Отворена врска Јас сум против ваква врска ,ептен без врска ми е Љубоморна личност сум кога се работи за љубов и не би можела да прифатам мојот дечко да се гушка ,бакнува или да спие со некоја друга ,невозможно ми е. Или сака да биде со мене или не сака , трето нема Кога имам ПМС ми смета само неговиот поглед кон некоја друга па не нешто друго... Во некои случаеви можеби успеваат ваквите врски ама ретки се ,бидејќи отворената врска трае дури двајцата не си најдат некој за затворена (мислам на сериозна врска без изневерување) а уште потрагично е па ако едниот се заљуби и после на цедило ќе си остане и повреден и сам .Ризик е . Но сепак не ги осудувам тие кои би прифатиле таква врска ,секој со своите размислувања нека си тера во животот и нека си го живее како што сака .
Отворена врска?? па зашто се вика врска коа е отворена и партнерите можат да си имаа други персони?? некако без врска ми е тоа или ќе бидеш само мој и нашата врска ќе се состои строго од две личности(јас и ти) и ќе биде затворен тип или нема врска само муватори..мада и коа ми е само муватор преферирам да сум само јас.
луѓето по природа се полигамни....зошто? колку пати ќе се фатите како размислувате за секс со некој друг?мноооогу пати.....нема некј кој не помислил да не се лажеме....и сега вие сте морални и моногамни само затоа што тоа ќе ви остане само во мисли??? хахаха се слагам со benten ....се тоа во врска со моногамијата и немањето секс пред брак,како и тоа да имаш само еден и единствен сексуален партнер сепак мислам дека е наметнато од страна на црквата што ми е битно мене од партнерот? да ме сака фала богу,да планираме заедно семејство и дечиња. тое е и поентата....кога партнерот ќе не изневери и ќе има секс со некоја/некој друг/а ние не се плашиме затоашто имал/а секс туку се плашиме дека ќе не остави и дека ќе посака да оформи семејство и да има дечиња со друг/а...односно се плашиме дека ќе се заљуби во друг/а.Сексот како секс како само повремено и кратко сексуално задоволство не е тоа што не плаши. Затоа немам ништо против отворените врски...напротив сметам дека секс во тројка на пр може многу да ја освежи една врска а да не зборуваме за брак
Ништо не мислам Прво, ако некој реши дека не сака да се посветува, сака своето време да го исполнува со дружење со еден, двајца или тројца не прави криминално дело. Кој исказ го прочитав значи во коментариве...одела од кол на кол... Ќе оди бе, зашто да не оди? Слободна е, кејф и е и?? Подобро така, отколку цел ден со ролката до гуша да проповеда морал, а после 00ч да не можеш да ја собереш од борчињата на Водно Второ, кога некој решил да се посвети, да гради нешто заедничко со таа персона со која е заедно значи е во врска. Она што е погоре опишано веќе добива друг назив, а тоа е изневерување Така да, ова терминов отворена врска просто некако ми нема смисла
Безвезанција ,не знам зошто воопшто е употребен терминот врска кога условно земено ништо не ги врзува. Сум била во вакви отворени врски ,без секс ,само мување ,ама дојдов до заклучок дека ако еднаш појдам со друг - тој првиот повеќе нема да ме интересира и крај. Па ,сполај Му ,се заозбилив.
pa види реалноста е дека уствари луѓето ги врзуваат само децата....според тоа некаква врска како термин врска треба да се користи само за бракот....ама врска нели се користи и за врска неофицијализирана и без деца.....и покрај тоа што двајца партнери во неофицијализирана врска ама баш ништо не ги врзува
Мене ваквите врски ми се глупави, ако воопшто и можат да се наречат врски. Навистина не разбирам која е поентата. Под врска подразбирам да се биде со еден партнер, двајцата меѓусебно да се почитуваат, да постои љубов, разбирање искреност и верност. А она другото без обврски, за мене е мување. Не е никаква врска.
