Мразам неискреност, недоверба, претерана љубомора, грубо однесување, но исто така и претерано лигавење, глумење мачо, премногу емотивност... Машките кај женските мразат (колку што знам јас) : Недоволно/претерано внимание посветено на физичкиот изглед, уценување со солзи (ова посебно), снобизам, трачарење...
Нокте на мал прст. Шатирани прамени. `ркање по улица. Ако плати пијачка па мисли дека си негова сопственост. Розово на маж, пм не можам. Неваспитани. Балканци. Депилирање. Мамини синови. -сите жени се исти, сите се к*рви- ставови. И врвот - женско да е, дај шта даш. Маж со памет и трошка самопочит, ќе бира и ќе има високи очекувања. Нема секоја медиокритетна фаца да му е расна лепотица и да паѓа на секој минич, а ги има со лопата да ги ринеш. Не ми се интересни такви, за мене е предизвик да не можам лесно да се справам вербално со тип, не некој што нема критериум. Маж со став и вкус е мнооогу привлечна работа. Некој што врти глава по секој пар цицки... Nah. Назад у седмо.
Темава за хејтање е напраена, а јас како суштество што е неспособно да мрази ќе си набројам карактеристики кај мажи што воопшто не ми се допаѓаат и онда го игнорирам одма цел маж ради таа карактеристика: - мажи што се билдаат претерано и стануваат као вратари, не сакам да се шетам со некој кој изгледа ко да ми е обезбеџење - непедантни мажи, да не почнам да набројувам на кој начин, гадно ми е - лигави мажи, е такви има со лопата да ги ринеш, не ги можам.. - љубоморни мажи. Тоа не се гледа баш баш на почетокот, ама има некои што си кажуваат од старт какви се. Одма на игнор, не сум по ланци и тракатанци - неискрени мажи, океј пола од човештвото не е искрено, но ептен мразам кога некој упорно ме лаже - мажи со лош хумор - најчесто таквите се со слаба самодоверба, и од пусти страв од тоа шо ќе помислиме ќе се истрескаат до максимум. - некултурни мажи, па на шо личи она р‘кање по улици, честа употреба на вулгаризми, немање никаков однос кон спротивната страна - мажи кои се лицкаат пред огледало - е не знам зошто, ама мене ми се доволни 20 мин за скроз да се подготвам, ваквите многу ми ги креваат недепилираните влакненца на рацете... - мажи кои глумат. Факат е дека ние жените у претходен живот во Холивуд сме се родиле, ама па подалеку од муж глумец..
- Мразам мажи биледери ( целите салести вратри ) - Мразам мажи прости и неписмени а се замислуваат дека се кој знае што - Мразам мажи самозаљубени кои мислат дека секоја женска би ја легнале - Мразам мажи фукаџии, фалбаџии и целиот муабет и е во стилот: јас ова, јас она... - Мразам мажи кои се коцкаат и мажи за кои викендот е синоним на кладилница и спортска - Мразам мажи клошари - Мразам жени со превише шминка поготово за денско излегување - Мразам жени вулгарно облечени, а се замислуваат дека се ептен секси - Мразам жени со мрсна коса - Мразам жени прости, некултурни, необразовани, а се замислуваат дека се којзнае што и глумат јаки шмизли - Мразам премногу скромни жени
ова го мразам и јас, а исто така мразам лажење,фалење и папучари т.е. како што ги викам јас-лингури! а мислам дека машките мразат шмизли и лигавење.
Мразам лажење, грубо однесување, да зборува некои прости работи или да дава некои непристојни коментари, да не те по4итува, да сака се тој да контролира... А мажите мислам дека мразат т.е. не сакаат многу жени што се во некој поглед поуспешни од нив...и мразат кога сакаме нешто да изнудиме со плачење... и сигурно уште многу други работи што не ми текнуваат во моментот....
Кај машките најмногу ја мразам лагата , недовербата, арогантноста исто така некој што е без култура таквото понашање ме иритира
Не сакам: -Арогантни мажи; -Арогантни жени; И не знам која им е причината да бидат такви -Непедантни мажи; -Непедантни жени; Мажи кои не знаат да се однесуваат пристојно и се у филм " Па ти не знаеш кој сум јас и што се` сум поминал низ животов,п***и,коли,пијанства,дрога,пари........" ,а затоа пак и истите не знаат како да и` се пуштат на една девојка; Жени кои не знаат да се однесуваат и се у филм "Јас сум ептен јака ,мамина маза,татина принцеза,имам се` и цел свет се врти околу мене " и нив никој ништо не им може,недопирливи се и сите други за нив се " сељаци " ! Има уште многу,ама доволно е за денес!
