Не гледам ништо интересно тука. Никогаш не сум била во таква "врска" ни па сум личност што би можела да издржи такво нешто . Едноставно , сакам да знам на што сум со некоја личност, како што прочитав горе коментар , взаемна корист. Сепак не !
Скоро и да нема разлика меѓу отворена ,,врска'' и пријатели со ''бенефиции''. Ја би рекла дека тоа е исти ку*ац, само друго паковање. Башка реално гледано, треба да си ептен либерте за да ја реализираш идејава. Или едноставно да не чувствуваш потреба за споделување, приврзаност, доверба и блискост. Бидејќи во ваквиот тип на релации овие особини се исклучени. Негативната ствар е во тоа што како последица на ваквите топло - ладно игри, скоро секогаш едната страна на крај останува повредена. Така да, хиперсензитивни и лабилни особи е препорачливо да не прифаќаат ваков тип релации. Од друга страна, колку негативни, толку и позитивни страни има. На пример, никому не мора да полагаш сметки за она што правиш у слободно време. Едноставно, пошто картите се отворени, јасно е дека се гледате за да си го истерате ќејфот, оргазмирате, завршувате и секој по свој пат. Е сеа, колку ова истово некого ќе направи среќен и комплетен не знам, ваљда пак е прашање на индивидуалност, бидејќи сечиј внатрешен суд е различен, па според тоа секој знае што најмногу му годи на душичката... Плус, да не заборавиме дека осудувањето од страна на општеството, иде у паќет, логично пошто живееме in the middle of nowhere. Така да, оние кои сепак одлучиле да му пркосат на шаблонот, треба да се помират со негативните критики кои ќе ги има во голема мера. Доказ за тоа е самиов форум, како и мислењата кои претходат на темава.
Јас во ваква врска би успеала само во некои специфични услови, пр. врска на далечина. Ама да живееме во ист град и да го гледам наоколу со други, жива ќе се изедам. Не дека осудувам, само лично за мене, не е.
Јас имам либерален пристап кон многу работи во животот така да, нека секој прави тоа што сака и со кого сака. Еднаш се живее, а повеќето жени во Македонија и не живеат во вистинска смисла на зборот, туку постојано се жртвуваат за некого.
Мислам дека такви врски треба да има се почесто овде, малце послободни врски, по западен стил неможе бе на 18 некои да ми глумат дека се пред брак у врската, на ништо не личи тоа.
На никој не треба да му полагаш сметки што правиш во слободно време. Слободно време е време за да си го искористиш ти како што сакаш. Вакви отворени врски секој имал. Посебно се актулни кај младата популација од 13 до 16 години, а кога се осеќаат спремни одат на отворена врска со нешто повеќе. Немам ништо против, но девојките најчесто мислат дека се во вистинска врска и кога ќе до видат типот кај што се лигави со друга се разочаруваат. Мислам дека е е секој за ваква врска.
Pa neznam sto da kazam za vakvite vrski od edna strana mi se ok od smisla na slobodata a i zabavni se do nekade nepredvidlivi adrenalinski,od druga strana se kratki i moze da bidat i bolni,ako eden od partnerite pocni da ima custva kon drugiot a taka se slucva vo 90% od slucaite taka da i sum za i ne sum i spored nekoi siuaci sto gi imam gledano...Na primer koga ke go vidis nekogas neznajas kako da se isponasas so nego,a ustvari ste bile intimni ama ste zaedno koga vi odgovara na opusten nacin i nemora da znaci deka samo za seks da se razberime,e se slucvalo da se vidat nekade i inaet koj prv da se pozdravi ili kako da se pozdravi ili mozat da se izbegnat pa mozat da nastanat neprijatni situaci ima mn situaci kade sto neznajs kako da se isponasas so licnosta neznam kako da objasnam a i ne retko se slucvalo ova da prerasni i vo ozbilna vrska... Neznam spored mene treba mn.da si opusten za vakva vrska i da ne se zamaras voopsto...Sum imala vakva vrska i iskreno so 300 predomisluvanja i kaenja od edna strana interesno mi bilo od druga sum se custvuvala iskoristena na nekoj nacin,pa poslem ke si recev aj ne se zamaram samo zabavuvaj se itn. ako si ZA takva vrska podrzuvam DA zosto da ne...
