1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што можеш да видиш?

Дискусија во 'Форумски игри' започната од Angelinkka, 13 април 2013.

  1. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Значи играва е едноставна, психолошка и многу забавна. Треба да напишете што гледате на сликата... Еве ќе почнам јас. Јас гледам двајца детективи, две мравки и еден вонземјанец... :lol: (доколку има ваква тема канта) :*
     

    Прикачени фајлови:

    • rorschach.jpg
      rorschach.jpg
      Големина на фајлот:
      59,9 KB
      Прегледи:
      142
  2. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Гледам птица, мравка и човек со отворена уста, како загрижен или исплашен да е :D Што значи ова?
     
  3. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.587
    Пол:
    Женски
    Гледам лава од мече, куче, пајче :lol:
     
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.369
    Допаѓања:
    9.304
    Пол:
    Женски
    Гледам две кучиња, еден орел и двајца луѓе :lol:
     
  5. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Инсект,две пеперутки и глава од мачка.
     
  6. Amely

    Amely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2014
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Женски
    Kyче, желка, микрофон, пилиња, и авион.
     
  7. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Авион и човек преплашен
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.049
    Допаѓања:
    76.044
    Пол:
    Женски
    Еве уште интересни слики кои, според она што прво го забележуваме, откриваат некои работи за нас.

    [​IMG]

    Ако гледате автомобил вие сте посветени на вашите идеали за слобода и на вашата желба работите да бидат како што сакате. Автомобилот е мал дел од сликата, па ја претставува вашата способност да пронаоѓате детали . Додека вашите способности за пронаоѓање детали и за организација понекогаш се добри особини, заборавањето на големата слика може да ве наведе да донесете погрешни одлуки.

    Ако прво го видовте човекот со двоглед, вие сте целосно посветени на големата слика и не обрнувате внимание на важните мали детали. Иако големата слика е важна, понекогаш е потребно да ги погледнете и помалите нешта.

    Буквата на сликата е со светла боја, па понекогаш е тешко да се открие прва. Ако сте успеале во тоа, вие имате способност да забележувате работи кои луѓето не ги гледаат. Вие сте роден детектив и одлично решавате загатки.

    [​IMG]

    Ако сте виделе крокодил, како повеќето, вие сте практични и размислувате за заканите кои може да се појават во вашиот живот. Живеете живот кој можеби е целосно песимистички. Ги заборавате малите позитивни детали и сте фокусирани на најлошото. Можеби е време да престанете да бидете толку груби кон себе.

    Малку е тешко да го забележите бродот на првото погледнување, но ако успеавте во тоа, тоа е знак дека не ги испуштате ситните детали. Вие сте креативни и можете да најдете решение за речиси секој проблем.

    [​IMG]

    Ако прво го забележавте старецот, вие сте емоционална личност со многу високо ниво на емпатија. Вие сте креативни и имате голема самодоверба. Само потребно е да ги контролирате вашите импулси и малку да забавите.

    Ако прво ја забележавте жената, вие сте логичари и аналитичари и добро размислувате пред да направите нешто. Вие сте оптимисти и се надевате дека иднината има само добри работи за вас.

    [​IMG]

    Ако прво ги забележавте лицата вие сте под влијание од надворешни стимули и сте екстроверт. Подобро е да се опкружите со луѓе кои се позитивни и кои ве поддржуваат наместо со луѓе кои постојано ве критикуваат.

    Вие сте интроверт и можете да станете многу успешни ако ги надминете вашите грижи.

    [​IMG]

    Ако прво ја забележите девојката, очекувајте среќни и позитивни настани во иднина. Девојката гледа нагоре, и вие, слично како неа гледате кон небото и сте полни со надеж. Ако сте женско, тоа е знак дека сте задоволно од личноста која сте и дека имате голема самодоверба. Ако сте машко, вие сте посветени на спротивниот пол. Премногу сте привлечени од нив. Можеби во вашиот живот има неколку жени од кои постојано барате одобрување. Време да се прифатите онакви какви што сте, да се опуштите и да продолжите понатаму.

    Ако сте женско и прво го забележавте машкото, ова може да биде знак за вашата желба за партнер, или пак очекувајте го појавувањето на вашиот „принц“ за кратко време. Ако сте машко и прво сте го забележале момчето, можно е да сте загрижени за некој маж на работа, дома, во семејството, па дури и во вашиот спортски тим. Може да станува збор за добра и за лоша загриженост. Време е да се ослободите од тоа.

    И да, ова е само за забава, не значи дека резултатите се 100% точни и вистински не` опишуваат. :D