Знаеш ,отсекогаш ми било проблем вербално да си ги изразам шувстават и тоа е една од причините што речиси пред никој не се отварам ... Тоа донекаде е добро ,но кога ќе се наталожи во мене сето ( како вчера ,кога го напишав првиот пост на оваа тема ) значи ми дотежало до неиздржливост и и да сакам ете не можам да го искажам. А за тоа кој е до мене ,скоро никој ,секој замина на своја страна ,останавме јас ,дечко ми и уште двајца -тројца другари ,но ни пред нив не можам да се отворам,тешко ми е... Многу ми олесна, денес сум доста подобра ,ми помогнаа и вашите постови но и фактот дека сеуште постојат луѓе кои се спремни да подадат рака некому ,во случајов на тотално непознат човек ... Од срце ти благодарам и ти посакувам се најдобро !
Кога ќе го изгубиш сопственото ЈАС, најдобро е прво да сфатиш дека си го изгубил ! Да не живееш по туѓото! А, тогаш да сфатиш дека никогаш не можиш да го загубиш она кое е во тебе! ЈАС - Не е кола, куќа, облека да ја загубиш. ЈАС - лежи во сите нас. Но, под разни околности се прекрило со прекривка. Во тој момент, почни од почеток, многу похрабро, многу поцврсто. ЈАС - не може никој да ти го одземе. Само пак самиот поради грешки да го `загубиш`, подобро речено да го заборавиш. Малку контрадикторно, знам. Но убавината е во тоа што секогаш можеш одново да се исправиш по патот!
немоеш да имитираш друг.. и немоеш да им угодуваш на сите.. баш ради тоа повеке ке те заебаваат и ке играат мајтап.. најдобро е да имаш насока кон тоа што те исполнува и прави срекна .. а друштвото и лубовта доагаат сами и постепено.. се надевам ти помогнав колку-толку..
Колку пати досега се имам изгубено самата себеси.Дури и во моментов не се чувствувам како да сум тоа јас.Некако не сум повеќе таа личност каква што бев порано. Онаа која уживаше во животот без разлика што и да се случуваше,онаа која не се секираше толку за мислењата на другите,која беше насмеана,ведра,го сакаше секој нов ден,која се радуваше на мали работи. И сега се смеам но повеќе за да не ме прашуваат што ми е ако сум намуртена.Многу е тешко кога сакаш да бидеш некоја личност која никогаш нема да бидеш.Кога по безброј пробувања да бидеш некој што не си забораваш кој воопшто си бил. Не можам да се навикнам на промени.Не можам да се навикнам на тоа што веќе имам 18 години и не сум веќе малото дете кое трчаше во дворот и не се замараше со ништо.Некако животот стана сложен и полн со дилеми.
Исто и јас веќе немам самодоверба некако наеднаш ја изгубив, мислам дека се другите повеќе успеваат од мене за џабе се трудам... но гледам има подобруввање
Што кога ќе го изгубам сопственото јас? Вака, моево Јас е комплексно, у смисла го сочинуваат повеќе работи нели, кои ја градат мојата личност. Па кога тие работи ми се загрозени, една или сите, почнувам да избледувам. Баш скоро поминував низ ваков период,кога почнав со факултет чувството дека не припаѓам таму владееше со мене, а претходно никогаш не сум размислувала околу тоа дали припаѓам некаде, едноставно удобно ми беше во својата кожа, не ја приметував околината воопшто..исто така и од обврски скроз се изгубив, сите интереси кои ги имав ми ги снема, од умор функционирав како робот, не правев ништо,апсолутно ништо што ме исполнува, не знаев за себе...Се прашував што ми случува,не личев на себе, бев во бунило, немав никаква мотивација за ништо... И не бев во пубертет па да си речеш разбирливо, тој период одамна го поминав, но ете обврските си го направија своето. Се одалечив од многу луѓе,затоа што ми беа вишок, неможев да излезам на крај со изгубеново Јас,па така немав толеранција за никој. Приоритетите ми беа измешани. Едноставно хаос. И моето решение: Си помогнав сама на себе со тоа што сите работи кои ми причинуваа задоволство и од кои зависев, полека си ги вратив во секојдневието, пробав да се убедам себе дека Јас сум најважна, обврските секогаш ги има и ќе ги има, и не можам поради тоа да бидам изгубена.. Престанав да размислувам за тоа што се случува околу мене,ми ја снема потребата на моменти да се сменам за да се вклопам некаде.. Си повторував дека за никој не треба да го губиш сопственото Јас и да се менуваш,и малце по малце се вратив во нормала...
Потешко е да си го изнајдеш сопственото и вистинското ЈАС. Карактерот знаеме дека со оформува најмногу во младите години, после само учиме конрола, кога и каде како да изреагираме. Најтешко е да дознаеш то сакаш навистина, каде одиш и кои се твоите цели и цврсто да стоиш зад нив, а кога е потребно да попуштиш. Велам оти е потешко да го најдеш отколу да го изгубиш, дека пронаоѓањето е мн тежок процес каде треба да си свесен кои се твои маани и недостатоци, како да ги надминеш, а кои ти се адути и како правилно да ги искористиш. Кога еднаш ќе се пронајдеш, некако не сакаш тоа туку така лено да го пуштиш. Се губат оние кои не си го нашле тоа вистинско јас. А оние што го нашле, им треба мн мн да го изгубат, а тоа е најчесто кога се чувствуваме немоќни или кога се нема контрола врз одредена ситоација во која сме подолго време, и да секако го губиме кога живееме во некоја си заблуда од која и сами не сакаме да ја согледаме и да се соочиме.