јас во моментов сум во ваква врска и искрено ми одговара, и јас сакам слобода да правам што сакам и да се забавувам, а не да поднесувам рапорт секогаш кога ќе излезам на кафе или во клуб со пријателите. не сум сензитивна личност ниту личност што се приврзува, така што мене ми одговара ваквиот тип на врска
Некогаш одамна сум сакала да имам отворена врска но партнерите не го дозволувале тоа Сепак тоа е одлика на поновиве генерации. Во мое време тоа го нарекуваа со погрдно име. Не сум била во ваква врска а искрено сега да сум тинејџер би се впуштила.
Отворена врска, да си го даваш партнерот на позајмица? Како не. Таквите врски тогаш не содржат љубов ниту почит спрема другиот.
Па не ја гледам воопшто поентата на врската во тој случај, па дури и за некоја нова/тазе, ако се зезаме околу со други ?! Што ќе ти е тогаш т.н врска ?
Vo red e ako i dvajcata ne sakaat obvrski i ako im odgovara.No da si vo brak i da imas deca,pa i da nemas i da se soglases na vakva vrska treba da ti fali nesto.Togas ne ja gledam poentata zosto tie luge formirale semejstvo koga ne go pocituvaat ni znacenjeto na toj zbor a ne pak samite sebe si.
Мислам дека таквата врска не е врска. Таму кај што има љубов за ваква врска затворена е вратата. Но има луѓе кои го практикуваат отворениот начин на функционирање. Во една прилика гледам, таа со дава ,ишарет, со еден на шанк, тој без срам на уво и дише на друга.... Јас неможам така да издржам.
Мене овие врски ми се микс од мување, секс за „една вечер“ (со тоа што нема да биде една, туку колку што ќе издржат дотичниве ликови), секс во тројка/четворка (индиректно) . Плус тоа, мора да си крајно нељубоморен и искулиран за да можеш да опстоиш во една ваква „врска“ без врска и без обврска. Мислам дека треба партнерот да не ти значи, да немаш баш емоции кон него, за да можеш да функционираш во отворена врска, инаку... Чудно ми е како во темите за тројка толку луѓе има против, а тука ова нормално им делува на доста членови. Не е исто, ама е прилично слично, ако се размисли. Не сум се впуштила, ниту мислам дека би била способна да се впуштам во нешто вакво. Едноставно, тоа што е мое - не сакам да го делам, а тој со кого сум - го имам покрај мене затоа што нешто во животот ми значи. Значи едно НЕ од мене за овие работи.
Не само во твое време кое патем речено не било толку одамба туку и сега ќе се изненадиш колку лугето се заостанати во тој поглед. Не велам дека не постои неверство често менување на партнери.... туку отворените врски се многу ретки затоа што ние жените сакаме да ги поседуваме партнерите само за себе што е тотално погрешно и не сакаме да прифатиме дека тој е со друга иако можеби сме свесни дека не изневерува. Поубаво ни е да живееме во лаги отколку да живееме со вистината. Некој спомна доверба блискост.... Јас мислам дека довербата нема врска со тоа дали ти ќе имаш односи и со други или само со него, може да ти биде прв и последен а да не му веруваш. Што се однесува до темата дирекно да одговорам јас сум за, но исклучително е тешко да најдеш партнер кој ќе те следи. Да, има мажи кои би сакале да бидат со други жени но речиси и да нема такви кои би прифатиле да нивната девојка биде со друг маж а да тие знаат. Јас би била најсреќна кога би нашла таков сопруг мислам дека животот би ни бил поубав и подинамичен доколку бракот ни е отворен за нови искуства отколку да потонеме во монотонијата на брачните води. Многу ретки се денес паровите кои сексот го сфаќаат на поинаков начин и преземаат чекори за обогатување на нивниот сексуален живот. Свингерството е една од работите која може да биде соодветна алтернатива на отворените врски. Ок несакаш да го пуштиш партнерот сам со друга ок тогаш направете го заедно, подобро да се издува пред твои очи отколку да се криете еден од друг и да живеете во страв да не ве фатат. Затоа едно големо да од мене за отворените врски или свингерајот како алтернатива.
