Сите сме биле разочарани во животот до сега , но ајде малце да ја смениме страната , што кога ние ќе разочараме некого ? Како сте се чусвтвувале во тој момент ? Што сте превземале да ја поправите ситуацијата , и да ја вратите довербата во вас ? Како сте се справиле со самото чувство дека вие сте виновникот за таа криза ?
Лошо е чувството, не секој го има тоа чувство, туку само оние со грижа на совест. Па ако навистина ми значи личноста вложувам многу повеќе труд за да ја поправам ситуацијата. Во таква ситуација зборовите немаат никаква вредност, за да се врати нечија доверба важни се делата, дали ние навистина ќе направиме нешто со што би ја подобриле ситуацијата или само вештачки ќе се извинуваме. Но, ништо не може да биде исто како претходно.
Се разочарувам од самата себе. Мислам полошо е јас некого да разочарам отколку некој мене да ме разочара. Не ми се допаѓа чувството дека не сум доволно добра или не сум исполнила некое очекување. Да се сруши е лесно, да се изгради одново е тешко, а со ,,извини'' ништо не се решава. Тоа е само збор кој никако не ја подобрува ситуацијата, само значи признавање на грешката. Труд и акција треба, да се покажеме во подобро светло.
Не сум ни свесна дека сум разочарала некого се до моментот кога ќе ми каже..... обично праиме муабет со личноста, барам изговори. И не се решава ништо во тој момент. Неколку пати ми се има случено да разочарам некого. Сум одела дома , сум размислувала и ко навистина ќе сфатам дека на некој начин сум ја повредила личноста плачам многу. Најболно од се е шо таа личност нема да ми праи муабет некој период, а ја сум и се извинила. И пак нема да ми прави муабет и од ко ќе се извинам за да сфатам навистина дека многу сум ја разочарала и повредила. После било потешко, мора многу да се трудиш за да ја вратиш довербата -ако ти значи да ја задржиш личноста во твојот живот. Како и да е до тој момент на разочарување можеби и не си знаела дека тоа би ја разочарало таа личност, но кога навистина ќе сфатиш сигурно не би направила повторно иста грешка ако навистина ти е значајна врската со личноста која си ја разочарала. И тоа е, на некој начин, дел од подлабоко запознавање на двајца пријатели, партнери и сл.
Ќе се потрудиш да поправиш се и ќе бидеш искрен и ќе признаеш дека си згрешил и ќе се извиниш ако си направил некаква грешка. И секако зависи за какво разочарување станува збор. Некогаш потешко е да си простиш на самиот себе отколку да побараш некој друг да ти прости поради тоа што си го направил.
Тешко е. Неможам да се помирам со помислата дека сум разочарала некого. Повеќе имам грижа на совест, отколку жал кон личноста. Се разочарувам од самата себе дека не сум исполнила нечии очекувања , седнувам , размислувам и плачам и ќе сторам се за личноста да ми прости. Ова секако важи за личности што ми значат во животот, а ако разочарам некого што не ми значи многу и што не ми е близок се осеќам неубаво но ми поминува кога ќе помислам дека и тие ме разочарале мене три пати повеќе од тоа што сум ги разочарала јас.
Се јадам внатре. Обично се карам со себе за кој е вистинскиот начин да се извинам и да знај дека го мислам, зошто јас и еден другар сме луѓе шо ако се удрат во фрижидер викаат од навика "извини". Многу е важно кога ќе разочараме некој да можиме искрено да се извиниме и покаеме и да надохнадиме за штетата, било физичка, психичка, материјална ...
Така радикално е намален кругот на луге за кои би се потресла ако ги разочарам, просто ослободувачки. Маж, дете. Брат, евентуално. Другарки, хмммм, се трудам да не ги, ама ако се деси, се извинувам и идеме даље. Родители. Блек ангел веројатно си многу млад/а , ке дојде со зрелоста мирот.
Разочарав некого и со тоа се разочарав себеси. Чувството на вина, мислам дека цел живот ќе се каам за таквите постапки. Али тоа е нема назад..
Јас сум уште поразочарана! Се чувствувам штуро, тапо, во мрак, не ми е пријатно. Сепак, ова се однесува на луѓе со реални очекувања кон мене, фер и коректни. Ако сум разочарала некој што од мене очекувал нешто неостварливо, неморално и незаконски е тогаш знам дека сум го направила вистинското нешто.
Во животов досега, најмногу си ги разочарав родителите. И никогаш нема да си простам за тоа. Се јадам, се мислам што можев да сторам за да го променам тоа што го направив. Само за нив и за детето би се јадела ако ги разочарам. Сите останати ми се небитни, оти не мислат дали тие мене ме разочарале, тогаш зошто и јас би мислела за нив
This may not be a popular opinion, но да бидам искрена не чувствувам ништо кога се случува да разочарам некого. И немам тенденција да бидам people-pleaser бидејќи најчесто туѓите чувства не ги земам во предвид... Ако на некому моите постапки не се по негови замислени очекувања, тоа воопшто не е мој проблем, со оглед на тоа дека е премногу мала бројката на луѓето кон кои чувствувам нешто. Едноставно не можам да пронајдам вина или грижа на совест во мене, веројатно поради начинот на кој и самата се поставувам; -Никогаш не се разочарувам од луѓето бидејќи не сум емоционално приврзана за нив и не очекувам ништо од никого, туку се што можам постигнувам и го правам сама.
Моите ги разочарав кога дознаа дека пушам.Не сонувале дека нивната ќерка ќе пропуши на 14 години.И за други работи ги имам разочарано и криво ми е многу. Искрено друг да се разочарал од мене не ми е толку важно.За моите ми е најважно.
Сите почниваат на 14 да пушат.На толку почнаа и моите другарки.Само една знам на 20 дека почна да пуши.Тогаш се најлудите години.А можеш да ги направиш горди еве ако се откажеш од пушење Јас ако сватам дека сум некој разорарала сум повеќе разочарана од себе отколку некој да дојде и да ме разочара. Еве пред некој ден го разочарав учителот што ми беше на курсот по германски кажувајќи му дека ќе одам кај друга учителка на повисок степен наместо кај него.Ми беше криво и сакав да си отидам од школото, ама не ми одговараше 4дена во неделатаМу се извинив и уште ми е криво
Ништо... нека се носат со разочарувањето, како што јас се носам со разочарувањата од нив. Така се расти.
Сум ги направила горди за други работи и ќе ги направам.Сега се помирени со тоа.Најбитно им е да ме изведат на прав пат и да станам човек.
Абе девојко кој не пуши цигари во последно време? Замисли тие што ги знам, ми се комшии и имаат 12-13 год пушат цигари пред РОДИТЕЛИ.. Јас колку што памтам на никого не разочарав. Ама тие мене ме разочарале СКРОЗ !!