"Смее" да го заборави. Да, да секако! Кога ракчето ќе го фати со штипките ќе се кае до крајот на животот заради престапот што го направил. Спојлер Се шегувам. Не е до толку.
оваа година прв пат имавме родендени дека он во март јас во мај а започнавме врска на крај лето...срека он си беше на работа и јас му направив најубава торта роматика вечера,знаев дека нема да ми го заборави роденденот бидејки еднаш по муабет дојде дека помни дати и броеви на личности кои му значат...доага мај он ништо да спомне ни на шала демек ооо на некој му иде роденден ништо,мене роденден ми се пагаше во среда,и он во вторник ми иди и вика леле утре сум трета смена шо убаво ке си се наспијам цел ден (мислев ке пукнам) најмногу бидејки на некои небитни луге (ок битни ама сигурно не како мене) им честиташе,дојде 12 сатот и ете го ми честита отиде до кола пред тоа и ми носи многу убав поклон (морал таму да го остави инаку ке го видев) следниот ден цел ден ок си се шетаме он никако да легне да одмори за трета вечер а мене срце ме боли од планираното-ништо...ама кога дојде 6 ми вели облечи се ке одаме на кратко на вечера па од таму на работа,додека да се спремам 7 и нешто,одиме во една пицерија таму шоооок...неговата фамилија тетка му со семејството братучедовци (он све испланирал) си поминавме топ,и на крај ми рече морав да те испалам малку да видам како ке реагираш...
Навистина има чудни девојки...Јас тоа Не го гледам како голем пропуст....Секак ке му бидам лута два три дена...но подоцна ке му дозволам да се искупи за грешката....Надвор има луѓе што немаат за леб а ние ке го убиеме дечкото затоа што ни го заборавил роденденот...Ке дојде ден и јас ке си го заборавам
Мојот роденден нема како да ми го заборави ни тој а богами никој зосто ја како мало дете еден месец претходно најавувам за колку дена имам роденден а тоа па кога дојде веке ден пред тој фамозен ден веке цел свет знае кому му е роденден а во случај навистина да заборави хммм ке се налутам само затоа сто лугје сто не ме виделе со години кои и заборавив дека постојат ми го честитаат навистина ме почитуваат а тој да заборави е не е фер малку внимание или бар еден ден мозе секој да запамти ај годиснини или месечнини или се сто слават некои ни јас не ги памтам па немора ни тој
Сигурно нема да ми го заборави роденденот пошто уште сега почнав да спомнувам дека ми е роденден наредниот месец, да правам планови што-како...ама за жал дечко ми најверојатно нема да биде во Македонија! Втор роденден ќе ми биде што го славам, дури сме во врска и пак нема да сме заедно, а мене роденденот ми е најпосебен ден! Тој па, не е таков тип! Роденден како роденден, како секој обичен ден!-Така вика! Спојлер будала една срцеста! Како и да е, вие да ми честитате-ако не ќе ви се налутам многу!
глупаво би се чувствувала, би била лута да.. ама би ми поминало брзо доколку би направила добар муабет!
Не смее тоа да му се случи на партнер кој искрено ме сака! Ако ме сака, значи мисли на мене и барем ден, два порано ќе му текне дека ми претстои роденден. Инаку мојов, на секој 23ти ми споменува колку месеци сме правеле, а веќе 3 и пол години одиме.. Мене и тоа многу ми значи, што е таков внимателен за важни настани.
Сигурно многу би ме навредило тоа. Мислам дека би била лута некое време, но би ми поминало. Сепак мислам дека нема да се случи такво нешто, или барем се надевам.
Му се има случено, да, и оној кој не го доживеал тоа чувство не знае како е, после 4-5 години врска да ти го заборави роденденот....не верувам дека мене некогаш тоа ке ми се случи. Мене и во сон да ме разбудат јас го знам неговиот. Во секој случај не е пријатно чувството, не дека е нешто што не може да се прости меѓутоа не е во ред, сепак родендените и годишнините се единствените датуми кои не би требало да се заборават кај двајца што се сакаат
Ехе, кога се видовме ништо не ми кажа. Правевме муабет и се, јас чекав цело време да ми честита, кутрата јас мислев дека некое изненадување ќе ми направи. И најнакрај неможев да издржам и реков : Нека ми е среќен роденденот. И тој вака ме гледа : :geek: и ајде ме прегрна ми се извини и ми честита. ГЛУППППППП !
Ќе му наместам римајндер за следната година недела дена унапред за да може поклон да ми купи. Луѓе сме, забораваме, се случува. Битно е да не ме заборави дека фигурирам во неговиот живот кога други ќе му се нудат, а ако роденден или годишнина заборави ништо страшно, според мене. Не за друго туку зошто и мене може да ми се деси.
Една година бившиот не беше тука и јас не му спомнав ни еднаш за мојот роденден ко што си знам, очекував дека ми е маж да му текне. Цел ден сто пати се слушнавме на телефон, ништо не ми спомна, и јас си ќутев и се нервирав, како на сите им текнува , а он заборавил. Дури и мајка му ми честиташе , а он ништо. И потоа, не знам дали го потсетил некој ама ми се јави вечерта да ми честита со објаснување дека сакал точно во времето кога сум родена да ми честита па се извади . А сега наскоро ми е роденденот , и во очекување сум на овој што се гледам да заборави, ама пошто нема да го потсетам , а и јас лани заборавив да му честитам, па нема да му замерам. А може и ќе му кажам, зависи во кои ќе ме начека.
Јас лично би се чувствувала многу непријатно доколку би ми го заборавил роденденот. Не дека ќе правам сцени и драми од тоа, ама у секој случај би ми било непријатно и не би ми било сеедно.