па што да праат друго,мора со нешто времето да си го исполнат. И јас шетав дур немав деца,шетам и од ко имам деца. Мене децата ништо не ми менуваат.
Искрено не знаев дали да ти пишам или не зошто некако успеав да се ставам барем за момент во твојата ситуација и имам претстава за товарот кој го носиш од оваа ситуација. Од една страна дали да ставиш крај на нешто што трае од средно училиште и да се разделиш од човек кој те разбира потполно а од друга страна пак да направиш нешто за кое и самата чувствуваш дека сè уште не си спремна. Зошто не сакаш да имаш деца и слично тука нема да навлегувам во тоа, тоа е лично твој живот. Но, ќе мораш да се обидеш да постигнеш некаков компромис со него. Ама и ти треба исто така да бидеш спремна на отстапки доколку сакаш да постигнеш нешто. Зошто тоа е всушност компромисот. Каде и двете страни прават отстапки од нешто за да бидат и двете страни некако задоволни. Ако ти лично не си спремна на компромис и ако дечко ти за ова прашање не е спремен на компромис тогаш ќе биде најубаво да си одите по својот пат. Само да знаеш, ако веќе сте заедно од средно и ако ти навистина го сакаш него искрено а и тој тебе и ако е сè така како што напиша во твојот прв коментар, разделбата нема да ти биде воопшто лесна. Ќе ти претстојат турбулентни времиња. Размисли исто така и за ова што го напишав и дали си спремна на сето тоа да го поминуваш. Зошто лесно е да се даде само коментар од типот на „ај остави го тогаш“ и слично. Ова е чисто мое мислење.
Безпредметно ми е да споредувам бебе и милениче. За твојата ситуација има три можни ситуации: 1. Ти да се помириш дека ќе раѓаш 2. Тој да се помири дека ако остане со тебе ќе нема деца 3. Да се разделите (што според мене, последново е најбезболно) @Cinnamon Bun @nextredstyle колку за инфо, на психолог одат и комплетно здрави личности. Еве јас лично за мене ќе си кажам, дека ако во некој момент се доведам до ситуација некого да не можам да поднесам, јас би одела на психолог за да пробам да го најдам коренот на проблемот кој ми ја труе душата и да видам дали тоа е основано или не. Не знам, еве ми има разлика меѓу: не сакам да раѓам и не можам да поднесам деца. Првото ми е ок, второво не.
Не знам зошто ги мешаш поимите - жена која сака да има дете, а не може и жена која не сака да има дете, а најверојатно може?! И што мораш да маваш со дрва и камења по луѓе кои имаат став дека детето не е се на светот, да пишуваш долгометражни постови за нивното растење и воспитување?! Јас не чувствувам одбивност кон деца ама има една стара поговорка која вели - некои луѓе се подигнуваат од деца, некои се закопуваат! Затоа, остави секој да си го направи својот избор! Многу е убаво додека се мали и слатки под наша закрила, ама не се се такви. Некои родителите и во гроб си ги тераат со нивните глупоштини кога ќе пораснат. Има луѓе кои сакаат да се поштедат од вакви работи. И тоа треба да е ОК за сите кои не сме засегнати.
Јас пак сакам бебиња, деца ми се повеќе одбивни. Што нема врска затоа што и многу ми го топат срцето колку се слатки. Јас кога ќе помислам да бидам мајка, не гледам ништо убаво во тоа да сакам некого ТОЛКУ многу колку што една мајка сака нејзино дете. Да се секирам секоја минута од мојот живот за нечија состојба, да минувам низ неговите фази во животот, посебно пубертет. Не. Ноуп. Да не зборувам за самиот процес на бременост... Ако некој не гледа поента во живот без деца, јас не гледам поента да израснам дете кое да речеме еве ме исполнило, и пораснало, се сели за да оди на факултет, си основа живот далеку од мене. Што потоа? Ќе го гледам два пати годишно. Тоа ми нема поента. Би се чувствувала 10 пати повеќе сама отколку да не родам дете воопшто.
Тууу штета, да сме се знаеле барем од порано , да се замениме...оди ти живеј со моите, татко ми нека те тепа во текот на цело детство, да имаш забрани за многу работи, контрола над глава , стресови по дома и слушање критики за се.......Најмногу им е криво зошто работам на аеродром, ко требало да бидам ДОКТРОР како сите нормални учени луѓе. Епа фала им на љубовта на такви родители. ОДИ ТИ ЖИВЕЈ СО НИВ И САКАЈ ГИ. Ај да се напијам кафе, немам намера да ми се качува притисокот од сабајле ко зборам на тема РОДИТЕЛИ Едит : само да дообјаснам, кога зборувам за забрани од нивна страна, буквално ко во затвор, на школо, дома , седи да учиш, оди на додатни часови за да се пополни време, забрани од типот , немој да се дружиш со тоа и тоа девојче, од сиромашна фамилија се,,, оди дружи се со на тој и тој адвокат ќерка му....... исто и ко фатив дечко прв пат на 19 години, лелеее од кај го најде, па тој сиромашен, оди најди богат дечко. И уште триста глупости , јас со кој сакам ќе се дружам, не може моиве да ми забрануваат за се.
