На запад ми се чини дека овој лифестајл се нарекува swinging! Јас го сметам ова за некоја мода! Нажалост ќе не стигне и овде ( а можеби е). Мене на некој начин ми е болесно ова жими се...! Каде е самопочитта......моралот? Врска, е нешто помеѓу двајца...а не помеѓу 243567 души.......ццццц Плус ако ти се **** со други што влегуваш во отворена врска........биди си сингл.........ова е нешто што неможам да сфатам!
Не е swinging. Тоа е кога си ги менуваат партнерите. На пример ќе се соберат парови и секој спие со партнерот/ката на другиот/другата. Ова е кога сте заедно, ама се гледате повремено и со други.
Не би делела јас во никој случај. Ако сака да има ПовеќЕ девојки нека повели, ама со статус слободен. Ниту пак јас не би си дозволила такво нешто. Врската меѓу дечко и девојка треба да биде само меѓу нив двајца, и никој друг
Јас сум против. Ако ми е убаво со некој зошто би била со други? Ако не ми е убаво - зошто би била со него?
Сум имала и таква врска, кога бев помлада... ама не ни бевме во врска, туку се гледавме повремено. Можеби е добро, да се испразниш кога имаш потреба. Ама кога ќе се развијат чувства, тогаш се јавува проблем. Инаку, гледано од сегашен аспект, кога веќе наближувам кон 30, не оправдувам такви врски кај луѓето на моја возраст. Сепак сметам дека некаде околу 30тата година треба веќе да размислуваме за смирување и стабилни врски. И тогаш не ни требаат трети, четврти или петти лица во врската. Но тоа е прашање на избор, нели?
Во моментов имам една таква и .... Коа ке помислам дека освен со мене можеби се гледа и со други и трети ми иде да повратам ..Два пати се имаме видено се на се чекаме момент за трет па потоа се изјаснувам дека ми е преку глава од СРЦЕ АЈ ДА СЕ ВИДИМЕ , МИ ФАЛИШ (другата линија ми е зафатена па затоа тебе те барам) .. Океј авантура еднаш два пати но повеќе не ми дава гордоста така !Стварно не е сеедно
:y: :y: :y: Се согласувам.И плус ќе додам она што е мое е само мое не делам со никој друг (на дечко мислам ) Значи ако ја земам во предвид мојата посесивност дефинитивно НЕ.Но не ги критикувам оние коишто се одлучиле на ваков чекор.Нивен живот нивен избор
бог да чува! па зошто се мажите бре? зошто е бракот за да се сексаме со други ли ? не ми се верува до каде стигнавме!
јас сум ЗА отворен врска, ама доколку не си во брак и на баш до толку, ама ако имаш желба пробај и на крај краева еднаш се живее позз
Што мислам за отворени врски? - Мислам дека не треба да постојат! Сексот е 90% од врската ама ако, и само ако има врска. Секс што се сведува на празнење на хормоните, без врска, без чувство, без љубов, без основа- што ме прави мене???
Против отворени врски, ако сакам да имам повеќе љубовници во ред, ама тогаш нема да ги викам врски, за мене една врска значи еден парнер, еден љубовник и баш се во еднина. Множина ЈОК. А да не зборам за отворен брак како во првиот пост. Тоа НИКАКО. Да знам дека маж ми ебава друга или да делиме партнери или јас да одам со други мажи и да се тркалам на кревет со секакви.... одвратнооо. Ми се грози на самата помисла. За мене искрено тоа што тие дваца го имаат не е ни брак. Очигледно тие двајца кога сами би опстојувале, без трети личности во врската не би опстојале!
Ма доста веќе со тие изјави од типот Повик на Дивината! Природата те повикува....... цццц....се чудам уште што не ќе излезе во мода! Јас да сум во брак, и мажот така да ми рече, ма ќе го сништам, ќе го пуцам на место! Sex is overrated!
Hipica, можда вака си се тешат тие што имаат потреба од тоа. Ако ги теши. Имаше еден виц за Трпана. Се жалела на доктор дека е незаситна. И докторот и вика па земи играчки. Трпана вели-„зедов ама малку ми е“, докторот- „епа смени партнер“, Трпана- „па сменив -нема фајде“, докторот- „па пробај со повеќе партнери“, Трпана -„па пробав, никој не ме задоволува“. И докторот и вика -„па Трпано ти си феномен“. А Трпана вика:„ Феномен, докторе, феномен, а не курва ко што вика оној мојон“! Гледаш колку добро си се утеши Трпана?
Mене ова ми е глупаво-како не можеш да се задоволиш со еден к**,па треба да одиш со други,ај флертот не ми смета,ама ова
Ај сеа да не мешаме баби и жаби. Едно е да скокаш од кол на кол, додека пак мојот пост се однесуваше на периоди кога не си во врска, па нагонот го задоволуваш со одредена персона. Значи персонА, не персонИ. Али на кој како му одговара.
Големо НЕ за отворените врски. Против сум и слободен човек да има повеќе партнери во исто време, не пак во врска или пак брак.
Против тоа сум Ич не ми се допаѓа незнам како може да го прави некој тоа Али секој си има право на свој живот