1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што кога ќе ти го заборави роденденот.... ?

Дискусија во 'Врски' започната од Mandarinna88, 18 ноември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ако му се случи да ми го заборави роденденот, толку ќе му се налутам што бааги ќе треба да се помачи додека се умилкува. Абе другарка да ти го заборави, па криво ти е, а не па дечко, тоа за мене е навредливо. Се надевам никогаш нема да ми се случи.
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Нема шанси тоа.
    Дури и ми ги брое деновите до роденденот. Преска ми вика: Уште точно 20 дена ти е роденден. :D
     
  3. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    Ваљда и јас сум уште една во клубот на заборавени славенички :D Уште не сме во врска официјално, но се стремиме кон сериозно. И се случи ете. Јас ете знаев дека ќе ми го заборави, иако еден месец пред тоа му споменав. И не трубев многу, во смисла ејј за 2 дена ми е роденден итн. И ете доаѓа 12, пораки фрчат, се јавуваат пријатели да честитаат, него никаде го нема. Иако очекував дека ќе го заборави сепак се налутив. Па уште ми праќа некоја безвезна порака во 2 сатот сабајле,абе ми идаше телефонот да го земам и така еднаш квалитетно да го испердашам со него. Сабајлето видел на фб дека ми е роденден, и ете го со порака, среќен роденден бла бла. Му се налутив, бев лута 3 дена ама па немаше смисла, се немавме видено еден месец и кога го видов се стопив. Цел викенд после кога бевме заедно се извинуваше, се оддолжи некако ајде :D Ама не заборавив. Ту и там ќе му префрлам, ама нема право да се лути сега. Ќе молчи и ќе трпи. :D
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. m.maci

    m.maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    До сега не ми го заборавил роденденот ! Ако го заборави да е жив и здрав :)
     
  5. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Оваа година, бившиот, ми го заборави роденденот.. Да,да сигурно, за малку ќе поверував. Лани прв ми го честиташе, сега го заборавил, приказни.. И тоа вечерта поминал пред порта со друга некоја.. Мајка ми го видела. А наредниот ден се видовме в чаршија и ми вика, ми се лутиш? Ништо не ми рече ниту едно извини. А не ни ми рече среќен роденден. :envy: И потоа смислував планови за одмазда, наводно, но пропаднаа во вода. Додуша после тоа, го мачев. Но, само на човек на кој што не му е грижа воопшто за мене може така да се однесува, штета што не го сфатив порано тоа. Или пак, недораснат. :!:
     
  6. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    заборави му го и ти него :D
     
  7. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Мојот верувам никогаш нема да заборави ипак долго сме заедно. Ама ако се случи аууу незнам како ќе се извлече, ај да заборави подарок да купи и не ми е гајле ама да не ми се јави , да не ми честита тоа е веќе непочитување цел живот има да го спомнувам. Ќе простам ама да заборавам , никогаш.
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ќе се кае цел живот што ми го заборавил роденденот! :D Ќе го напнам :D
     
  10. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    На глава ќе му се качам, а нема ни јас неговиот да го честитам! :devil: :rofl:
     
  11. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.398
    Со еден дечко идев околу 3ипол години. Некои си 4-5 месеци откако раскинавме (ја прекинавме врската, но сепак контактиравме, се гледавме-разделбата не беше со карање и вадење очи) мене ми беше роденден, а тој заборави. Дури ми честиташе ден потоа, и тоа 1 саат после полноќ - да биде првиот кој ми честитал де |( Јас му вратив дека малце утнал, а тој ни ден-денес не ми се извинил за тоа. (тоа беше пред минатата година)
    Минатата година истиов дечко, со кој сум сеуште во контакт (no hard feelings меѓу нас, се гледаме, се слушаме-баш онака „другарски однос имаме)) ми честиташе роденден на точниот ден, но вечерта околу 9-10 часот, пред да помине денот :|
    И така .... криво ми е ептен, барем да имаше му*а да се извини, али је*ига.
    Али :!: јас памтам се ]:) Нема да му вратам на истиот начин, не паѓам никогаш на тоа ниво, но му имам смислено нешто, само си чекам вистинска прилика која знам еден ден ќе дојде. :devil:
     
  12. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Аууу, дефинитино не му посакувам вакво нешто.Многу би се налутила, цел живот има да му го повторувам тоа :devil:
     
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Не му се случило до сега на ниеден мој партнер, а во иднина недај Боже да се случи незнам како би изреагирала, ама сигурно ке биде вери бед!. ]:)
     