10 години заедно и покрај тоа што не се движите кон една иста насока? Сосема различни погледи за така битни прашања. Мене ова ми нема логика. Кога веќе сте со цврст став и двајцата тогаш не гледам зошто сте се уште заедно. Нема потреба никој да се прилагодува кон некој друг и да исполнува нечии желби. Крајот е најдобро решение за двајцата. Се понатаму би било измачување дали за едниот дали за другиот. И да продолжите заедно кога тогаш ќе пукне. Не сте личности од 18 години па допрва да ги менувате своите сопствени погледи, цели и насоки по кои би го граделе својот животен пат.
Ова. Ова е најчесто причината зошто некои не сакаат да имаат деца. Ама немаат храброст истото овака јавно и гласно да го кажат, туку се кријат позади маска на финоќа и се навредуваат кога ќе им кажеш дека се егоистични личности кои не сакаат да се жртвуваат за своето потомство. Секоја чест на тебе што имаше храброст да го кажеш и да застанеш цврсто позади својот став, без притоа глумејќи некој лажен морал и преставувајќи се себе си во најдобро светло, како што е обичај на форумов. Јас не судам и ја почитувам секоја одлука без разлика на тоа дали се сложувам или не со неа. Различни цели и желби се причина за среќа кај различни луѓе. Секој е кројач на својата судбина.
Семето синапово на најјако, ах бе Ајде уште некое посакување да си дочекаме, т.е. thoughts and prayers што викаат Американциве, па ќе рипнеме уште утре на некој да нѐ оплоди, можете вие тоа. Продолжи секоја реченица да ја завршуваш со извичник, многу убедлива те прави да звучиш.
Значи мора да сум егоист и себична штом не сум сакала деца да раѓам, ама важно не постои себичен и егоистичен родител? Ајме мени, мислам, повеќе сте потресени од кризата на Блискиот Исток Некако ептен навлезени во филм на родителство-божество Де тејк ит изи, раѓајте по 10 на ден, не заборавајте и да ги воспитате исто така, и тоа викаат било важно, а оставете нè нас да сме си ненормални Како да морало човек да се правда
Голема работа кој зошто не сака да има деца. Јас сум себична, Цветка не сакала пелени да менува... многу небитно за да се зацврстуваат морални вредности околу тоа.
Мене ми личи дека ти уствари само сакаш овде да кажеш и покажеш колку уствари мразиш деца. Пошо да ти беше проблемот шо да праиш, јасно ќе ти беше до сега. Неќеш деца неќеш, твое право. Тебе те вреѓа секој збор против тебе, ама твоите зборови не треба никого да навредат, во случајов деца, што и ти си била. Јасно е, секој по свој пат. Никој не треба да живее живот кој не го посакува.
Токму поради искрената суровост ме доживуваат како чудна и несфатлива. Луѓето се кријат зад маската на отворен разговор, а кога ќе слушнат поразличен став почнуваат да коментираат со навреди и осуди. Храбро ги кажувам мислењата и стојам зад нив по секоја цена. Не функционирам по стереотипи. "Специфична" сум за многу работи, ама убаво ми е во своја кожа.
Ja citam temava i moram da se vklucam vo debata. Sekoj ima pravo na svoj izbor i ima pravo da si zivee so toj izvor do krajot na zivotot. Ne poznavav licnosti sto svesno odlucile da nemaat deca, do pred 6 godini. Zenata sega e vo svojata 75 godina i dlaboko se kae za toa, no sega i e kasno. Koga i da dojde na gosti malovo koga ke otide kaj nea mislam dusata i se ispolnuva za moment. I na odenje so solzi vo oci kazuva kako e sama. Licno jas nemozam da se zamislam bez dete.
Темава како што е поставена не е дебата за дали некој сака деца или не. Туку што кога имаат различни желби партнерите и како да е постапи во таква ситуација, значи е многу јасно и концизно поставена од страна на членката. https://forum.femina.mk/threads/Брак-без-деца.1650/ Еве тема каде што може да кажете мислење за немање/имање деца, овде задржете се на ситуацијата за која се бара совет. Понатамошните мислења и цитирања ќе бидат префрлени во соодветната тема.
