Што научивме од американските филмови?

Дискусија во 'Насмевка' започната од IndieGirl, 8 март 2011.

  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    -Кашлањето е знак за смртоносна болест.
    -Детективот може да го реши случајот само ако е суспендиран од должност.
    -Мажот нема да покаже знаци на болка додека ги прима најсилните удари, но ќе се тресе и офка додека некоја жена ќе се обидува да му ги исчисти раните.
    -Едно чкорче е доволно да осветли соба од која било големина.
    -Секоја брава може да се отвори за секунда со кредитна картичка или спојувалка – освен ако тоа не е вратата која води до зградата која е во пламен и во која се наоѓа заробено дете.
    -Ајфеловата кула може да се види од секој прозорец во Париз.
    -Еден човек кој пука во дваесет луѓе има поголеми шанси да ги убие отколку дваесетте луѓе кои пукаат во едниот човек.
    -Секое утро мајките подготвуваат јајца, сланина и колачи за своите сопрузи и деца, иако овие никогаш немаат време да ги изедат.
    -Еднаш нанесениот кармин на усните никогаш не се брише – дури и кога нуркате со целосна нуркачка опрема.
    -На полицајците секогаш им се доделуваат партнери кои се нивна целосна спротивност.
    -Автомобилите кои ќе се судрат речиси секогаш ќе експлодираат во пламен.
    -Чесните и работливи полицајци по правило се затрелувани три дена пред пензија.
    -Ако сакате да се претставите како германски офицер не е неопходно да знаете германски – доволно е да имате германски нагласок.
    -Колку повеќе се мразат мажот и жената толку е поголема веројатноста дека ќе се заљубат.
    -Системот за вентилација на секоја зграда е одлично место за криење. Никој никогаш нема ни да помисли да ве бара таму и без потешкотии можете да патувате до секој дел на зградата.
    -Кога ќе се соочите со злобен меѓународен терорист, сарказмот и духовитоста се вашето најдобро оружје.
    -Кога ќе плаќате такси, не морате да погледнете во паричникот додека ја вадите банкнотата – само ќе зграпчите една и ќе му ја дадете. Тоа секогаш ќе биде точниот износ на цената за превозот.
    -Кога се сами, сите странци сакаат да зборуваат меѓу себе на англиски.
    -Ако престојуваат во опседната куќа, жените треба во најоскудна облека да го истражат секој необичен звук.
    -Ако треба повторно да го наполните оружјето, секогаш ќе имате доволно муниција – дури и ако претходно не сте понеле со себе.
    -Ако видите големо стакло, некој набрзо ќе биде фрлен низ него.
    -Кога се вози кола, сосем вообичаено е да не се гледа на патот туку кон личноста која седи покрај вас или зад вас.
    -ТВ дневните вести обично содржат приказна која лично ќе ве погоди токму во тој миг.
    -Електричната ограда доволно силна да убие диносаурус нема да предизвика трајни последици кај осумгодишното дете.
    -За време на сите полициски истраги барем еднаш ќе биде потребно да се посети стриптиз-барот.
    -Секогаш е можно да се паркирате пред зградата која ја посетувате.
    -Секој состанок завршува со секс.
    -Никој не се вози со подземната железница освен ако не бега од ФБИ или од психопатот-убиец.
    -Во 99,99% од случаите нема да го изгубиш судскиот процес (колку и да е глупав) ако те бранат главните ликови.
    -Во Мексико е модерно да се облекуваш како каубоец и така да излегуваш во град.
    :D
     
    На JuLleE, Bunny05, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.769
    Допаѓања:
    23.766
    Пол:
    Женски
    Колку е само ова точно. Ај и јас да додадам нешто од моето искуство :lol:

    * Младите не можат на еден одмор да отидат затоа што тука секогаш ќе се најде некое чудовиште, дух, човекојадец итд кој последни ќе ги остави афроамериканецот и плавушата кои се главните ликови и обавезно се спасуваат. :lol:

    * Ако си бубалица, грда, се облакаш за нигде, имаш бркови и носиш наочари бетер од тегли за туршија, големи се шансите најголемиот фраер во школо да ја остави најголемата “фраерка“ (читај лилаааааааа шмизла) која смее да биде сааааамо плавуша за да те викне на матурската вечер.

    * Иако не знаеш колку држави се дел од САД, ти сепак си солиден ученик со сите петки.
     
