Кај машко најмногу мразам оние што се заблудени во спортска....секој мисла му е, кога е натпреварот, дали фатил на спорткса, 1икс 2.., 2 во 1, оние што стојат пред кафич со шишето во рака и пијат пред сите, на улица.....нескам машко што нема поим што е тоа романтика, претерано лјубоморна и опсесивна особа, како што прочитав на еден пост...ти симнува ѕвезди, а после од кога ќе го добие тоа што сака го снемува, нескакам уфилмани типци,.............мн бе лоши работи имам да кажам..некако неможам да се сетам од толку многу што ги има.. Од она што машките го мразат кај женските....пијаници, опсесивни женски, машкуданки....
Па не би рекол мразење ама ми сметаат девојки кои се преценуваат, кои незнаат да сврзат два реда муабет, кои чекаат се на готово, немаат општа култура ниту интерес да го променат тоа, а највеќе несакам девојки без смисла за хумор и кои незнаат да прифата шала. Иначе добрата вест е што генерално ги сакам девојките
Мразам кога пола саат му зборам нешто, му правам муабет а он ни еден збор не израгистрирал и после ми вика ПА НЕ МИ КАЖА И мразам кога некои работи заборавил дека ми ги кажал, па ги слушам по неколку. Ама ова второво и не е толку страшно. Повторувањето е мајка на знаењето
1.јас мразам кога ќе видам машко,вози кола и ја извадил раката преку прозорец.....некако многу ми безвеза..... 2.Кога некое машко оде и плука по улица. ми се лоши 3.А и мразам кога гледам дека некој се праве фраер...како:Јас сум голем фраер,сите жени се мои,знаиш ли со колку имам легнато,имам ваква кола,сите летат по мене....пфффффффффффффф......само го гледам и си викам....леле дечко дај олади дааа,остај простор некој друг да те пофале.....................!!!!!!
ме нервираат глупи машки со застарени мислења дека се над девојката и дека треба они да наредуваат.. ме нервира кога се фалат со тоа колку "дупка" пијани биле.. колку испиле.. и најстрашно горди се со тоа.. ме нервира машко што слуша турбофолк.. и на некоја прослава кога ке пуштат некоја таква песна (обично на нова година) крши чаши и го покажува неговото сељачко однесување ме нервира некој што не знае да напраи озбилен муабет.. и многу ме нервира реченицата "ајде немора да се спремаш толку за мене си најубава" а тоа го прави оти го мрзи да почека 10 мин..
Уффф мразам кога лажат првенствено, макар и за најмала ситница само да излезат праведни пред другите.Мразам кога манипулираат за на крај да мислиш дека си ти у право а уствари они си дошле до целта,..паметно од нивна страна нема што.Мразам кога не се трпеливи за чекање,шопинг, мразам сељачење по понашај.....демек види ме кој сум...и тропотење на проѕирни лаги.Мразам .....итн итн А обратно ,..дечко ми мрази барем кај мене кога не знам што ми се прави во моментот, а он чека на мене и ја цело време му викам па не знам , не знам за на крај кога он ке одбере некое место јас да мрчам. Ама тоа е тоа...сигурно има уште мн. други работи но тоа е она што ми текна во моментот
Мразам кога мислат дека се најпаметни, кога мислат дека жената треба да им се покорува, дека се тие главни во се и нивниот збор треба да е прв и последен. Мразам машки без култура, без никакво почитување кон женските (огледало од татковците кои се однесувале лошо кој нивните мајки), пцуење, кревање рака (никогаш нема да се сложам со муабетот претера, заслужи), има многу други начини да го изразиш своето незадоволство, да докажеш дека си во право, но НИКАКО тоа да биде придружено со пцовки, навредливи зборови, некултурно однесување... ЛАГИ!!! Зошто се има потреба од нив? Па нели вие сте најпаметни, тогаш зошто СЕ ПЛАШИТЕ да ја признаете вистината? Да кажете да, бев со таа и таа, направив тоа и тоа... КУКАВИЦИ! Мразам кога се спремаат по 5 саати, местат коса, се враќаат по 200 пати пред огледалото пред да излезат од дома... небаре некој ќе види дека едното влакно им штрчи (пуста несигурност). Зошто неможат да сфатат дека многу поубаво ни е кога слободно ќе можеме да ги погалиме и бакнеме по коса??? Значи нема по одвратно нешто од лак или гел за коса, НЕМА! Башка и гадно е кога спиеш со него, сабајлето перницата корне на лак или гел... БЉАК! Мразам кога неможат да запамтат 1 единствен датум, дека тогаш и тогаш ви е годишнина... Мразам кога неможат да ти приредат едно најмало изненадување, да ти подарат цвет, макар бил од улица... Мразам кога се понашаат не џентлменски!!! Зар мајка им не ги научила како треба со девојката? Ако живеела таа во лош брак, бар син ти научи го на нешто, не дозволувај да се понаша како свиња со девојка му... МРАЗАМ МАМИНИ СИНОВИ (најчесто остануваат сами, не се женат или