1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што научивме од шпанските серии

Дискусија во 'Насмевка' започната од Victorya, 17 август 2010.

  1. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Секогаш на крајот на серијата слугинката ти излегува мајка, секогаш има некој лош кој се ќе направи за да те уништи па на крај тој лош или ќе оди во затвор или ќе стане добар или ќе умре. :D
     
  2. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    И секогаш во серијата главниот актер барем 90 пати ќе се расплаче и 150 пати ќе ја направе оваа фаца :o
    а лошиот лик нон стоп прислушнува од некаде со изразот :devil:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Bо секоја серија злобничката Cарита грасиела лупита лаже дека е бремена(ембарасада) од Xозе фернандо,и секогаш лаже дека го изгубила бебето пагајки по скали, :lol: или сето тоа го наместила Pосалинда Aна Kристина(добричка)која убаво пее,сите врапчиња ја сакаат,и секако сите бели рози :rofl: :rofl: A имате забележано дека градинарот е доста важен,или знае тајни,или главната слугинка му е жена,па се борат за рамноправност :D и ова со менување бебиња колку ми е досадно во секоја серија го има |(
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Во главната бедничка (Фернандита Рагазита) се заљубува мачоменот (Хосе Луи Давид). :D :D :D
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Кумата игра многу важна улога секогаш :!: - ја знаета фамозната реплика-
    Ај мадрина, но се ќе воја асер :doh:

    Исто така секогаш еден од браќата е добар, а другиот лош и секогаш се заљубени во иста жена, која го сака добриот, ама по сплет на околности завршува со лошиот, па минуваат 300 епизоди пред да се дознае сплетката, лошиот да умре или да биде во затвор со ваква фаца :devil: а брат му и жената конечно да бидат заедно и сите во серијата да плачат од среќа вклучувајќи ја и Бирхенсита Де Гвадалупе :rofl: :rofl:
     
    На mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Вирхенсита де Гуадалупе :rofl:

    А падрето? Аиии падреее.... а Падрето (попот нели де :D ) главна атракција, за сите се знае. :D :D
    И тешки тајни чува. :x

    Ако циганка е во главна улога, знај дека е наследничка на големо богатство. :rofl:
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Сеси, заборави нешто многу битно: браќата се близнаци :!:
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ама едниот е посвоен. :!: :D :D
     
    На LivingGlam и Hipica им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    А што беше бре компадре, коммадре, нешто како побратим или... :wasntme:
    Еј и мора да има некој слеп, кој после ќе прогледа, згоден и добар доктор, налудничав старец кој обично или продава или има многу цвеќиња, бабичка која работи како перачка и како што кажа Бројче, ништо без отецот :rofl:

    Абе научивме многу работи, пред се да веруваме во чуда :fubar: , и најголема корист од шпанскиот, ама одамна немам гледано некоја серија па страв ми е да не го заборавам, ама во никој случај не планирам да се потсетувам на јазикот преку вакви филмови, подобро ќе гледам некој шпански филм :emo:
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Компадре е кумот.

    Инаку, сега не зафркнаа телевизииве. Таман рековме турски ќе научиме (како што научивме шпански, нели?), фатија да ги синхронизираат и ништо од бизнисот. Ова се имаат удружено со училиштата за странски јазици, за да мора да плаќаме за да го учиме турскиот. Си имаат речено Аааа, епа нема да си поминете така лесно како со шпанскиот. Сакате без пари? Епа немаа!!!
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Е сега ме збуни, нели мадрина беше кума, или и двете може да се користат :wasntme:

    А јас од турски знам само да кажам Јакшамлар, тоа научив од сериите ( и нив престанав да ги гледам, ми досадија овие патетики, сакам Сексот и Градот и Пријатели бре, да се смеам а не да плачам со Али Риза и со виолината :emo: ) и тоа добри 2 дена бев во мислење дека велат Јак Шамар :D се додека другарка ми не ми ги разруши убедувањата :tmi: :D
     
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ :D :D Епа со турциве не си начисто :D
    Иначе го прашав јас чичко Гугл, рече и двете дека можело да се употребуваат.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Според моја логика мадрина е политературно а компадре е онака разговорно, неформално :wasntme:

    А за јакшамлар изговори го, па ќе видиш дали не звучи ко Јак Шамар :D баш ми беше чудно што им е на Турциве :rofl:

    А за шпанските серии предлагам да се здружиме сите и да напишеме едно сценарио :!: , парите ги делиме :rock:

    Еј а го знаете ова?
    http://www.youtube.com/watch?v=lKSFIqrvZKA

    Може требаше да го постирам во темата со дијалекти, ама ликовите се од шпанска серија :D :D
    Ептен ми е смешно :D
     
    На LivingGlam, Hipica и wolf4e им се допаѓа ова.
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Aма Kасандра имат таја е невина душа :D :D многу е смешно ненормално многу :D
     
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.288
    Допаѓања:
    101.289
    Пол:
    Женски
    Умрените кога ги закопуваат дишат ( ви текнува на Ранду како се познаваше :lol: :lol: ), дека попот од домот за сираци под закрила на манастирот ти е татко, а ти се заљубуваш во брат ти за кој дознаваш дека ти е брат откако ќе легнеш со него и ќе ја изгубиш невиноста, и така едно 5000000 епизоди додека не се утврди дека, он е посвоен и не сте во крвно сродство :lol: :lol: (серија: Право на љубов El priviligio del amor), и серизно мислам дека ако го видам овој на улица [​IMG] ќе му речам Добар ден !!!!! Во секоја шпањола го има !!! И секоа е ангел од доброта и праведен!!!

