па тоа што благодарение на нив комотно можеме да си комуницираме меѓу себе на шпански (за сите што го научивме мислам) ама да се разбереме не беа сите од нив со happy end, пример руби не заврши среќно, иако беше главен лик и иако очекувавме дека можеби ќе се случи некое чудо па ногата (откако и ја ампутираа) ќе и порасне и ќе се смири со љубениот хаха
А јазикот многу ми се најде кога бев на одмор во Шпанија. ви благодарам Касандра, Марисол, Игнацио, Вланетина Урибе, Саломе, Росалинда, Есмералда, Маријана, Фрихолито, Росаура, Ранду, Ерменија, Чупакабрас, Руби, Освалдо, Марина, Флоренција, Фабрицио, Александро, Миранда, Хуан, Лети, Циганките, и уште купишта други.
како прво научив шпански, го засакав мексико, и ги научув сите убави мали места што постојат во средна америка ( сакам да одам во акапулко) е сега најбитните детали.... сватив дека никогаш не знаеш што ке биде, не треба да си 100% сигурен дека некој навистина умрел ( може после многу години ке се врате со загубено памтење), дека колку и да се карам со Бруно на крајот пак ке ми се врате мене оти ме сака нели , научив и дека лошите или умираат на грозен начин, или одат доживотно во затвор, е кога сме кај затворот, од таму може да се излезе многу лесно.. и после излевањето ке бидиш главна фаца у град . треба да се има у предвид дека може некаде во светот постои твојата близначка што ти немаш појма дека а имаш, ниту мајка ти памти дека ја родила.. ако си слепа ке прегледаш кога тогаш. ако сакаш да задржиш маж треба да го испијаниш и да го наместиш дека ти направил дете, ако тоа ќе биде на неговиот брат(или татко). и најбитно од се дека на крајот се ке заврши како што мислевме (откако свекрвата ке се истумба со новиот мерцедес, а јас со помешани емоции ке зјапам )
Научив дека дечко ти можеби е твојот загубен брат. И, научив дека мама не треба да се нервира ако дечко ми нема гола пара, сигурно ќе дознае дека неговиот вистински татко е мулти милионер.
1.Шпански 2.да не ги понижуваме слугинките и да не се расправаме со нив затоа што на крај дознаваме дека ни се мајки 3.Секогаш богатите женски и сиромашните мажи или обратно се вљубуваат еден во друг... 4.научив да плачам и кога малку ќе ми викат,и без причина .некад се зезаат со меенее и ме викаат шпанска серија 5.без разлика колку ни е тешко на крај се ќе биде во ред и сите ќе бидеме среќни и веселиии ....
башка од то што научивме по некој шпански збор,научивме дека и после 3 пати мажење можеш да бидеш девица
Научив дека веројатноста најголемиот непријател да ти е татко е 110% И секогаш тоа го користат за завршување на епизода, со многу драматична музика... там там таммммм....... Јас.....јас...сум ти...татко..! ( драматична музика in the background )
На крај дознаваш дека слугинката што си ја ругала цел живот,ти е мајка .Ако си у богата фамилија,сигурно си посвоена. Колку толку го научив нивниот јазик,ама само оние лигавите реченици што цел филм се вртат.Како..ти си мојата љубов,не можам да го замислам животот без тебе..Ку*ва..итн
1. Шпанскиот 2. Гледаат ТВ само кога треба нешто важно да видат 3. Додека се бакнат главните улоги за прв пат 1 000 000 000 пати ќе ги пракинат ...
И дека секогаш родителите од богатите на сиромашните секогаш им нудат пари на сиромашните за да се тргнат од неа/него , А сиромашните никогаш не ги прифаќаат ... Ги кинат чековите пред нив хехе
Од шпанските серии научив дека, доколку си во главна улога и фатиш женет човек, ти си анѓелче, вашата љубов е невина и искрена, а жена му е ВЕШТЕРКА и воедно е неуапсен СЕРИСКИ УБИЕЦ.На крајот на серијата ќе биде сместена во лудница и заклана од нејзиниот цимер. Но доколку маж ти фати швалерка (а притоа ти си главна улога), швалерката е ВЕШТЕРКА и убиец и сака да го растури вашиот брак. На крај господ ќе ја казни и ќе настрада во некоја сообраќајна незгода.
Благодарение на серииве,научив шпански,па кога запознав луѓе од Порторико не зборувавме на Англиски туку Шпански и ме пофалија дека мн добро сум зборела и пишувала,каде сум научила толку добро хаха,ете имало и нешто паметно од сите глупости.
Хахах,што ли не научивме.Најдобро е што научив шпански,многу сум за тоа. Сега иде главното:Ако си главен лик,тогаш си сираче,напуштен/а,и имаш семејство од соништата,но ти не знаеш дека баш кај тие што работиш ,газдарицата ти била мајка и селскиот поп пред да оди во богословија ја напумпал мајка ти,и тоа е тајна,кажана во света исповед . Обавезно во тебе се вљубува некој богаташ,и попат најзгодниот од сите ,и сите моми ти завидуваат ,се појавува лошата вештерка што го врзува за себе,те мрази,те преколнува секој ден,се мажи за типот зашто му се пикнала в постела и останала трудна,тој те сака тебе,но мора да остане со неа извесно време,под 38775милион изговори ,луда е,и треба помош,а ти никако не смееш да им го растуриш бракот,но офкорс,се гледаш со него секој саат и му се вргалаш во креветот,се додека таа вештерка не ја сместат во затвор,во лудница или умира од тешка сообраќајка. Но,не е овде крајот . после ќе добиеш наследство,и ете сега си рамна на богаташот,и патем не сте заедно ,сега ти имаш пари колку него,може и повеќе,и патем семејниот доктор е вљубен во тебе,па од жал ,ќе бидеш со него,ќе го тешиш,се додека он не умре или ќе испадне дека сфатил оти не е за тебе зашто ти си вљубена во друг . После малку ќе те нервира фамилијата,баба ти дедо ти ,кои во минатото биле пречка за сета несреќа што се случила во фамилијата,ту падре и мадре не биле заедно по нивна вина,па ајде и тие да умрат. Накрај ,правите богата,весела свадба и баш тогаш лудачата што сакаше да ти го преземе мажето,доаѓа со пиштол пред црква за да ве убие,но ја апсат и тогаш вие среќно си се венчавате и живеете засекогаш среќно до крајот на животот . А има и такви серии кадешто умира главниот лик,незнам колку се сеќавате на Џенаро Онки,буквално го оплакав човекот