пак земаат за жена некоја што мајка им ја одбрала). Мразам машки што довикуваат на улица, се вртат по секоја... Машки што возат со едната рака надвор од кола, што свират од кола по девојки, што наеднаш ја притискаат педалата за гас штом забележат некоја фина фуфа во нивна близина... Мразам кога им е тешко една единствена порака да пуштат, да ти се јават и ти кажат дека им недостасуваш... ТЕШКО ЛИ ВИ Е ТОА? Мразам кога мислат дека се единствени на светот... Секогаш се наоѓа по некој, спротивен од се ова, па тогаш се чудите зошто заминуваме со други... Зашто секогаш постои некој кој ќе знае како да те расположи, кој ќе направи да се осеќаш сакана и вредна, кој ќе знае да те цени. Поздрав
1. Тон шминка 2.ниска девојка што форсира висока штикла (ова само вришти КОМПЛЕКС) 3.флертови и сочно гушкање со еден куп машки на секое излегување (ама срце само другари ми се, па не претерувај!!) 4.постојано зборување за бившиот и апла отворени споредби, 5. Неколкудневен АКТИВЕН, бесрамен и експлицитен чат флерт за после да ги снема наеднаш и те избегаваат (пак се смириле со бившиот, ти беше само занимација/за одмазда) 6. Однапред поставени правила и стандарди за тоа како треба да се однесува ПРАВ МУШКАРАЦ и да критики во стил ТАПА ФРАЕР СИ затоа што не ги исполнуваш критериумите за однесување (копи пејст критериуми од оние мачо типците од Американските филмови со цела шнинкерска екипа зад нив и совршено сценарио) ....мртов уморен сум, иначе ќе ми светнеше уште нешто да пишам...
Мислам дека мажите мразат претешка шминка, друго не знам-ама ова речиси сите мажи го мразат-а и јас истотака мразам кога ќе гледам некоја со премногу пудра, или премногу маскара... Less is More ! А јас мразам кога маж ќе плука, или пцуе, вика, се прави паметен, нивното ЕГОООО ми е проблем, ама знам како со тоа-ако сакаш-океј, ако нејќеш- овој пат јас не губам.
Мрзам машки што се срамежливи па мора да им влечеш зборови со клешти а па да ти признаат дека те свигаат треба на бесилка да ги носиш. Исто мразам што своето живеалиште го заборавиле па по цел ден седат во кладилници и само тоа им е битно а коа ке излезеш со нив мислат на утакмиците а не на тоа што ти му го кажуваш. Не сакам и такви премн нападни што уште првиот пат коа искачаш со него изјавува љубов ко демек којзнае колку те сака а утре којзнае на која ке и го кажува истиот муабет ...
- Мразам машки,кои мислат дека може да ја купат женската. - Мразам арогантни машки. - Мразам машки што мислат дека ако фураат најк патика мислат дека можат сите да ги смуваат. - Мразам некултурни. - Мразам сељаци,што кога се со другари,не знаат да направат асален муабет освен - Види ја онаа каква е, види ја онаа колку е ружна - - Мразам преценети машки. - Мразам неписмени машки. - Мразам машки што константно навредуваат,и пцујат. Уште многу мразам јас,ама доста е.
Не мразам ништо - нешто повеќе поднесувам, нешто помалку, она што па ич не го поднесувам го демонстрирам отворено и расчистувам по брза или убрзана постапка. Мразење во класична смисла ми е некому да му посакам мизерен живот форевр & евр што не го поседувам и тоа за некои патетични причини кои ги прочитав од типот - плукнал или опцул соу вот ?! И јас пцујам кога ќе ми дојде и плукам вербално, . И ако некој ме мрази ај донт гив а дем! Си имам и јас свои демони ама омразата не ми е јака страна т.е. немам толку омраза во себе па да ја давам безрезервно, или ширам околу себе како парфем, а не дека тоа е лошо може си има и предности, едноставно не сум така конструирана во пределов на емоцииве. А во доменот на тоа што НЕ ПОДНЕСУВАМ кај машките е табула раса тип без никакви ставови а замисли не е новороденче па да му одбијам на возраст , самопрогласен скулптор - кој мисли дека сум глина во рацете негови па би да ме обликува по своја мисла и замисла, нека си мисли јас сум му го смислила крајот инстантно, самопрогласен заводник од највисок ранг кој мисли дека само од еден негов поглед и се‘ од женски пол во дијаметар од километар се онесвестува, а-ха ливинг ин биливинг работава ама не на моја фреквенција, манипуланти и калкуланти - кои бираат девојка или сопруга за остварување егоистични цели сепак ми се на врвот на листата заедно со манијаците способни за психо-физичка тортура. Сепак, не ги дружам доволно кога ќе ги намирисам за да ми се создадат емоции за нив, вклучувајќи ја и омразата тука едноставно ги обиколувам како блуеница која се нашла на патот. Ако не се откачуваат со убаво имам и погрубо оружје во арсеналот меѓутоа одам на елиминација од мојата егзистенција до моментот кога знам дека мишн ис комплит.
