каже дека кога станала мајка за прв пат ја запознала вистинската смисла на зборот сакање/љубов, а дека и дало дете смисла за живот? Зашто таа планирала да се самоубие / да си се удави у вц шоља зашто јадна животот и бил без смисла и непотребен! Ј’зк на животот! И оппппппп тест позитивен и олаааааа затварај капак од вц шоља нишо ќе живеам зашо тек сеа ми има смисла животот! Озбилно? Абе кај растевте вие слични на тебе со размислувањава? Абе кој ве растеше? Одете во темата Вештачко оплодување и ако од толку поста од толку жени, лавици, жени борци со години, наидете на таква реченица : животот ми нема смисла без дете ! Дојди па ќе дебатираме и ќе ти кажам : Да, во право си! Срамота бре и да се однесува на тие мајки кој ја убедуваат девојката сеедно е безобразно и дрско! Дрско е на секоја една мајка да и се посереш на мајчинството! По ружно нешто не постои! Твоето претходно излагање и формулирање на постот беше дрзок, навредлив и одвратен во секој аспект за секоја една мајка ! И како што реков .... помислете на своите мајки па после серете им се на другите мајки за мајчинството! Сепак секоја една заслужува од култура да се извиниш за толку навредувачки пост! Добра ви ноќ! И душата на човекот е многу по чиста и по здрава кога е чиста и со убави и чисти мисли! Сонувајте убаво и мирно, живејте со полна плуќа и посакајте им го на другите она што вие го посакувате за себе! Сакајте за да бидете сакани и најбитно е да сте ЧОВЕК во душа.
Сите сме себични на некој начин. Мојата животна замисла не вклучува дете и потомство. Премногу сум егоцентрична за да ја жртвувам слободата за родителска улога која не ме исполнува. Родителството бара трајни обврски, одговорност и посветеност што не можам да ги поставам пред себе зашто на тој начин станувам себична кон себе. Звучам егоистично, но искрено и не должам објаснување и оправдување како што не ги деградирам ни оние што се изјасниле дека врвот на остварувањата се децата. Животот треба да има некаква смисла, само да не биде наметнато прифатена за сметка на личниот избор на поединецот.