    А да и добарата девојка е добра до немајкаде ( дете и земаат, у затвор ја ставаат ама она само си плаче и си се моли на virjencita de guadalupe да и помогне ).

    Од кај им идат идеите за серииве стварно не ми е јасно :x :x
     
  16. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Сеси, всушност тоа е iyi akşamlar, а и јас на шала им викам јак шамар :lol:

    Да не бидам оффтопик:
    - Ако некој од главните ликови малку ја удри главата, веднаш добива амнезија или го губи видот. И оздравува на сам крај на серијата.
    - Ако некој е во инвалидска количка, голема е веројатноста да е здрав и прав и да може да оди.
    - Богаташите никогаш не гледаат телевизија, дури и немаат ТВ во куќата, а оние пак сиромашните гледаат сапуници и сите плачат кога нешто тажно ќе се случи во серијата, а богами и коментираат. :D
     
  17. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    мучачито,ми амор,те амо,те одоро,ми корасон :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:

    глупости научивме,затоа и на курс по шпански ќе научевме,а за глупостите ,навиките и се друго неможам да коментирам,страшно за тие кои ги гледаа,па овие финти и на пуштање на девојка момчињата ги искористуваа :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Ќе паса мухерес? :rofl:
    Ви текнува на филмот ''Невестински превез '' Андреа му викаше на љубениот ми кочо пичочо :D
    Досадно беше што сите фимови имаа среќен крај , па не е така во реалниот живот .
    Шетаат по дома со чевли 12ки , спијат со шминка (само Ферхунде си ја бриши пред спиење )
    Јас во филмот '' Отра мухер ин ми куерпо ''ја сакав таа лошата сестра повеќе :D незнам зошто.
    Мразев кога двајца се сакаат ама не си кажуваат и не се заедно од гордост ,кој да пријде прв и слично.
    Добри беа за тепање време , и го поднаучивме малку јазикот :)

    Нос вемос нињас :*
     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Holla chiquitas :P :D

    Главната хероина е жива и по нејзината смрт, ама никој тоа не го видел.
    Една стара бабичка ја најдува на патот и ја одгледува.
    Испаѓа дека оваа е наследничка на големи имоти, ама сите сакат да ја убијат и да и ги земат парите.
    Па така предобрата самовила е затварана, измачувана, Пророчиците и предвидуваат страшна бура со тоа Тарот картите, го губи детето, и се лоши работи и се случуваат, додека таа сите ги сака и им простува.
    Таа мора да потпише дека го дава имотот на лошата личност и тоа се зумира едно 10тина пати.
    :yawn:

    И наеднаш се потсеќа дека така и рекла пророчицата и дека ја има видено таа личност во шталата и добива ШОК.

    Плачат сите, ќе умре таа, а ништо лошо не стори.
    И го упропастија животот.
    Титка тоа апаратот за срце и наеднаш
    /\_/\_/\_/_/___________________ :u:
    Докторот и ја соопштува веста на домашните тие се кинат од плачење, го бришат подот од жал.

    Додека таа лежи на смртната постела во болницата доаѓа нејзината непријателка. Главната хероина се помрднува и тоа значи дека оживеала (затоа што во сонот и дошол св.Петар и и рекол дека мора да живее), за да умре лошата личност и дава отров и така продолжува приказната за личноста која не може да умре..
    ....
    :yawn:

    Ааа, да и наеднаж се открива дека врз неа е фрлена клетва и дека мајка и е слугинката.

    Наважно:
    Научивме шпанско/аргетински без никакви курсеви :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Кога главната хероина е на смртна постела и сите околу неа плачат тогаш таа во својот вечен сон сретнува некој од нејзините мртви блиски кои и велат дека мора да продолжи да живее и оваа воскреснува од мртвите.
    Бабата радо ќе и го остави целото наследство на слугинката зашто имала претчуство пред да умре и многу ја засакала него на син и што го познава цел живот.
    Главната девојка е секогаш добра и искрена (освен Руби и Тереза) и наследството што го добива не го сака бидејќи е чесна.
    Обавезно главната женска улога во речиси сите филмови е девојка што е сиромашна,оставена од богата мајка која подоцна ќе ја пронајде и зборува со некои прости изрази и нема култура.
    Никако не опростуваат некоја грешка до крајот на серијата.