Што кога ќе ти го заборави роденденот.... ?

Дискусија во 'Врски' започната од Mandarinna88, 18 ноември 2010.

  1. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    100
    Дали ќе простите ако момчето или симпатијата после поминати 24 часа од Вашиот роденден, не се сети да Ви честита ?
    Дали тоа е за Вас голем пропуст, или не е којзнае колку голема грешка?

    Читам...... :wasntme:
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.276
    Допаѓања:
    5.143
    Па добро, прво ке се полутам малку и на глава ке му се качам :) а после ке му простам.
    Не ми се има такво нешто случено затоа што родендените се зборат уште една недела порано. Ова година на пр. подарокот ми задоцни 10 дена ама оправдано беше, тој не беше во државата и утредента ми се јави да ми честита.
    Зависи во каква ситуација бил дечкото, можеби има стварно оправдување иако ништо не го чинело бар СМС да пушти ако неможе да се јави.
    Во животот има поголеми проблеми и нервози така да тоа не го сметам за некој си голем пропуст
     
  3. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    496
    Од причини што си правам роденденски забави не ми се случило дечко да ми го заборави роденденот.
    А доколку ми го заборави, познавајќи се себеси, нема којзнае како да се налутам па да не му зборувам или да врескам. Едноставно фино и културно ќе го потсетам за пропустот, а за возврат ќе очекувам ИЗВИНИ и прегратки и бакнежи до бескрај. :inlove:
    Јас сум од оние што памтат датуми, особено на моите драги луѓе, па не се сеќавам да сум пропуштила нечиј. Сепак има и такви кои едноставно не се замараат со датуми, едноставно така им функционира мозокот :lol: и логично е дека ако некој не ги потсети нема ни да честитаат.
    Енивеј, ништо страшно и вредно за кавга.
     
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам лута, ама ваква :devil: лута една недела. После ајдеее ,,ќе му простам,, ама на глава ќе му го качам, има него да го нервирам секој ден.
    Ама тешко да ми го заборави дечко ми роденденот :$ , па две недели унапред го планираме, како , што, со кој... :wasntme:
     
    На bona му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    100
    :$ Колку сте смирени и полни со разбирање. :$ Можеби и така треба.
    Кога тоа мене би ми се случило, многу би ме повредило. Поготово бидејќи се' земам при срце, тоа би ми личело на момче на кое не му е воопшто грижа за мене.

    A што доколку се работи за момче-симпатија со предиспозиции за нешто сериозно, со кое подолго време комуницираш. Или момче кое повторно се јавува во твојот живот, по една пропадната врска, и кое е ставено на тест...... :wasntme:
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Ќе се помуртам ден два иако мислам дека е речиси невозможно да го заборави оти му е поврзан и со други нешта. Ама ако е слаб со датуми денес барем со фб и со ремиандери по телефони е лесно да се потсетиш. Во секој случај ќе ми биде криво, ама не сега да правам нешто големо од тоа. Но гушки и мазење ке си барам повеќе од обично ;)
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    730
    За жал ми се има случено. Буквално не знаев како да реагирам. Бев :devil: :devil: :devil: . На 14ти ми е роденден и чекав ама буквално цел ден било каква реакција. Па не се ни јави онака од општо. Веќе на 15ти кај 1 саатот вечерта не можев повеќе да издржам и му пишав: Па алал да ми е во 6 години не успеав да те натерам еден е*ан датум за запамтиш. И ми титна бе. И јас го треснав телефонот. Значи 6 години во врска и секој роденден некако пред тоа ќе падневме на муабет дека ми е роденден за брзо т.е ќе го потсетев и таа година си реков ај да видам дали ќе му текни. После 2 саати се јави, значи кај 3 ноќта, паднале на муабет со цимерите што датум е и после 2 саати мозгање конечно му текнало :@ . Ми вика заборајв извини, фудбал гледаме цел ден, ама ич не ми текна ова она. Му реков само то е проблемот шо заборај, и го исклучив телефонот. Не му кревав 2 недели. Измеѓу се појави и со другар кај мене на врата со поклон, на што си доби врата по нос. Попуштив полека ама ден денес памтам колку ме изнервира. До наредниот мој роденден веќе имавме раскинато (од други причини) ама на 14ти 00.02h прв се јави.
     
