Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што мислите за тоа да сте втора?

Дискусија во 'Сингл' започната од independent, 22 јануари 2010.

  1. Devotion

    Devotion Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    32
    Јас не би одбрала да бидам втора од повеќе причини, ама најсмешни ми се овие "првите" што скоро секогаш ама секогаш се незадоволни бидејќи осеќаат дека има нешто од ова "второто", и дури и кога се сигурни дека има остануваат со дечкото. Колку кревање его на машко ,значи големиот фраер си игра со двете тие меѓусебно ќе се испотепаат..греота сме некогаш ние жените офф
     
    На dankee, honey.11, Justicija и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    А,оти ние женските не го направиме распоредот како нам ни одговара,па Стојче да е прв,Петко 2,а Бабушот евентуално 3 да истепаме досада.
    Зошто секогаш ние женските отвараме вакви теми не ми е јасно...
     
    На tinka-mace, raww, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  3. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Бидејќи ни се лачи хормонот естроген. Е сега ако си женски пол кој има одреден стандар на мажи со кои излегува дали карактерно или физички и кругот се намалува. Јас не сум ни за ни контра за да имаш статус втора во некој период од животот. 21 век сме и никој не е ни толку поштен. Само што мислам дека факторот втора се јавува во секоја врска каде што нема љубов. Е секогаш таа втората може да биде вреќа за празнење а може да биде и некое девојче што машкото стварно почнува да има чуства, ама околината пријателите и фамилијата цело време ќе му наметнуваат да остане со таа првата бидејќи веќе ја запознаел ја прифатиле и бла блаа.. Како што велат ако на мама и е добра и мене ќе ми е. Секоја сака да е прва, и да има убава љубовна приказна, ама животот не е толку едноставен. Само би препорачала на девојките над 25 да гледат да бидат вон овие ситуации бидејќи животот е краток па ако сака со тебе нека биде маж и ја остави ... :) Многу има да се дебатира на ова затоа скокам од едно во друго.
     
    На honey.11, Justicija, Elf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Веќе имаат распоред...
    Тие што имаат...
     
    На Guns N` Roses и Veta им се допаѓа ова.
  5. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Аха јас многу сакам да бидам втора. А посебно кога ќе ти текне дека ако си втора има и трета и тоа некако те теши. А и кога се караме со првата. Леле колку е грда. Се тепаме буквално а тој не гледа од страна. Тој заслужува да биде среќен. Го сакам.
     
    На Ivyprincess, thelittle17, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    И што се добива ако сте втора?
    Ниту типот е слободен , нема само тој пенис имаат и други што се сингл ??!! Што добиваат освен разбирам ако прифакаат само за пари јер друго објаснување немам
     
    На thelittle17, SummerGirl, tinka-mace и 2 други им се допаѓа ова.
  7. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Знам случај со девојче кое е неверојатно затрескано у тип со женска. Женска му живее у странство и си доаѓа еднаш во три месеци, а овој искача со девојчето додека не е тука таа. Спие кај него (опкружена со слики со женска му и нејзини ствари) , одат на кафе и цел град знае дека се гледаат освен женска му у странство. Кога ќе си дојде женска му, оваа се затвора дома плаче, паѓа у депресија и не излегува.
    Ептен жално и бедно за девојка му. А за девојката не знам што да кажам сама си прави проблеми, при очи слепа. Не знам што има толку посебно кај тој идиот.
     
    На SummerGirl, tinka-mace, Justicija и 6 други им се допаѓа ова.
  8. dankee

    dankee Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    772
    Сите се прават светици но и не е баш така, зошто се случило нештото само личноста самата знае. Пробувам од секој аспект да гледам кога давам коментар. Има голема разлика дали е врска или брак. Се би разбрала додека само е врска во прашање(младост лудост, се се менува додека нема документ), но ако особата е во брачна заедница и ти си втора тоа неможам никако да го оправдам а особено ако и дете е во прашање.. Никако!
     
    На Bellaa1234 и jasbi им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Не е оправдливо , сега која сум јас да судам но не разбирам што може да се добие да се биде втора ? Или ќе биде повредена или ќе му здрпа пари , трето нема
     
  10. Sanii princeza

    Sanii princeza Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    53
    Добро прашање како тема , бидејќи моја другарка е во ситуација каде што во моментов е на некој начин втора по некоја моја логика следејќи ги нејзините долги прераскажувања за секој можен покрет у било кој момент . Ни јас незнам како да ја сватам ниту пак паметен совет да и дадам со оглед не сум се нашла во таква ситуација . Ќе бидам кратка односно во кратки црти ќе ви кажам која е нејзината ситуација и баш ме интересира какво мислење ќе имате...


