1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога ќе го изгубиш сопственото Јас?

Дискусија во 'Психологија' започната од supersonic, 12 октомври 2010.

  1. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ја започнав темава затоа што на форумов најдов слични теми, но сепак ниедна не можеше комплетно да се совпадне со она што ме мачи. Како 15годишна девојка не сметам дека е ова е период каде треба да се доживуваат депресии, да се поминува низ целата таа мачна фаза околу несигурностите и комплекси, но мислам дека дефинитвно ми е потребна помош затоа што оваа агонија ми трае веќе неколку месеци!
    Се започна кога се префрлив во гимназија. Скоро истите школски ми се како тие од 8мо, само што има и некои од другото друштво кајшто сме заедно. Мислев дека кога ќе почне првава година, дека ќе доживеам некоја промена, дека конечно ќе престанам да ги анализирам работите толку, дека ќе се сменам и ќе почнам повеќе да уживам во животот. Наместо тоа, еуфоријата ме држеше првите 2 недели, потоа нагло работите тргнаа по надолна линија. Кога ќе погледнам околу мене, старите школски веке ми изгледаат променети, си имаат дечковци и другарки со кои си поминуваат најубаво, кои им се верни, се надградуваат себеси и се самоуверени додека јас од друга страна сум во тој клас каде се т.н кремчиња и секаде околу мене гледам лицемерки и лигави фаци. Постојано читам за уникатноста на секоја личност, како треба да си останеме свои, но јас се чувствувам толку изгубено во срединава, како да не можам да се вклопам, во нивите заебанции и општо меѓусебните односи. Тие се дружат со многу души кои мене ми се непознати, па дури и кога се поздравувам со нив осеќам дека ме гледаат на криво како да има нешто што ги одбива од мене. И за беља, секогаш ама баш секогаш кога некој ме избегнува, правам се за да се зближам, им угодувам, трчам по нив.. било што би ги натерало да ме прифатат. И знам дека правам грешка но не знам како да се сопрам!! Едно време се мислев дали ке пали ако почнам да се понашам како една моја ‘‘другарка‘‘ која со сите е добра и фина, лизна-мазна, а всушност е тешка кучка која не знам колку лица има! Таа секогаш кога се здружува со некој, им угодува и им го храни егото за на крај да го удри ножот. Дали тоа е начин за да се постигне тоа што се сака? :^)
    И друго што ме тера да се осеќам како да сум прав чудак - досега не сум имала дечко. Не дека сум од оние запуштените со празни тикви, ми се пуштале но секогаш тоа ми изгледало како избрзано, вештачки, што знам.. Се прашувам кога еднаш ќе се појави некој што ми покаже зошто ништо досега не функционираше. :|
    Се сеќавам на моменти кога сум привремено среќна, кога сум расположена, кога сите се вратат околу мене (затоа што кога си потребна сите те сакаат). Но сега сфаќам дека се било лицемерно и дволично.

    Не знам веќе што да правам - дали да се однесувам како што јас си замислувам и како јас се чувствувам или постојано да се прилагодувам на нив?! Како да зборува странец кога ќе отворам уста или кога ќе направам нешто. Едноставно сакам да се чувствувам пријатно во својата кожа и да не се замарам кој што кажал или помислил за мене. Сакам да бидам самоуверена и да си ги постигнувам целите без страв од тоа како ТИЕ ќе реагираат. Сакам да се вклучам во реалноста каде ќе го доживеам животот каков што навистина е, суров или прекрасен. Сакам да го прекинам овој зачаран круг во кој се вртам веќе извесно и да почнам да си бидам ЈАС!

    Што да правам??
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Ова ти е минлив период, во тие години секому му се случува да се чувствува изолиран од средината. Пубертет е во прашање, комплекси, депресии, испади, незадоволство... сосема природна работа кај секој млад човек. Не си ги оптеретувај мислите со такви банални работи, преминот кон подобро ќе се случи и без да забележиш. Мене според постот ми остави впечаток на многу пријатна и разумна девојка. За жал во животот ќе наидеш на многу разочарувања од луѓето, но тоа не треба да те обесхрабрува. Биди љубезна со сите, а претерано блиска со никого. Дружи се, излегувај, флертувај... можеби не си спремна за дечко, ама нема да е на одмет да експериментираш малку со машките. Танцувај со еден, бакнувај се со друг, искористи си ја младоста максимално. Јас се би дала да можам да се вратам во тие години.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    знам се тоа, но се чувствувам како се што правам да е погрешно, дека сите се забавуваат и живеат подобро од мене.
    Како да дошол тој темен облак над мене и не сака да си замине! Не знам како да се повратам во нормала и се сомневам во се што правам :(
     
