Значи вака имам 19 години, и нешто чудно се случува со мене. Навечер кога легнам да спијам неможам да заспијам затоа што цело време имам болки во колениците, глуждовите, лактите, глуждовите на рацето и горе во вратот односно местото каде се наоѓа продолжениот мозок. И цело време чувствувам дека ќе се онесвестам и како да имам вртоглавици како да губам рамнотежа, што може да биде ако знае некој нешто ќе бидам благодарна да ми помогне. Поздрав и ви благодарам од напред
Што можат да значат болките по целото тело ? Болки во зглобовите...еден куп причини. Прво 2 прашања, случајно болките да не се во ист период со твојата овулација и случајно да не си депресивна? Второ случајно да не си приметила било какви други симптоми во последно време, било што невообичаено и колку време се присутни болките? Дали ти отекуваат зглобовите? Ова е многу општо, колку се јаки болките како престануваат, кога се јавуваат? Можно е еден куп работи да се, од еден куп видови на ран артритис, фибромајалгиа до многу по банални работи поврзани со менструален циклус и т.н. Случајно да не си информирана, дали имаш семејна историја на артритис, псоријаза, било какви ревматски заболувања, гихт и т.н.?
Што можат да значат болките по целото тело ? да за депресивна можи да се кажи, пред некој ден посетив психијатар затоа што многу сум напната студирам во друг град далеку од дома шо не сум навикната и колоквиуми и цело време ми се случуваат некои неубави работи и докторот ми даде цитрам. Иначе пред 4 дена ми заврши менструацијата значи не е тоа во прашање. А немам никакви информации за таква семејна историја на болестите.
Што можат да значат болките по целото тело ? Болката во зглобовите може да е и од цитрамот, бидејќи една од контраиндикациите е и артралгијата. Еве на овој линк можеш повеќе да прочиташ за овој лек http://www.belupo.hr/Default.aspx?sid=10349 инаку псоријазата е кожно заболување, кое се карактеризира со промени на кожата, а прв симптом за гихт е оток на зглобот на палецот на ногата, ти препорачувам најпрвин да се посоветуваш со психијатарот за овој лек
Што можат да значат болките по целото тело ? Ако продолжат болките отиди кај доктор, со рендген се ќе се открие причината
Што можат да значат болките по целото тело ? Во најголем дел од случаите гихтот го зафака пакецот на ногата но може да се презентира на било кој друг зглоб од телото, но не станува збор за ова. Постојат повеке видови на псоријаза од кои еден е и псоријатичен артритис кој се карактеризира со промени на кожата и заболување на зглобовите. Пред колку време(денови, недели, месеци) ти започнаа болките? Понекогаш депресијата може да се манифестира како физичка болка, но депресијата може да биде и симптом на заболувања(во овие заболувања спагаат и другите твои симптоми) како што се: фибромијалгија, системски лупус(малку веројатно) и повеке други ревматоидни заболувања. Најдобро да отидеш на лекар за да се извршат сите потребни тестови, ние не сме компетентни да утврдиме дијагноза.
Што можат да значат болките по целото тело ? Болките започнаа пред две недели, има денови кога потполно заборавам на нив но во принцип ги имам итоа има моменти кога ме доведуваат до солзи последниме два дена имам силни плаоболки :/ Иначе заборавив да се заблагодарам на советите што ги делите со мене
Истото ми се случува сабајлево не можев да ги движам нозете , сега ме болат малку рацетеи коленото ве молам помош страв ми е дека е нешто сериозноо