Па не е мој да му речам остани а не ми е ни сеедно да го гледам како ќе замине .. Ќе ја прифатев реалноста да знаев дека не ме сака,а имам толку многу надеж во мене и згазено его - признаена љубов.Зарем не вредеше?Што треба да правам сега?Да илезам со некој си друг "совршен" дечко кој ќе ме чува ко око,да глумам среќна со него од ИНАЕТ?За инат на сите?Само затоа што "така ни било судено или така требало да биде?"......Па не верувам во тие паганарии.Би направила се за да остане ама дали вреди, можеби она моето се со цртка горе е она погрешното?Што е правилно а што погрешно кога што и да направам без него нема да сум среќна...
вака сега јас не ја знам причината зашто тој си заминал али ете ти сама си кажа дека без него нема да бидеш среќна што во превод значи девојко не дреми по форуми туку земи и пробај врати го, немој да се тешиш дека не ви било судено туку земи и преземи нешто, ако го сакаш навистина не давај да замине туку така, а тоа да одиш со некој од инает тоа никако не ни помислувај. Позз, и ти посакувам мн среќа и да го вратиш нели !
Пробав да го задржам. Пробав да му покажам колку вредам. Пробав да го натерам да сфати, но јас сфатив дека не можеш против туѓата волја. Кога само едниот се труди толку од врската. Мене преку глава ми дојде од тоа што само јас се трудев и само јас бев таа што по цели ноќи не можеше да спие од што мислеше на него и на тоа дали е со некоја друга. Не дека сега ми е подобро, но ќе помине.
Мм ( тогаш дечко ) неколку пати си заминуваше и се враќаше . Јас го сакав и секогаш ја повторував истата грешка . Последниот пат , јас си заминав . Требаше да биде последна разделба , се додека по спој на околности не ми го спаси животот . Тогаш ме гледаше како никогаш предходно . Рече веќе си моја и не те давам на никој . Не те оставам сама веќе . Размислив и сватив колку сум те сакал и колку сум грешел порано . Прво не сакав , негодував , реков не попуштам веќе , ама ме убеди дека е сменет и му дадов уште една последна шанса . Денес ми е сопруг
Сфатив дека сум жив и здрав и во добра и лоша врска. И кога напуштам и кога ме напуштаат и кога ме изневеруваат. Сфатив дека тоа си нема никаква врска со животот туку е само еден сегменет. А причината да сфатам беше еден куп крш врски. И сега кога сфатив подобро е. Се е само една убава лекција и мило ми е што сум поминал низ сите нив.
Истото ова и на мене ми се случи. Буквално сега исто размислувам како тебе,но за жал знам дека нема назад,дека нема да се врати и морам да продолжам понатаму. Ме погодува и ме боли самата помисла дека некого вистински сакав и дадов се за да се изгради добра врска а таа се сруши како кула од карти. Сега секој нареден ќе го споредувам со него и искрено не знам дали ќе се поврзам толку, а доколку тоа сепак се случи ќе се плашам дека ќе бидам оставена пак. Сепак сум оптимист и се надевам дека иднината следен пат ќе ме поштеди од вакво разочарување.
Кога си заминува Срекен му пат ! Како што би рекла Саманта од Сексот и градот : Кога си сингл цел свет ти е како Шведска маса
пред неколку дена се разделивме по негова иницијатива ( неможам да сум со никоја тежок период разбериме те молам бла бла бла).. сите што не познаваат двајцата ми викаат да се трудам да го вратам као вредел... јас никогаш не сум се трудела за некого ако не сака да е со мене океј чао аманекако ме замислија коментарите од блиски луѓе па сакам и неутрално мислење.. а човекот стварно вреди ама немам ни идеа како да се трудам за него.. што можам да направам за да го вратам?
Мора да има причина зошто ти раскинал. Ако немаш никаква вина и сака да е слободен тогаш немаш што да го враќаш, ако сака слобода дај му ја, па ќе видиш како ќе реагира по некој период.
Па ако вреди и ако е толку добар и фин, би кажал барем причина би споделил нешто со тебе, а не само ''тежок период ми е'' како демек на тебе животот ти е бајка, па само тој има тежок период, но ок ајде да речеме така е, ако е период ќе ти се врати по некоја логика нели? Ако не се врати во скоро време и не ти пише, и се изгуби туку-така да не речам, како кукавица , сам си дава одговор дека не вреди, а коментарите од луѓето не се важни, верувај или они подобро го познаваат од тебе? Гледај дела, не зборови, денес секој за секој збори како му одговара, може е фин и вреди навистина, ама зарем вреди некој што туку-така вика имам тежок период? Тебе животот совршен ти е ? Jас да сум на твое место, би го чекала некое време, ако и тогаш не пише, нема што да се замараш.