  4. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    сега сте на почеток, сеуште не сте запознаени добро сите, не се познавате, во овој период освен тие што претходно меѓусебно се знаат, сите имаат погрешна слика еден за друг, таа слика со времето ќе исчезне и ќе се види вистинското лице на сите, немој да се грижиш, кога-тогаш ќе ги препознаат твоите квалитети, а во меѓувреме спомна дека си имала добри другарки до осмо, па зошто не излегуваш со нив сигурно не би му пречело твоето друштво, ќе те запознаат со нивните соученички и супер би ти било, додека да се зближиш со твоите соученички, а во случај ако не ти се допаѓа класот, па зошто и да не се префрлиш во друго училиште, каде што повеќе ги познаваш учениците и каде што сте во подобри односи , а во секое лошо има и по малку добро, барем ќе научиш како да стоиш на свои нозе, без некој "пријател", кој потоа тоа ќе ти го набива на нос
     
  5. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Кике, кај мене и не е толку проблем друштвото..
    Во насловот убаво појаснив дека имам проблем со самодовербата односно не можам да сфатам која сум и како би требало да се однесувам спрема околината. Што и да направам не им се допаѓа на некои, доколку си угодувам самата себеси се осеќам виновно затоа што сум егоистична. Едноставно не знам како да ја пронајдам таа средина и да се чувствувам среќна. Како да сум затворена во овој аналитички свет и никако не можам да се повратам во нормала.
    Затоа барам совет од оние кои поминале низ ова (а сигурна сум дека се повеќе) и успеале да ‘‘испливаат‘‘ :))
     
  6. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    Бидејќи целосно се пронајдов во твојот пост ќе ти кажам вака..Кога дојдов прва година гимназија,бев пресреќна и мислев дека ќе стекнам нови пријателства,друштва дечко...но проблемот беше што уште во летото го изгубив моето јас поради тоа што неможев да се вклопам во средината на моите другарки поради тоа што сите имаа дечковци,секоја вечер со нив си излегуваа,а кога јас ќе испаднев со нив се чувстував мизерно,кога ќе се бацеа ми гореше душава,не дека бев љубоморна туку сакав да се вратат тие стари времиња кога си бевме ние и само ние...
    Сепак ќе кажам тоа е период,си сменила средина,си пораснала,размислуваш по возрасно,девојчињата се менуваат најмногу во преодот од основно во средно училиште...пубертет,комплекси итн...
    А за твоето јас ќе мораш ти самата да поработиш,веќе кога еднаш си "долу" не е лесно да се качиш на врвот...во никој случај да не им удоволуваш на твоите другарки и никогаш немој да трчаш по нив,а и по никој.Штом ќе те научат ќе те користат,луѓето се такви-им даваш прст, ти ја земаат раката.
    Биди своја и прави тоа што тебе ти одговара.На пример. ако сите јадат тост,ти купи си кифла,ако сите носат штикли на вечер ти облечи ниски чизми во кои ќе изгледаш прекрасно,кога твоите другарки ќе излезат со дечковците придружи им се и биди ведра и расположена,а не тмурна и депресивна.
    Не прави го тоа што не го сакаш,не биди туѓа копија,зошто никој не те жали душо...Гледај да си го поминеш денот убаво биди горда и ќе видиш како полека ќе се вратиш во форма.. поздрав! :*
     
