Знам дека kattzia не е баш обожавана на форумов, од доста очигледни причини и се согласувам донекаде со истите, но девојката има знаење па мислам дека треба да го видиш постов за мицеларната вода на Гарниер. https://www.instagram.com/p/BxnUHjLnTNa/
Со Оливал мицеларна вода,после се мијам со плавата пена на Балеа и ништо не ми останува на лицето. @Arja зашто не е обожавана? Супер и се советите јас благодарение на неа си го исчистив лицево
Очигледно блокнува луѓе без особена причина. А ја имам приметено и сама, малку девојката е летната во облаци ама добро, не и придавам големо значење, сум за заследила за советите, не за нешто друго. Прочитај повеќе мислења во Инста-блогерки ако те интересира, имаат доста пишувано за неа.
Од кога почна карантин, цел инстаграм ми се трансформира во skincare платформа. Само заследувам нови профили. Освен kattzia, ги гледам и serumsociety, beauty_diaries_mkd, и bunnybeautyinc. Можеби некој од овие е на членката која ја спомна? Поради некоја причина не успеав да ја тагнам.
mincyys е потпишана,се надевам дека нема да се налути што ја спомнав ама одличен профил и beautyblog.mkd ѕирни ја
Јас ја користам веќе медец дена, искрено ниту пофални зборови имам ниту лоши. Не ја вади шминката целосно, пудра да, ама маскарата не ја чисти убаво. Брзо се суши и убаво се впива во кожата, и мене што ми е позитив за водава е што немав рекација во смисла да ме чеша лицето или црвенило да ми се појави.
Предлог за маслено средство за double cleansing? Тоа на Балеа никаде не можам да го најдам, на lvly не би го земала... друго некое?
Блогот ти е предобар морам да те пофалам ме убеди повеќе производи да земам и од сите сум задоволна за темава конкретно успеав да го земам маслото за вадење шминка од балеа и ме бендиса, не ме иритира воопшто, вади и водоотпорна маскара без проблем и не е тешко лесно се измива, задоволна сум. Исто браво за предлогот за балеа хаилурон сеумот предобар за тие пари, ревокс серуми исто земав и банана маската за коса не е за темава ама предобра. Продолжи така супер си
Женски која мицеларна вода ја користите? Притоа, одбегнувам производи со алхохол и парфем поради црвенилото на образите.
Јас од Фармаси ја користам, плус и не се измива. Мене ок ми е, за сите типови на кожа може да се користи