Секој се нашол во таа ситуација. Треба да се има нова, втора шанса. Ако некој ми покаже и докаже дека згрешил и се труди да ја исправи грешката, зашто да не му верувам пак? Исто и за мене. Тоа што некој ми дава втора шанса значи дека треба правилно да ја искористам.
Да се дава втора шанса.Човечки е.Јас сум давала не две 1002 на различни луѓе а фидбекот бил од лош-полош.А за иста грешка јас бар 2ра шанса не давам.
Така размислувам. Секој е со различни размислувања. Ти на друг начин реагираш и ги гледаш работите. Во ред е, не сакам никого да разубедувам во моето мислење.
Не сакам да креирам повисоки очекувања, кои што не можам да ги остварам, па потоа да разочарам некого. Оставам да мисли дека е се за никаде, а ако нешто испадне добро - ќе има причина повеќе да се радува. Така функционирам и кон себе. И нема да дозволам, некој, поради мене, да остане покусо - во секој случај ќе најдам начин одма да се раздолжам.
Разочарувањата се реципрочно случување. Не им придавам големо значење зашто така учиме меѓусебно и стануваме посилни. Различноста во очекувањата и карактерот прават побрзо или побавно да се надмине чувството на вина и одговорност кон другите.
Се разочарав и уште сум побудален скроз .... веројатно времето ќе си го направи своето и ќе биде се ок?
Сум ги разочарала своите родители. И ми го рекле тоа. Искрено додека не станав јас родител, неможев сериозно да го сфатам тоа што ми го кажале. Мојата грешка не се поправаше, напротив место само на таа грешка да останам, јас правев серија една по друга. Многу ми е криво што не сум ги послушала. Останатите кои можеби сум ги разочарала не ме ни интересираат.Не ми значи нивното одушевување или разочарување од мене.Сигурно има такви.
Јас искрено не би сакала никого да разочарам. Би сакала на секого да помогнам колку можам а се нервирам кога сакам а не можам. Сигурно би ми било криво доколку сум разочарала некого не сакајки и не занемарувајки!! Свесно сигурно нема.
Кога ќе разочарам некого правам се што можам за да си ги исправам грешките, но ако тоа другата личност не го почитува тогаш мојата работа завршува тука. Немам обврска да трчам по некого и цел живот да му се извинувам, ако тој ме третира подолу од ѓубре само заради една грешка. The irony is, кога ќе се разочарам самата себе наместо да се трудам да си простам како со други луѓе, јас запаѓам во self pity. А често забораваме дека кога ќе се разочараме од самите себе, ние сме единствени кои може да си простиме, без разлика на утешните зборови кои ги добиваме од надвор.
Да додадам - не се очарувам премногу од други, за да не се разочарувам лесно. Ако згрешам, се извинувам и пробувам да поправам. Доживотно себекамшикување- no pasaran. Ниту јас очекувам, ниту друг нека очекува. Совеста ми работи и ја сметам за доволен коректор, крај краева, човечки е да се греши. Битно да се учи од грешките, свои или туѓи.
А дали тие си размислуваат што кога ќе ме разочараат мене?? Воопшто не им е грижа. Така да порано се замарав за ова што кога ќе разочарам некој, ама кога видов какви се без-душни луѓе постојат не се ни замарам. Најискрено.
This. Секогаш им враќам на луѓето онака како што заслужуваат.Иако после тоа имам грижа на совест(што трае многу малку)...