па да така е уставри сите врски пред бракот се без обврски зашто ништо не те врзува со партнерот ,немате ништо заедничко
Според мене не е точно. Како што навела феминката која ја отворила темата вакви врски има и во брак. Еден обичен лист хартија не ти ги носи обврските и ,,затворената`` врска, туку твојот ум ти наложува што и како сакаш да правиш со врската. Бракот е само институција во која ние ги одредуваме правилата.
Отворена врска, не ти се свиѓа другиот толку за да сакаш да бидеш само со него и не си заљубен па си имаш повремена забава и задоволство но си бркаш и други. Кога ќе го најдеш тој со кој сакаш нешто повеќе и не сакаш да го делиш или загубиш сите други ги баталуваш и идеш во класична затворена врска со тој што го сакаш.
Според мене отворена врска со некого во којшто си заљубен е лошо да се има бидејќи е тешко.. А само за забава, што би се рекло да си имаш занимација без обврски, е тоа е отворена врска (иако не би се рекло баш врска, поише накај безврска )
Чиста непрофитабилна глупост ! и ова да го наречам врска? ма даај молим те.. или сум во асална врска или сум сингл, трето нема, за мене не постои!
Жена што прифаќа отворена врска се плаши да не го изгуби мажот.Претпоставувам. За обратно не би знаела да кажам, ама претпоставувам зашто едноставно му одговара Како и да е, мене ми е ова чудна појава, старомодна сум изгледа
Ако немам чувства кон „партнерот„ зошто да не, ако ми е за онака повремено гледање сум за, не би ми сметало воопшто, ако и јас го сакам истото, да поминеш 2-3 саати со некој и после да не те замара кај си што си... Ниту ќе ми биде комплекс некој дека ме искористува само вака, нути се понижувам самата себе и мојата вредност, ниту пак ќе го замарам кај е што е и со кој е. Ако јас се поставам така што има после да се жалам дека не ме почитувал или бла бла, морали, и што ќе кажат комшиите. Не се замарам
Океј. Само што јас не би издржала. Не дека ќе ми смета тоа што тој ќе прави што сака, јас сигурно ќе бидам полоша... Ама јас сум ти едно напорно девојче што мора да знае на што е. Или одеме или не
И која е поентата да се биде воопшто во брак?? Па подобро ќе бидам сингл отколку вакви глупости.. па после ќе се прашуваме каде отиде светот? Па кај ќе оди кога децата на таквите ја градат иднината, ќе излезат нормални деца од тој брак каде што тато и мама си се е**т со пријателчињата на кафе што им дошле? едит: зборував конкретно за случајов поготово што ги има се почесто. А инаку не сум ни за отворена врска, што мајка барам да бидам во врска ако не знам да се посветам само на една личност
Според мене терминот “отворена врска“ е измислен од некој кој сака да има нешто сигурно за секс, и плус да ебне нешто на страна. За мене отворени врски не постојат, нив ги ставам во ист кош со пријатели со бенефиции. Врската пред се значи да ги жртвуваш сопствените потреби да бидеш со други и да се обврзеш на верност кон само еден партнер. Која е поентата да бидеш во врска со некој, да се гледаш со други и при тоа партнерот да не се лути? Глупости. Јас не сум била во таква врска и немам намера да бидам. Јас сум си старомодна или само со мене или нека си фати патот и нека тера!
21 век сме и какви се работи се нема слушнато.А ме интересира што во 22? Што би рекол еден комшија “Аии жив да не сум,од каде сеа ова’’? Страшни работи
Сум била во отворена врска и се се сведува без емоции, само задоволство нели. Но доколку има барем мала хемија секако дека еден од партнерите ќе има по некоја искра повеќе кон другиот. Моето искуство не беше којзнае колку големо, но сепак доволно за да знам дека не ми се допаѓа идејата мојот партнер да биде со уште една истовремено, или да бидам со 2ца партнери во исто време, едно е безопасниот флерт и набљудувањето на згоден тип, друго е да завршиш со него само заради тоа што ти бил симпатичен или се знаете па као демек спонтано дошло до нешто повеќе