Знам дека нема никого да убедам, ако кажувам и докажувам дека и отворен брак може да функционира... во нашиот случај, 18 години енд каунтинг... Како што спомнав и предоходно... повеќе пати... не е за секого.
18 години сте во отворен брак,? Верувам дека функционира и дека не е за секого ради егото, но Кои се квалитетите на отворената врска/брак?
18 години сме заедно, 15 во брак. Во отворена врска бевме од првиот ден, а потоа во отворен брак. Пишував и претходно.. слободата ни е битна, башка што не возбудува секс со други. Кажав дека и тоа што сме во отворен брак, не значи дека постојано треба да имаш секс со некој надвор од бракот.
Добро но сепак дали тaa слобода значи и неможност за контролирање на нагони кон други лица,и е слабост во суштина ,а не предност.
Да за отворени врски. Како постојат различни зеленчуци, овошја, форми, така постојат и различни типови "љубов". Премногу гранично и бесмислено е затварањето во еден моногамен круг, во кој треба да се игра според правилото дека мора да се одбере само една личност со која треба да се остане до крајот на животот. Опресирачки е, системски и напорно, а и нема реална причина да е така. Имаме доволн свест (како емоционална, така и интелектуална), која може да експанзира, до степен да не се граничиме во однос на квантитетот на паралелните партнерски и сексуални врски, а притоа да останеме здрави и заштитени. Сепак, навикнати на шаблонско размислување, ваквите појави ни се сеуште табу, далечни и мета на линч. Дури и покрај тоа што немањето доволно сексуална слобода подоцна може да предизвика јавување негативни емоции како егоизам, завист посесивност итн. (кои впрочем подоцна преминуваат во детерминирачки причини за крај на една врска), некои луѓе повторно наместо да бидат искрени дека сакаат ваков "аранжман" одлучуваат во тајност да најдат други секс партнери за да ги задоволат нагоните, а потоа се прашуваат зошто им е лабилна врската и не им функционира.. Нашите меѓучовечки интеракции се психолошки далеку посложени од она што изгледа. Како што можеме да имаме повеќе пријатели, и деца, зошто да не можеме да имаме и повеќе од еден партнер?
Не би влегла во ваква врска бидејќи некој ќе настрада во неа.Преjelly сум за да го делам дечко ми со друга, не па односи да имаат.
сум против но такви кои имаат такви врски,се врски без обврски,без љубов за секс и не им е грижа ,јас лично не би имала ни отворена врска ни паралелна зошто најубаво е да си со некого од љубов.А се почесто има отворени врски ,и паралелни иако повеќе таков менталитет е карактерстика на запад.
Сум имала и таков период но сепак тогаш не ми беше до сериозна врска ,но сега со дм не можам да се замислам во отворена врска .
Немам ништо против. Секој си живее како сака. Моја пријателка, се омажи после 10г врска. Врската им се одвиваше авантуристично, по тоа што им се восхитувам, но не би имала смелост да би правела така. 3јка практикуваа почесто жмж. Сега се веќе во брак, и сега практигуваат секс со брачни парови. Или баш, таа се секса со друг, а мажот и си дава hand job гледајки ја жена му во одоси со друг. Важно се согласуваат и се им е како што треба.
Секој со своите приоритети. Јас не верувам дека би можела да функционирам на тој начин , можеби би можела во тројка на една вечер , но повеќе не верувам. Им симнувам капа на тие парови што можат да функционираат на овој начин.
Јас сум моментално во ваква врска, засега нема љубомора од двете страни, но во случај да се јави такво нешто ќе мора да ја прекинеме нашата врска.
А како сакаш верност?Тој дел не го разбирам.Во случајот бидејќи имаш отворен брак каде што сигурно има други личности во вашиот живот