    На 2468, sadangel и IndieGirl им се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    -Секогаш која ќе ти удрат шлаканица, за дел од секундата си со крв.
    -Коа си сам дома, чуден звук доаѓа од најголемата темница во подурмот (во кој нема струја) и ти со сиот памет идеш да провериш
    -При секој секс двајцата партнери свршуваат во исто време :D
    -Вонземјанците од каде и да доаѓаат обавезно зборуваат англиски и напаѓаат стикно американси метрополи
    -Секој може да открие сечива лозинка на компјутерот од 3пати
    -Ако некоја типка е главна улога, таа обавезно е убава, згодна, паметна, има 3 дипломи од различни факултети и може да го истепа било кој тип за помалку од 2мин
    -Ако бегаш и си во лифт, противникот ќе те стигне по скали....макар и 30 ката да се
    -Ако ти се слоши во авион, не се секирај секогаш има доктор меѓу патниците
    -Секогаш во моментот кога треба да рипнеш од кров/прозорец, поминува камион и ти "слетуваш" безбедно на него
     
    На sadangel и IndieGirl им се допаѓа ова.
  4. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Секогаш прв умира црнецот.

    Колку е поголемо деколтето, толку се поголеми шансите дека ќе го нае*еш.

    Убиецот секогаш има натприродни сили.

    Јаките фаци никогаш не се вртат кога има експлозија.

    Ако некој каже „Се` ќе биде во ред“, се` тргнува наопаку.
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    -Колку е поголема сексуалната тензија меѓу партнерите кога ќе се решат на секс,толку повеќе предмети ќе фрлаат од бироа,маси и сл. бидејќи само Американците имаат толку страст во себе :D ,
    -Доколку има секс сцена голема е веројатноста да го видите газето на машкиот лик,
    -Какво криминално дејствие да извршиш,нема гајле,тука се Мексико или Канада каде што ќе избегаш,
    -Во тинејџерските филмови најчесто главниот лик кој е вљубен во главната шмизла во школо завршува со најдобрата другарка,која пред тоа се облекува како машко,па тој замалку се онесвестува кога ќе ја види во друго издание :D или таа му признава се‘ во алкохолизирана состојба,
    -При раскинувања и разделби се тешат со оние огромни пакувања на сладолед,а машките ликови пијат млеко директно од пластичното шише,
    -На компјутер по отпечатокот од прсти веднаш добиваат слика на ликот-оној кој се сомничи за нешто(читав дека ова не е точно),
    -Секогаш кога во истрагата ќе се вклучат федералци,случајот го решава полицијата за инает :D ,
    -Кога доаѓа до влепување на шамар симултано следат уште неколку од двете страни,па ако е пар често следи страсно бакнување,
    -Во хорорите секогаш негативецот пак се појавува на крај или некој друг ќе го наследи,
    -И не знам дали имате приметено ама едно бело-кафеаво комбе исто и еден сиво обоен камионет сум ги гледала на толку многу филмови што ми доаѓа да вриснам-о,неее зарем пак ова возило???!!!
    -Најчесто се прави обид за самоубиство и тоа неуспешен од некој вртоглаво висок мост или прозорец од зграда,па го наговараат да дојде,а тој после безброј патетични фацки попушта,а пак ако има сцена на некоја провалија голема е веројатноста некој да биде убиен со туркање во неа,
    -После добиениот отказ секој добива подобра работа или го остварува својот сон за кој мечтаел од детство,
    -Секогаш на крај богатите се враќаат кај своите сиромашни љубени,
    -Главната кучка секогаш ги сфаќа последиците на своите дела и се кае,
    -Сериските убијци обавезно тргнуваат кон психијатарот,кој го прави нивниот профил и ја води истрагата или кон член од нивното семејство,
    -И она што посебно ме иритира луѓето од наши краишта секогаш се претставени со одвратен акцент на американските филмови!
     
    На Phyramide и IndieGirl им се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Најдобриот на крај испаѓа најголемиот лошко, а тој што цело време го сметаме за лошко на крај го спасува целиот свет.
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Во принцип научивме дека насилството е лек за секакви проблеми, недоразбирања... дури и за секакви болештини да ти фрчат чифтиња пред фаца. |(
    Тоа е нешто што од латино-американските не го научивме. Во вториве научивме што значи психички да се преморуваш и да плачеш ако ти се скине влакно од косата. |(
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Полицијата пристигнува откако се ќе се реши... :D
     
    На Shana и IndieGirl им се допаѓа ова.
  9. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Знам имаше во еден филм, на крај главниот лик вели:
    Излезе дека девојка ми е мојот најголем непријател, најдобрата другарка ми стана девојка, а најголемиот непријател, мој должник :lol:
     