Како бе порано функционирал и брак и се? Каде? Ете ајде објаснете ми како го замислувате тоа функционирање, оти јас не знам ниту еден постар брачен пар од моето окружување, почнуваајќи од моите родители да имаат среќен брак. Не дека имаат лош брак, ама немаат среќен, ниту баби и дедовци, ниту родители на другарки. За мене начинот на кој сите овие функционираат не ми е начин да имаш среќен брак. И зошто да не правиме проба? Баш затоа што е еден треба да пробаме што ни одговара, а не да го живееме според некои си принципи на нормалното. Арно си знаат младите денес, не ти одговара, ти било убаво, веќе не ти е, не прави нешто кое сакаш да го прави, молим лепо развод. Подобро да се разведам и да си барам нешто што ме исполнува отколку да остареам исфрустрирана ради тоа што е нормално, а што не е. Ако некој не сака деца сега и ако му е одбивна помислата на деца воопшто не е ненормален туку едноставно знае што сака, знае што го прави среќен и го први тоа, еден живот имаме зошто да го поминеме исполнувајќи туѓи очекувања. За потомство и опстанување на човечкиот род нема да е проблем, верувајте , оти и така ние што веќе постоиме како што сме запнале нема уште долго да има каде да расте тоа потомство.
Јас не знам кај живеете вие, али денешниве деца се повеќе и повеќе страдаат од депресија, анксиозност, тек па колку само корисат полесни и потешки дроги. Моја блиска роднина работи во лабараторија, ако ти напишам кај колку деца искача позитивен тест на дрога коса ќе ти се крене. Ај тоа, колку само абер немаат што нивните деца прават сеа, колку само има недостаток на комуникација, деца изнесени на погрешен пат, ама така е, најголем дел се одговорни и посветени родители. Леле куку мајко. Коа ќе почнете вака во гените ни е тоа, неарно ми станува жими мајка. Пошто други раѓале и раѓаат, мора секој човек да остави потомство нели? Во гени на некои луѓе има генетски код кој резултира со стерилност, па не гледам некој да ја величи генетиката. Ти во генетика имаш ген за да ќељавиш, ај биди горд на тоа. Некој друг има ген за канцер на колон, па исто не гледам да е горд оти тоа си го носи во себеси. Олабавете малце со тоа гентика, предиспозиции за раџање и историја, или ако давате акцент на нешто, опфатете го целосно со сите врлини и маани. Значи тоа се опциите. Или да родиш или Ајнштајн. Инаку не оставате трага во светов, егзистенцијата ваша е небитна. Луѓево кои не сакаат деца а и не се ете толку по наука и кои сакаат комфорен живот без многу навлегување во наука нека се рокнат. Не оставиле трага, не вредат. A ова па е најмала причина за некој да роди. Национализам. Како да ти кажам курот ме заболе мене дали ќе изгинеме како нација или не. Со што мене оваа држава ме поттикнала да родам дете? Со кампања за трето? А услови? Со плата од 200 евра? Со мито и корупција секаде? Со тоа што ако немам кредит да фрлам илјадници евра по приватни клиники може сепса да фатам во државна болница од ќебе од ЈНА? Со тоа што ако ми го згази детето утре некој на улица ако мама и тато се блиски со премиерот да си шетаат на слобода? Што ако ми се разболи ќе треба донации по фејсбук и форуми да збирам? Таа држава ли да ја наградувам? Коа мочкава од држава ќе ни даде малку услови за живот, тогаш може да ја сакам и да се борам за "неа" а дотогаш никогаш, ама никогаш нема да помислам дека изумираме како нација и тоа да го валидирам како аргумент. Ептен сте ми интересни значи, ептен. Јас почитувам све тоа да не раѓаш, ама си идеш против генетиката, против државата, против човештвото, против ова, против курци. Ако почитувате некоја одлука почитувајте ја до крај. Со вакви коментари одлука не се почитува.
Да,одат и здрави личности. Членката спомна одбивност и дека не може да поднесе деца.Многумина велат така. Дали треба сите да се сметаат за ненормални? Не! Конкретно,членката не спомна дека ептен презира деца,па да добива известувања дека е ненормална и дека мора да оди на психолог/психијатар. Не ја познаваме.Веројатно си има нејзини,силни причини зошто чувствува одбивност.Не е тоа од туку-така.