Девојка без манири,девојка без чувство на ориентација и реалноста за себе ,девојка со 1.50 и стикли 15ка ,девојка со стил на бугарска певаљка тип плавуша со црн корен фарбан ,девојка со висок тон на глас,девојка кој што не признава ако погреши иако нема да има последици ,девојка што вози мотор,девојка што е облецена како барби на 25 СВЕ РОЗЕВО, ај доста е да не навлегуваме во физички описи ,тука нема правила секој е симпатичен на некого
доколку редовно доцни на состанок -значи станува збор за маж кој е мрзелив и секогаш ќе избегнува да се соочи со тежок проблем и секогаш ќе оди на линија со помал отпорДевојките не го сакаат ова Чепкање на нос-Девоки станува збор дека овие не се склони кон хигиенапа треба да им кажеме
Хахахахах а ти толку ли си низок што ти смета 15ки да носи женска или што Значи јас лично ниски машки, машки што не знаат да се извинат и заблагодарат, глупаци што се фалат, а немаат за што, кога машкото шири некој без врска муабет итн.
Е чекај бре, ние сме криви што сме ниски или?? Па нели велевте се беше во карактерот, да биде добаар оваа онаа... Абе ајде и да, ако сакам ќе носам и 20 штикла. Така да знаете!
Хаха мене па проблем ми е да си ставам многу високи, немам доволно компатибилен висок партнер. Обично сите машки се колку мене 182 на штикли за женско не е малку. Да не бидам оф топик мразам кога машко не знае да ги комбинира боите.
Мојата листа ќе е голема,уште сега кажувам Мразам мажи кои се посесивно љубоморни(Имам и пример,на една моја другарка дечкото не и дозволуваше да излегува освен со него мислам ало секој има свој живот!) Мразам мажи кои мислат дека можат да ја потчинат жената,тие адети од памти век) Мразам кога ќе видам дека машко си ги гриза ноктите,исто и кај женските Емотивни машки или мајкини синови Мажи на кои им треба цел саат да се спремат! Мажи кои мислат дека сите жени се исти и обратно. Мразам кога ќе видам некое машко ставило на фб слика со испрчена уста,исто и за женските. Срамежливи машки исто. Кај жените: -пре козметилни,да не кажам пластични(секој ден по кило шминка,кратки сукњи ) -оговарања,озборувања -жена или девојка без самодоверба,срамежлива. Ако ми текне уште нешто попосле ќе допишам
Уф, долга е листата... Кај мажи: љубомора, нездрава контрола, несредени раце, немање вкус за облека, машки спонзоруши, мамини синчиња, такви кои не знаат да почитуваат женско, премногу вулгарни, мажи без бон-тон, некултурни, мажи кои секогаш мислат дека се у право (а сите знаеме дека не се), фалбаџии, мажи кои носат златни ланци , и на крај несигурни во себе и лош вкус за музика. Кај жените: Спонзоруши, жени кои зборуваат и се смеат прегласно, немање осет за време, жени кои не знаат да одат на штикли, а ги носат, жени кои од што многу гледаат „Сексот и градот“ мислат дека и они се дел од филмот, жени без основна култура и бон-тон, несредени нокти и раце, мрсна коса, лигави жени, жени на кои дечкото им е цел свет и ништо друго не постои за нив и на крај... Кај двата пола најмногу ме нервира неискреноста, правењето драми за непотребни работи и реченицата дека сите мажи/жени се исти (е од ова коса ми се крева - уствари може имаат големо искуство, па знаат).
Мразам лигавење и лажење. Ги има многу такви. На почеток од врскаат си мислам “леле фала богу налетав на некој асален“ а после сфаќам дека е ист како другите, дека се лигави и лаже. И кога ќе раскинеме и ќе слусанм си фатил друга девока си мислам како истите комплименти по автоматизам и од навика и ги дели и на неа.