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Леле кога ќе се сетам какви глупости сум трпела и сум простувала :x .
    Изгледа имам многу тежок датум за помнење бидејќи двајца бивши ми го имаа заборавено роденденот. Всушност, не знам дали точно заборавено или само така не ми честитале.
    Со првиот колку што ме држи меморијата, не ми честита преку телефон ама мислам дека на денот бевме излезени и ми даде подарок и ми честита, освен ако не било некој друг ден, ама би се налутила да беше така, ќе помнев подобро :D .
    Со другиот, само што ќе се сетам се нервирам. Тогаш си бев смирена ама сега се нервирам. 3 години по ред ми го честиташе роденденот точно по полноќ, четвртата забушаваше и ми го честита во 6 сабајле, му свирнало врапчето па се сетил, а петтата година воопшто не ми го ни честиташе, само ми рече после неколку дена дека (wait for it...) НЕМАЛ КРЕДИТ!!! Да, да, немал кредит ниту 5 ден. за порака, а баш случајност и никој друг околу него немал кредит, сега со секакви понуди барем од Вип каде никогаш не остануваш без кредит, дечкото немаше кредит и тоа беше доволна причина и достојно оправдување за нечеститањето на мојот роденден. Барем да речеше дека заборавил, вака знаел а не честитал... И тогаш сфатив колку ни се заладени односите, колку всушност јас не му значам во животот, ама сепак не раскинав бидејќи бев тешка будала и мене тоа воопшто не ми беше важно. Од денешна гледна точка, да, важно е. Можеби подарокот не е важен, можеби времето на честитање дали е по полноќ или не не е важно, ама и тоа како е важно дали воопшто ќе се сети дека девојка му има роденден дента и дали воопшто ќе се извини ко човек, бидејќи сфаќам дека може да му се случи на секој да заборави, ама ако нема достојно извинување, скидај с`курца :) .
     
  15. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Прво и основно не знам како е воопшто можно ова. Нека ми објасни некој. Како може да бидеш во врска со некој со години, да сте заедно и во добро и во лошо, искрено да те сака и почитува и згора на сето тоа роденден да ти заборави??? Па зарем не спомнувате, ако ништо друго, ете дека ви се ближи роденденот или така општи некои муабети што ќе го потсетат дека треба да размисли за поклон, за некое изненадување итн.? Крај краева поклонот воопшто не е битен.

    Јас разбирам дека машките многу, многу не се замраат со датуми и такви ми ти ствари и дека не паметат како нас. Ама, еден, единствен датум во годината кој е поврзан со личноста која е со години до него и во добро и во лошо и која му го разубавува животот да не може да запамти??? Е тоа не можам да сфатам. Треба да е тежок кретен и девојката воопшто да не му значи па да го направи тоа.

    Не знам, јас мислам дека ова се случува во оние врски без обврски каде што не е толку сериозна работата и едноставно нормално е момакот па и девојката да заборават на некој не толку значаен датум за нив. Реално во таквите врски ја нема онаа блискост како во сериозните врски па и не чувствуваме потреба за потресување, ниту пак го очекуваме тоа од другата страна. Затоа и повеќето ви честитале вечерта или другиот ден.

    Или пак друга опција е кога во една сериозна врска веќе тотално се заладиле односите. Тука веќе на момакот воопшто не му е гајле, мозокот му е на друга страна, не ни размислува за девојката. Пример, не се ни виделе 2 недели и нормално дека штом не сакаш да мислиш на нешто-забораваш, намерно или случајно.

    Тоа е тоа според мене, а дека во врска која е сериозна, исполнета со љубов и секојдневно гледање може некој да заборави роденден? Да ви кажам мене лично не ми се верува. Тргнувам пред се од самата себе. Па уште сега се мислам што да му купам на дечко ми за следен роденден иако има уште скоро цела година до тогаш. Највозбудена сум од сите. Со месеци наназад се спремам. И како може да заборавам? Исто и он, со месеци наназад разговараме за тоа и незамисливо ми е да ми го заборави роденденот.

    Според мене пред се ова е навреда и не е воопшто така наивна работа. Искрено можеби претерувам ама јас лично не знам ни дали би ја продолжила врската доколку се случи вакво нешто.
     
  16. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Јас сум ко мало дете, си се радувам на секој роденден и си ги бројам последните денови уште колку остануваат. Така да нема шанса да заборави, знам дека поклонот го купува 2-3 недели пред роденденот. :D Заедно си ги броиме деновите, часовите, секундите до нашите родендени и досега секогаш заедно ги дочекувавме, се надевам ќе остане така. :)
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Ако ми го заборави роденденот за мене тоа е голем пропуст. Не се заборава роденден на блиска личност, ако го заборавил значи не му ни значам. Би се налутила и можно е и да се тргнам од него. Па не се заборава така битен датум!:D
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.234
    Допаѓања:
    124.368
    Јас му кажувам дека за некој ден ми е роденден. Ако заборави, пак ќе кажам:алооо роденден ми е :)
     
    На j......s му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    И јас врската нема да ја продолжам веќе,или пак се ќе се смени меѓу нас.
    Мојот два месеца ми го планираше тој роденденот,каде ќе сме,ова она,дури мене досадно ми стана и еднаш му кажав,земер мене не ми е битен мојот роденден,а тој ми кажа ЗЕМЕР ТОГАШ СИ РОДЕНА ТИ !!
     
  20. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    нормално дека нема сеист да ми биде.... ќе му се налутам и нема да биде исто ко порано.. а ако заборави на неговиот роденден прва ќе му се јавам да му честитам и да му кажам дека не сум заборавила јас :devil:
    п.с. сум му кажала дека може дури и годишнина да заборави ама роденден МОРА да ми запамти :D:D:D