мразам машки што даваат лажни надежи,не го исполнуваат ветеното,нивните зборови се сосема клише,мразам кога мислат дека можат да ја купат и имаат секоја девојка,мразам грубо и арогантно понашање,праќање кривица на друг, можеби се многу карактеристики но ова навистина ме вади од кожа !!
Женско сум. Ама кај припадничките од истиот ми пол... Мразам многу пудра. Ко да ставала Аргета паштета со лажица. а може да макнам малце? Не ги сваќам. Премногу шминка се на се ми е одвратно. Неисчупани веѓи, бркови, жолти неизмиени заби -гадно! А има вакви примероци богами... Кај машки мразам типови со пилешки мозок. Тоа толку да се немало рачун што се прави и како се прави. Свашта. Премногу натпреварувачки настроени типови ми ги дигаат хормоните (у негативен контекст) Мразам типови што прават се плански (каде ќе идеме, што ќе правиме, како...) Фаќање за заден сегмент или слично како краен селјак, ко ц**ка и гз да не видел боже сачувај... безобразлук. Метроси... абе ајде! Мрзам депилирано машко, исчупани веѓи, мазни раце, нозе... марш бе! Типови што немаат вкус за девојки (каква и да е -добра е) Оние што се фалат колку испиле и што тато направил. Што вреѓаат женски (какви комплекси човече) и што се занесуваат по оние турбофолкери и рапери. Абе иди убиј се.
Мразам некултурни машки нормално, потоа такви кои мислат дека можат да ја имаат секоја и гордо го истакнуваат тоа, а незнаат колку сељачки и простачки звучи тоа. За арогантно и грубо однесување кон девојки не мора ни да кажам, се знае колку ме вади од такт. Навредување и понижување на женски исто така. Тоа е крајно примитивно, не е ни малку фраерски алооо.
Се согласувам со многу од претходните наведени мислења! значи вака, така, онака сите имаме приближно исти мислења а сеуште постојат и тоа илјадници такви луѓе Жалосноооо -.- ~ Не сакам машки што се пред секој чоек различни! па каков си таков биди да му ебам матер! Со малата на само ѕвезди и што ли не, а со другари ма не бе, која си ти -.- Тоа ми е најнизок начин за нивното така наречено докажуење у таквите моменти. ~ Не сакам и машки и женски шо се праат дека се нешо поише од другите.Сите сме луѓе-исти сме. ~ Не сакам -||- шо без да запознаат некој лично, осудуваат врз база на претходни туѓи мислења. ~ Не сакам машки шо се преценуваат, не сакам онакви со некои заостанати мислења дека они шо ќе кажат така треба да е, не сакам машки шо играат топло- ладно ( најголема глупост) и милион други глупости шо ме мрзи да ги набројувам. ~ Не сакам женски шо идат со цицките надвор, ко демек ние другиве неаме цицки па ај сеа. ~ Не сакам растресени гзови со целулитишта и мрснотини у хеланка со кратка маичка -.- ~ И највеќе од се мразам женски па и машки шо немаат стил и вкус. Тоа најголема пропаст е да незнаеш да спариш две основни бои и да се забораиш у ставање додатоци на тебе и на крај ко елка да се шеташ!
Мразам мажи што тераат инат и се гордеат со тоа колкави инаети се. Мразам мажи со биполарно расположение. Мразам мажи што сакаат да доминираат и да се прават алфа мажјаци во врската. Мразам мажи што немаат цел во животот и џаболебарат по цел ден. Мразам мажи што се опседнати со фудбал и сони (ок разбирам нормално ама зборувам за абнормалности во случај на зависност втф? Мразам шовинисти. Мразам мажи што не водат грижа за својот изглед. Мразам мажи што се преценуваат. Мразам мажи што се фалат кого легнале и тако даље. Мразам мажи што викаат дека никогаш нема да се оженат, а први ќе го направат тоа Мразам мажи кои се искомплексирани од претходните врски... а да не очекува дека јас ќе го лечам? Мразам мажи пропалици на професионален и образовен план. Мразам мажи со пороци како коцка и хронични алкохоличари и што повремено си дуваат дрогата во предвид не доаѓа Мразам мажи што у несвест паѓаат на турбо фолк. Мразам мажи што се фалат. Во однос на жените имам правено муабет со другари за тоа што мразат кај жените. Па вака: -неуредни нокти, мрсна коса, премногу шминка -просто и недолично однесување -употребување пцовки и вулгарни зборови -жени што глумат недостапни пички -користољубиви и спонзоруши -жени што треба да ги молиш -жени што се споредуваат -искомплексирани жени без самодоверба.... Сигурно има уште многу само неможам да се сетам сега
Мразам машки што лажат, што се прават фраери со нивните коли, телефони и слично. Машки што не знаат да почитуваат девојка и машки што креваат рака на девојка.