...засукај ракавите и врати го. Под итно! Човек без свои ставови и самопочитување не постои, само вегетира во општеството , се лулка на звуците што ги произведува околината. Тоа е жално... Нормално е во одреден период можеби да се почувствуваш изгубено, осамено, бледо...сепак сме од крв месо и емоции. Дозволено е, ама до граница на своето самопочитување. Се што ги надминува тие лимити, се што те прави безвреден е веќе лабилност и непочитување на она што си го градел и ќе го градиш оформувајќи ја својата личност. Не може да потклекнуваш пред се, правдајќи се дека не си силен да ја издржиш наметната ситуација. Погледни околу себе, ќе се изненадиш луѓето со какви проблеми се борат вртоглаво, паѓаат и стануваат, издржуваат... Сопственото ЈАС е огледало, ако го скршиш ќе ја изгубиш сликата на она што навистина си, а тоа е точката на прашалникот после логичното „ Зошто воопшто живееш?“. Немојте да бидете патетични, животот е убав и кога боли
Мислам дека по секое карање со дечко ми си го губам сопственото ЈАС. И кога и да решам да ставам крај на врската и тогаш кога најмногу верувам во себе, тој ќе направи нешто и пак се ќе биде по старо. Тоа е проблемот кај мене. Не можам да бидам цврста со него, кога и да ставам крај пак се враќам кај него .. Тоа го подразбирам како губење на сопственото ЈАС. Тој ми го украде, сакам да ми го врати. Сакам да можам да бидам цврста и кога ќе кажам КРАЈ, така и да биде ..
Е да ми се има случено и ова...и да бидам искрена е многу лошо чувство. Се чувствував помалку вредна,други решаваа се за мене,бев како марионетка. Но тоа престана кога си ги отворив очите и сфатив дека навистина вредам и сум своја личност одговорна за сама себе. За жал траело многу години,но сепак се освестив,никогаш не е касно.
Јас моментално немам его , како сто спомна некој погоре само вегетирам не се осекам ,тоа е страшно чуство незнаеш дали постоеш или живееш Многу лошо се цуствувам секоја ве4ер плацам .а пак кога ке ми се јави некој на телефонот правам околу 20 секунди муабет а потоа гласот ми се намалува , не се чуствувам сигурна ни кога зборувам со другарките немам осет како трреба да се комуницира. Но сето тоа мене не ми се случи од комплекси од физичкиот изглед туку по 4 годишното незаборавање на дечкото, кој ме изневеруваше многу пати но последниот ме докрајчи , читав хороскоп само за неговиот знак ,се побркувам , ги прашувам сите што хороскопски знак се за да можам да правам муабет со нив бидејки го немам моето јас бидејки не се секавам веке каква личност бев всушност ,знам дека многу ме интересирасе музиката ја обозавам музиката .Но единствена жртва бев но и уште сум жртва на бившиот.Незнам што сакам ,само чуствувам глад , потреба за во вц и спиење , жално Ве молам помогнете ми девојки незнам што да правам многу е грозно чуството ,се губам и се гушам , јас не живеам јас сум жив мртовец , како да го повратам егото и можно ли е тоа ? Има ли некои книги за подигање на самодовербата ?
НИКОГАШ нема да го изгубам моето ЈАС. Јас сум главната улога во мојот филм. Јас одлучувам и решавам за мене,а не јас да бидам играчка на туѓ живот.Имам цврст карактер и мислење...тоа што го кажувам за мене,е најдобро за мене,и јас знам што сакам,и како правам за мојот живот,а не други да одлучуваам место мене. А,доколку се случи тоа,ќе си го вратам и никогаш нема да дозволам да ја направам истата грешка.
И јас мислам дека ова е во прашање. Ама како и да е,и гледај да си правиш тоа што тебе ти одговара,а не да им ги исполнуваш желбите на другите па и на околината~ Тој што навистина те сака,ќе те прифати таква каква што си. Прави се што сакаш(освен да наштетуваш и да градиш среќа над туѓата несреќа) Гледај да си го поминеш убаво животот додека можеш и секогаш мисли позитивно.Понекогаш и самите лоши и негативни мисли умеат да не демотивираат. Покажи некој став и расчисти си со самата себе што САКАШ. Поздрав !
Излези низ град ОБАВЕЗНО заборави го прашањето што си во хороскоп,и почни да глертуваш малку девојче.
Сопственото јас сум го губела во врска каде некој ме привлекувал во толкава мерка што сум го идолизирала. Во животот сум премногу строга и секогаш доминирам, се борам и сакам се да биде по мое. Во врска каде што партнерот физички многу ме привлекува самиот страв дека може да ме лаже, дека има некоја друга и сл. ме тераат повеќе да се трудам да му удоволам во смисла и подобро да се однесувам и така во одреден момент тој ја контролира врската, а не јас... тука си го губам моето јас и сфаќам дека не е во ред и тогаш раскинувам.