  7. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас се пронајдов во нешто од постов. Ќе ти кажам само немој да гледаш другите што прават, зашто многу ќе згрешиш. Немој да се раководиш по она „ ако сите го прават тоа зошто не и јас“ , зашто не само што ќе го изгубиш сопственото јас туку и ќе станеш дел од „толпата“ каде што сите се како копии едни на други, без разлика за што се работи ( однесување, облека итн). Прави како што ТИ мислиш дека е правилно и како што ТИ сакаш, а не како што некој друг би сакал и немој да се грижиш што ќе речат или ќе помислат другите, дали ним би им се допаднало тоа или не, зашто ти си имаш свој живот кој само ти можеш да го водиш. Немој да се грижиш што, ете, си „ различна“ од другите, верувај и јас бев таква, но денес се гордеам што не станав како мнозинството. За имањето/немањето дечко не се секирај, се во свое време ќе си дојде, кажувај го и прави го она што Ти би сакала да го кажиш или направиш и однесувај се онака како што Ти сакаш да се однесуваш. Немој да се изгубиш себеси пробувајќи да бидеш некој друг - немој, биди она што си и прави онака како што сакаш само ти, не дозволувај поради некои други на кои и не им е гајле за тебе да си го уништуваш животот и да бидеш несреќна, едноставно не вреди. Биди своја! ;)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    А да се промениш како тебе ти е убаво?
    Да правиш некои работи што тебе ти годат.. Да се нашнкаш убаво, да се средиш за да кога ќе се погледнеш во огледало да кажеш Ех, ама сум убава! .. Си немала такви моменти?
    Јас искрено, не сум самобендисана, ама некогаш се случува пред град кога ќе искочам ќе застанам во огледало пола саат се средувам и на крај ќе си прокоментирам, убава сум!
    И ти така, ти советувам.. Имај си во глава дека си убаво девојче..И само тоа во глава да ти се врти.
    Почитувај се прво самата себе си.
    Ако не се почитуваш самата себе, џабе што другите те почитуваат :wasntme:
     
    На HoneyBun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    за со друштвото ти споменав, затоа што, од таму ти извира проблемот, губењето на тоа што си, незнаењето што да бидеш, јас само се обидов да ти кажам да бидеш тоа што си, со тие што веќе ти значат, а се останато ќе дојди со времето.
    Да си угодуваш себеси и не е толку страшно нешто, сепак живееш за тебе, а не за другите, секогаш треба да правиш онака како што прво тебе ти одговара, а потоа на другите, како и да е другите сигурно не би мислеле прво на тебе а потоа на нив, тоа може само твоите родители, а од другар тоа не го очекувај, во никој случај не ти велам да бидеш дволична како другарка ти, ама секогаш на прво место треба да си бидеш ти, а потоа другите, и пред се би ти рекла да правиш како што ти мислиш и се чувствуваш
     
  10. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Јас целосно се пронајдов во твојот пост!
    Од мое искуство можам да ти кажам, дека нема потреба да се однесуваш како некои твои другарки!
    Биди си оригинална, секогаш кога имаш шанса, истакнувај го твоето мислење, макар било тотално спротивно од нивните мислења!
    Немој да филозофираш, зошто околината е таква....едноставно таква е, полна со лицемери, одбивност, тоа било и ќе биде! И немој да мислиш дека си некој вонземјанец, зошто не си! Реално размислуваш, и нормално за твоја возраст, а тоа не те прави чудак верувај! Само опушти се, наполни се со самодоверба, и проблемот ти е решен!
     
  11. Koral

    Koral Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    5
    Хмм, ги прочитав сите одговори од девојките и сите се прекрасни што само се потрудиле да ти напишат што мислат за проблемот и како да ти помогнат да го надминеш. Мислам дека само една порака да се обидеш да ја разбереш во сржта ќе ти го промени животот. Но, полесно е да ги потврдиме работите што ни изгледаат логични, а потешко е да им ја разбереме суштината.

    Проблемите се потешкотии во животот и не е секогаш лесно да се решат колку и да звучи решението лесно. Ако не можеш лесно да го решиш значи дека постои некој комплекс во твојата личност. Самиот збор complex значи заплетканост, сложеност, значи нешто што бара време и трпение за да се разреши. Не сакам да луташ и да се залажуваш барајќи одговори на сите страни. Доволно е што побара помош од некои луѓе, ги прочита нивните мислења и следниот(следните) потег(потези) остануваат на тебе. Ти си уште малечко ама тоа никому не треба да биде пречка. Твојот проблем е во твои раце. Од луѓето можеш да добиеш 5% помош, останатото е на тебе. Замисли се добро над тоа што те мачи, ама без расудување, без себеизмачување и без себеобвинување, нека биде тоа најобјективно што може. Како да се набљудуваш себе си од страна. Секогаш кога набљудуваме нечиј туѓ проблем полесно го наоѓаме решението. Кога ќе увидиш што е потребниот чекор само пристапи му храбро. Слушни си го срцето што ти вика, слушај го дури и да не ти кажува ништо првите 10 минутки, ќе мора да ти каже ако имаш трпение. Кога ќе ти каже, одбери да му ги нахраниш потребите. Или ќе го нахраниш срцето или комплексите, моментот може да те промени. Срцето те учи на храброст, на љубов, на самодоверба, на безгрижност. А комплексите, пак, на спротивното: слабост, потиштеност, самодеструкција и чувство на несигурност. Најважното е да имаш трпение кон себе си. Третирај се себе си како личност, и развиј трпение. Замисли како би се чувствувал некој твој близок ако му помогнеш околу некој проблем а тој не успеал веднаш да ги исправи работите и згора на тоа ти му се развикаш и му кажуваш колку е неспособен и бескорисен. Истото е со нас самите, само што ние не го забележуваме тоа.
    I hope that this helped.