  10. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cекогаш девојката на филмот тоес.бивша е на страна на непријатели и вперува пиштол во тебе :D Cекогаш се земаат заложници,и секогаш наивниот ја спасува ситуацијата |( Cкоро во секоја акција,се вмешани руски мафијаши и се зборува руски :lol:
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Лелее темава е закон :D :D :D
    ахахахахаааа :rofl:

    И да, Хорацио секогаш од прва го наоѓа виновникот. :!: :D Остај тоа што полицијата пристигнува последна, доволно е Хорацио да потклекне и се знае. :D

    Лелее ако сакате бришете ме, ама ме пукнавте од смеа :D Па колку озбилно го пишувате ова :rofl:
     
    На CriminalMinds му/ѝ се допаѓа ова.
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Mи текнаа уште неколку :lol: :lol: Cекогаш кога мораш да направиш екстра итен повик,гледааш ....дека немаш батерија :rofl: ]:) **Cекогаш се бара некој сеф со пари,па на дечкото-девојката не им текнува никако шифрата,а од назад насилиниците се закануваат,и конечно и текнува и отвора и гледаш нема ништо внатре или некој тестамент :@ :rofl: :D плус сефовите можеш најчесто да ги најдеш зад некоја Mонализа слика или Hаполеон бонапарта,или пак зад некоја лизгачка-летачка врата :D :D
     
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Сите телефонски броеви започнуваат со 555.

    Најлоша идеја во опасна ситуација е - да се разделите на две различни страни, а сепак во секој филм - се разделуваат на две различни страни.

    Осамен мотел на патот со сомнителен рецепционер, под што ужасно крцка и бела завеса што се вее на ветрот се задолжителен декор на секој евтин и нискобуџетен хорор филм.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    А - у бре тема! :D

    Па научив дека што и да се случи, кој и да ни се заканува, макар и ни се заканувала некоја интергалактичка војна и сите треба да загинеме, не се плашам - тука е Брус Вилис да не спаси!

    Научив да кажувам најискрено што можам, поискрено здравје! - I love you! Oh, I love you too! |(

    Научив дека Мексиканците се секогаш наркомани и дилери, дека за сето зло на светот се одговорни Русите...ок, тенденциите се сменија малку, сега се тоа Србите.

    Научив дека што и да се случува за време на целиот филм, на крај следи срцепарателна љубовна сцена, Џек и Џејн трчаат еден кон друг, на ливада, на зајдисонце, нивните силуети се ближат една кон друга, високите треви нежно се нишаат на ветрот, и конечно се среќаваат! Џек ја зграпчува Џејн, ја подига и ја вртииии и вртииии и сите плачат.
    Верзија втора, Џејн си заминува, Џек во последен момент сака да ја види да и каже дека ја сака, но Џејн е веќе во авионот. Џек стигнува на аеродром - во последната минута, му кажуваат дека авионот е на полетување - ма нема везе, Џек сака нешто да и соопшти - пуштете го хоштаплеришта аеродромски! Секако дека го пуштаат. Трча Џек низ сите писти, стигнува до авионот и го сопира летот! Влегува во авионот, Џејн изненадена што го гледа, почнува да плаче, се љубат, си изразуваат искрена љубов (пример бр. 2) и сите плачат.

    The end.

    Епа отприлика тоа. Ах да - во секој хорор без исклучок, никој никаде не пали светло. Влегува во собата исплашен до коски ама НЕ пали светло, никако! :)
     
    На Theodora и Shana им се допаѓа ова.
  15. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    *Лифтот е секогаш на оној спрат на кој треба да биде, освен кога некого бркаат. Тогаш криминалецот влегува во лифтот и вратата на херојот му се затвора пред нос, а другиот е на најгорниот спрат. Типот веднаш тргнува по скали и стигнува пред лифтот.
    *Ѕвони телефон. И слушаш глас:Пушти на тој и тој канал, кажуваат за настанот. Опс пушта телевизор и баш во тој момент почнува веста од сам почеток.
    *Сите бебиња се раѓаат чисти и така поголемки, ко да имаат едно 2-3 месеци :D, а мајката веднаш по пораѓајот е во топ форма и без вишок килограм.
    *Типот е погоден од куршум во рамо, крвари, а сепак може да ја користи раката за да испука уште неколку куршуми и по можност смртно да го рани тој што пукал во него

