1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што научивме од американските филмови?

Дискусија во 'Насмевка' започната од IndieGirl, 8 март 2011.

  1. sparklie

    sparklie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    254
    Ако случајно ти застане колата на пат и во близина има куќа- немој да влегуваш и да бараш помош, сигурно тоа е куќата на некој сериски убиец :D
     
  2. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    -ако имаш секс сосем рандом без никаква заштита шансата да забремениш е 1:10000000
    -тие што најмногу се караат, се совршен пар
    -ружната типка е уствари најзгодна откако ќе се дигне на штикли и ќе облече фустан
    -нема шанси полицијата да реши случај/мистерија, тоа го прават оние што немаат врска со истото
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Тие што во почетокот се караат, на крај обавезно се заедно :D
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Дека Нико секогаш глуми во акциони филмови со пушки и пиштоли (да не кажам огнено оружје претежно) и тоа колку и да го тепаат, рануваат и сл. он е жив на крај и секогаш победува, како што американците секогаш победуваат во виетнам (си прават бајрам на мозок).
    И дека се одлични математичари, односно на крајот од филмот The mist главниот актер кога виде безизлезна ситуација реши наместо тоа чудовиштето од маглата да ги изеде тој да си го испоубие семејството и тие старчињата така што извади пиштол, ги преброја куршумите кои беа 4 и почна да убива почнувајќи од детето и продолжувајќи да ги пуца нив (со се него) петмина (бројките може не беа тие, ама поентата е таа). И кога ги упуца сите снема куршум за него а плус и америчката војска на крај дојде и ги спаси (него) :puke:
    Во хорор кога ќе се појави човек (животно, чудовиште) демек некој мутант и сл. колку и да го маваат, кољаат, пукаат тој се појавува пак на крај.
     
  5. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    -Оние што ги сметаат за глупи и ги потценуваат дека не се добри во својата работа на крај го разрешуваат секој случај на свој начин и стануваат главни херои (Legally Blonde,My Cousin Vinny,Cop Out,The Other Guys)
    -Во скоро сите романтични комедии главните ликови во почетокот не се поднесуваат а на крајот сфаќаат дека се заљубиле без да сфатат.
    -Не ми е јасно толку ли не сфаќаат ликовите во хорорите дека ако се тушираат навечер обавезно ќе слушнат некој звук и набрзо потоа ќе бидат убиени.
    -Најпопуларната девојка во школо мора да има барем една другарка која е црнкиња
    -Кога се депресивни јадат сладолед и гледат филмови од 80-те.
    -Младите речиси никогаш не седат на компјутер кога се дома
    -Кога двајца се среќаваат обавезно мора некој некого да полие со кафе или сок.
    -Секој има луксузен стан во центарот на градот дури и кога е во тешка финансиска состојба.
    -Полицијата стигнува дури откако главниот лик ќе го убие негативецот за да му дадат палто за да се стопли.
    -И секако Русите и Мексиканците се секогаш главните негативци во секој филм.
     
  6. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    еден човек(The raven) па дури и жена (Џоди Фостер во The brave one) може да ги открие, најде и убие сите од бандата која била негативец еден 15 милионски град како Њујорк (како да имаат GPS).
     
  7. lucky-girl

    lucky-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2011
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    16
    го усовршив англискиот јазик :lol:
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    -Без разлика на тоа колку луѓе заклал убиецов, ножот секогаш е беспрекорно чист, има само маалце крв на врвот.
    -Задолжително е спиење со шминка, а истата сабајлето не е воопшто размазчкана, да не зборувам за фризурата, средена мислиш од фризер..
    -Кога некој конечно ке го убие лошиот, секогаш останува до него да го провери дали диши и овој стварно не бил мртов и го фаќа за нога така наеднаш..
    -Кога некој ќе почине, апсолутно на никој не му е жал и никој не плаче..
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Дека може да те пукаат во ногата а ти сепак да трчаш ама малку успорено (нели си ранет).
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Да кажуваме искрено и од се срце - ТЕ САКАМ.

    Поискрено, здравје!
     