    Поентата е што била во ептен долга врска која траела 6 години и во буквална мисла на зборот што све нема преживеано со дечкото (бивши) преку ноќ раскинаа се утепа девојката од плачење со оглед немаше причина едноставно да прекинат , за тоа бев у право со оглед дечкото видно си кажа дека немал причина за прекин ама ете се десило и лично бев слушала муабетот меѓу нив бидејќи другаркава си има апликација за снимање разговори . Следните ситуации после 2 месеца типот се враќа на бившата од памти век но не ја остава другарка ми нонстоп комуницираат и се гледаат и кажува како тоа му значи и притоа не признава дека типов влегол у нова врска со бившата некогашна притоа не се гледаат редовно бидејќи типов е во Америка и ради коронава нема стапнато овде и тоа им е врската на новава бивша "љубов" додека со другаркава константа комуникација кажува детали ситни од нивната 6годишна врска плус споредби право со така наречената сегашна како го потсеќа во некои постапки на другаркава . Притоа другаркава веќе има потенцијален дечко кој што може и ќе бидат во врска но целава ситуација со бившиот ја буни . Дечкото во моментов не се знае кога ќе дојде ради ситуацијава поготово дека е во Америка но затоа едвај чека да ја види дури и на моменти комплименти но кога другаркава свртела тема смирување чоеков едноставно почнал ама завршивме и оп наеднаш пак исто пак барање редовна комуникација секој проблем буквално како да си се у врска ..


    Според вас како ви се гледа ситуацијава ?

    Патем според мене по некоја логика таа љубов од памти век а сеа сегашна била од 2-3 недели некогаш на времето дури овој и зборел баш на таа тема уште одамна додека со другаркава 6 години биле и било све океј најсупер бидејќи секогаш заедно сме искачале во парови сметам дека неможе да се стаи како втора со оглед и те како има предиспозиции за прва воедно и личност која била дел од неговиот живот развивање .

    - Забораив да напоменам типот годинава отиден е во Америка значи после 1 месец откако се фатиле со таа а раскинал со другаркава 3 месеца пред да оди односно испаѓа од врска у врска .


    И како последно ван темава кога веќе пишувам би сакала да ми кажете ваше мислење дали постои шанси да и се врати на другаркава. Мое гледање мислам дека од инает и праи и дека шанси има .

    Извинете за долгиов пост .
     
  11. Callie

    Callie Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2020
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    И раскинал без причина како што вика другарка ти, кога ќе се спомне смирување вика завршено е меѓу нив.. искрено не ми изгледа како да ќе се смират, можеби од навика сака да продолжат да комуницираат.
    Другарка ти поарно да се тргне, да стави крај и да си продолжи со животот.

    Инаку во врска со темава никогаш не би била втора!
     
    На tinka-mace, candy.cane, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Типот си праи што сака , го сака вниманието на другаркати, к** му е двор му е , си го поѕполнува времето , и не ми гледа работата дека од сега е со бифшата , изгледа од порано имаат стапено во контакт ....
    Како и да е ,другаркати нека сврти нов лист , пиши пропало со овој и е само губење време
     
    На tinka-mace, candy.cane, Sanii princeza и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Типот ја мотка другаркати на малиот прст. Никакво значење нема таа за него. Само ја искористува. И што е важно дали си прва или втора кога секако има некој замешан во врската. Ова прва втора ме потсека на земање наследство во турските серии, па прво второ дете. Како и да е кажи и на другарка ти што побрзо се свести толку подобро.
     