Секој си има различни погледи и сваќања. Можеби сум заостаната и звучам просто, ама тоа и годините си го носат. Можеби да сум пробала ќе ми се бендисало,.ама ете овде сум запрела. За да има свингерство треба и двата партенра да се ОПЕН МИНД ...ако тие се слагаат , ондаК нема проблем. Но еве да Ви кажам искуство на моја другарка.... Проба. И не преживеа. Се впушти во тие води. Денес е чесна сестра Несака да види маж.Ете реши животот на Бога да го посвети. На прашањето ЗОШТО се реши на таков чекор, просто одговори дека таа несака маж да види во својот живот. До ден денес вистинскиот одговор лебди...што доживеа за да се лиши од сите задоволства ?? Второ Ние живееме во Мкд и свингерството брзо ,,процуруе,, во чаршија...не дека треба да ти биде гајле кој што ќе рече, ама незнам кој ќе сака да земе жена избушена од пола држава. Трето и најбитно Промискуитетниот живот кај жената се пдразува подоцна кога таа ќе реши да оформи фамилија. Нема потреба да Ви набројувам кои жени какви деца родиле. И на крај, Ве молам не земајте за пример од горенапишаново...не вадете од контекст...не ме реплицирајте, нема потреба да ми докажувате... Сакам само да го кажам мојот став, што немора да е и Ваш. П.С Реплицирав на Струмка за да направиме две видувања на два различни ставови. Нека не се сфати ова како КОНТРА нејзиното, туку како ете....споредба Јас почитувам моногамност. Не осудувам никого, секој си одговара и си сноси последици...
Аууу апсолурно не се согласувам @referentka со неколку делови од твојот пост. Прво не очекував од жена да користи термин ,,избушена" затоа што тој збор воопшто не доликува на дама ниту одговара да се каже за друга жена дека е избушена, само затоа што имала повеќе партнери. Вагината е мускул кој не се проширува со бројот на сексуални односи ниту со бројот на партнери. Значи исто е дали цел живот ќе имаш односи со еден или секој ден со различен, тоа е од физиолошка гледна точка додека моралот е нешто друго. Втора и уште покатастрофална грешка е ставот дека промискуитетните жени рагале нездрави деца или деца со недостатоци што е сосема погрешно. Дали некое дете ке се роди со одреден недостаток зависи оф многу фактори но не и од бројот на партнери. Инаку за останатото се согласувам, за тоа дека живееме во општество каде сите гледаме во тугиот двор додека нивниот е затрупан во смет и дека свингерството и останатите работи кои отстапуваат од ,,нормалното" наидуваат на осуда иако ми се чини како сите да го посакуваат но се плашат од помислата да го направат и кога некој ќе го направи веднаш го дочекуваат на нож. Инаку ако јас сум задоволна од мојот живот што ми е гајле што прави комшивкара. Ете тоа се работите за кои мислам дека грешиш и тоа многу. П.С Според мене да се откажеш од сексуалниот живот и да заминеш во манастир според мене да не испадне дека сакам некого да навредам но психичко пореметување. Можам да разберам некоја од сам старт да се определи за таков живот но некоја да помине и сито и решето и одеднаш да и кликне во глава сакам да бидам чесна сестра е тотална лудост. Изгледа можам и јас да преминам во чесни сестри сеуште не ми е касно.
Јас сум олд скул по прашања на отворени врски/бракови. Сметам дека во позадина на нив лежи голема тага и распад на постоечката врска,па поради тоа се бараат задоволства од страна,за да си докажат на себе дека се сеуште привлечни и пожелни и бар приверемено ке добијат внимание кое во основната врска недостасува. Во врските каде се штима,не е потребен трет.............. *Преместено од Врска со оженет маж