1.Дека ликовите имаат минимум по 5 имиња. 2.Дека главната глумица ке се фрли од 50ти и пак ке остане жива (добро де 3 епизоди ке има такво на вратот ама брзо ке се врати во форма) 3.Ако си сиромашен немој ич да се секираш,мајка ти или татко ти за кои незнаеш дека се живи имаат банки и холдинг. 4.Во секоја шпанска серија има барем по еден ваков случај:Сиромашната девојка се заљубува во богат и згоден маж а и тој во неа и на крајот прават свадба но неколку дена пред свадбата бившата на типот му вика дека е бремена па свадбата се одложува дур да се смират главните ликови и свадбата е секогаш на последната епизода. 5.Главната глумица која била сиромашна и живеела во штала останува бремена од богатиот и згодниот син на најбогатото семејство во Шпанија и кога ке и бутнат 2-3 перници демек е пред породување лошата свекрва ке ја турне по скалите и ке го изгуби детето.
Прво јазикот, второ мора да останеш или излажеш дека си бремена за да те венчаат( ова остана и премина во традиција кај нас), трето најчесто абортус се предизвикува со паѓање по скали, четврто секогаш излегува вонбрачно дете на газдата на ранчот со слугинката, најсиромашната, најубавата, најпаметната девојка се мажи за богаташ кој е лудо вљубен во неа, таа секогаш ја жртвува својата среќа за среќата на соперничката која е бремена и ред глупости ама најпаметно нешто што можеше да се научи е јазикот дефинитивно.
Дека љубовникот на мајка ми е син на мојот татко Мајка ми е мртва , ама после 20 години доаѓа жива и здрава Ако не сакаш да абортираш , а не сакаш ниту да родиш , едноставно падни по скали Пази што и каде зборуваш - можеби некој те слуша Најлесен начин да се збогатиш е да се омажиш за богат маж , да го изневериш со уште побогат и да ги наведеш и двајцата да ти купуваат што ќе посакаш Можеби имаш дете за кое не знаеш Или клон Ако се викаш Сиело , кога ќе плачеш од никаде ќе почне да врне На лошите секогаш им доаѓа крајот Најбитно од се : Јазикот .
Јазикот дефинитивно Дека мајка ти е жива Најбогатиот маж ќе се вљуби во тебе Дека соперничката ако е бремена ќе се тргнеш за нејзина среќа Остануваш бремена и по некое време правите венчавка со мажот што е вљубен во тебе
Јазик ,и ако жената која те сака а ти ја нејќеш под разно ќе забремени од тебе и ќе ја земеш за жена и она ќе се здружи со мажот на твојата сакана и заедно ќе сплеткарат против тебе и неа за да не сте заедно, обавезно некој го убил брат ти и висиш по полициски станици ,татко ти е јавна личност а ти работиш нешто нискобуџетно и си срам за фамилијата иако сестра ти се вљубила во првиот уличен дилер на дрога или некој сиромав,слугинката ти ги знае сите тајни и ти е поблиска од баба ти .На крај стануваш богаташ дедо ти за кој не знаеш дека постоел ти оставил наследство а тетка ти имотот по смртта своја и се оженуваш со првата сиромашна девојка на која животот ќе и се претвори во пекол бидејќи мајка ти ќе направи се за да ве раздели заради нејзиното семејство кое не е угледно.