    На tinka-mace, raww, candy.cane и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rosie333

    Rosie333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите! Ова сум јас подолу,од лани случката која ви ја раскажав и побарав ваше мислење,доста применив и фала ви за тоа. еве и линк подолу за што точно стануваше збор. https://forum.femina.mk/threads/Што-мислите-за-тоа-да-сте-втора.706/page-33#post-4501777 Искрена да бидам,сето тоа беше еден тежок процес, на заборавање од Август лани,до Февруари сеа се видовме еднаш,и еднаш во Јуни(каде што ми зборуваше постојано за киднапирање од типот,нели ми е страв од него да не ме киднапира,да ме однесе некаде,искрено се исплашив,но не му покажав)Утредента ми рече да се видиме,но јас после тоа видување си кажав никогаш повеке.А и никаде не се среќававме,се оладив скроз од него,се до една вечер кога ми се јави и рече да се видиме,беше многу упорен,а јас упорно го одбивав,мислеше ќе искочам како и секојпат,но бев цврсто решена.Ми зборуваше дека ќе бидам мн.среќна ако искочам,дека ќе се смени све,само на 2 мин,дојде пред куќа и не искочив.после некоја минута ми се јави пак и ПОЧНА ДА ПЛАЧЕ,цитирам само дел што ми рече и ме погоди некако право во срце,реченици што не ми излегуваат од глава,и прашања зошто го кажа ова после толку време,ова беа збоовите :многу однесе од мене оваа ноќ,се чувствувам како да изгубив се,како да немам ништо,од утре ке ми биде многу тешко,имам две слики со нас,што ке ги чувам до дека сум жив,ти ми даде искреност и беше најискрена со мене,знаев што ке кажеш кога ке ме погледнеше,никогаш не се чувствував со тебе искористен,ти беше со мене бидејки сакаше да бидеш,заслужуваш да бидеш срекна и ке бидеш,пази се само од машките,не покажувај слабост на никој,на нас машките кога ни покаже некој дека не сака,ние знаеме да бидеме многу гадни. Многу прашања ме мачат,дали и ова беше една лага,бидејки не беа минути,туку саати и саати плачење по телефон,дури на моменти се прашував дали навистина он зборува,да не се напафкал но не конзумира,дали може да биде обична глума,сето ова кажано-признаено и КРАЈ?
    Јас се откажав од него,немам намера да се навраќам никогаш повеќе,ова е само нешто што ме мачи,понекогаш... Што мислите вие,искрено/лажно/зошто да,зошто не? Од 1 до 5 ми плачеше по телефон,на моменти ме факаше паника за него,почна да не може да збори од плач.МНооогу сум збунета.:drunk:
     
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.864
    Допаѓања:
    19.576
    Пол:
    Женски
    Лага е!
    Зошто едноставно не си продолжиш понатаму со својот живот ?
    Без секого се може
     
    На tinka-mace, candy.cane и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. Rosie333

    Rosie333 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2019
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Продолжив,и немам никаква намера да се навраќам пак на истото.Само,како што нагласив сакам да знам т.е да слушнам ваше мислење.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Типот не е ништо друго освен обичен манипулатор. И ако викаш дека веќе си ја завршила таа приказна шо му креваш на телефон ? Си испуштила златен дечко за кого ? За некој шо те бара само кога он сака и РИКА кога е сам,досадно му е,до секс му е.
    Тој тебе да те сакаше ќе си решеше со првата и чао пријатно. Во оваа приказна според мене јасни се стварите,а тоа е : Дечкото си ја сака девојка му,ти си вишок,повлечи се и барај си ја среќата на друго место. Ако продолжиш да го сожалуваш утре ќе ти рече : да се видиме или ќе се фрлам од мост...(кога он сака)
    Поздрав
     
    На thelittle17, tinka-mace, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Продолжи си со својот живот, а тој што сака нека прави...
    Крај на приказната.
     
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Што те збунува тоа што си пропушти врска со некој кој те ценел и претставувал како девојка или тоа што се спаси од човек кој ни сам не знае кај тера? Да ми плаче некој 4 саати и јас да му држам телефон:drunk:
    Што сакаше да слушнеш еве ќе и раскинам на девојка ми со неа крај со тебе почеток? Како не ви се гади да има некој односи во исто време со вас и некоја друга, аман малку самопочит:fubar:
     
    На BrokenMan, tinka-mace, Regina.Phalange и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Fidorija

    Fidorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2018
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски

    A ако неговата женска дознае за вас,дали си се прашала како би и било нејзе додека дечко и спие со друга .....дај бе ајде малце размисли со тоа главата.Нека ти прави он филм ако сака и до 6 поручек.БАТАЛИ ГО!! ке си напраиш поголеми проблеми....не знаеш во човек што се крие!
     
    На tinka-mace и cresa-jagoda им се допаѓа ова.