    Среќата ги прати храбрите срца.
     
    На Badii, MarchelineAmaru, HoneyBun и 2 други им се допаѓа ова.
  12. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Ти благодарам Корал. И ова го мислам од се срце! да знаеш дека твојов коментар ќе го ставам во текст документ во папка, да си го читам кога ќе ми дојдат ‘‘црни денови‘‘.
    Кај мене е тоа што постојано се осеќам како да сум на крстопат. Слушам совети од сите страни, што е добро, што е правилно, културно, забавно, ин.. И кога ќе се обидам да постапам како што кажале, паѓам во контрадикторност. Зошто тогаш велат дека кога се градиш како личност пробај да го собираш особините кои ти се допаѓаат кај другите луѓе? Зарем тоа не те прави иста како нив? И каде е тука тоа - Биди тоа што си, биди свој и уникатен, ако јас се што правам е собирање на ТУЃИ ‘‘добри‘‘ особини ?!
    И ептен се замарам како ме гледаат другите од страна, честопати си правам проекција како изгледа моето однесување од друг агол.
    Едноставно не сум среќна. Не бев кога се трудев да бидам уште една во толпата, не сум ни сега кога се барам себеси.
    Кога ли ќе ми помине периодов ?!! :(
     
  13. MalaTaa

    MalaTaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    3




    Во тотално истата ситуација се наоѓам и јас .. имав некој пријателки ( најеверни едно време .. откако се фатив со бифшиот дечко тие тотално се променија со мене ) .. и сега се околу мене се за никаде :( како во моја кожа да има некоја друга .. немам дечко а и неам пријатели ужасно сум осамена .. не испаѓам па за распустов ќе се штракнам нз што ќе биде .. а за ова погоре напиушаново од тебе ее тотално ИСТО како кај мене :/ .. уморна сум од се .. скаам да отидам на пуст остров далеку од сите малку да се рефреширам :))
     
  14. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    мислам дека оваа ти е моментлна ситуација што ке помине а твоето јас е само малку ослабено а не и изгубено :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
    На MalaTaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сонував да бидам голем човек ,сега сум само мало,кутро и збунето суштество.
    Веќе ни човек не можам да се наречам.
    Не сум веќе дете ,ми се уништија сите соништа и фантазии...
    Сонував да бидам доктор - завршив како физиотерапевт.
    Сонував да бидам позната писателна - не ми остана ни трошка инспирација.
    Сонував да имам голем круг на пријатели - се ограничив само на дечкото и двајца-тројца други.
    Сонувајќи за искреноста - добив лицемерие и отфрлање.

    На сите им сум чудна,отсекогаш сум делела од остатокот од светот и тоа не ми пречеше,секогаш имам различно мислење од другите ,но сега веќе не знам ни што мислам ни што сакам од животот.

    Ми згаснаа сите амбиции,ја загубив самопочитта...Немам желба да го надоградувам моето знаење како што го правев тоа додека бев во средно образование...Ништо не ме интересира, ништо не ме допира...

    Покрај се што изгубив,најмногу ме боли што се изгубив себеси ...
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.339
    Се судри со реалниот свет.
     
