Форумџика на годината

Што кога ќе го снема без образложение?

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SieraKyara, 2 ноември 2011.

  1. SieraKyara

    SieraKyara Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Се гледав со еден тип кој имаше став дека несака да влезе во врска бидејќи имал многу долга врска од која излегол повреден. И нема врска, ниту јас бев сигурна што сакам, иако типот многу ми се свиѓаше, па затоа не се изјаснив во моментот што очекувам од нашето гледање во иднина. И така продолживме да се гледаме од време на време, по некоја порака на фејсбук, по малку чат и..... одеднаш типот го снема! Навистина неможам да разберам што се случува. Пробав да исконтактирам со него, и секогаш беше ветување дека ќе се видиме кога ќе му заврши ова,па она, имал обврски итн.... и нормално не се јави. Може некој да ми објасни само што му се случи на типот? :rofl:
     
  2. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    26
    Мене ми изгледа како да вашата врска била т.н. "rebound" врска. Типот бил во долга врска, и сега зависи колку време поминало од раскинувањето. Ако било свежо раскинувањето може навистина да не знаел што после сето тоа сака. Секогаш стојам на тврдењето дека ако навистина сакаш да бидеш со некого ќе најдеш начин и време. Со самото тоа што исчезнал за жал покажува дека не бил доволно заинтресиран. Можеби моментално те чува само како резерва.
     
  3. SieraKyara

    SieraKyara Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Се разбира дека кога некој сакаш да видиш, ќе го превртиш и светот ако треба :D Типов изгледаше на заинтересиран и убаво си поминувавме заедно, но премногу мистериозен беше отсекогаш. Можеби се исплаши од нешто или пак веќе не му се свиѓам...
     
  4. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ако така исчезнал, може и да се смирил со претходната. Но барем нека ти каже. Јас би ти советувала да му кажеш да се видите и да ти каже што е работата, а ако пак извртува, кажи му во тој случај да не ти се јавува повеќе. Ако не сака средба, бар ќе знаеш на што си, а не вака да висиш.
     
  5. SieraKyara

    SieraKyara Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Тоа најмногу ми оди на нерви, што на некој начин висам и чекам од него некаков знак.... А пробав да контактирам со него, не бев воопшто нападна и секогаш тој беше оној што вика ќе се јави обавезно да се видиме. И еве уште го нема....
     
  6. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Секако дека ако е заинтересиран ќе најде начин и време,но машките се такви. Не можеме сега да погодуваме што всушност се случило со типот. Единствено би ти рекла да начекаш добра ситуација и да направиш добар разговор со него. Само така би видела на што си,само со разговор.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Нешто што ич не сакам да сфатам се ваквите особи кои кои биле во долга врска, излегле можеби повредени од истата, и долго време после тоа изиграваат Болен Дојчин...Ако, но дома во својата соба жали и прежалувај колку сакаш, но кога веќе си одлучил да почнеш нешто со некој друг, немој со товарот на грб, лошо е и за тебе и за оној другиот...Па ајде сега сожалување-Ама знаеш тој бил повреден во последната врска, му треба време, можеби затоа е ваков, мисли дека и јас ќе го повредам...Нека оди по ѓаволите неговата претходна врска а и тој со остатоците од истата...
    Во врска со ова, и сама не си знаела што сакаш, а тој ти кажал дека не сака врска...Значи е лајт, без обврски, и ако ти не можеш така, изјасни се или оттргни се...Време можеш да му дадеш ако сакаш со надеж дека ќе излезе нешто добро, но немој премногу...
     
    На LilBaby, lovely91 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. SieraKyara

    SieraKyara Активен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Повреден е човекот, што да му правиме...јас сепак мислам дека не е дораснат за нешто сериозно, па се крие :D тој си губи, јас повеќе не планирам да го барам, ниту пак да го очекувам да се јави.
     
  9. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Па и самата си пишала дека не сакал врска туку забава без обврски па не гледам зошто некој би ти се правдал и би ти оразложувал каде и зошто го нема едноставно тој си го живее животот, па истото направи го и ти па мислам дека на некој што ти е онака не треба да му полагаш сметки што правиш и каде си. Нека не те чуди што воопшто не те побарал секој во животот си ја гледа својата работа.
     
    На INSIDIOUS му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Нешто слично ми се случува. Почнавме преубаво, ептен се погодивме се разбиравме, заедно излагавме, ме претстави на неговите, правевме планови за иднината, нова година заедно ја прославивме, и имаше некој договор како да помине нова година и малце повеќе време да бидеме заедно и да се зголеми довербата и почитта и ќе бидеме официјални. И оддеднаш буквално преку ноќ сфати дека е збунет и дека можеби сеуште не е спремен за озбилна врска. А он беше тој што инсистираше на неа. Ме замоли да прекинеме да се појавуваме заедно во јавност како пар него да бидеме поприватни додека не станеме официјални. Не може да одлучи дали сака да биде со мене или бар уште некое време сам. После 2-3 дена прекинаа и секојдневните пораки и јавувања кои беа безбројни онака по 10 пати на ден . Ми рече дека премногу му се допаѓам и поради тоа сака да одиме пополека за да не испадне некој повреден доколку не ни успее. Се гледавме секој втор ден а сега се немаме видено 5-6 дена. Пред 2-3 дена прекинаа и повиците и пораките. Не сум се осудила да се фатам за телефон да го побарам. Сакам да му дадам простор да се одлучи што сака ама едноставно го снема и не ми е сеедно. Совет?
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас едно знам... Ако некој ве сака ќе направи се за да биде заедно со вас. Се друго е излишно, сите изговори се излишни, паѓаат во вода, затоа што нема ништо што ве спречува да бидете заедно. А и да има, ако се сакате ќе го поминете тоа.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Не му ја давај таа слобода он да одлучува за вас. Не го барај, а кога ќе те побара биди малку резервирана. Не може така да си игра, ај денес вака, од утре онака. Плус ако види дека ти чекаш на тоа што он ќе одлучи и прифаќаш, после така ќе се навикне и ќе нема назад. Барал да оладите, тоа и нека го добие, а ако сака да е со тебе ќе видиш како ќе ја собере опашката ;)
     