    :D :D :D
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    - Во секој филм, без исклучок, мора да се слушнат полициски сирени.
    - Шахтите испаруваат, особено во Њујорк.
    - Кога жртвата бега од напаѓачот, обавезно паѓа, колата не и пали, клучевите не се правилните.
    - Во истата ситуација, кога бега а е во куќа, наместо да избега надвор се качува по скали угоре (ко божем има хеликоптер за спасување на покривот) и стандард е темно.
    Никад не разбирав зошто мораат да имаат странични светла, никогаш една фасонка да се немало одозгора.
    - Научивме дека "Подај ми ја солта", за време на ручек е официјална реплика.
    - Кога ликовите излегуваат од дома, никогаш не ја заклучуваат вратата!
    - Брус Вилис секогаш ќе го спаси светот.
    - Бејзболот е најважна работа на светот.
    - За да е појезива собата на малото дете, кадарот секогаш демне од одоздола кон креветчето со особен акцент врз заспивалките што ја пеат Mockingbird.
    -И така натаму...
     
    На Phyramide, Trendafilka, sadangel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.435
    Допаѓања:
    10.809
    Пол:
    Женски
    Жената секогаш го напушта мажот бидејќи овој постојано работи и не и обрнува внимание.
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Кога некоја личност треба да признае некоја голема гршка или тајна почнува да ја тупи и другата личност ја прекинува „заборави тоа минало‘‘ (у тој стил) и после кога на крај се дознае „зошто не кажа порано‘‘ и другиот „па кога сакав да ти кажам не ми дозволи и немав храброст после пак да го спомнувам‘‘
     
  19. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    дека кога двајца се среќни заедно се е совршено и нема никакви проблеми, ако едно нешто не штима одма раскинуваат/се разведуваат
    и дека има среќен крај
    и дека секогаш нешто што силно го посакуваш го добиваш
    ЖИМИ К**ОВ
     