Викендов изгледа не ми беше доволен што се изнаслушав селски муабети во стилот на кој што како направил и што ќе правел и како тоа било срамота. Отварам фемина - иста ситуација. А јас пак мислев тоа го има само у мое село. Што се' се изначитав,мене срам ме фаќа од глупоќата на некои луѓе. Добро бе луѓе кога ли ќе сфатиме дека секој живее како што сака и прави што сака и дека не треба да биде осуден поради тоа. Сакаш да родиш дете? Бујрум роди,твое си е. Не сакам да родиш? Сосема е во ред и тоа ако не сакаш да родиш. Според мене подобро е да си свесен и да знаеш дека не сакаш да родиш, едноставно знаеш дека нема да те бива во таа улога, отколку роди го детето, па заеби го како личност - битно потомство оставил. Знам мал милион примери на луѓе кои не се способни сами да се гледаат, па тие гледаат дете. Сега брзо имаше случај каде што и невестата и зетот беа лиѓе со посебни потреби (по 20-тина години) и нивните семејствата им прават свадба како се' да е најнормално и после некое време од овие двајца се раѓа дете. Во ред е ова? Јер нели сите треба потомство да оставиме и луѓето да не не' зборат. Јер срамота е. Има родители (пример како тие на мм) кои што сметаат дека детето им е спас и треба да им овозможи лагоден живот ,пошто тие во младоста го немале- не биле способни, јер тој е нивно дете и има таква обврска. Многупати мм ми вика порано ни на одмор сум одел,ниту пак сум живеел на убаво место. Откако почнав сам да работам почнав да живеам вака. Ова се добри родители? Има родители (како моите) кои свесно планирале деца, па мајка ми ме родила тек на 35 години , кога веќе биле спремни заедно со татко ми,се да ни овозможат мене и на сестра ми. Никогаш ништо не ни фалело и од се сме биле задоволни. А да не правам споредби во однос на воспитувањето . Светлосни години. Муабетот ми е ... Не се станува родител само со раѓање на дете. Најпрво родителот треба да биде свесен и спремен психички и финансиски, па потоа да се оствари во таа улога. Во нашево општество за жал многумина (читајќи по форумов) ,не се запознаени како точно се прави дете,како се останува бремена,па додека сфатат останале бремени. Други под притисок на домашните и општеството брзаат што побрзо да се остварат како родители,без притоа да размислат какви одговорности носи тоа само по себе. Жално е и трагично е... И кога сме кај домашните миленици. Вчерашна ситуација: Го гушкам моето кученце и роднина ми вика, не куче, дете треба да гледаш. Фак ју... Абе човек, жал ми е за тебе, жал ми е што толку малку го користиш мозокот,жал ми е што ти недостастува толку љубов. Жал ми е што не ги гледаш миленичињата како што ги гледам јас.Еден ден,само еден ден ,да ги погледнеш со мои очи, животот ќе ти биде многу поубав. Верувај... А ова важи за и за сите што искоментираа за нив.
Не ми се верува дека некој предиспозиција за раѓање ја поистоветува со ген за ќелавост. Што се не ќе прочита човек. А што е ако не ни е во гените? Па размножувањето е клучно кога е во прашање продолжувањето на својот род. Замисли сите да решат сега дека нема да раѓаат, или пак да се случи нешто каде нема да може повеќе да се размножуваме. Па знаеш ли каква дистопија ќе се случи? Children of men и The Handmaid's Tale даваат добар одговор на ова прашање. И ова за платата и условите кај нас не ти држи вода поради тоа што има далеку по отепани земји и од нашава каде што напротив, природниот прираст е поголем спрема напредните земји. Баба ти Донка ќе ти се отепа од смеење кога ќе и кажеш дека немаш услови за дете, а она истата раѓала и чувала деца во Светска војна, во чуми, болести, каде луѓето умирале од обична настинка. Условите воопшто не влијаат за тоа дали и колку деца ќе имаме. Напротив колку е подобар quality of life репродукцијата е помала. И затоа овие високо напредни општества се трудат со сите сили и програми да го стимулираат наталитетот. Ова е бела чума на 21виот век. И на крај краева, го заболе кур некој ако сакаш или не сакаш да имаш дете од било која причина. Општеството ќе те стимулира секогаш да имаш дете па дали живеела кај нас или во Германија. Бенифитите на луѓето во брак секогаш ќе бидат поголеми од оние кои се решиле да останат сингл или да немаат дете. Ќе си плаќаат повисоки даноци и секогаш ќе бидат поинаку третирано од општеството. И не, не мора да се Ајнштајни за да им има смисла нивниот живот, може ете да посвојат едно дете кое е останато без родители доколку нејќат да раѓаат и да му пружат него живот каков што заслужува. Или пак да помогнат во сиропиталиште, во едукација на деца, во старечки дом или било каква работа од која општеството ќе има бенифит од нив. Бар, ако сакате да бидете прифатени и вашата одлука да биде прифатена. Ако не сакате и ве боли кур за општеството и нацијата и за сите луѓе околу вас и сакате да водите живот со 10 мачки, водете, никој не ви брани, но немојте да очекувате дека и другите ќе ги боли кур за вас.