i jas sum prtiv otvorena vrska, grdo mi e od samata pomisla da imam sex so decko na drugarka mi, ili pak decko mi da ima sex so nekoja drugarka grrrrrr, nekako ne ide :?
Катастрофа ... кај отиде светот ... менување на партнери ... премногу забегано ... има многу начини да се потроши вишокот енергија ... фитнес, аеробик, трчање, возење велосипед, пливање, искачување или пешачење во планини ... Работа, патувања, читање книги, дружење во природа ... посетување културни настани (театар, концерти, ...) Воспитување деца ... Работа со тие деца ... нивно наведување на правиот пат во животот ... Некои луѓе изгледа имаат премногу слободно време, а не се доволно креативни за да го употребат како што треба ... Па ќе седнам и ќе напишам книга (долг роман ако треба) ама да си ги менуваме партнерите со најдобрата пријателка, некако како многу перверзно го чувствувам тоа, ... own:
Кој живеел на запад знае дека вакви врски се нај нај нормални и дека 99% од ваквите парови се пресреќни.Овдека никој не ја сфаќа поентата на отворена врска.Отворена врска се постигнува на иницијатива и разумна спогодба на двајцата партнери.Тие ништо не си прават позади грб буквално ништо.Кај отворена врска се се сведува на само секс и ништо повеќе и ништо помалку.И тоа најчесто се прави кога има голема монотонија во бракот и презаситеност од секс.И тоа е многу голема лага дека идат со кој стигнат и слично они тоа го прават одредени кругови кајшто имаат слични сфаќања и се прифатени најнормално .Ако имаш секс со некој незначи дека го сакаш или дека имаш некакви чувства спрема него.Јас познавам брачен пар којшто многу години се во вакви води значи нонстоп имаат секс со брачни парови,поединци,поединки и пак се заедно,се сакаат,нивните деца ама баш ништо не им одземено од среќно детство.За мене оваа работа е премногу ок ако и двајцата се спремни на ваков потег.И само да кажам дека премногу премногу брачни парови се палат на вакви работи и штом еднаш пробаат незнаат за крај само колку од нив имаат муда да идат до крај тоа е друга работа.
Boyfromtown па кај и да живеам во светов нема да прифатам отворена врска, за мене тоа е неразбирливо и никогаш нема да го прифатам како нормално, јас сум во тие 1%
I jas isto ne bi prifatila otvorena vrska mozda na zapad e toa normalno ama neznam bas tuka koklku e toa normalno i prifateno a monotonijata vo seksot i vo brakot i vo vrskata mozeda se razbie is o drugi raboti koi bi gi pravele so partnerot a ne da mora toa da e bas otvorena vrska i spienje so luge koi prv pat vo zivotot bi gi videle
Па затоа светот е отиден по ѓаволите...се што некогаш било нормално сега не е. Отворените врски се жива глупост, за луѓе што не можат да се врзат па бараат секакви изговори. Таквите луѓе не ни треба да стапуваат во брак или што ти ја знам. Нека си фураат така, со сите и сегде.
И што кажа сега? Ми докажа нешто или мислиш дека ова беше нешто паметно? Ако било нормално како може и да било ненормално? Ај кога ќе сфатиш што сакаш да кажеш пиши. И ај да не бидам оф топик толку, отворена врска не би прифатила никогаш, нити пак поштувам такви луѓе.
Секоја генерација си поставува норми што е нормално што е ненормално тоа сакав да кажам.Ако за постарите генерации било нормално да имаат по 5 деца за мене тоа е ненормално.
Исто и јас го велам...па ако сакаат отворени врски нека воопшто не се ''затвoраат'' во брак...да изневериш некој ајде до некаде сваќам мада воопшто не оправдувам...сама свесно да си го менувам партнерот со друга или друг недај Боже или да го ПОЗАЈМУВАМ зошто мене на такво ми личи тоа... никогаш П.С. Бојфромтаун случајно те читав на друг женски форум и очигледно многу ти е интересно да се пречкаш со женски и да делиш мислиња..ех како се живее во светот... тука во нашта Македонија многу сме заостанати ова она ..па што мајка бараш тука зошто не си останал таму каде си бил во Словеија мислам беше ако не се лажам пошто сигурна сум дека така читав и сигурна сум дека си истиот...Овде не се работи за заостанатост тука само за морал и поштување на бракот...за мене тоа не е нормална работа и точка..има многу начини да ја разбиеш монотонијата во бракот и да ти биде интересно и после 50 год поминати во брак...Така да можеш слободно да си ги задржиш коментарите за тоа колку е интересно и современо во странство, ние сме свесни за тоа и едноставно не ни треба некој што цело време ќе ни ''појаснува'' колку сме заостанати и демек се правиме светици..ние не сме светици но едоставно го поштуваме бракот и семејството и имаме морал...а поради светот кој го нема отидовме по ѓаволите како што кажа Рејнбоу.И нормалното што велиш за генерациите не е во тоа со децата значи примерот не ти е воопшто соодветен....Точно е дека секоја генерација има свои правила за што е нормално или не ама мислам дека никогаш токму ова за отворените врски не било нормално и нема да биде
Добро Катја а зошто мора да ме навредуваш не ми е јасно :roll: .Јас овдека не кажав дека некој ако несака да има отворена врска дека е заостанат напротив секој си има свое мислење.И немој да мислиш дека сите на Западот се либерални таму има бетер конзервативни католици и протестанти од овдека.И секој си има право на свое мислење јас одовдека никого не потенцирав во мојот пост туку си кажав генерално.Отворени врски нема само во Словенија,Шведкса,Австрија ги има и пун куп по Македонија.Да и точно е тоа дека у Македонија со сила продаваат лажен морал кога воопшто не се такви.А зашто мислиш дека луѓето на Западот не го почитуваат семејството,бракот,децата?Ние ли измисливме топла вода?
