Ако моето момче или симпатија не се сети дека ми е роденден,нема да дозволам да чекам да поминат 24 часа,туку напротив ќе го потсетам и ќе го поканам на торта.За мене воопшто не е голема грешка тоа ниту пак пропуст.Секој човек не поседува со ист квалитет на меморија така да без сомнение би му простила!!
секако дека не би ми било сеедно, на никој не би му било колку и да убедува во спротивното..Но поради тоа шо више ми се има мене десено да му го заборавам роденденот не поради тоа шо сум неодговорна или не поради тоа што не ми значи, напротив го сакам најмногу но ете едноставно тој ден изумив,паметот ми летна, значи се случува и не треба тоа толку да се зема при срце ..
Ако ми го заборави роденденот,ќе направам и неговиот да си го заборави .Шала на страна,машкото невнимание многу често ми боди очи и ужасно ме нервира колку не ги боли за ситниците кои се многу поважни од било што.
ако не беше фб дечко ми немаше да се сети на модот роденден ,заборава годишнини мсм денот кога сме фатиле нз ни дали знае..јас знам ама не го потсекам ,а нема ни да му текне -.- ...заборава дека е нова година дека ми е роденден не сум добила ни еден подарок а нема ни да добијам..не му текнува на ништо..еве денеска имаме 8 месеци од кога сме се фатиле..врска нема..:/ ке помине и Св.Валентин и се и нема на ништо да се сети..а у мај полни 18...што тр да направам? ништо како него...? ПОМОШ (се извиниувам ако темата нее баш на место ама...помош плс...)
Ако ми го заборави родендено ... тогаш незнам што би се случило би имало голема кавга а јас би била многу повредена оти си земам се на срце и тоа многу би ме повредило ќе му простам ама нема да заобравам никогас
ова ме потсети на една приказна Спојлер Во еден град, брачен пар прославувал 25 годишница од бракот. Тие како пар биле познати по тоа што никогаш не се скарале... ....Медиумите пристигнувале од сите страни да проверат во што е тајната на "Успешниот брак". Уредникот на еден весник прашал: - Господине, ќе ве молам кажете ни во што е тајната? Тоа е на...вистина неверојатно, како успевате? Човекот почнал да се присетува на деновите поминати на меден месец и ја започнал приказната: - После венчавката бевме во еден егзотичен град, таму имаше многу забавни содржини... По кратко договарање се одлучивме за јавање на расни коњи. Двајцата најмивме по еден коњ и почнавме да јаваме. Мојот коњ беше мирен и послушен, ама оној на кој јаваше мојата жена беше потполно луд... Наеднаш нејзиниот коњ се вознемири и ја фрли жена ми од седлото долу на земјата!!!! Таа, сосема мирно стана, го потапка коњот и тивко прозборе: - Ова ти е прв пат!!!.. ....Го јавна повторно коњот. По кратко време коњот повторно се вознемири и жена ми пак се најде долу на земјата. Повторно стана и со смирен глас му се обрати на коњот: - Ова ти е втор пат!!!... .....Јас бев целосно нем и не можев да се изначудам на смиреноста на мојата жена. Кога коњот и по трет пат ја исфрли од седлото, таа полека го извади магнумот кој и беше закачен за појасот и ладнокрвно го уби коњот..... Јас целиот запрепастен и се развикав на жена ми: - Жено божја, па дали си ти нормална!!? Како можеше да го убиеш кутрото животно??? - Ова ти е прв пат!!! -смирено ми рече Таа. - Тоа би било тоа, по оваа случка секогаш сме СРЕЌНИ и СЛОЖНИ... заврши мажот со својата приказна. Нека го заборави, од наредната година со денови ке го слави.
Денес ми е мене роденден и дечкото ми го заборави ... ми се јави сабајлево да ми се извини дека заборавил синоќа... планирам да му раскинам
мене ми се извини велејки дека мислел за 2дена ми е па за тогас ми подготвил изненадување ама и по 3дена нисто вие сто би направиле на мое место?
Јас во моментов со клучеви од нова кола да ми дојде, нема да му простам.... И мене ми се извини, со извинувањето „заборавив, поспан бев“.... се разбира дека не беше прифатено
Ауу јас на другарки им се лутам ако ми го заборават роденденот, па камоли на дечко!!! Освен ако нема припремено некоја си surprise party вечерта , па затоа цел ден не ми го честитал роденденот , друго не простувам. Кај секоја личност е различно , но мене роденденот ми е многу важен датум и ако и јас му сум важна нему тогаш има да памти! Барем на денешно време постојат милион потсетници и ниту еден изговор нема да го оправда заворавањето.
хахахахаха...токму така! Бидејќи ние жените правиме цели драми од тоа! Ми се има случено пред некоја година дечко ми да ми го заборави роденденот.. всушност, не да ми го заборави туку ми го честита последен, дури во 22.00 часот вечерта... а јас една недела после тоа му го спомнував, па како можел, па бла бла бла... И тој и ден-денес ми го вика тоа `најлесно ќе го запомниш роденденот на жената, ако еднаш го заборавиш` Оттогаш веднаш после 00.00 прв ми го честита
Мене во 10 сабајлево, а ми се јави на полноќ за глупости да ме распрашува... Џабе му е се... ако пројде со една недела лутење - малку му е Жени, не знаете колку пиздам во моментов... Јас цел живот ќе му пререкувам
Теди извини вака, ама малку претеруваш. Повеќе сама си го упропастуваш роденденот со лутењето. Ти честитал во 10 часот наместо на полноќ? Искрено - не ми изгледа како крај на светот.
Ми се јави на полноќ... и ми збореше за глупости и не ми честиташе сабајле следеше говорот, извини заборавив. не се забораваат такви работи за некој што ти значи. Јас не би заборавила. Не викам дека не реагирам бурно, ама страшно сум лута и повредена.
Теди ако ти е денес роденденот, нека ти е среќен прво, а сакам да ти речам да се смириш малку и да чекаш можеби ти приредил нешто за покасно или тек следува поклонот, или нешто слично на сурпрајс или забава. Немој така одма ќе му раскинам, нема да добиеш ништо од тоа, само со нервоза ќе го поминеш роденденот, чекај уште малку! ајде среќа
Е де, голема работа ако заборавил и ти честитал подоцна. Барем ти честитал и признал дека заборавил, не се правел на Тошо.