1. Мајка ми ме научи да ценам добро завршена работа "Ако сакате да се потепате, идете надвор, само што го бришев подот!" 2. Мајка ми ме научи да верувам и да се молам "Моли се на Бога оваа дамка да не остане на тепихот" 3. ...ме научи дека насилството е неопходно од време на време "Ако не се исправиш има да те треснам" 4. ...за логиката "Јас сум мајка и затоа секогаш сум во право!" 5. ...да мислам на последиците "Ако паднеш од љуљашката и скршиш врат, нема сладолед после ручек!" 6. ...да предвидувам случки "Облечи чисти гаќи, свашта може да ти се случи" 7. ...за иронијата "Само ти плачи па јас ќе ти дадам причина за плачење!" 8. ...сè за чудата на осмозата "Затвори уста и јади!" 9. ...за искривувањето "Погледни ја само таа нечистотија позади твоите уши!" 10. ...за издржливоста "Нема да станеш од стол сè додека не го изедеш целиот ручек!" 11. ...за времето "Твојата соба изгледа како да прошло торнадо!" 12. ...дека повторувањето е мајка на знаењето "Ти кажав еднаш, ќе ти кажам уште сто пати - не претерувај!" 13. ...за наследните особини "Престани да се однесуваш како татко ти!" 14. ...за зависта "Има безброј несреќни деца на светот што немаат родители како твоите!" 15. ...за нестрпливоста "Чекај само да стигнеме дома.." 16. ...за примањето "Ќе го добиеш ти твоето кога ќе стигнеме дома.." 17. ...за медицината "Ако голтнеш мастика ќе ти се залепат цревата!" 18. ...за гатањето "Облакај џемпер, ваљда знам јас кога е ладно" 19. ...да се угледувам на другите "Како можела таа што седи до тебе да добие петка, така можеш и ти" 20. ...да НЕ се угледувам на другите (контрадикторно со точка 19, затоа е потребно секогаш консултација со мајка) "Што ми е мене гајле што направило детето на комшијата, може да се убие ако сака" 21. ...за растењето "Ако не го изедеш зеленчукот нема никогаш да пораснеш" 22. ...за одвишокот "Ако пиеш кафе ќе ти порасне опашка" 23. ...за готвењето "Следниот пат направи го ти ако знаеш подобро" 24. ...за мудроста "Ќе разбереш кога ќе дојдеш на мои години" 25. ...за иднината "Чекај само да те видам ти кога ќе бидеш мајка" превземено од http://www.crnobelo.com
Има многу во кои ја пронаоѓам мајка ми,ама со ова и ден денес ме вади од такт. ...за гатањето "Облакај џемпер, ваљда знам јас кога е ладно"
хахаха дефинитивно се пронајдов а и нашите деца можеби ќе се пронајдат во ова некогаш Дефиниција за џемпер Предмет кој мора да го носам на мене кога мама мисли дека ладно
Леле како сте ја погодиле мајка ми. Заедно со „Стани од тој стол ќе ти се залепе“ и кога нон-стоп се жале дека не и помагам а после„ Види што направи. Да не ми помагаш веќе“
Повистинито здравје... Ама убаво се изнасмеав... И посебно ја пронајдов мајка ми во 2, 8, 10, 12, 18, 23, 25...