Не планирав да навредувам само го кажав моето милење во врска со тебе и твоите постови а не стриктно за овој... тоа е се.Се воздржував од кометари на твоите постови и тука и на другиот форум зошто ми стана јасно дека ако почнам нема да престанам да се пречкам зошто знам дека луѓе со мислења како тебе не ми одговараат но едноставно тука неможев да се воздржам.А се изјаснив и на темата и повеќе нема да коментирам..твој живот твое право.
Мислам дека отворена врска е жива глупост. Незнам зошто би влегувала во брак, ако се уште се чувствувам неиживеано. Ако партнерот не ми е доволен, тогаш нема да ми биде партнер. Ќе си имам милион дечковци и така ќе си го живеам животот. Не ми е јасно, зошто тие луѓе воопшто влегуваат во брак
А зашто да се пречкаме :roll: .Ова е форум да размениме мислења,да се дружиме и слично не гледам причина зашто би се пречкале кога не се познаваме лично и ама баш немаме никаков допир у реалниот свет нити пак се имаме нешто замерено.Јс го почитувам твоето мислење максимално и не си давам на значење дека моето мислење е исправно нема врска.Ти си ги кажуваш твоите аргументи јас моите и тоа си е ок.Јас сум раснел у друга средина,сум учел у друга средина, ти си раснела у друга средина и ок си е да имаме различни мислењеа.Поздрав и не се лути беееееееее :up:
Па баш сега се пречкаме ...и баш затоа што твоите аргументи мене не ми се допаѓаат ...али океј нема веза веќе сме оф топик...Поздрав и воопшто не се лутам туку само делам мислење нели рече затоа е форумот
Секој има право во животот да прави што сака, на крајот на краиштата, секој си го живее својот живот, а не животот на другиот... Но мислам дека нема ништо подобро од растење и воспитување на дете/деца во среќна семејна атмосфера, со двајца посветени родители кои се сакаат и почитуваат меѓусебно (и сексот не им е приоритет во животот, туку семејството). Не сум против сексот, тоа е одлична, прекрасна работа , но да ми биде опсесија менувањето на партнери (заради разбивање монотонија ) И претходно реков, ако имате вишок време, бидете креативни (светот е голем и широк) ... шетајте го ако имате можност, спортувајте, правете необични работи, сменете ја професијата, измислете некој пронајдок ... Менувањето партнери е од бес, од незнаење што со себе, од немање идеја ... :roll: Среќно и здраво семејство е основата за се ...
Имајте трето дете. Проект на Влада на Република Македонија Се шалам , така ми звучи оваа реченица Без навреда
Ма не, каква навреда :? Но, она што го кажав погоре е навистина така - среќни и психички здрави/стабилни родители кои се задоволни со себе и со партнерот создаваат добра средина за одгледување на здрави деца. Не верувам дека во ситуација во која некој е незадоволен со себе или со партнерот, нема тоа да се рефлектира и на децата ...Па колку и да се обидуваат родителите тоа да го сокријат, не е никој роден глумец - двоен живот или живот со двојни стандарди не е лесно да се одживее. Ако родителите се во отворена врска и нон-стоп се сексаат на сите страни (зашто во тоа гледаат некоја убавина ), како тие исти родители се однесуваат во секојдневниот живот со нивните деца, што ги учат, дека кога сакаме некој многу, тогаш се сексаме со кого стигнеме?!? Или им ја кажуваат приказната: мама и тато се сакаа многу и така се родивте вие?!? Или пак не ни имаат време да разговараат со своите деца зашто го трошат најсебично истото за себе и своите задоволства. Мислам дека ова последново е најверојатно... И на крај, што мислам за отворените врски: тие веројатно се добри за тие што ги поддржуваат,практикуваат и уживаат во нив, но како се одразуваат на квалитетот на заедничкото семејно живеење (пред се на квалитетното време поминато со децата), поима немам - тие најдобро си знаат... Од кај им на тие семејни, вработени, успешни луѓе толку слободно време за да можат и да помислат, а камоли да го прават тоа ... Јас имам едно дете, работа и маж, ... и не гледам каде во секојдневната рутина би можела да сместам љубовници? По се изгледа, важи онаа старана изрека: "Kога се сака, се се може!
Абе срцка тебе ти е приоритет семејството, нив можеби бројката на сексуални партнери, ете едноставно си го живеат до максимум животот. Јас се молам за асален сопруг, здраво и живо детенце, скромен дом да имам она што ми е потребно. Неможам да се замислам да имам деца, сум рекла да пред господ и да го правам тоа. Башка што децата, многу учат од родителите, ако едно дете живее во семејство каде има насилство и тоа станува насилно, ако живее во семејство каде секој втор збор е пцовка и тоа ке пцуе. Замислете само доаѓа новиот е..ч кај вас дома и детето вели мамо мамо кој е овој чичко. АА сине ова е на мама новиот е..ч ке идеме до спална да си поиграме малце :roll: или така групно по 3, 4 си одат у спална и на детето сине играј си ти со количките ние ке идеме на оргиии.. :roll: фуј свашта. Сепак нивен живот па и не се замарам со тоа.