  17. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    А бе девојки што ви е бре? како може 15 години да е нормален период за депресии? Тоа е период од 20-24 та година кога созрева човек тогаш депресиите се јавуваат оти ги гледаш нештата реално со своите очи а не со розовите наочари од детството.
    Приберете се какви депресии па животот тек треба да ви започне вие уште на не сте почнале да живеете а кревате раце аман луѓе што ви е! Па јас се би дала да се вратам на 15 години па дури и на 12.Ама добро може сте во право тоа беше друго време искрено лицемерие и лигавење немаше во толкави размери како денес па и ве сфаќам искрено да си кажеме оти сега самото време е лицемерно и тие подли работи се застапени во огромни мери затоа што за жал такво е времето. Меѓутоа едно да ви кажам смодовербата се стекнува полека со упорност. Таа се учи како и се друго полека и со голема упорност. Не дозволувајте никој и ништо да ви ја земе. Да знаете дека секогаш кога една врата се затвора се отвора друга. Живејте го животот тој е премногу краток и убав за да го потрошите во анализирање и размислување од типот што би било кога би било. Живејте максумум како што вие сакате, не дозволувајте да нешто ве поколеба бидете тоа што сте. Секое зло е за добро не се предавајте и кога ќе паднете секогаш станувајте, секој удар издржете го машки на нозе со помислата дека секое зло е за добро. И не очекувајте ништо од другите затоа што само така никогаш нема да се разочарате, ако имате очекувања од другите секогаш ќе останете разочарани затоа не очекувајте премногу или воопшто. Јас престанав да очекувам оддамна било што од било кој и веќе ништо не може да ме разочара затоа што јас си сум креатор на мојот живот и ќе го живеам јас како што сакам ќе го креирам и насочувам како мене ми одговара а не да се водам од други и да очекувам дека некој ќе дојди и ќе ми исполни 3 желби. И јас имам сон и јас имам желби и сум имала и јас сум се разочарала и јас сум очекувала сум паднала но станав и можеби сеуште станувам ама не се предавам и полека полека почнав сама да си ги исполнувам желбите и да си ги остварувам сништата затоа што кога сам ќе работиш на за твоето добро тогаш и виша сила ќе помогне как ошто викаат старите и коњот силен и Господ да помогне. Затоа не се разочарувајте него учете се од грешките, зацртајте си цел, и гледајте да ја остварите ( по секоја цена но не да газите преку лешеви ) погледнете се во огледало и речете: јас сум највредното нешто на светот и ништо не е повредно од мене, главата горе и напред. И да не успеете во нешто не се откажувајте од прв пат обидете се пак и пак и пак и ако воопшто не успеете во не очајувајте верувајте дека ќе наиде нешто подобро..... и борете се за се што сакате и сонувате затоа што и да не успеете ќе знаете дека сте се бореле сте пробале така што подобро да не успееш за нешто со борба отколку воопшто да не се бориш, барем ќе знаете дека сте се бореле.
    И ајде доста депресии, животот е пред вас и еден ден верувајте ќе се смеете на овие постови. Јас по мене ви кажувам. Поздравчиња
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    криво ми што целиот досегашен живот го потрошив во залудно помагање на секого а кога ми беше најтешко никој не се сврти и не ме праша како сум, како ми е , како јас се чувствувам.. ја изгубив довербата во луѓето кои најмногу ми значеа -ме разочараа, од тие што најмногу очекував добив НИШТО! залудно сум се трудела да удоволам на секого и доцна сватив дека добрината во денешно време ретко кој знае да ја цени, колку и да направиш,за некој тоа е ништо, не се свртува ни да те погледне и да те праша како си.. што добив денес од нив ниту едно ФАЛА, ниту ИЗВИНИ, сите си го свртеа грбот и продолжија по својот пат а јас,таа, која секогаш беше тука за секого,остана сама, а сепак доволно силна и храбра да продолжи понатаму..САМА! и да,го изгубив сопственото ЈАС, но благодарна сум на луѓето кои ми помогнаа да го вратам, а пред се горда на самата себе!
     
    На MalaTaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Истиот случај и овде ,ни тоа фала не ми требаше , само да останат покрај мене и да ме почитуваат ,наместо да ми завидуваат ...Одвратни суштества !

    Славица999,навистина е така ,се судрив со реалноста , но зошто мора да биде толку мачна и сурова ?
    Зошто секогаш има некој кој не турка од двете страни кога сакаме да станеме на нозе?

    Ти благодарам уште еднаш ...
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.669
    Пол:
    Женски
    со тек на време се ќе се смени верувај.. само пази кој е до тебе пред кого колку се отвараш и не секогаш биди онаа добрата со секого..