    На budalce.budalo.malo и LilMissBossy им се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.027
    леле тоа ми се деси со бившиот |( |( (имам кажано предходно) и можам да кажам само глупо и просто машко може да заборави роденден на девојката! |( и нема оправдување за ваквите бре! ниедно оправдание не е веродостојно! :devil:
     
    На budalce.budalo.malo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    200
    Подобро ќе му биде да не го заборави!!! :devil: Хахаха не знам како би реагирала тогаш,што би направила ама знам дека би била :@ :@ :@ !!! Ова не ми се случило до сега и не би сакала да ми се случи,стварно непријатно :worried: Човек сум што пази на детали и чуствителна сум околу ваквите важни нешта.Се си земам при срце! :lol:
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Не за друго, туку за ИНАТ, има низ нос да му го извадам тоа! Ама само за инат. Не дека ептен ќе си го врзам тоа за срце :D :D :D
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.966
    Допаѓања:
    47.868
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ги заборавам наредните десет негови родендени. Како што рече Хипи од инает само :rofl:
    Инаку, јас на роденден не придавам големо значење, и јас би си го заборавила од толку што не ми е битен :) Не правам ни журки, ништо. Само ако се собереме најнајблиските и тоа е тоа.
     
  12. senza.parole

    senza.parole Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.036
    Допаѓања:
    19.180
    Пол:
    Женски
    Многу би ме повредило.
    Големо непочитување според мене ! |(

    Јас не знам, не сум се нашла во таква ситуација , ама сигурна сум дека тешко дека ќе простам некому такво нешто ! :x

    Прва работа која ми иде на памет ако на некоја битна личност и заборавиш роденден или макар нешто друго многу важно, е дека толку ти е стало до неа !
    Не може бе на некој кој го сакаш да му заборавиш роденден !
    Нема логика ! :fubar:
    Мое мислење !
    Толку од мене. :D
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.100
    Нема шанси дечкото да ти го заборави роденденот бе шо ви е :)
     
    На crnokosata му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Се согласувам,дечко што те сака и што му значиш нема никакви шанси да ти го заборави роденденот(барем до сега ми се нема случено мене) :)
     
  15. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Јас мислам дека ако некој те сака навистина и сте подолго време заедно не СМЕЕ да ти го заборави роденденот и не постои оправдување за тоа :@ . Ова е мое мислење. Ако не го памтам роденденот на саканиот или блиските на кого????????
     
  16. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    Кога ке ти го заборави роденденот, ти забораваш дека тој постои.
    Дозволено е само за ептен стари двојки :)
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.683
    Допаѓања:
    102.870
    Мандарините поскапеа,а ти уште не ме сакаш.
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    ....Темава ме изнасмеа :rofl: :rofl: :rofl: Како бе може да ти го изуми роденденот...ДЕЧКОТО???

    Што ли се би му направила ]:) ]:) ]:)

    Може да му ги направам омилените колачиња....со рицинус!
    Можеби додека слатко си сонува ненадејно да почне да го лази некој пајак под пижамата, или да го пуштам Роко да изврши физиолошка потреба во неговите патики..упс :devil:

    Несакајќи да му залепам мастика во коса...еееее има многу работи што можат да го снајдат :angel:

    Да си кажеме реално бре жени,да не работи како десна рака на Трамп ,па да има едно чудо обавези за оправдано да го заборави мојот роденден???? Ај донт тинк соу,ама ако се деси тоа знам дека ќе има голем минус и најверојатно многу работи нема да бидат исти...јас си ја сфаќам озбилно таа работа,едноставно не ми е сфатливо јас него да му го заборавам денот кога дошол на свет,така да.. :wasntme:
     
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.824
    Јас би се налутила другарка да ми го заборави роденденот па не дечкото :doh:
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.758
    Допаѓања:
    49.996
    Пол:
    Женски
    Еднаш му се случи да ми го заборави роденденот. И тоа јас не бев во градот и тој ми ја пушташе тортата по автобус, му ја нарачав за да ги частам цимерките, а не му текна зошто :lol:
    А јас пак упорно не му спомнував и не знаев дека заборавил, мислев дека ме чека да дојдам за да ми честита лично. Искрено, не се налутив. Дури жал ми падна после кога се сети, многу му беше криво и мислеше дека се лутам :D
    Не е важно, не се случи повторно, а тогаш ми се оддолжи на незаборавен начин :$