  11. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    -ако си главна личност тогаш не пропуштај вооружена престрелка и онака нема да те погодат а ти сите ќе ги средиш ]:)
    -ако на почетокот си несредена девојка со лош имиџ и плус те исмејуваат не се секирај на крајот ти ќе бидеш најубавата плус ќе го ќариш и најубавото момче :!:
     
  12. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    - ако се преселиш во голем град, обавезно во школо ќе има некоја мажоретка која е најубава и го има најубавиот дечко, а ти ќе се дружиш со бубалиците. :geek: Ама не се секирај, ќе направиш забава кај тебе дома, цело школо ќе дојде, па ќе и го земеш дечкото на оваа злобната мажоретка и така ти ќе станеш фаца број 1 и сите ќе те сакаат. :D :D

    - ако некој те брка, а ти бегаш качувајќи се во лифт, пази пошто тој што те брка иде по скари, ама стигнува за приближно време како ти, и продолжува да те гони. :rofl:
     
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Девојката што е стриптизета или се бави со проституција (не е битно), а понекогаш има и дете, обавезно ја работи таа работа затоа што собира пари за студиите на медицина :)
     
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    - Сите бомби се со одбројувачи и добриот типац секогаш ја погаѓа жичката за деактивација 1 секунда и 6 стотинки пред да експлодира бомбата.
    - Цурите со штикла 12ка што се вртат да видат дистанца помеѓу нив и “злото“ што ги мава, налетуваат и се сопкаат на камен/нерамнина баш во моментот кога ке се свртат.
    - Ако случајно се најдат повеќе луѓе во случаен кадар (чекање лифт, рандом сцена во продавница итн), секогаш меѓу нив мора да има баба, дете и црнец.
    - Цела електроника не работи кога треба да се побара помош.
    - Колку и да се врти добриот наоколу барајќи, лошиот секогаш ке му излета од зад грб.
    - Сите кошмари што некој ги сонува, подоцна перфектно се вклопуваат со вистинскиот живот и ја решаваат мистеријата.
    - Надвор е секогаш облачно, темно и врнежливо пред да се случи лош настан.
    - Најголемите тајни за откривањето мистерии се кријаат во кутивче кое случајно ке биде најдено откако главниот лик ке се удри во нешто од кое ке испадне кутивчето.
    - Од сите претходни промашувања, последниот куршум фатално ке го погоди злобникот право во гради или чело.
    - Доволен е само еден брк за типацот да стане непрепознатлив дури и за мајка си.
    - Пет минути по излегување од борба во вода, сите се перфектно суви а шминката и фризот се недопрени.
    - Добриот момак се враќа по мачката откако ке ја/го спаси бабата/детето.
    - Убиецот секогаш чува исечоци од новините за своите злосторства.
    - Секогаш има добар вонземјанин што ги спречува другите да го уништат човештвото.
    - Херој ранет во витален орган умира дури откако ке ги спаси сите.
    - Црнците секогаш јадат хамбургери.

    Ајт...заразно ова... |( :D
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    -И најглупиот лик кога е во опасност знае да ја ископа од некаде последната трошка на интелигенција за да се спаси себеси ,понекогаш и другите ,зависно од сценариото. :D

    -Учениците со лоша репитација секогаш имаат беспрекорен озглед ,додека бубалиците се грди и со очила кои наликуваат по димензиите на шофершајбни од авион.
    Задолжително имаат фски ,замрсени косичиња ,момците фураат некој сјектерски стил на гардероба ,а девојките (онака чесни ,јадни и наивни) - фармерчиња ,најобично блузе и обавезно плетен џемпер.
    Ах ,да ,бубалиците секогаш се девици :rofl:

    -При напната ситуација ,секогаш се наоѓа некој ПаметњаковиЌ кој ја согледува ситуацијата и менува тема (ваквиот стил на глума може да се сретне и во сериите ,ете Нехир од Лисјата да ја земеме за пример :lol: )
     
  16. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Huston,we gotta problem. :D
    -Секое утро мајките подготвуваат јајца, сланина и колачи за своите сопрузи и деца, иако овие никогаш немаат време да ги изедат.
    Е ова е најточно,а во суштина Американците секогаш имаат време за јадење. Јадењето пред се`!