Отворена врска Значи си имате сериозна врска но може да се гледате повремено и со други.дали би можела да успее ваквата врска? Јас сметам дека за да опстани треба да има голема толеранција помеѓу партнерите и пак на крај не би успеала а има парови коишто тврдат дека така им е поубаво и се посреќни заедно.Што мислите вие?
Премногу ризично. Секој ќе е среќен да си шарат со кој и да е и на крај пак да не останит сам и секако неповреден. Ама ова само во соновите. Ми се чини дека таквите игри и слобода немаат крај.
si imate seriozna vrska a povremeno se gledate so drugi t.e mojava generacija toa go vika VARANJE prasuvas za TOLERANCIJA NA VARANJE u vrska ???? O bozeee SVASTA
^Aбе аман не се возбудви до толку... општо зборуваме за Отворени врски. И тоа Варање е различно со ова, ако ги разграничиме работите. Во овој случај двајцата партнери доброволно еден за друг си дозволуваат поинаква слобода. Ак му чинит - нека прает... Ти не се возбудви, полека... диши.
Па за мене тогаш тоа не е сериозна врска...Нема потреба од 3 4 лице ако сме си доволни еден на друг...Навистина неможам да го разберам тоа Јас би отишла со друг дечко само ако му недостига нешто на мојот...Што значи пак доаѓам на тоа дека тогаш врската не ми е сериозна...
не сум јас за ова.Јас како што сум љубоморна па и да знам и да дозволам да си се гледа со други не,не нема шанси Самата помисла ме полудува.Ако имаат некои такви врски може подоцна си ги разменуваат искуствата како им било со другиве јаооо
ne ne malecka-vrskata im e seriozna, ama onaka si se e**t i so drugi partneri...ama mnogu si se sakaat i ne im smeta si dozvoluvaat ja i ti pa-pojma si nemame od zivotot
За мене тоа не е отворена врска. Отворена врска за мене е онаа каде што официјално не си девојка на типот, али се гледате. Нешто како врска без обврска. Во овие врски нема љубов и најчесто се како темел на секс-врска. Сметам дека меѓу овие 2 партнера нема љубов, бидејќи ако ја има, двајцата меѓусебно ќе сакаат истата врска да ја официјализираат и да не толерираат трети лица во врска. Од друга страна може да се сфати како официјална врска, но без премногу замарање околу истата. Во смисла- за НЕозбилно хаха. Не вкучува запознавање на родители, задолжително излегување заедно.. Исто така се темели на секс. Воглавном сите типови на отворени врски ги гледам како секс-врски. Едноставно кажано: Резервираш партнер за кога ќе ви се сака да бидете заедно. хахахахахах Можеби грешам, сепак ова е мое мислење. И генерално сум ПРОТИВ! Го гледам како еден вид на себенепочитување.
не немам јас таква врска јас раскинав со дечкото пред извесно време и моментално сум безврска прашував онака што мислите вие за таквите парови добро ти кажа девојката не се возбудувај сакав само да прокоментираме за тоа
ne be zasto da se vozbuduvam, i ja si komentiram na tvoite komentari ima edna izreka- karakterot na licnosta najdobro se gleda po ona na sto istiot se smee...a ja bi dodala i diskusiite koi gi vodi pozdravicnjaaaaaaaaaaaaaaa
сум против за вакви врски во кои кружат 3 или 4 особи друго е ако си слободна и фраерот слободен и онака си се мувате, си имате отворена врска меѓу себе а да, еве ќе го искористам моментот да ја прашам соледад што направи и со двајцата дечковци те читав постојано и сакам да знам со кој остана? што се случи?
Јас сум ПРОТИВ таквите врски, едноставно не е тоа за мене. Би дала 10 само за 1, кој што ќе го сакам и ќе ме сака. Не ми треба ништо повеќе.
Со здравје да си го носиш Иначе цело време одиш контра, тоа се виде одма кога соледад ја напрај темава, и веднаш јас по неа напишав коментар. Не ти викаме да читаш меѓу редови (не би ги сфатила) - туку самиот текст да сфатиш дека не се работит за нас. Сфати или од почеток да почнам? Извинете што сум офтопик
Отворената врска неможам да ја сметам за сериозна. Тука нема никаква сериозност а ако постои љубов во таа врска за мене е несватлива таквата љубов
Не сум ЗА, премногу сум посесивна за да делам некого, но не сум против тие што одбрале така. Не можам да кажам - тоа не е љубов. Од каде ние знаеме што се случува помеѓу некои луѓе? За мене на пр. не е љубов тие што се врзале од мали години и сега и врапчињата знаат дека се дечко и девојка, празник, делник, прослава, секој ден заедно. Станува монотоно и навика, посебно ако врската започнала на 14-15 години и одат и одат и јас станува НИЕ, и ние имаме омилено јадење и ние одиме ваму.... Младоста треба да си ја проживее секој, ако некој решил дека му е поубаво да си има отворена врска - негов проблем. Ама ниту долгите врски не се никогаш гаранција за happy end, така да не ги обвинувајте девојките ако сакаат така. Можеби не е најпаметно, ама секој си знае за себе.
па бројче со дечкото раскинав ме повреди многу но сепак се разделивме на добар начин , сеуште ми е тешко мислам на него постојано и затоа си давам малку време на себе пред да излезам со тој што си пишував на мсн