  13. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Не сакам да му ја дадам слободата да одлучува али ете он не знае што сака, а јас знам дека сакам да бидам со него. Многу тешко ми паѓа целава ситуација али пробувам да издржам. Не ми е јасно како се сменија работите преку ноќ. Може и јас не требаше да му поверувам на сите работи што ми ги збореше пошто беше премногу рано само 1 месец се гледаме, али мислев дека е искрен. На крај изгледа ќе испадне само дека бил слаткоречив..
     
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Јас да сум на твое место би го побарала. Зошто оставаш простор некоја друга да ти го земе (сите колку и да викаме не секогаш има уште некоја заинтересирана за нашиот дечки- во овој случај за твојот). Можеби он чека ти да му се јавиш, вака оставаш простор за џабе. Можеби се двоуми помеѓу тебе и некоја друга! Ништо нема да изгубиш ако му се јавиш. Не мора да ја спомнеш темата за вас двајца, едноставно прашај го што прави, дади му до знаење дека мислиш на него, на крај краева ако не можеш да се јавиш пиши му само една кратка порака... Што правиш, како си, јас само да те поздравам!
    Иако до некаде се согласувам и со офи, ако некој било што чувствува за тебе ќе направи нешто за да те задржи. Или типов стварно е збунет или наоѓа побезболен начин да ти каже дека не сака да е со тебе. Сепак стојам на моето дека ништо нема да изгубиш ако му се јавиш или пишеш!
     
  15. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Како и да е,немој ни под разно да му го дадеш тоа задоволство да мисли дека си очајна по него.Добро си направила што не си го побарала,па продолжи така.Нема да му е сеедно ако види дека баш и не ти е гајле што не сте заедно.Такви се машките,не сакаат цмиздрење,тоа повеќе ги одбива.
    Може навистина се исплашил ако не очекувал дека толку ќе ви стане сериозна врската за еден месец.Но тоа би било во ред само ако е околу 20 години,па смета дека му е рано за да се врзува.Барем така го сфаќаат машките тоа.Иако сепак,ако навистина сака да биде со тебе,ниту годините ниту било што друго нема да му биде пречка за да бидете заедно.
     
  16. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Он исто вика дека нејќе да прекинеме, али дека сака да оладиме. Мене ми е чудно бидејќи се навикнав на се и верувај ми ко во бајка да бев дури се чудев и самата. И сега одеднаш ова. Нема да го барам. 25 има. Не е баш мал нели? Премногу сум збунета, и да му се јавам не би знаела што да му кажам искрено..
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас би го одјебала онака, домаќински.
    Имам еден така одјебано и за памет му беше. Типот мислеше после 2 вечери јас ќе паднам во несвест, ми го правеше филмот со романтики и убавини и нормално јас девојче ко девојче се залетав, башка и постар. Кога виде дека се залетав, мислам, почнав да го прашувам кога ќе се видиме нареден пат, почна да се занесува и да ми збори дека му вршам притисок. И така неколку пати ме одјебуваше кога ќе дојдеше време за гледање, или ќе ми речеше а многу ли сакаш да се видиме? |(
    И мене ме изнервира, онака, ме извади од такт, и земав без збор го избришав од фб.
    После тоа трчаше како кученце, плачеше и бараше мој број да ми се јави, ама веќе си имав дечко. Така да, јас така би направила, и би се чувствувала тотално фантастично 8)
     
    На Lacrimosa и Acerola им се допаѓа ова.
  18. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2

    Ако сака да биде без мене и наоѓа безболен начин тогаш губиме време што го збориме ова пошто се било фарса цело време пошто само тоа ми збореше како во мене нашол нешто што не го нашол до сега, како едвај чека да се заљуби во мене и да ми се посвети целосно. А тоа за друга девојка знам се согласувам, мислам евентуално бившата да не почнала да го бара пошто не сум сигурна дека баш ја има преболено. Немам што да изгубам ако му се јавам, али пак зашто тоа он не го прави?
     
  19. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Типот ти рекол дека нејќе да прекинете,ама сака да оладите.Јас ова би го сфатила како да сака врска без обврски,т.е сака повремено да се гледате.
    Пак ќе ти кажам,ако сака да биде со тебе,ништо нема да го спречи верувај,ниту е збунет,ниту исплашен од сериозна врска.Има 25 години и доволно е зрел да знае што сака. ;)
    Оффспринг,ме изнасмеа делот кога ти рекол ''а многу ли сакаш да се видиме'' :D жими фраерот :D
     
  20. blondie11

    blondie11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Хаха сега уште толку ме збуни. Е сега стварно веќе не знам што да направам :D