  20. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    159
    Извинете за должината на текстот :) :
    5. Приглушувачите за пукање ги претвораат во нежен шепот
    Примери за нечујно испалување на куршуми ќе најдете во филмовите како „In the line of fire“, „Die hard 2“, „No country for old men“, „Shooter“ и практично во цел серијал на Џемс Бонд. Работата да биде уште полоша, филмската магија не се применува само за мали пиштоли, туку и на брутални сачмарки.
    Пукањето е многу силно. Просечната силина на звукот се споредува со звук на млазен мотор, а изнесува околу 140 децибели. Приглушувачите не се волшебни цевки кои „БУМ!“ ќе го претворат во шепот. Пиштолот и понатаму звучи како пиштол, а истрелот одекнува секаде наоколу. Приглушувач со оригинални 140 децибели се спушта на околу 120-130, што е се уште доволно гласно да предизвика физичка болка, ако стоите многу блиску.Целта на приглушувачот се сведува на тоа големите пиштоли да звучат како помалите,што е многу корисно ако сте во природа и опкружени со други звуци кои ќе помогнат да се замаскира истрелот. Освен гласноста, потешко е да се лоцира од каде стига истрелот и колку е далеку.
    4. Сам против сите – бескрајни рафали
    Добар пример за испалување на стотици и стотици куршуми во непрекинат низ, ќе најдете во филмовите како што се „Starship troopers“, „The mummy“, „Max Payne“, „Commando“, „Scarface“ и повеќе филмови на Џон Ву. Кога последен пат сте виделе некој во филм да останал без куршуми, а тоа да не е намерно и смислено? Кога се работи за пиштоли, се воздржуваат, револвер со 6 куршуми обично може да истрела 10-11 куршуми, но машинките буквално истураат куршуми! Ни продаваат финта дека се истрелуваат барем сто пати повеќе куршуми отколку што е реално можно, дури и со изговор дека глумците можеби ги менуваат додека „ние не гледаме“. Бидејќи во целото тоа трчање и форсирање тешко може да се следи колку куршуми испукале или да се процени колку куршуми собира во еден прикажан шаржер, па машинките ги претвараат во фабрика за куршуми. Во филмот „Commando“ бесниот Арнолд сее смрт како да вклучил „год моде“ во некоја игра.Ако малку ја следевте војната во Ирак, сигурно сте го забележале оружјето кое го носат американските војници – М44 Carbine. Еден шаржер собира 30 куршуми. Да, остана без куршуми по четири секунди. Со автоматска пушка АК-47 повторно исто, околу четири секунди. Автоматското оружје голта куршуми со брзина од околу 700 куршуми во минута. Со тоа дека шаржерот нема 700, туку 30. Просечен број на куршуми кој носи еден американски војник е околу 210, што значи дека рафално пукање трае едвај една минута, дури и кога ќе се додаде времето за промена на шаржерот.
    3. Волшебни панцири
    Сте се нашле во заседа и се отишло по ѓаволите, а позади вас сте навлекле десет подивени Либијци кои тргнуваат на „сафари“ и се обидуваат да ве изрешетаат со рафали од старо комбе. Додека бегате, на лице имате насмевка, бидејќи без оглед што секој од нив има АК-47, вие имате панцир.Иако филмските куршуми обично поминуваат и низ карпи, филмските панцири од кој било вид во момент се претвараат во играчка за аирсофт. Куси рафали од АК-47 можат да претворат човек во крвав пудинг, но не, панцирот ве чува како Frod mithril. Освен тоа, на непобедливите праведници никој никогаш не пука во глава. Соочен со таков калибар и таа далечина, панцирот нема да послужи за ништо освен да ве држи во еден дел додека не ве пренесат на патологија. Панцирот кој е доволно лесен и практичен за носење под облека, ќе ве заштити само од просечен пиштол. Против јуришна пушка нема шанси. Војниците на терен користат посебен „оклоп“ кој покрива и други делови од телото, но таа опрема е многу потешка и го ограничува движењето. Полицајците обично не носат такви оклопи бидејќи се тешки околу 15 килограми и чинат илјада долари, а бидејќи во градски престрелки воени пушки многу малку се користат, во помалку од 1 отсто случаи, тоа не им претставува голем проблем.
    2. Злокобен „клик“
    Секој филм во кој има пукање и играње на ловци, неминовно завршува со сцена со затегнување на орозот, што произведува морничав „клик“, кој на заврзаниот несреќник треба да порача дека тоа му е последна шанса. Овој звук многу се користи како дел од разни ритуали, како тој од филмот „Boondock Saints“, во кој браќата МекМанус го користат како точка на крајот од рецитирањето на својата мала молитва.Тој фамозен „клик“ е резултат од затегнување на орозот, кое на публиката треба да пренесе идеја од типот „Пиштолот сега е подготвен за пукање“. Но, тоа воопшто не значи дека пиштолот е подготвен за пукање, всушност не значи баш ништо, бидејќи пиштолот веќе и така бил подготвен за пукање. Сега кога сме свесни за тоа, ќе ја разбереме логиката која вели дека заробениот треба да очекува крај при самото допирање на пиштолот на тилот. На пример, пиштолот кој го користат браќата МекМанус Берета 92Ф е направен така што повлекувањето на орозот, значи самото пукање истовремено го затегнува и орозот, за да се заштеди таа секунда или две кога се добива куршум во глава. Поради тоа, драматичното затегнување на орозот веројатно потекнува од старите вестерн филмови во кои каубојците биле принудени да го прават тоа по секое испалување на куршум.Покрај тоа, спомнатата Берета функционира така што по секој испукан куршум орозот останува затегнат, за да може малку да се олесни повторното притискање, што значи дека ирските одмаздници намерно го отпуштаат орозот, само да произведат „клик“. Кога се работи за оружје кое нема никаков вид на ороз, како сачмарка, за замена се уфрлува енергично „пумпање“. Проблемот е во тоа што „пумпањето“ служи за исфрлување на празните чаури и полнење на цевката со нови. Ни остануваат две опции – или главниот јунак е идиот, па трчка наоколу со неподготвена сачмарка во која во цевката стои празна чаура или веќе го направил „пумпањето“, па пред криминалецот исфрлува целосно нова и неиспалена чаура, само да се направи драма.
    1. Куршумите задолжително предизвикуваат експлозија
    Куршум во плинска боца, куршум во одело за нуркање, куршум во автомобилски резервоар за бензин, во буре со бензин или нафта, во соба исполнета со плин – куршумите предизвикуваат експлозија апсолутно на се.Ако секоја сообраќајна несреќа или дупка од куршум би предизвикала експлозија која би разнела 20 луѓе и би запалило половина улица, никој никогаш нема да седне во автомобил или да купи плинска боца. За експлозија на автомобилски резервоар за гориво треба да се постигна посебни услови, кои вклучуваат мала дупка на резервоарот, извор на оган надвор од него, поволен однос на бензинска пареа и кислород во самиот резервоар и доволен притисок. Дури и ако сте ги задоволиле сите наведени услови, ќе мора да употребите светлечки куршуми. И за крај, ако филмските куршуми успешно поминуваат низ металните слоеви на автомобилот и предизвикуваат експлозија на резервоарот за гориво, зошто не поминуваат низ шперплоча од која е направена најобична полица во продавница? За тотално да се оддалечиме од каква било ронка на разум, автомобилска врата во филм обично служи како непробоен штит. Иронијата е во тоа што куршумот, иако нема да го разнесе резервоарот, лесно ќе помине низ автомобилска врата.